обновливи извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obnovlivi-izvori/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 10:31:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обновливи извори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obnovlivi-izvori/ 32 32 Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-januari-do-juli-izdadeni-litsentsi-za-proizvodstvo-na-struja-od-obnovlivi-izvori-so-instalirana-moknost-od-179-72-megavati-2/ Thu, 15 Aug 2024 10:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=806806

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира.

Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски.

Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегавати.

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>

Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира. Помалите трошоци за струја несомнено е директниот бенефит што го имаат компаниите, ако анализираме на микро ниво. Но, ако се гледа големата слика, токму поради овој отворен инвестициски циклус на приватната иницијатива во обновливи извори, попознат во јавноста како Елдорадо, државата забележа историски намален нето увоз на струја од традиционалните 30 отсто на 2,75 отсто во 2023 година. Податоците покажуваат дека за две години и седум месеци во земјава изградени се и приклучени на мрежа капацитети што произведуваат струја од сонце со вкупна инсталирана моќност од околу 731 мегават, додека само еден блок од РЕК Битола има инсталиран капацитет од 233 мегавати, изјави Бислимоски. Во 2023 година РКЕ издаде лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 мегавати, додека во 2022 година се издадени 152,2 мегавати.

The post Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати appeared first on Република.

]]>
СДСМ се пофали дека инсталирале 450 мегавати енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-se-pofali-deka-instalirale-450-megavati-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sun, 01 Oct 2023 13:36:43 +0000 https://republika.mk/?p=686820

Енергетската транзиција е реалност, владините политики креирани и предводени од СДСМ, даваат резултати.

Ел дорадото на инвестиции во енергетските проекти од обновливи извори нотираа нова инвестиција од 55 мегавати фотоволтаична централа, близу Новаци. Ова не е најава, овој проект е реалност и е реализиран.

Ова е клучната разлика што Сдсм во пракса знае и ги спорведува енергетските политики за пониски сметки на граѓаните, додека ДПМНЕ само теоретизира.

Фотоволтаиците се низ цела земја, секој може да ги види. За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија. Капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства.

Ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ. До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола.

Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо.

Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација.

Следува изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француска компанија со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк Вирови, од исто така 400 MW од германска компанија како и нова когенеративна електрана на природен гас.

Овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, ќе ни овозможат енергетски премин на среден и долг рок.

Ова е огромен успех и сериозен резултат на СДСМ кој покажува дека со стратешки пристап, посветеност и работа имаме цел да станеме лидер во зелената трансформација и да го искоритсиме сонцето за пониски сметки за граѓаните

The post СДСМ се пофали дека инсталирале 450 мегавати енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Енергетската транзиција е реалност, владините политики креирани и предводени од СДСМ, даваат резултати. Ел дорадото на инвестиции во енергетските проекти од обновливи извори нотираа нова инвестиција од 55 мегавати фотоволтаична централа, близу Новаци. Ова не е најава, овој проект е реалност и е реализиран. Ова е клучната разлика што Сдсм во пракса знае и ги спорведува енергетските политики за пониски сметки на граѓаните, додека ДПМНЕ само теоретизира. Фотоволтаиците се низ цела земја, секој може да ги види. За 20 месеци инсталирани се 450 мегавати од обновливи избори на енергија. Капацитет доволен да ги обезбеди потребите на над 135.000 домаќинства. Ова е резултата на енергетските политики што ги креира и рализира владата предводена од СДСМ. До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во мрежа околу 600 мегавати од обновливи извори на енергија, што е повеќе од капацитетот на цел РЕК Битола. Создаваме чиста енергија од нашето македонско сонце, а со тоа ја заштитуваме и животната средина.За нештата да станат појасни, ДПМНЕ до 2016 година инсталираше само 18 мега вати. Неспоредливо. Со инвестициите во енергетиката, новите проекти го зголемуваат домашното производство на енергија, се намалува увозот и ја зголемуваме енергетска независност на земјата. Имаме сериозен план за премин кон чисти технологии за производство на енергија, а многу проекти се во тек на реализација. Следува изградба на најголемиот агриволтаичен парк „Стипион“ од француска компанија со капацитет од 400 MW, најголемиот ветерен парк Вирови, од исто така 400 MW од германска компанија како и нова когенеративна електрана на природен гас. Овие проекти заедно со огромниот број на фотонапонски централи кои секојдневно се градат, ќе ни овозможат енергетски премин на среден и долг рок. Ова е огромен успех и сериозен резултат на СДСМ кој покажува дека со стратешки пристап, посветеност и работа имаме цел да станеме лидер во зелената трансформација и да го искоритсиме сонцето за пониски сметки за граѓаните

