обложувалници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblozuvalnici/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 16:06:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обложувалници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblozuvalnici/ 32 32 Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/kire-pandev-idhe-i-antik-veke-nema-da-reklamiraat-brzi-krediti-i-oblozhuvalnitsi/ Wed, 09 Oct 2024 16:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=824815

Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип.

Ристовски исто така појасни дека не е проблематично што овие компании сакаат да финансираат во спортот, односно во клубовите или федерациите, но смета дека не им доликува на нашите легенди да бидат дел од ваквите реклами.

The post Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Македонските спортски легенди се откажаа од рекламирање компании кои приредуваат игри на среќа или брзи кредити, изјави министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада. Во една негова изјава дадена пред извесен период, тој ги искритикува истакнатите спортисти што се претставуваат како лица на компании од овој тип. Ристовски исто така појасни дека не е проблематично што овие компании сакаат да финансираат во спортот, односно во клубовите или федерациите, но смета дека не им доликува на нашите легенди да бидат дел од ваквите реклами.

The post Кире, Пандев, Иџе и Антиќ веќе нема да рекламираат брзи кредити и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Фатен крадецот кој со скалпел ограбуваше кладилници низ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-kradetsot-koj-so-skalpel-ograbuvashe-kladilnitsi-niz-skopje/ Wed, 18 Sep 2024 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=817324

Во Скопје вчера во 18.30 часот во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (36) од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел.

Како што денеска соопштија од МВР, при преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е  јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава. 

The post Фатен крадецот кој со скалпел ограбуваше кладилници низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Скопје вчера во 18.30 часот во Старата скопска чаршија, инспектори од ОКР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје го лишиле од слобода С.А. (36) од Тетовско, кој претходните денови извршил кривични дела „разбојништво“ во обложувалници и помали трговски објекти на територија на Скопје, заканувајќи се со скалпел.   Како што денеска соопштија од МВР, при преглед кај него е пронајден скалпел и пари кои потекнуваат од кривичните дела. Известен е  јавен обвинител и по целосно расчистување на кривичните дела, против С.А. ќе биде поднесена кривична пријава. 

The post Фатен крадецот кој со скалпел ограбуваше кладилници низ Скопје appeared first on Република.

]]>
АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/asom-ja-pozdravuva-rabotata-na-ministerstvoto-za-finansii-site-oblozhuvalnitsi-da-rabotat-soglasno-zakonot/ Mon, 22 Jul 2024 19:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=799335

Во однос на изјавата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во врска со постапката за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека нивните членки секогаш се на страната на законот и се бори за спроведување на сите законски норми во нашите објекти.

Според Министерството за финансии, се работи за друштва кои не ги подмирувале своите давачки кон буџетот од своето основање до денес, што е констатирано и во записник од страна на УЈП. Во овој контекст, потсетуваме дека сите наши членки секогаш навремено и целосно ги подмируваат своите обврски, со што имаат и сериозен удел во државната каса, меѓутоа без исклучок работиме за спроведување и на сите останати законски прописи во однос на влез на малолетници во објектите, одговорно обложување и сл.

Ние како Асоцијација сме целосно посветени на одговорно спортско обложување, а како индустрија сме контруктивен партнер на институциите кој силно се бори против секаков вид неправилности во секторот. Оттука, силно ја поздравуваме работата на Министерството за финансии и институциите да работат согласно законот, а со крајна цел заштита на играчите.

Членките на АСОМ се легитимни претставници на индустријата кои секогаш делуваат во насока на унапредување на сите аспекти од работење. По сите основи, од приредувачите на игри на среќа на годишно ниво во буџетот се слеваат 280 милиони евра по сите основи, а индустријата индиректно придонесува за приходите на околу 54.000 лица“, се вели во денешното соопштение на АСОМ.

The post АСОМ ја поздравува работата на Министерството за финансии, сите обложувалници да работат согласно законот appeared first on Република.

Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-ne-se-otkazhuva-od-zakonot-za-igri-na-sreka-i-ostavane-bez-rabota-na-vrabotenite-vo-oblozhuvalnitsite/ Wed, 28 Feb 2024 09:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=749084

Денеска во Собрание е ставен Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него.

За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас, но овој пат тој е без европско знаменце.

The post Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците appeared first on Република.

]]>

Денеска во Собрание е ставен Законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, трето читање е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас, но овој пат тој е без европско знаменце.

The post Власта не се откажува од Законот за игри на среќа и оставање без работа на вработените во обложувалниците appeared first on Република.

]]>
Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-reshila-pred-raspushtane-na-sobranieto-da-go-donese-zakonot-za-igri-na-sreka-i-da-ostavi-nekolku-iljadi-gragani-na-ulitsa/ Wed, 10 Jan 2024 07:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=731331

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање.

Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии.

Како што стои во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница, со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.

-Основни решенија на предложениот Закон се: соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација; деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии; се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа; се зголемува месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа; електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии; се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови); се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25- тото, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра; се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра; се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препорака та на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет, стои во Предлог-законот.

Претходно, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) побараа итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата со цел носење на нов функционален закон. Потенцираа дека доколку апелите не вродат со плод, подготвени се да организираат масовни протести

-Бараме итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски функционален закон, изјави претходно Васко Илиевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници пред Собранието.

