обложување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblozuvanje/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 14:38:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обложување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblozuvanje/ 32 32 Најголемата британска обложувалница нуди коефициенти за кој град во Украина следен ќе падне под руска контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najgolemata-britanska-oblozhuvalnitsa-nudi-koefitsienti-za-koj-grad-vo-ukraina-sleden-ke-padne-pod-ruska-kontrola/ Fri, 23 Feb 2024 19:30:23 +0000 https://republika.mk/?p=747494

Најголемата британска берза за обложување „Бетфер“ почна да нуди облози за тоа кој град во Украина ќе биде следниот што ќе го напуштат украинските вооружени сили.

Во понудата за обложување се вклучени Запорожје, Дњепропетровск, Херсон, Харков, Одеса, па дури и Киев.

Според коефицинетите за обложување, најверојатно е руско заземање на Запорожје и Херсон, а најмалку веројатно е дека Русите ќе го заземат Киев.

The post Најголемата британска обложувалница нуди коефициенти за кој град во Украина следен ќе падне под руска контрола appeared first on Република.

]]>

Најголемата британска берза за обложување „Бетфер“ почна да нуди облози за тоа кој град во Украина ќе биде следниот што ќе го напуштат украинските вооружени сили. Во понудата за обложување се вклучени Запорожје, Дњепропетровск, Херсон, Харков, Одеса, па дури и Киев. Според коефицинетите за обложување, најверојатно е руско заземање на Запорожје и Херсон, а најмалку веројатно е дека Русите ќе го заземат Киев.

The post Најголемата британска обложувалница нуди коефициенти за кој град во Украина следен ќе падне под руска контрола appeared first on Република.

]]>
Фудбалерот на Милан призна дека се обложувал, но не било на фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/fudbalerot-na-milan-prizna-deka-se-oblozhuval-no-ne-bilo-na-fudbal/ Thu, 16 Nov 2023 19:20:47 +0000 https://republika.mk/?p=702312

За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Флоренци, признал пред обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.

Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот, изјави Флоренци на сослушувањето.

Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома.

https://republika.mk/sport/fudbal/po-tonali-i-florentsi-obvinet-za-nelegalno-oblozhuvane/

Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега се запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони.

Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло.

The post Фудбалерот на Милан призна дека се обложувал, но не било на фудбал appeared first on Република.

]]>

За време на сослушувањето, дефанзивецот на Милан и италијанската репрезентација, Алесандро Флоренци, признал пред обвинителката Мануела Педрота дека се обложувал на рулет.
Не се обложив на фудбал, туку на други видови игри како што е рулетот, изјави Флоренци на сослушувањето.
Триесет и двегодишниот фудбалер е осомничен за нелегално обложување додека беше член на Рома. https://republika.mk/sport/fudbal/po-tonali-i-florentsi-obvinet-za-nelegalno-oblozhuvane/ Флоренци е обвинет за истото кривично дело како Фаџоли, Тонали и Заниоло, единствените тројца играчи кои досега се запишани во регистарот на осомничени, врз основа на тамошните закони. Одбранбениот фудбалер отиде во обвинителството во придружба на адвокатите Конте и Тогноци, исто како и Николо Заниоло.

The post Фудбалерот на Милан призна дека се обложувал, но не било на фудбал appeared first on Република.

]]>
Oбложувачката мафија изгубила пари поради овој кошаркар, веднаш го претепаа https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/oblozhuvachkata-mafija-izgubila-pari-poradi-ovoj-kosharkar-vednash-go-pretepaa/ Tue, 16 May 2023 11:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=641352

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед за прв пат јавно ги сподели деталите за нападот врз него во центарот на Москва на 1 мај.

По тој инцидент тешко е повреден несреќниот Алексеј Швед, кој итно е хоспитализиран, а поради тешките повреди на главата неколку дена животот му бил во опасност.

- Се се случи вака. Тие момци се обложија на ЦСКА, вложија големи пари и ги загубија. Потоа ја видоа мојата сопруга Настја, па мене во ресторанот. Почнаа да бидат непријатни, да кажуваат лоши зборови. Не опколија. Тогаш бевме опкружени со уште неколку девојки - изјави Алексеј Швед за телевизијата „Мач“.

The post Oбложувачката мафија изгубила пари поради овој кошаркар, веднаш го претепаа appeared first on Република.