The post СДСМ се пофали дека инсталирале 450 мегавати енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/izdadeni-litsentsi-na-486-tsentrali-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sun, 04 Jun 2023 10:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=647621

Од јануари лани до крајот на мај годинава издадени се лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW.

Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата - Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.

Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW , посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Од јануари лани до крајот на мај годинава издадени се лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 246,9 MW. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека со инсталираниот капацитет што е изграден за седумнаесет месеци може да се задоволат потребите на 96.700 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија од 12 градови во државата - Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга и Неготино.
Се повеќе компании, фабрики во земјава сами си произведуваат електрична енергија и сметките им се значително намалени, токму поради инвестициите во фотоволтаици. РКЕ за пет месеци од почеток на годинава има издадено лиценци за централи со вкупна инсталирана моќност од 94,7 MW, а да потсетиме дека за цела 2022 година вкупната инсталирана моќност на централите од обновливи извори кои произведуваат струја доминантно од Сонце, но и од ветер, вода и биогас изнесува 152,2 MW , посочува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post Издадени лиценци на 486 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>
МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mef23-idninata-e-vo-obnovlivite-izvori-na-energija/ Tue, 30 May 2023 18:02:11 +0000 https://republika.mk/?p=646234

Започна шестиот Македонскиот енергетски форум – МЕФ23 во Скопје. Иднината е во обновливите извори на енергија, децидни беа сите говорници на отворањето на овогодинешниот форум. Форумот од година во година расте и ги опфаќа сите важните теми од полето на енергетиката. Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики - Финансиска - Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“.

"Чест ми е што сум покровител на овој регионален форум, каде бизнис заедницата, академијата и владите од регионот се на исто место и дискутираат за иднината на енергетиката и обновливите извори на енергија," изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи.

"За нашата влада, јасен е изборот што го правиме за енергетиката, а истовремено тоа е и многу добро за бизнисот. Со овозможувањето на либерализација на енергетскиот пазар, Македонија стана енергетски лидер во Западниот Балкан, особено во користењето на обновливи извори на енергетика," додаде Битиќи.

"Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси", порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023.

Мартин Викерс, претставник на Велика Британија за енергетика во Западниот Балкан, потврди дека обновливите извори на енергија се јасна иднина и се приоритет за Велика Британија. "Гледам дека има многу амбициозни цели поставени од Владата на Македонија и гледам дека тие цели полека се остваруваат," истакна Викерс.

"Денеска, се потсетив колку тешка зима имавме кога беше во прашање енергијата и целата енергетска криза. Заедно ја поминавме целата криза и си помогнавме едни на други. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ.", изјави Џулијан Васало, заменик амбасадор на ЕУ во Македонија.