Илиевски истакна дека носењето на овој закон ќе предизвика затворање на легалната индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија. Според него, законот е направен без соодветна анализа, истражување, коистење на факти и аргументи со тенденциозно избегнување на дебата и злоупотреба на европското знаменце.

Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) истакна дека членките на АПИС се претставници и на странски компании кои индиректно помагаат меѓу 54 до 100 илјади работни места во земјата, и, како што рече, најмалку што очекуваат е да бидат третирани како и другите странски инвеститори

The post Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 69. седница. На дневен ред пред членовите на оваа Комисија се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри во второ читање. Со Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кој е предложен од Владата, се предлага ограничување на просториите во кои се приредуваат електронските игри на среќа, односно да може да се приредуваат само во простории на посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии. Како што стои во Предлог-законот објавен на собраниската веб-страница, со цел да се намали неограниченото отворање на уплатно исплатните места кај обложувалниците односно на деловните простории кај автомат клубовите, а со тоа и да се оневозможи лесниот пристап на населението до игрите на среќа, се предлага воведување на ограничување на бројот на уплатно исплатни места на обложувалниците со издадената лиценца, како и ограничување на бројот на деловните простории на автомат клубовите што се отвораат со една издадена лиценца и воведување на надоместок за секое ново уплатно-исплатно место за обложувалница и за секоја нова деловна просторија за автомт клуб.
-Основни решенија на предложениот Закон се: соработниците на друштвото кое поднело барање за лиценца или кои сакаат да влезат во постојно друштво кое има лиценца за игри на среќа мора да поседуваат репутација; деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во обложувалница и автомат клуб, томболата од затворен тип и електронските игри на среќа треба да се наоѓаат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта; начинот на мерење на оддалеченоста ќе се утврди со правилник пропишан од министерот за финансии; се воведува надзорен информациски систем за приредувачите на електронските и интернет игри на среќа; се зголемува месечниот надоместок за лотариските и електронските игри на среќа; електронските игри на среќа ќе можат да се приредуваат во простории каде што се приредуваат посебните игри на среќа за кои имаат добиено согласност од Министерството за финансии; се воведува нов начин на пресметка и плаќање на посебната давачка кај приредувачите на посебните на среќа (казина, обложувалници и автомат клубови); се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница од 105.000 евра на 200.000 евра, се ограничува бројот на уплатно-исплатни места на 25 со една издадена лиценца. За секое следно уплатно-исплатно место над 25- тото, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра; се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за автомат клуб од 78.750 евра на 100.000 евра. Лиценцата за приредување на игри на среќа во автомат клуб се однесува за три деловни простории и се воведува надоместок во износ од 30.000 евра; се зајакнува регулативата во делот на интернет игрите на среќа со имплементирање на препорака та на Препораката на Комисијата за принципите за заштита на потрошувачите и играчите на онлајн услугите за коцкање и за спречување на малолетници од коцкање преку интернет, стои во Предлог-законот.
Претходно, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) побараа итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата со цел носење на нов функционален закон. Потенцираа дека доколку апелите не вродат со плод, подготвени се да организираат масовни протести
-Бараме итно повлекување на Законот за игри на среќа и формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски функционален закон, изјави претходно Васко Илиевски од Асоцијацијата на спортски обложувалници пред Собранието.
Илиевски истакна дека носењето на овој закон ќе предизвика затворање на легалната индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија. Според него, законот е направен без соодветна анализа, истражување, коистење на факти и аргументи со тенденциозно избегнување на дебата и злоупотреба на европското знаменце. Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) истакна дека членките на АПИС се претставници и на странски компании кои индиректно помагаат меѓу 54 до 100 илјади работни места во земјата, и, како што рече, најмалку што очекуваат е да бидат третирани како и другите странски инвеститори

The post Власта решила пред распуштање на Собранието да го донесе Законот за игри на среќа и да остави неколку илјади граѓани на улица appeared first on Република.

]]>
Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-planira-10-000-semejstva-da-ostavi-bez-prihodi-za-da-mu-sozdade-biznis-klima-za-kazina-na-bugarskiot-partner-na-grubi/ Wed, 04 Oct 2023 08:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=687731

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.

Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.

Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа.

Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.

Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.

