облак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblak/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 19:48:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png облак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblak/ 32 32 Чудна густа магла ги прекри плажите на Лефкада, туристите велат добро им влијаела на дишењето https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chudna-gusta-magla-gi-prekri-plazhite-na-lefkada-turistite-velat-dobro-im-vlijaela-na-disheneto/ Tue, 25 Jun 2024 16:34:22 +0000 https://republika.mk/?p=790729

Невообичаена метеоролошки феномен ги вознемири, но и ги заинтригира туристите на плажа на Лефкада.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како целата плажа и нејзината околина е покриена од густ, темен облак, за кој никој немаше објаснување.

Како што коментираат туристите, кои биле сведоци на оваа појава, не станувало збор за чад од пожар, ниту, пак, за магла, затоа што целиот ден дувало ветер и имало бранови. Според нив, најверојатно станува збор за некое испарување на сол од морската вода кое добро влијаело на дишењето.

Тие додаваат дека феноменот траел околу половина час.

Видеото може да го погледнете на скедниот ЛИНК.

The post Чудна густа магла ги прекри плажите на Лефкада, туристите велат добро им влијаела на дишењето appeared first on Република.

]]>

Невообичаена метеоролошки феномен ги вознемири, но и ги заинтригира туристите на плажа на Лефкада. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како целата плажа и нејзината околина е покриена од густ, темен облак, за кој никој немаше објаснување. Како што коментираат туристите, кои биле сведоци на оваа појава, не станувало збор за чад од пожар, ниту, пак, за магла, затоа што целиот ден дувало ветер и имало бранови. Според нив, најверојатно станува збор за некое испарување на сол од морската вода кое добро влијаело на дишењето. Тие додаваат дека феноменот траел околу половина час. Видеото може да го погледнете на скедниот ЛИНК.

The post Чудна густа магла ги прекри плажите на Лефкада, туристите велат добро им влијаела на дишењето appeared first on Република.

]]>
Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvi-jasni-fotografii-od-mars-roverot-na-nasa-snimil-dva-neobichni-oblatsi/ Sat, 11 Mar 2023 08:25:01 +0000 https://republika.mk/?p=618376

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја.

Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз.

Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото.

За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.

Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.

Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>

Роверот на НАСА ја направил првата јасна фотографија од сончевите зраци на Марс, а целата сцена наликува на морничаво бело зајдисонце на Земјата. Роверот ја снимил оваа етерична фотографија на 2 февруари, додека Сонцето заоѓа зад група мрачни облаци, осветлувајќи ги во пригушени нијанси на зелена и розова боја. Со оглед на тоа дека овој облак се наоѓал на невообичаено голема надморска височина, научниците претпоставуваат дека облаците се составени од мраз со јаглерод диоксид; познат и како сув мраз. Повеќето од облаците на Марс се на висина до 60 километри, а се состојат од воден мраз. Роверот исто така, снимил блескав облак во облик на столб. Овие облаци, кои ги гледаме и на Земјата, поради нивната разнобојност потсетуваат на виножито. Тие се нарекуваат „iridescent“ или облаци во бои на виножитото. За разлика од виножитото, кое е резултат на прекршување на сончевата светлина додека минува низ големи капки вода, блескавите облаци се предизвикани од дифракција. Дифракцијата се јавува кога зрак светлина ќе наиде на пречка со слична големина на таа бранова должина на светлината, а потоа се прекршува и се наведнува околу пречката.
Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа ни кажува за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето“, вели атмосферскиот научник Марк Лемон, на Институтот за вселенска наука во Колорадо.
Облаците на Марс се ретка појава бидејќи нема многу вода во атмосферата на планетата. Кога се појавуваат облаци, тоа најчесто се случува околу Марсовиот екватор во најстудениот дел од годината.

The post Први јасни фотографии од Марс: Роверот на НАСА снимил два необични облаци appeared first on Република.

]]>