Македонскиот енергетски форум продолжува денес и утре, со нови дискусии и сесии посветени на проблемите и возможностите пред енергетскиот сектор. МЕФ е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Форумот започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

The post МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>

Започна шестиот Македонскиот енергетски форум – МЕФ23 во Скопје. Иднината е во обновливите извори на енергија, децидни беа сите говорници на отворањето на овогодинешниот форум. Форумот од година во година расте и ги опфаќа сите важните теми од полето на енергетиката. Темата на овогодинешниот МЕФ23 е „Подобрување на триаголникот ‘Политики - Финансиска - Енергетска технологија’ за енергетска отпорност и зелена транзиција“. "Чест ми е што сум покровител на овој регионален форум, каде бизнис заедницата, академијата и владите од регионот се на исто место и дискутираат за иднината на енергетиката и обновливите извори на енергија," изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи. "За нашата влада, јасен е изборот што го правиме за енергетиката, а истовремено тоа е и многу добро за бизнисот. Со овозможувањето на либерализација на енергетскиот пазар, Македонија стана енергетски лидер во Западниот Балкан, особено во користењето на обновливи извори на енергетика," додаде Битиќи. "Итно да се дејствува за диверзификација на енергетските ресурси", порача американската амбасадорка во државава Анџела Агелер на отворањето на шестото издание на МЕФ Енергетскиот Форум 2023. Мартин Викерс, претставник на Велика Британија за енергетика во Западниот Балкан, потврди дека обновливите извори на енергија се јасна иднина и се приоритет за Велика Британија. "Гледам дека има многу амбициозни цели поставени од Владата на Македонија и гледам дека тие цели полека се остваруваат," истакна Викерс. "Денеска, се потсетив колку тешка зима имавме кога беше во прашање енергијата и целата енергетска криза. Заедно ја поминавме целата криза и си помогнавме едни на други. Ве охрабруваме да продолжите и да ги завршите сите законски измени за енергетска ефикасност оваа година, не само за да осигураме безбедна иднина и заштита од следните кризи, туку и да можете да ги отворите новите фондови на ЕУ.", изјави Џулијан Васало, заменик амбасадор на ЕУ во Македонија. Македонскиот енергетски форум продолжува денес и утре, со нови дискусии и сесии посветени на проблемите и возможностите пред енергетскиот сектор. МЕФ е заедничка иницијатива на ЗИП Институт, Владата на Република Македонија и Делегацијата на ЕУ во Македонија. Форумот започна во 2018 година како иницијатива којашто требаше да поттикне редовен формален дијалог за различни теми поврзани со енергетиката, да придонесе за разјаснување на интересите на инвеститорите во енергетиката во овој регион и да понуди алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции.

The post МЕФ23: Иднината е во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>
РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-izdade-nad-200-licenci-za-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-od-obnovlivi-izvori/ Sat, 19 Nov 2022 09:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=575768

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства.

Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.

Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.

Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.

Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>

Од јануари до ноември 2022 година Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори за околу 200 електроцентрали, а со инсталираниот капацитет, како што соопшти, може да се задоволат потребите на 27100 домаќинства. Според РКЕ, најголем интерес има за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали.
Досега оваа година имаме издадено лиценци за 86,8 мегавати инсталиран капацитет од фотонапонски електроцентрали, додека 6,4 се за мали хидроцентрали и 2,5 мегавати за тероелектроцентрали на биогас или вкупно се издадени лиценци со предвидено просечно годишно производство на електрична енергија од обновливи извори на електрична енергија на ниво од 95,7 мегават часови. Овие електроцентрали се приклучени на електродистрибутивната мрежа, информира РКЕ.
Регулаторната комисија оценува дека оваа количина на електрична енергија од над 95 мегават часови од обновливи извори на енергија гледано во апсолутен износ е и повисока од производството на ХЕЦ Козјак и со неа може да се задоволат потребите за 27 100 домаќинства.
Ваквите приватни иницијативи во време на енергетска криза се покажаа како решение за многу стопанственици кои со инсталирање на фотонапонски електроцентрали ги намалија значително трошоците за електрична енергија и произведената електрична енергија ја користат за задоволување на сопствени потреби. Во сончеви периоди и денови овие потрошувачи коишто имаат инсталирано фотонапонски електроцентрали во најголем дел ги задоволуваат сопствените потреби и поради тоа немаат потреба да набавуваат електрична енергија од снабдувачите со електрична енергија и истата да ја плаќаат, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

The post РКЕ издаде над 200 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори appeared first on Република.

]]>