https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>

Асоцијација на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина предупредува дека на денешната седница на Комисијата за европски прашања  ќе биде дополнет дневниот ред со Предлогот на закон за измени и дополнување на законот за игри на среќа и забавни игри, кој беше пуштен во Собраниска процедура со ЕУ знаме на 16 март оваа година.
Дали упадот на Државна лотарија во досегашниот систем на игри на среќа со одлуката капитално да учествува во формирањето три нови трговски друштва за организирање игри на среќа преку интернет, е всушност вовед во ставање клуч на врата на обложувалниците и автомат клубовите? Дали некој лажно верува дека приходите од досегашниот систем на организирање игри на среќа можат да се заменат со приходи од игри на среќа преку интернет? Или можеби се работи исклучиво за задоволување лични бизнис апетити во кои ќе се жртвува цела економска гранка за во Македонија да царуваат фирми на кои ќе им се дозволи да организираат игри на среќа без ниту еден вработен-прашуваат од Асоцијацијата.
Оттаму додаваат дека власта свесно или несвесно ризикува 10.000 граѓани да останат без работа. Со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека од власта нема демант дека со потпис на Артан Груби игри на среќа ќе приредува контроверзниот бугарски тајкун Васил Бошков-Черепот.
Овој лик кој Артан Груби се обидува да го востоличи како бизнис партнер на државата во игрите на среќа е ставен на црната листа на САД со актот Магнитски. Токму со овој акт Черепот и неговите компании се санкционирани како дел од борбата на САД против криминалот, корупцијата, ширењето на руски влијанија кај нашиот источен сосед. Американскиот департмент за финансии кажува дека Черепот подмитувал министри и официјални лица во Бугарија, меѓу кои и оние коишто издаваат дозволи за игри на среќа, влијаел да се донесат одлуки во негова полза. Ако тоа го правел во Бугарија за да ја шири својата коцкарска империја, тогаш веројатно истото го правел и во други земји за да ги прошири своите бизниси.
https://republika.mk/vesti/makedonija/molk-od-vladata-shto-so-potpis-na-grubi-cherepot-od-bugarija-ke-prireduva-kazino-igri/

The post Власта планира 10.000 семејства да остави без приходи за да му создаде бизнис клима за казина на бугарскиот партнер на Груби appeared first on Република.

]]>
Фракцијата на ДУИ има и младина: Бараат обложувалниците да бидат оддалечени три километри од населени места https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/fraktsijata-na-dui-ima-i-mladina-baraat-oblozhuvalnitsite-da-bidat-oddalecheni-tri-kilometri-od-naseleni-mesta/ Tue, 18 Apr 2023 12:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=631740

 Младината на фракцијата на Демократската унија за интеграција на прес-конференција побара од Владата казината и обложувалниците да бидат одалечени три километри надвор од населените места, а не 500 метри како што стои во Предлог-законот за игрите на среќа, кој е во собраниска процедура.

Јетмир Асани, потпретседател на младината на фракцијата на ДУИ истакна дека ако Владата не одговори на ваквите барања тие ќе преземаат дополнителни чекори користејќи различни демократски методи како протести и маршови за, како што рече, да се запре ова зло во општеството.

Младите се иднината на една држава, но денес за жал, мораме да потсетиме дека во оваа држава оваа Влада не отсече од агендата, а со нас играат баш како игри на среќа кои од ден на ден се отвораат во форма на казина и обложувалници. Од овде сакаме да алармираме денес освен што секојдневно не терате да ја напуштиме државата и да го фатиме патот за странство, дополнително со игрите на среќа ни го ставате злото на врата. Наместо да ни отворате библиотеки, работни места или младински центри, вие ни отворате обложувалници. Ни ја загрозувате иднината како млади луѓе. Ја загрозувате нашата финансиска состојба, како и нашиот ментален мир. Чувствувавме загриженост што ќе се формира нова видео лотарија од страна на Владата, со што подразбираме дека апаратите ќе ги имаме насекаде, наместо да имаме младински центри или центри за иновации. Дали разбирате дека младите се поподложни на влијанието на коцкањето отколку возрасните?, рече Асани.

Тој соопшти и податоци од анкета спроведена од Движењето Анти-коцкање за влијанието на игрите на среќа врз младите, во кое се забележува дека 58 отсто од анкетираните млади барем еднаш играле казино, обложувалници или онлајн казино. Посочи дека уште поалармантни се податоците од оваа анкета во која се вели дека 67 отсто од испитаниците изјавиле дека  првпат играле на возраст од осум до 18 години.

Во Македонија имаме повеќе од 1200 казина, обложувалници и онлајн казина. Додека имаме 109 средни училишта, 227 библиотеки и 20 младински центри, што значи три пати повеќе. Затоа решивме да реагираме на оваа одлука на извршната власт и ги поттикнуваме нашите министри и нашата Влада да размислат повеќе за изградба на можности за младите да се развиваат во својот академски и социјален живот, рече Асани.

The post Фракцијата на ДУИ има и младина: Бараат обложувалниците да бидат оддалечени три километри од населени места appeared first on Република.

Полицијата влезе во казина и обложувалници https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/politsijata-vleze-vo-kazina-i-oblozhuvalnitsi/ Sun, 02 Apr 2023 10:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=626233

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава.

При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.

За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>

Ноќескаво периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. При контролата, со која беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата, приведени се три лица. Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, се пронајдени 7 пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик. За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови.

The post Полицијата влезе во казина и обложувалници appeared first on Република.

]]>
Aсоцијата на обложувалници бара евроамбасадорот да ги спаси од власта https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/asotsijata-na-oblozhuvalnitsi-bara-evroambasadorot-da-gi-spasi-od-vlasta/ Thu, 09 Feb 2023 13:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=606922

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ.

„Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна основа и е во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста. Јавната расправа за овој важен закон практично ќе биде оневозможена поради злоупотреба на европското знаме и сметаме дека тоа го поткопува интегритетот на ЕУ и нејзините вредности.“- се вели во писмото кое АСОМ го достави до ЕУ.

Во писмото од АСОМ посочуваат дека доколку се усвои предложениот закон тој ќе ја затвори целата индустрија за игри и ќе принуди 10.000 луѓе да останат без работа. Тие посочуваат дека директно и индиректно ќе бидат погодени 45.000 луѓе, потенцирајќи дека многу сродни бизниси и компании сериозно ќе настрадаат.

