објавен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/objaven/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 15:44:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png објавен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/objaven/ 32 32 МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-gi-objavi-konkursite-za-uchenichki-stipendii-elektronskoto-aplitsirane-trae-do-15-oktomvri/ Tue, 01 Oct 2024 15:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=821481

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година.

Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите.

МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk

Министерство за образование и наука

The post МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека објавени се конкурсите за доделување на стипендии за средношколци за учебната 2024-2025 година и истите можат да се погледнат на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 15 октомври 2024 година. Станува збор за вкупно 9 различни категории на стипендии, а условите за стекнување на правото на користење, како и потребните документи се наведени во секој од конкурсите. МОН обезбедува поддршка за апликантите преку Секторот за ученички и студентски стандард. Личните контакти на сите вработени, вклучително и на вработените во овој сектор, се наведени на следниот линк. Исто така, за дополнителни прашања активна е електронската адреса ucenicki.stipendii@mon.gov.mk Министерство за образование и наука

The post МОН ги објави конкурсите за ученички стипендии, електронското аплицирање трае до 15 октомври appeared first on Република.

]]>
Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaven-romanot-tsrvenite-ochi-na-belgiskata-pisatelka-i-novinarka-mirijam-lerua/ Thu, 04 Apr 2024 14:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=762158

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа. Преводот од француски е на Светлана Јовановска.

Во својот втор роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејбук. На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни.

Но, стапицата полека се затвора над жртвата. Таа ги одбива неговите покани за кафе и еден ден, вознемирена од неговата упорност, го отстранува од списокот пријатели. Свесна дека тој „клик“ може многу да ја чини. И навистина. Денис ја покажува својата грда страна. Тип со екстремно десни ставови, расист, исламофоб, човек кој не може да ги поднесе феминиститките. Тип што сака да ве сомеле и понижи. Накусо, Денис е претставник на токсичните интернет насилници што толку често ги среќаваме на социјалните мрежи и што ја злоупотребуваат слободата на изразувањето и недостигот на законодавство за виртуелното насилство.

Со оригинален стил на размена на пораки, Леруа до болка го опишува очајот во кој ја втурнуваат грозните пораки на Денис и на неговата виртуелна банда следачи. Тие кон жртвата испраќаат не само закани за силување и убиство туку и изместена и грда дефиниција на ликот на хероината во која таа буквално се губи. Обичниот „чет“ на младата новинарка со Денис се претвора во пекол за неа и повеќе на станува збор само за вознемирување туку за токсично виртуелно насилство. Последиците врз физичкото и ментално здравје на жртвата немаат повеќе ништо виртуелно.

Во потрага по решение, таа се соочува со рамнодушноста на нејзините блиски. Нивните совети од типот „блокирај го“, „не одговарај на пораките“, „исклучи се од социјалните мрежи“, „опушти се“, „оди на одмор“, само го акцентираат неразбирањето на околината за нејзиниот очај. Леруа го опишува маратонскиот пекол на жртвата помеѓу полицијата, докторите, адвокатите, алтернативните начини за лекување…. редица неуспешни обиди да најде лек за нејзината мака.
Леруа успева, со својот роман, да ја истакне актуелноста и итноста на овој проблем во денешниот свет. Да го отвори прашањето на неспособноста и немањето политичка волја на институциите, неподносливата затвореност на оопшеството. Виртуелното насилство не е само проблем на жртвата. Туку заеднички општествен проблем што го живеат над 70 отсто жени и што понекогаш ги води во трагедија.

Миријам Леруа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Леруа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената.

„Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар.

Леруа е автор на документарецот „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн говор на омраза и мизогинијата.

 