]]>

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алексеј Швед за прв пат јавно ги сподели деталите за нападот врз него во центарот на Москва на 1 мај. По тој инцидент тешко е повреден несреќниот Алексеј Швед, кој итно е хоспитализиран, а поради тешките повреди на главата неколку дена животот му бил во опасност.
- Се се случи вака. Тие момци се обложија на ЦСКА, вложија големи пари и ги загубија. Потоа ја видоа мојата сопруга Настја, па мене во ресторанот. Почнаа да бидат непријатни, да кажуваат лоши зборови. Не опколија. Тогаш бевме опкружени со уште неколку девојки - изјави Алексеј Швед за телевизијата „Мач“.

The post Oбложувачката мафија изгубила пари поради овој кошаркар, веднаш го претепаа appeared first on Република.

]]>
Џим е кралот на обложувалниците: Oсвои 75 милиони долари и нема намера да застане https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dhim-e-kralot-na-oblozhuvalnitsite-osvoi-75-milioni-dolari-i-nema-namera-da-zastane/ Wed, 04 Jan 2023 18:16:01 +0000 https://republika.mk/?p=593632

Џим МекКингвејл (71), повторно е на прагот на победа од повеќе милиони долари во обложувалниците.

Овој страствен обложувач неодамна освои неверојатни 75 милиони долари откако се обложи со 10 милиони долари дека неговиот омилен тим, Хјустон Асторс, ќе ја освои титулата во МЛБ. Ризикуваше богатство и се исплатеше, но нема намера да запре.

Сега, само за забава, дури милион и пол долари се обложија на победата на Тексас христијанскиот универзитет (TCU) против Универзитетот во Џорџија.

Во животот ми недостасува стабилност, сакам големи облози, и имам висока толеранција на ризик.

 

The post Џим е кралот на обложувалниците: Oсвои 75 милиони долари и нема намера да застане appeared first on Република.

]]>

Џим МекКингвејл (71), повторно е на прагот на победа од повеќе милиони долари во обложувалниците. Овој страствен обложувач неодамна освои неверојатни 75 милиони долари откако се обложи со 10 милиони долари дека неговиот омилен тим, Хјустон Асторс, ќе ја освои титулата во МЛБ. Ризикуваше богатство и се исплатеше, но нема намера да запре. Сега, само за забава, дури милион и пол долари се обложија на победата на Тексас христијанскиот универзитет (TCU) против Универзитетот во Џорџија.
Во животот ми недостасува стабилност, сакам големи облози, и имам висока толеранција на ризик.
 

The post Џим е кралот на обложувалниците: Oсвои 75 милиони долари и нема намера да застане appeared first on Република.

]]>
ПСЖ договори контроверзен спонзор поврзан со обложување, чија работа е забранета во Франција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/psz-dogovori-kontroverzen-sponzor-povrzan-so-oblozuvanje-chija-rabota-e-zabraneta-vo-francija/ Thu, 11 Aug 2022 11:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=539051

На 1 август, ПСЖ објави дека постигнал регионален договор за спонзорство во Африка и Азија со „1XБET“, букмејкерска компнаија со седиште во Кипар, која работи, директно или преку своите подружници, во повеќе од 20 земји и која има клиенти во повеќе од 50 земји ширум светот. Тој договор на парискиот тим му донесе значителна финансиска инјекција, но предизвика и одредени контроверзии.

Како што пишува весникот „Л'Екип“, станува збор за контроверзна компанија, која во 2019 година мораше да раскине договори со три екипи од „големата шесторка“ на англиската Премиерлига. Подружницата на „1XБET“, која работеше во Англија, мораше да биде затворена поради низа закони во Велика Британија против спортското обложување.

„1XБET“ исто така е казнет во земји како Кенија, каде што нудела нелегални облози на помали натпреварувања, но и во Полска, Израел или Холандија, каде што нудела реклами во пиратски преноси на натпревари од Премиер лигата. За да бидат работите уште полоши, „1XБET“ е нелегален во Франција, бидејќи Националната управа за игри постојано ја блокира нејзината веб-страница и не дозволува да работи нормално.

Како што објавува „Л'Екип“, и покрај фактот што е забрането да се пристапи до „1XБET“ во Франција, операторот нуди алтернативна услуга за влез на неговата веб-страница и да поставува спортски облози. Станува збор за купување ВПН (VPN) што ја модифицира IP адресата (т.е. ви дава IP од земја во која е легална) и ги прекршува сите закони на Националната управа за игри.