„Ова е големо преобликување на индустријата и не може да се направи без редовна процедура и дебата. Исто така, овој закон не постои во ниту една европска држава, ниту пак досега е користено вакво законодавство во ЕУ каде што нашата земја има за цел да интегрира.“- истакнуваат од АСОМ.

АСОМ во писмото до ЕУ се повикуваат на извештајот за напредокот на Македонија објавен во 2021 година, „Суштинските закони се носат по скратени процедури и со знамето на ЕУ што го скратува рокот за дебата“, и предупредуваат дека земјата повторно ја прави истата грешка, но, овој пат, за закон кој ќе има досега невидени последици по животот на луѓето и фирмите вработени во индустријата.

„Силно веруваме дека сите закони кои ја засегаат индустријата за игри, или која било друга индустрија, мора да бидат предмет на транспарентна јавна дебата, земајќи ги предвид ставовите на сите засегнати страни и обезбедувајќи почитување и заштита на правата на граѓаните. Ја повикуваме ЕУ да преземе итни мерки за да се осигура дека владеењето на правото се почитува и дека правата на сите граѓани се заштитени во овој процес.“- се вели во писмото на АСОМ.

Од АСОМ во писмото изразија надеж дека ЕУ сериозно ќе ја сфати нивната загриженост и дека ќе го искористи своето влијание за промовирање на транспарентноста, отчетноста и почитувањето на владеењето на правото во Македонија.

„Ве повикуваме да ја ревидирате употребата на знамето на ЕУ за овој закон и соодветно да реагирате. Исто така, бараме средба со вас за дополнително да ги презентираме нашите ставови и да ве информираме за злоупотребата и недемократскиот пристап на Владата кон индустријата.“-порачаа од АСОМ во доставеното писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава.

The post Aсоцијата на обложувалници бара евроамбасадорот да ги спаси од власта appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) денес испрати писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава со цел да ја изрази својата загриженост за неодамнешната одлука на Владата да предложи нов закон за индустријата за игри на среќа во скратена постапка под знамето на ЕУ. „Длабоко сме загрижени дека оваа одлука нема правна основа и е во спротивност со принципите на демократскиот процес и учеството на јавноста. Јавната расправа за овој важен закон практично ќе биде оневозможена поради злоупотреба на европското знаме и сметаме дека тоа го поткопува интегритетот на ЕУ и нејзините вредности.“- се вели во писмото кое АСОМ го достави до ЕУ. Во писмото од АСОМ посочуваат дека доколку се усвои предложениот закон тој ќе ја затвори целата индустрија за игри и ќе принуди 10.000 луѓе да останат без работа. Тие посочуваат дека директно и индиректно ќе бидат погодени 45.000 луѓе, потенцирајќи дека многу сродни бизниси и компании сериозно ќе настрадаат. „Ова е големо преобликување на индустријата и не може да се направи без редовна процедура и дебата. Исто така, овој закон не постои во ниту една европска држава, ниту пак досега е користено вакво законодавство во ЕУ каде што нашата земја има за цел да интегрира.“- истакнуваат од АСОМ. АСОМ во писмото до ЕУ се повикуваат на извештајот за напредокот на Македонија објавен во 2021 година, „Суштинските закони се носат по скратени процедури и со знамето на ЕУ што го скратува рокот за дебата“, и предупредуваат дека земјата повторно ја прави истата грешка, но, овој пат, за закон кој ќе има досега невидени последици по животот на луѓето и фирмите вработени во индустријата. „Силно веруваме дека сите закони кои ја засегаат индустријата за игри, или која било друга индустрија, мора да бидат предмет на транспарентна јавна дебата, земајќи ги предвид ставовите на сите засегнати страни и обезбедувајќи почитување и заштита на правата на граѓаните. Ја повикуваме ЕУ да преземе итни мерки за да се осигура дека владеењето на правото се почитува и дека правата на сите граѓани се заштитени во овој процес.“- се вели во писмото на АСОМ. Од АСОМ во писмото изразија надеж дека ЕУ сериозно ќе ја сфати нивната загриженост и дека ќе го искористи своето влијание за промовирање на транспарентноста, отчетноста и почитувањето на владеењето на правото во Македонија. „Ве повикуваме да ја ревидирате употребата на знамето на ЕУ за овој закон и соодветно да реагирате. Исто така, бараме средба со вас за дополнително да ги презентираме нашите ставови и да ве информираме за злоупотребата и недемократскиот пристап на Владата кон индустријата.“-порачаа од АСОМ во доставеното писмо до Делегацијата на Европската Унија во земјава.

The post Aсоцијата на обложувалници бара евроамбасадорот да ги спаси од власта appeared first on Република.

]]>
10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/10-iljadi-luge-ke-ostanat-na-ulitsa-oblozhuvalnitsite-baraat-itno-da-se-povleche-predlog-zakonot-za-igri-na-sreka/ Wed, 08 Feb 2023 15:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=606590

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри.

Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.

Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.

Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.

Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.

Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.

Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.

Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.

Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.

Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.

Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.

Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите.

Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.

ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.

Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон.

Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.