The post Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Или-Или“ го објави романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа. Преводот од француски е на Светлана Јовановска. Во својот втор роман Леруа ни пренесува дел од нејзиното искуство од разговорите на социјалните мрежи со човекот кој во книгата го носи името Денис. Таа одговара на неговата покана за пријателство, охрабрена што имаат неколку заеднички пријатели на Фејбук. На почетокот, епистоларното пријателство се сведува на речиси симпатична размена на животните приказни. Но, стапицата полека се затвора над жртвата. Таа ги одбива неговите покани за кафе и еден ден, вознемирена од неговата упорност, го отстранува од списокот пријатели. Свесна дека тој „клик“ може многу да ја чини. И навистина. Денис ја покажува својата грда страна. Тип со екстремно десни ставови, расист, исламофоб, човек кој не може да ги поднесе феминиститките. Тип што сака да ве сомеле и понижи. Накусо, Денис е претставник на токсичните интернет насилници што толку често ги среќаваме на социјалните мрежи и што ја злоупотребуваат слободата на изразувањето и недостигот на законодавство за виртуелното насилство. Со оригинален стил на размена на пораки, Леруа до болка го опишува очајот во кој ја втурнуваат грозните пораки на Денис и на неговата виртуелна банда следачи. Тие кон жртвата испраќаат не само закани за силување и убиство туку и изместена и грда дефиниција на ликот на хероината во која таа буквално се губи. Обичниот „чет“ на младата новинарка со Денис се претвора во пекол за неа и повеќе на станува збор само за вознемирување туку за токсично виртуелно насилство. Последиците врз физичкото и ментално здравје на жртвата немаат повеќе ништо виртуелно. Во потрага по решение, таа се соочува со рамнодушноста на нејзините блиски. Нивните совети од типот „блокирај го“, „не одговарај на пораките“, „исклучи се од социјалните мрежи“, „опушти се“, „оди на одмор“, само го акцентираат неразбирањето на околината за нејзиниот очај. Леруа го опишува маратонскиот пекол на жртвата помеѓу полицијата, докторите, адвокатите, алтернативните начини за лекување…. редица неуспешни обиди да најде лек за нејзината мака. Леруа успева, со својот роман, да ја истакне актуелноста и итноста на овој проблем во денешниот свет. Да го отвори прашањето на неспособноста и немањето политичка волја на институциите, неподносливата затвореност на оопшеството. Виртуелното насилство не е само проблем на жртвата. Туку заеднички општествен проблем што го живеат над 70 отсто жени и што понекогаш ги води во трагедија. Миријам Леруа (1982) е белгиска новинарка и писателка, живее и работи во Брисел. Таа се смета за писателка што ги вкрстува уметноста и новинарството и многу често го користи сопствениот живот како примарен материјал за обработка. Леруа отвора деликатни прашања со брутална искреност, ги постила пред јавноста табуата на нашето општество, особено сексистичките, тие што сакаат да ја замолчат жената. „Црвените очи“ е нејзиниот втор роман. Текстот е адаптиран и за театар. Леруа е автор на документарецот „#Валканакурва„ со сведочења на жени од повеќе земји, меѓу кои и од Македонија, за алармантниот онлајн говор на омраза и мизогинијата.  

The post Објавен романот „Црвените очи“ на белгиската писателка и новинарка Миријам Леруа appeared first on Република.

]]>
Митева: Заеднички интерес е договорот да биде објавен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-zaednichki-interes-e-dogovorot-da-bide-objaven/ Thu, 18 May 2023 12:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=642311

Го цениме ставот на амбасадорката Агелер и начинот на кој се бранат американските интереси и тоа е добар пример како треба да се однесува корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДСМ кога станува збор за македонските интереси. Во услови кога владата на ДУИ и СДСМ не само што не ги брани, туку и ги распродава за да ги задоволи личните криминални апетити, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија и која се темели на атрибутот на македонско национално единство има обврска да ги брани и чува македонските национални интереси.

Национален интерес на македонските граѓани е да знаат каде се трошат неговите пари.

Национален интерес на македонските граѓани е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ на делницата Демир Капија-Смоквица.

Исто така, национален интерес на македонските граѓани е коридорот 8 и 10Д да го градат македонски компании и профитот да остане во Македонија.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се платќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата за проектот.

Исто така, национален интерес на македонските граѓани е да се почитува македонското постоечко применливо право и истото да не се суспендира со закон на други држави, како што е предвидено со договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д.

Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа за грешките на изведувачот во проектите.

Национален интерес на македонските граѓани е да има квалитетен надзор и супервизија, а не тоа да го прави компанија за производство на долна облека.

Национален интерес на македонските граѓани е да не се злоупотребува знамето на Европската унија при носењето на закони со кои треба да се задоволи криминалот на Владата на ДУИ и СДСМ.

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Сигурни сме дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен. Во спротивно сме загрижени дека се дава лош пример и се воведува погрешна пракса која за жал од криминалната влада на ДУИ и СДСМ ќе биде злоупотребена.

 

The post Митева: Заеднички интерес е договорот да биде објавен appeared first on Република.