Во однос на ПСЖ, парискиот тим нема обврска да ги извести француските власти дека постигнал договор со „1XБET“.СО оглед на то што се работи за регионален договор во Африка и Азија, клубот се придржува до законодавството на земјите предвидени со договорот и во кое не постои правило кое се забранува работата на букмејкерот.

The post ПСЖ договори контроверзен спонзор поврзан со обложување, чија работа е забранета во Франција appeared first on Република.

]]>

На 1 август, ПСЖ објави дека постигнал регионален договор за спонзорство во Африка и Азија со „1XБET“, букмејкерска компнаија со седиште во Кипар, која работи, директно или преку своите подружници, во повеќе од 20 земји и која има клиенти во повеќе од 50 земји ширум светот. Тој договор на парискиот тим му донесе значителна финансиска инјекција, но предизвика и одредени контроверзии. Како што пишува весникот „Л'Екип“, станува збор за контроверзна компанија, која во 2019 година мораше да раскине договори со три екипи од „големата шесторка“ на англиската Премиерлига. Подружницата на „1XБET“, која работеше во Англија, мораше да биде затворена поради низа закони во Велика Британија против спортското обложување. „1XБET“ исто така е казнет во земји како Кенија, каде што нудела нелегални облози на помали натпреварувања, но и во Полска, Израел или Холандија, каде што нудела реклами во пиратски преноси на натпревари од Премиер лигата. За да бидат работите уште полоши, „1XБET“ е нелегален во Франција, бидејќи Националната управа за игри постојано ја блокира нејзината веб-страница и не дозволува да работи нормално. Како што објавува „Л'Екип“, и покрај фактот што е забрането да се пристапи до „1XБET“ во Франција, операторот нуди алтернативна услуга за влез на неговата веб-страница и да поставува спортски облози. Станува збор за купување ВПН (VPN) што ја модифицира IP адресата (т.е. ви дава IP од земја во која е легална) и ги прекршува сите закони на Националната управа за игри. Во однос на ПСЖ, парискиот тим нема обврска да ги извести француските власти дека постигнал договор со „1XБET“.СО оглед на то што се работи за регионален договор во Африка и Азија, клубот се придржува до законодавството на земјите предвидени со договорот и во кое не постои правило кое се забранува работата на букмејкерот.

The post ПСЖ договори контроверзен спонзор поврзан со обложување, чија работа е забранета во Франција appeared first on Република.

]]>
Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/pari-od-turska-oblozuvachka-mafija-preku-kriptovaluti-zavrshuvale-vo-makedonija/ Tue, 09 Aug 2022 11:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=538340

Турскиот весник „Милиет“ пишува дека се уапсени 59 лица, кои биле вмешани во обложувачки скандал.

Истрагата траеела осум месеци а резултира со апсење на осомничените низ осум турски градови. Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда. Утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или во превод 55 милиони евра.

Собраните пари се акумулирале на сметките на роднини на водачите на бандата. Со други зборови, за да не бидат следени од Централната банка, со ситни трансакции како 10 или 15 илјади долари парите се движеле низ банките и се собирале на сметките. Потоа се претворале во криптовалути и завршувале во Македонија.

Пишувањата тврдат дека ова е најголемата турска илегална обложувачка банда. Вклучените во скандалот се членови на терористичка и вооружена организација.

The post Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија appeared first on Република.

]]>

Турскиот весник „Милиет“ пишува дека се уапсени 59 лица, кои биле вмешани во обложувачки скандал. Истрагата траеела осум месеци а резултира со апсење на осомничените низ осум турски градови. Турската полиција ги следела движењата на сметките на членовите на оваа банда. Утврдено е дека за период од околу една година тие оствариле промет од една милијарда турски лири, или во превод 55 милиони евра. Собраните пари се акумулирале на сметките на роднини на водачите на бандата. Со други зборови, за да не бидат следени од Централната банка, со ситни трансакции како 10 или 15 илјади долари парите се движеле низ банките и се собирале на сметките. Потоа се претворале во криптовалути и завршувале во Македонија. Пишувањата тврдат дека ова е најголемата турска илегална обложувачка банда. Вклучените во скандалот се членови на терористичка и вооружена организација.

The post Пари од турска обложувачка мафија преку криптовалути завршувале во Македонија appeared first on Република.

]]>