The post 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) силно го осуди вчерашниот потег на Владата која на седница по предлог на Министерството за финансии ги утврди предложените измени и дополнувања на Законот за игри на среќа и забавни игри. Од АСОМ потенцираа дека овој закон кој де јуре значи оддалечување на објектите за игри на среќа на 500 метри од училиштата, де факто е закон за гасење на индустријата, оставање на преку 10.000 вработени на улица и отворање широко врата за диви обложувалници и за сива економија.
Прашуваме кој има интерес од ваков закон и зошто воопшто се предлага? Сакам јасно да посочам дека анализите кои ги правевме и веќе неколку пати сме ги изнеле во јавноста јасно укажуваат дека се затвараат повеќе од 92% од локалите со ваквиот закон, а со тоа целосно се уништува легалната индустрија на сметка на нелегалната – истакна претседателот на АСОМ Васко Илијевски обраќајќи се до медиумите пред Владата.
Од АСОМ најавија дека ќе ја известат и Европската Унија дека неевропски закон ќе биде донесен со европско знаменце и ќе бараат итно да се спречи неговото донесување.
Дали е вистина дека овој закон за побрзо и без дебата да се протурка, ќе биде со европско знаменце или по скратена постапка? Владата е должна веднаш да одговори бидејќи тоа е незаконски и неиздржано според правилата за носење закони со европско знаменце. За ова ќе ја известиме Европската Унија и ќе бараме итно да се повлече законот од носење во таква процедура. Владата очигледно сака преку ноќ и без дебата да донесе закон во нечиј интерес. Треба да одговорат во чиј – рече Илијевски.
Претседателот на АСОМ изрази сомнеж во однос на нетранспарентноста на донесувањето на предложените измени на Законот за игри на среќа, алудирајќи на тоа дека станува збор за смислено сценарио.
Зошто предлог законот не е достапен на увид на претставниците на индустријата? Во која демократска и правна држава се носат закони без основна дебата и комуникација со претставниците на таа индустриска гранка? Ние кои сме директно погодени од најавените измени на законот сѐ уште не сме запознаени прецизно што сѐ измените предвидуваат, па со тоа добиваме индикација дека предложените измени намерно и смислено се кријат од нас – истакна Илијевски.
Според информации достапни за АСОМ во новиот предлог закон повторно е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат и онлајн обложување како во сите европски земји.
Дали под европско знаменце се носи неевропски закон кој штити монопол во организацијата на игри на среќа, односно од неодамна дуопол со отворање на вториот државен оператор? Денеска сме тука да испратиме апел дека нема мирно да стоиме и да дозволиме нашите вработени да останат без егзистенција. Истакнуваме дека од оваа стопанска гранка директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54.000 луѓе – нагласи Илијевски.
Од АСОМ предупредија дека ако се стави клуч на врата на легалните спортски обложувалници, обложувањето нема да запре и дека играчите ќе бараат алтернатива и обложувањето ќе се префрли на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите.
Како пример може да ја посочиме Албанија која пред 4 години го забрани спортското обложување, а потоа беше сведок на апсења секоја недела поради дивите обложувања. Поучени од негативното искуство албанските власти најавија повторна легализација на спортското обложување во првиот квартал на 2023 година. Дали нашата Влада има интерес да донесе закон со кој ќе ја направи грешката на Албанија? Дали ова се прави можеби намерно? Наместо да учиме од туѓите негативни искуства со предвидените законски измени директно одиме во амбис – посочи Илијевски.
Од АСОМ истакнаа дека ниедна европска земја нема ваков закон затоа што тој едноставно не функционира посочувајќи дека ваквите рестриктивни закони докажано носат спротивен ефект, кој отвора ново поле за нелегален профит и ризик за играчите. Асоцијацијата ги повтори своите барања за итно повлекување на предлог законот и формирање на работни групи помеѓу институциите и приредувачите со цел носење ефикасен и европски закон.
ЕУ и претставниците на ЕУ во земјата да побараат увид во овој закон со кој се злоупотребува европското знаменце. Одговорно тврдиме дека нема правна основа тој да се носи под европско знаменце, ниту по скратена постапка, а со тоа да се ускрати дебатата. Итно имплементирање на сугестиите кои ги даде АСОМ на неколку наврати на ЕНЕР системот на претходните верзии од законот; пратениците одговорно да постапат и да свикаат дебата со цел да ги изложиме аргументите кои се целосно на наша страна – порача Илијевски.
Од АСОМ потенцираа дека преку активно поддржување на едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, како и директна работа во заедницата, може да се направи многу повеќе отколку со носење неефикасни закони и апелираа Собранието да работи во корист на државата и да го спречи донесувањето на овој штетен закон. Претседателот на АСОМ Илијевски најави дека доколку Владата итно не ги прими на состанок и на кој било начин се обиде да го протурка законот, ќе преземат радикални чекори за заштита на вработените и индустријата.

The post 10 илјади луѓе ќе останат на улица: Обложувалниците бараат итно да се повлече предлог законот за игри на среќа appeared first on Република.

]]>
Казината и обложувалниците ќе мора да бидат минимум 500 метри оддалечени од училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kazinata-i-oblozhuvalnitsite-ke-mora-da-bidat-minimum-500-metri-oddalecheni-od-uchilishtata/ Tue, 07 Feb 2023 21:48:27 +0000 https://republika.mk/?p=606226

Владата, на седница, го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии.

