облаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblaci/ За подобро да се разбереме Fri, 12 May 2023 08:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png облаци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/oblaci/ 32 32 УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/uhmr-nema-reagensi-za-da-mozhe-da-se-prodolzhi-so-avionsko-zasejuvane-na-oblatsite/ Fri, 12 May 2023 08:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=640031

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни.

Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина.

Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката.

Од таму ги известувааат земјоделците и пошироката јавност во Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.

Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.

УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.

Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови и навреме ќе алармираме за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР.

The post УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците appeared first on Република.

]]>

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека мерката за авионско засејување на облаците која се спроведуваше од 2020 година, нема да продолжи зашто потребните реагенси се дефицитарни. Причина за отежнатото снабдување на реагенсите, наведува УХМР, е војната во Украина. Веднаш штом се стабилизира пазарот со реагенси, УХМР најавува дека ќе распише јавна набавка за активирање на мерката. Од таму ги известувааат земјоделците и пошироката јавност во Македонија дека по три години успешно користење на мерката за авионско засејувања на облаците, оваа година и покрај напорите на Управата, сепак мерката нема да продолжи.
Авионското засејување на облаците беше ефикасна метода која успешно се спроведуваше од 2020 та година, со што во повеќе наврати успешно беа спречени штети од град врз земјоделските посеви низ целата територија. За жал, војната во Украина предизвика големо нарушување на светскиот пазар на една од компонентите која е составен дел на реагенсот, која се користи исто така и во ракетните горива. Поради тоа, ваквите реагенси се дефицитарни и тешко достапни, објаснува Управата.
УХМР уредно спровела постапка за јавна набавка, но за разлика од минатите години, овој пат на повикот не се пријавил ниту еден економски оператор.
Ќе продолжиме да ја следиме состојбата и веднаш штом пазарот со реагенси се стабилизира, повторно ќе распишеме нова јавна набавка за активирање на мерката за заштита од град по пат на авионско засејување. Во меѓувреме, преку нашата веб страница и медиумите, редовно ќе известуваме за временските услови и навреме ќе алармираме за можни временски непогоди со цел земјоделците навремено да преземат мерки за заштита, истакнува УХМР.

The post УХМР: Нема реагенси за да може да се продолжи со авионско засејување на облаците appeared first on Република.

]]>
Бактерии отпорни на антибиотици откриени и во облаците https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/bakterii-otporni-na-antibiotitsi-otkrieni-i-vo-oblatsite/ Wed, 10 May 2023 12:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=638879

Бактерии отпорни на антибиотици се откриени дури и во облаците, носени од ветрот понекогаш на многу долги растојанија, открива француско-канадското истражување, објавено во мартовското издание на списанието „Science of The Total Environment“.

Овие бактерии обично живеат на лисјата или во почвата. Откривме дека ветрот ги носи во атмосферата и дека можат да патуваат долги растојанија, па дури и да ја обиколуваат земјината топка на големи височини благодарение на облаците“, вели водечкиот автор на студијата Флорент Роси за АФП.

За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите од Универзитетот Лавал во Квебек и Универзитетот Клермон Оверњ користеле „правосмукалки“ со голема брзина за да ги испитаат облаците што се формирале над Пуј де Дом, неактивен вулкан во централна Франција, во периодот од септември 2019 до октомври 2021 година.

Од атмосферска истражувачка станица лоцирана на 1.465 метри надморска височина, научниците ги анализирале овие примероци за гени за отпорност на антибиотици.

Облаците содржеле меѓу 330 и повеќе од 30.000 бактерии на милилитар вода или во просек околу 8.000 бактерии на милилитар. Кај бактериите исто така се идентификувани 29 подтипови на гени отпорни на антибиотици.

Со широката употреба на антибиотици во здравството и земјоделството, овој тип на сој претставува „голем здравствен предизвик на глобално ниво“, се вели во студијата. Светските здравствени власти постојано ги истакнуваат ризиците поврзани со овие бактерии, кои го прават третманот на одредени инфекции сè покомплексен.

Студијата, сепак, не нуди заклучоци за можните здравствени ефекти од ширењето на бактерии кои носат гени за отпорност на антибиотици, проценувајќи дека само помеѓу 5 и 50 проценти од овие организми може да се живи и потенцијално активни.

Атмосферата е многу сурова за бактериите, а повеќето од оние што ги најдовме беа бактерии од животната средина, со помала веројатност да бидат штетни за луѓето. Сè уште не знаеме дали овие гени можат да се пренесат на други бактерии, вели Флорент Роси, иронично додавајќи дека „Значи, нема од што да се плашите кога шетате на дожд“.

Сепак, Роси сугерира дека длабокото следење на атмосферата може да овозможи да се лоцира од каде доаѓаат овие бактерии и на тој начин да се „ограничи нивното ширење“, земајќи ја како пример анализата на отпадните води за откривање на присуство на корона вирус и други патогени.

The post Бактерии отпорни на антибиотици откриени и во облаците appeared first on Република.

]]>

Бактерии отпорни на антибиотици се откриени дури и во облаците, носени од ветрот понекогаш на многу долги растојанија, открива француско-канадското истражување, објавено во мартовското издание на списанието „Science of The Total Environment“.
Овие бактерии обично живеат на лисјата или во почвата. Откривме дека ветрот ги носи во атмосферата и дека можат да патуваат долги растојанија, па дури и да ја обиколуваат земјината топка на големи височини благодарение на облаците“, вели водечкиот автор на студијата Флорент Роси за АФП.
За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите од Универзитетот Лавал во Квебек и Универзитетот Клермон Оверњ користеле „правосмукалки“ со голема брзина за да ги испитаат облаците што се формирале над Пуј де Дом, неактивен вулкан во централна Франција, во периодот од септември 2019 до октомври 2021 година. Од атмосферска истражувачка станица лоцирана на 1.465 метри надморска височина, научниците ги анализирале овие примероци за гени за отпорност на антибиотици. Облаците содржеле меѓу 330 и повеќе од 30.000 бактерии на милилитар вода или во просек околу 8.000 бактерии на милилитар. Кај бактериите исто така се идентификувани 29 подтипови на гени отпорни на антибиотици. Со широката употреба на антибиотици во здравството и земјоделството, овој тип на сој претставува „голем здравствен предизвик на глобално ниво“, се вели во студијата. Светските здравствени власти постојано ги истакнуваат ризиците поврзани со овие бактерии, кои го прават третманот на одредени инфекции сè покомплексен. Студијата, сепак, не нуди заклучоци за можните здравствени ефекти од ширењето на бактерии кои носат гени за отпорност на антибиотици, проценувајќи дека само помеѓу 5 и 50 проценти од овие организми може да се живи и потенцијално активни.