облека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obleka/ За подобро да се разбереме Fri, 10 May 2024 10:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png облека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obleka/ 32 32 Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки https://arhiva3.republika.mk/zivot/ovaa-sabota-vo-javna-soba-bazar-na-second-hand-obleka-nakit-knigi-i-detski-igrachki/ Fri, 10 May 2024 10:41:20 +0000 https://republika.mk/?p=776727

Трендот во големите градови и култура е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата - толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е “second hand” модата.

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

Оваа сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот “Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:

-           Заштеда на пари

-           Помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси

-           Поддржувате локален и мал бизнис

-           Развивате уникатен стил

-           Имате чувство како да сте во потрага по богатство

 

The post Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки appeared first on Република.

]]>

Трендот во големите градови и култура е рециклирање и рекреирање на веќе постоечкото. Колку понапредни општествата - толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е “second hand” модата. Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех. Оваа сабота (11 мај) во Јавна соба, под слоганот “Second hand е подобро од ново” започнува Базарот каде што посетителите можат да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има бројни штандови со разноразни парчиња кои дефинитивно заслужуваат втора шанса. И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака: -           Заштеда на пари -           Помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси -           Поддржувате локален и мал бизнис -           Развивате уникатен стил -           Имате чувство како да сте во потрага по богатство  

The post Оваа сабота во „Јавна соба“: Базар на „SECOND HAND“ облека, накит, книги и детски играчки appeared first on Република.

]]>
Базар на „second hand“облека, накит, книги и детски играчки во Јавна соба https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/bazar-na-second-hand-obleka-nakit-knigi-i-detski-igrachki-vo-javna-soba/ Wed, 08 May 2024 06:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=775199

Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата.

Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех.

Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса.

И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака:

– заштеда на пари;

– помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси;

– поддржувате локален и мал бизнис;

– развивате уникатен стил;

– имате чувство како да сте во потрага по богатство.

 

The post Базар на „second hand“облека, накит, книги и детски играчки во Јавна соба appeared first on Република.

]]>

Трендот во големите градови и културата е рециклирање и рекреирање веќе на постојното. Колку понапредни општествата, толку повеќе се рециклира, се води сметка за животната околина и сè погласна и популарна е second hand модата. Скопје полека ја прегрнува оваа нова филозофија, но колку е поголема и подобра понудата – толку повеќе ќе има интерес од страна на потрошувачите и ќе има поголем успех. Оваа сабота (11 мај) во „Јавна соба“, под слоганот „Second hand е подобро од ново“, почнува базарот, каде што посетителите може да си набават добро сочувано парче гардероба, чевли, накит, книга или можеби некоја играчка. Ќе има многубројни штандови со разноразни парчиња, кои дефинитивно заслужуваат втора шанса. И сето тоа во еден забавен, опуштен и пријателски амбиент, еве неколку причини зошто е подобро да купувате работи од втора рака: – заштеда на пари; – помагање на животната средина и зачувување на природните ресурси; – поддржувате локален и мал бизнис; – развивате уникатен стил; – имате чувство како да сте во потрага по богатство.  

The post Базар на „second hand“облека, накит, книги и детски играчки во Јавна соба appeared first on Република.

]]>
Спречен обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-obid-za-kriumcharene-brendirana-obleka-i-obuvki-vredni-1-6-milioni-denari/ Fri, 03 Nov 2023 10:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=697742

Спречен е обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце.

Како што денеска соопштија од Царинската управа, брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари, се наведува во соопштението, се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово.

- Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени, се појаснува во соопштението од Царина.

Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар биле откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото, како што информираа од Царина, е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

The post Спречен обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Спречен е обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари од познати модни марки меѓу кои „Долче и Габана“, „Версаче“ „Мајкл Корс“ „Ралф Лoрен“ и „Најк“, во два посебни случаи на контроли на влез во државата на граничниот премин Табановце. Како што денеска соопштија од Царинската управа, брендираната роба за која требало да се платат царински давачки во вкупен износ од 457.546 денари е одземена, а против возачите ќе биде поднесена кривична пријава. Облеката и обувките од познатите модни имиња меѓу кои и „Долче и Габана“ и „Версаче“ во вредност од околу 700 илјади денари, се наведува во соопштението, се откриени од страна на царинските службеници и тоа во багажот на возач на автобус кој сообраќал на редовна линија Дортмунд – Тетово. - Кога царинските службеници ги прашале патниците и возачот дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, тие одговориле дека немаат ништо за пријавување. При контрола на автобусот и багажот, возачот рекол дека има две торби со стара гардероба кои ги земал како пратка, при чиј преглед се пронајдени брендираните производи со прикачени цени, се појаснува во соопштението од Царина. Брендираните парчиња облека и обувки од марката „Најк“ во вредност од 921.341 денар биле откриени од страна на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги при контрола на товарно моторно возило. Возилото, како што информираа од Царина, е скенирано со мобилен скенер, при што со детална контрола во кабината на возачот на горниот и на долниот кревет, како и во просторот до возачот се пронајдени непријавените брендирани производи.

The post Спречен обид за криумчарење брендирана облека и обувки вредни 1,6 милиони денари appeared first on Република.

]]>
Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maitsite-na-zelenski-nosat-golem-profit-na-ukrainskata-kompanija-m-tak/ Tue, 24 Jan 2023 15:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=600576

Од почетокот на руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји.

„Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Војната уништи бројни компании и корпорации, но таа е многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, која вработила 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.

Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, вели Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.

Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев, на почетокот на ова илјадалетие. Со својата партнерка Наталија Коржењук, Карашев ја отворил продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имале шест продавници. Карашев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби.

На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.

The post Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ appeared first on Република.

]]>

Од почетокот на руско-украинската војна, претседателот на Украина, Володимир Зеленски вообичаено се појавува во јавноста во веќе препознатливата маслинесто-зелена маица, дури и кога се среќава со претставници на други земји. „Форбс“ открива дека Зеленски на тој начин го промовира украинскиот бренд за облека „М-ТАК“, којшто произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје, воена и тактичка облека и чевли. Покрај Зеленски, таква облека носат и врховниот командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина. Војната уништи бројни компании и корпорации, но таа е многу плодна за други фирми, како „М-ТАК“, која вработила 750 шивачки повеќе, кои работат во три смени, а според познавачите, годишниот приход е околу 150 милиони евра.
Сѐ што имаат е со врвен квалитет, а имаат само еден минус… Тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема (доволно) на пазарот, вели Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница, кој исто така носи „М-ТАК“ облека.
Компанијата е основана од Александар Карашев од Киев, на почетокот на ова илјадалетие. Со својата партнерка Наталија Коржењук, Карашев ја отворил продавницата Милитарист во Киев, каде што првично продавале увезена опрема, а до 2014 година имале шест продавници. Карашев успеал да набави и неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби. На крајот, тој ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците полека почнале да пристигнуваат во неговите продавници да се опремат за војната. Со тоа почна растот на неговиот бренд.

The post Маиците на Зеленски ѝ носат голем профит на украинската компанија „М-ТАК“ appeared first on Република.

]]>