Со цел заштита на младата популација измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основни и средни училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум, се вели во соопштението од Владиниот кабинет.

Исто така, меѓу целите на предложените измени се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа. Се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

The post Казината и обложувалниците ќе мора да бидат минимум 500 метри оддалечени од училиштата appeared first on Република.

Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-vleguva-vo-kazino-biznisot-otkriva-negoviot-vnuk/ Fri, 30 Dec 2022 08:37:47 +0000 https://republika.mk/?p=591728

Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“.

Со наслов „Казината и молзењето на луѓето", Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:

● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!
● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?
● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?
● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!
*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии....

Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи" пари и каде е вносно да се има свој „удел". Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.

Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.

The post Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани преку Фејсбук најави дека ќе пишува и открива „вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината“. Со наслов „Казината и молзењето на луѓето", Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели: ● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства! ● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!? ● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!? ● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?! *ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии.... Во разговор за МКД.мк Лимани, инаку внук на Ахмети, објаснува дека целта на лидерот на ДУИ е партијата да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи" пари и каде е вносно да се има свој „удел". Лимани објаснува по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби.
Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ, нагласува Лимани.

The post Ахмети влегува во казино бизнисот, открива неговиот внук appeared first on Република.

]]>
Дојде живот за обложувалниците во Албанија: Пак ќе се отворат, луѓето се коцкале на црно https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/dojde-zivot-za-oblozuvalnite-vo-albanija-pak-kje-se-otvorat-lugjeto-se-kockale-na-crno/ Tue, 25 Oct 2022 07:10:24 +0000 https://republika.mk/?p=565193

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата.

Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година.

Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.

Премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”.

Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).

The post Дојде живот за обложувалниците во Албанија: Пак ќе се отворат, луѓето се коцкале на црно appeared first on Република.

]]>

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата. Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година. Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско. Премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”. Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).

The post Дојде живот за обложувалниците во Албанија: Пак ќе се отворат, луѓето се коцкале на црно appeared first on Република.

]]>
По четиригодишна забрана спортските обложувалници повторно ќе работат во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/po-chetirigodishna-zabrana-sportskite-oblozuvalnici-povtorno-kje-rabotat-vo-albanija/ Mon, 24 Oct 2022 10:56:06 +0000 https://republika.mk/?p=564949

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата.

Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година.

Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско.

Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”.

Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).

The post По четиригодишна забрана спортските обложувалници повторно ќе работат во Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанската влада ја враќа можноста за спортско обложување во земјата. Во Предлог-буџетот за 2023 година, стартот на оваа активност е предвиден од 1 јануари следната година. Оваа одлука доаѓа четири години откако владата го прогласи коцкањето за незаконско. Неодамна премиерот Еди Рама на средба со целни групи рече дека „обложувачката активност продолжила на црно и дека повторното враќање на легалното спортско обложување ќе донесе приход во буџетот што ќе и помогне на економијата во ова време на криза”. Во предлог-буџетот е предвиден и финансискиот ефект врз основа на кој се проценува дека ќе се соберат 2 милијарди лека( над 17,2 милиони евра).  

The post По четиригодишна забрана спортските обложувалници повторно ќе работат во Албанија appeared first on Република.

]]>
Ќе ги објавиме со име и презиме сите политичари вмешани во коцкарскиот бизнис, се заканија од Движење против коцкање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kje-gi-objavime-so-ime-i-prezime-site-politichari-vmeshani-vo-kockarskiot-biznis-se-zakanija-od-dvizenje-protiv-kockanje/ Sun, 04 Sep 2022 08:14:40 +0000 https://republika.mk/?p=547264

Движење против коцкање најави дека ќе ги објави сите имиња на сопствениците и сите кои се вмешани во казината во земјава, со цел да се види кој стои зад игрите на среќа во Македонија и кој ги штити нив.

Ние се подготвуваме за сите босови, да ги наречам така, тргнувајќи од политиката до најмалиот човек кој е вмешан во игрите на среќа. Ќе ги објавиме со име и презиме. Исто така, во последна фаза сме од подготовките на протестот што планираме да го одржиме пред владата и собранието. Вистина е дека има и политичари кои се вмешани и луѓе од политиката во Владата, но сите овие имиња ќе ги објавиме, вели Јуши Емурлау од „Движење против коцкање“.

Во Македонија намерно не се гласа законот за игри на среќа, вели Јуши Емурлау кој додава дека таму се перат нечисти пари кои им одат во прилог на тие кои се вмешани во ова.

Ова одлагање до сега го правеше власта, тргнувајќи од владата па до министерството за финансии. Законот помина во комисијата за буџет и финансии но го одложија и го вратија во влада. Неколку месеци законот е во фиоките на Министерството за финансии и не смета дека е потребно законот да се испрати во собрание. Затоа апелираме овој закон итно да се испрати во Собранието на Македонија, како што е подготвен, 500 метри е воздушна линија до таму. Иако ние не го прифаќаме овој закон, сепак треба да се испрати во Собрание за да видиме кои се тие луѓе што се против новиот закон за затворање на казината во Македонија, вели Емурлау.

The post Ќе ги објавиме со име и презиме сите политичари вмешани во коцкарскиот бизнис, се заканија од Движење против коцкање appeared first on Република.

Законот го дадоа на Уставен суд: И приватните обложувалници сакаат да приредуваат интернет игри на среќа https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/zakonot-go-dadoa-na-ustaven-sud-i-privatnite-oblozuvalnici-sakaat-da-prireduvaat-internet-igri-na-srekja/ Thu, 01 Sep 2022 10:04:02 +0000 https://republika.mk/?p=546381

Уставниот суд на денешната седница ќе ја разгледа иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа.

Според наводите во иницијативата, со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.

The post Законот го дадоа на Уставен суд: И приватните обложувалници сакаат да приредуваат интернет игри на среќа appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница ќе ја разгледа иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа. Според наводите во иницијативата, со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.

The post Законот го дадоа на Уставен суд: И приватните обложувалници сакаат да приредуваат интернет игри на среќа appeared first on Република.

]]>
17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/17-godishnik-koj-so-plastichen-pishtol-ograbuval-oblozuvalnici-niz-skopje-docna-nokjva-uapsen-vo-aerodrom/ Sat, 28 May 2022 10:02:24 +0000 https://republika.mk/?p=507929

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ноќеска околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром привеле 17-годишник од с.Зелениково, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“, соопшти МВР.

На 27.05.2022 околу 09.00 часот во спортска обложувалница, 17-годишникот со закана со пластичен пиштол од вработената одзел пари, а истиот ден, на идентичен начин извршил разбојништво и во уште една спортска обложувалница.

Исто кривично дело извршил и на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022 и на 30.04.2022 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Уште три разбојништва во спортски обложувалници 17-годишникот признал дека извршил на подрачјето на Аеродром, и тоа на 27.03.2022, на 23.03.2022 во 21.00 часот и на 03.12.2021 околу 18.00 часот, кога со закана од вработените одзел пари. Кај приведениот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

The post 17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единица за внатрешни работи – ОКР Аеродром и Драчево при СВР Скопје ноќеска околу 02.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Аеродром привеле 17-годишник од с.Зелениково, поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „разбојништво“ во спортска обложувалница во нас.Драчево. Тој е приведен во полициска станица и при извршен службен разговор во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници, признал дека извршил десет кривични дела „разбојништво“, соопшти МВР. На 27.05.2022 околу 09.00 часот во спортска обложувалница, 17-годишникот со закана со пластичен пиштол од вработената одзел пари, а истиот ден, на идентичен начин извршил разбојништво и во уште една спортска обложувалница. Исто кривично дело извршил и на 26.05.2022 во спортска обложувалница на подрачјето на Карпош, на 23.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Аеродром, на 17.05.2022 во обложувалница на подрачјето на Кисела Вода, на 06.05.2022 и на 30.04.2022 во обложувалници на подрачјето на Аеродром. Уште три разбојништва во спортски обложувалници 17-годишникот признал дека извршил на подрачјето на Аеродром, и тоа на 27.03.2022, на 23.03.2022 во 21.00 часот и на 03.12.2021 околу 18.00 часот, кога со закана од вработените одзел пари. Кај приведениот биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Во координација со Јавен обвинител за малолетници, по документирање на случаите, против него ќе следи соодветна кривична пријава.

The post 17-годишник кој со пластичен пиштол ограбувал обложувалници низ Скопје, доцна ноќва уапсен во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zdruzenie-na-vraboteni-vo-igrite-na-srekja-vo-ovoj-sektor-se-vraboteni-10-000-lugje-i-vo-budzetot-vleguvaat-280-milioni-evra/ Sun, 01 May 2022 14:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=496020

Здружението на приредувачи на игра на среќа „Сакам да работам“ реагира на барањето на Алијансата за Албанците“ обложувалници и казина да има само само во хотели со пет зведзички и на 500 метри одалеченост од училишта.

Оттаму велат дека овој сектор вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.

Сакам да работам“ како Здружение на вработени во сектор игри на среќа жали што надлежните државни институции до сега ниту еднаш не застанаа во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат!

Тие велат дека  се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина тешко им  паѓа кога на товар ни се става дека сме општествено зло за идните генерации. Како да објасниме на јавноста дека и во овој сектор работат обични луѓе од крв и месо, жени, мајки, кои чесно го заработуваат лебот? Кој има интерес да се затворат игрите на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти или надвор од градовите?

[caption id="attachment_146970" align="alignnone" width="640"] (фото: pixabay.com)[/caption]

Бараме заштита од Државната Комисија за спречување и заштита од дискриминацијата и од НВО секторот. Згрозени сме од црната кампања. Со неверување ги отфрламе нападите на неформалното здружение „Антикоцкање“ од Тетово. Сметаме дека се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.

Апелираме да не потпаѓате на провокациите и лажните вести! Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност.

Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Граѓаните кога одат на туристички посети во земји од ЕУ, во Монте Карло или Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е „шик“ да одиш во казино, а овде станува „ерес“! Во автомат клубовите не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи. Каква е таа искривена логика дека излозите магнетно ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за тобаката, кафулињата и кафеаните?

Несомнено дека државата, секоја индивидуа и семејство има право и обврска да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска гранка што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти! Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на црно.

Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста! Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Сега, кога државата среде глобална криза грчевито се бори за зачувување на секое работно место, затворањето на цел економски сектор е неразумно и неодговорно однесување. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања! Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права!

The post Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Здружението на приредувачи на игра на среќа „Сакам да работам“ реагира на барањето на Алијансата за Албанците“ обложувалници и казина да има само само во хотели со пет зведзички и на 500 метри одалеченост од училишта. Оттаму велат дека овој сектор вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет.
Сакам да работам“ како Здружение на вработени во сектор игри на среќа жали што надлежните државни институции до сега ниту еднаш не застанаа во одбрана на нашето достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. Не можеме да прифатиме дека никој од надлежните не чувствува одговорност да ги демантира неоснованите обвинувања дека игрите на среќа се извориште на нелегални активности и наводно делуваат штетно врз младината. Тоа не е точно и за тоа постојат факти со кои државните институции располагаат!
Тие велат дека  се родители на малолетни деца или на тинејџери и навистина тешко им  паѓа кога на товар ни се става дека сме општествено зло за идните генерации. Како да објасниме на јавноста дека и во овој сектор работат обични луѓе од крв и месо, жени, мајки, кои чесно го заработуваат лебот? Кој има интерес да се затворат игрите на среќа? Кој ќе понесе одговорност за штетните последици? Дали младината ќе биде повеќе или помалку загрозена ако игрите на среќа се играат по подруми, во нелегални објекти или надвор од градовите? [caption id="attachment_146970" align="alignnone" width="640"] (фото: pixabay.com)[/caption]
Бараме заштита од Државната Комисија за спречување и заштита од дискриминацијата и од НВО секторот. Згрозени сме од црната кампања. Со неверување ги отфрламе нападите на неформалното здружение „Антикоцкање“ од Тетово. Сметаме дека се тенденциозни и немаат допирна точка со реалноста. Уште повеќе затоа што освен притисок врз политичките партии се прави обид суптилно да се инволвираат и верските заедници. Тоа е апсолутно недозволиво и претставува злоупотреба на верските чувства на граѓаните за оцрнување на секој кој има допирна точка со игрите на среќа.
  Апелираме да не потпаѓате на провокациите и лажните вести! Игрите на среќа се легален економски сектор, кој работи согласно позитивните законски прописи. Вработува безмалку 10 илјади луѓе, индиректно помага меѓу 54 до 100 илјади други работни места, секоја година придонесува со најмалку 280 милиони евра во државниот Буџет. Компаниите и ние вработените постојано сме дел на различни хуманитарни и донаторски активности со што покажуваме врвна општествена одговорност. Нашите работодавачи се претставници на реномирани светски и ЕУ компании кои спроведуваат највисоки стандарди на професионалност. Игри на среќа постојат од кога постои цивилизацијата. Граѓаните кога одат на туристички посети во земји од ЕУ, во Монте Карло или Лас Вегас или на крстарења со бродови, со задоволство посетуваат казина, се фотографираат и се фалат. Таму е „шик“ да одиш во казино, а овде станува „ерес“! Во автомат клубовите не влегуваат случајни минувачи. Нам ни се клиенти традиционални играчи. Каква е таа искривена логика дека излозите магнетно ги привлекуваат малолетниците? Зошто истата логика не важи за тобаката, кафулињата и кафеаните? Несомнено дека државата, секоја индивидуа и семејство има право и обврска да ги заштити малолетниците и да ги создава сите предуслови за воспитување здрава младина. Не сме против законски решенија кои одат во оваа насока. Но, сме категорично против политички и бизнис мотивирани законски измени кои ќе затворат една легална економска гранка што по автоматизам ќе предизвика организирање нелегални игри на среќа. Крајно време е да се напушти популизмот и да почнеме да говориме со факти! Сите општествено одговорни чинители треба да бидат свесни дека не постои пример во опкружување каде укинувањето на игрите на среќа не предизвикало играње на црно. Ако државата навистина одлучила да ги затвори игрите на среќа, мора да земе предвид дека со таква погрешна одлука ќе предизвика егзодус на најмалку 10 илјади семејства кои ќе се преселат во западните земји и таму повторно ќе работат во истиот сектор. Тоа е реалноста! Ние навреме предупредуваме, со цел да превенираме состојби кои ќе предизвикаат сериозни штети. Сега, кога државата среде глобална криза грчевито се бори за зачувување на секое работно место, затворањето на цел економски сектор е неразумно и неодговорно однесување. Се надеваме дека некој ќе ги земе предвид овие наши укажувања! Во спротивно ќе бидеме принудени да излеземе на масовни протести со кои ќе бараме заштита на нашите права!

The post Здружение на вработени во игрите на среќа: Во овој сектор се вработени 10.000 луѓе и во буџетот влегуваат 280 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-bara-oblozuvalnici-i-kazina-da-ima-samo-vo-hoteli-so-pet-zvezdichki/ Mon, 18 Apr 2022 12:58:05 +0000 https://republika.mk/?p=490057

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, најави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дека пратениците на неговата партија ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.

Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.

Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.

„Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.

Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

The post Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички appeared first on Република.

]]>

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, најави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дека пратениците на неговата партија ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа. Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување. Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи. „Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците. Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

The post Aлијанса бара обложувалници и казина да има само во хотели со пет звездички appeared first on Република.

]]>