]]>

Го цениме ставот на амбасадорката Агелер и начинот на кој се бранат американските интереси и тоа е добар пример како треба да се однесува корумпираната и криминална влада на ДУИ и СДСМ кога станува збор за македонските интереси. Во услови кога владата на ДУИ и СДСМ не само што не ги брани, туку и ги распродава за да ги задоволи личните криминални апетити, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија и која се темели на атрибутот на македонско национално единство има обврска да ги брани и чува македонските национални интереси. Национален интерес на македонските граѓани е да знаат каде се трошат неговите пари. Национален интерес на македонските граѓани е да се почитуваат одлуките на Уставниот суд и да се штитат правата на македонските работници во делот на работните часови и траењето на работната недела. Национален интерес на македонските граѓани е да не се плаќа 5 пати повеќе за изградба на километар автопат во споредба со оној кој Македонија претходно го градеше заедно со ЕУ на делницата Демир Капија-Смоквица. Исто така, национален интерес на македонските граѓани е коридорот 8 и 10Д да го градат македонски компании и профитот да остане во Македонија. Национален интерес на македонските граѓани е да не се платќаат повеќе од 300 милиони евра за пенали и аванси на уште нефрлена лопата за проектот. Исто така, национален интерес на македонските граѓани е да се почитува македонското постоечко применливо право и истото да не се суспендира со закон на други држави, како што е предвидено со договорот за изградба на коридорите 8 и 10Д. Национален интерес на македонските граѓани е да не плаќа за грешките на изведувачот во проектите. Национален интерес на македонските граѓани е да има квалитетен надзор и супервизија, а не тоа да го прави компанија за производство на долна облека. Национален интерес на македонските граѓани е да не се злоупотребува знамето на Европската унија при носењето на закони со кои треба да се задоволи криминалот на Владата на ДУИ и СДСМ. Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Сигурни сме дека заеднички интерес и на амбасадорот Агелер и на македонските граѓани, а во насока на транспарентноста и владеењето на правото договорот што го потпиша македонската влада со изведувачот да биде објавен. Во спротивно сме загрижени дека се дава лош пример и се воведува погрешна пракса која за жал од криминалната влада на ДУИ и СДСМ ќе биде злоупотребена.  

The post Митева: Заеднички интерес е договорот да биде објавен appeared first on Република.

]]>
Ќе има приемен за запишување во средно онаму каде што ќе се пријават повеќе ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-ima-priemen-za-zapishuvane-vo-sredno-onamu-kade-shto-ke-se-prijavat-poveke-uchenitsi/ Fri, 31 Mar 2023 07:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=625665

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2023/2024 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети:

- за гимназиско образование - мајчин јазик и математика;
- за здравствена струка - биологија и хемија,
- за другите струки - мајчин јазик и математика.

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги охрабрува сите ученици да го направат вистинскиот избор на средно училиште каде ќе го продолжат образовниот процес, апелирајќи да се осврнат на стручното образование како можност да се стекнат со вештини и знаења кои пазарот на труд ги препознава и вреднува, но и да стекнат добра основа за понатамошната високообразовна надградба.

Почитувани ученици, време е да направите избор за Вашето понатамошно образование. Ви посакувам успешно да го одберете средното училиште што најмногу го посакувате, бидете успешни ученици и продолжете смело да чекорите по патот на знаењето. Вие сте иднината на оваа земја, вели министерот Шаќири.

Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20608 слободни места, за настава на албански јазик 8301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование.

Условите и потребните документи за запишување на учениците во средно училиште се достапни на следниот линк.

 

The post Ќе има приемен за запишување во средно онаму каде што ќе се пријават повеќе ученици appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2023/2024 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на средношколците преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот број, кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети: - за гимназиско образование - мајчин јазик и математика; - за здравствена струка - биологија и хемија, - за другите струки - мајчин јазик и математика. Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири ги охрабрува сите ученици да го направат вистинскиот избор на средно училиште каде ќе го продолжат образовниот процес, апелирајќи да се осврнат на стручното образование како можност да се стекнат со вештини и знаења кои пазарот на труд ги препознава и вреднува, но и да стекнат добра основа за понатамошната високообразовна надградба.
Почитувани ученици, време е да направите избор за Вашето понатамошно образование. Ви посакувам успешно да го одберете средното училиште што најмногу го посакувате, бидете успешни ученици и продолжете смело да чекорите по патот на знаењето. Вие сте иднината на оваа земја, вели министерот Шаќири.
Во учебната 2023/24 година се обезбедени 29.798 слободни места во 937 паралелки, од кои 279 паралелки се предвидени за гимназиското образование и 658 паралелки во средните стручни училишта. За настава на македонски јазик, со Конкурсот се предвидени 20608 слободни места, за настава на албански јазик 8301 и 889 места за настава на турски јазик. Во учебната 2023/24 година во соработка со општините и компаниите во земјава се обезбедени 6475 слободни места во 259 паралелки во дуалното стручно образование. Условите и потребните документи за запишување на учениците во средно училиште се достапни на следниот линк.  

The post Ќе има приемен за запишување во средно онаму каде што ќе се пријават повеќе ученици appeared first on Република.

]]>
МНР конечно го објави билатералниот протокол со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-konechno-go-objavi-bilateralniot-protokol-so-bugarija/ Sun, 17 Jul 2022 19:26:28 +0000 https://republika.mk/?p=530457

Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодот 2019-2022.

Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно. Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство.

Во продолжение следува целиот Протокол интегрално, кој беше потпишан денеска во Софија.

The post МНР конечно го објави билатералниот протокол со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Реципроцитетот е принципот содржан во протоколот, кој денеска во Софија беше потпишан од министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, а кој, како што појасни Османи на денешниот брифинг со новинарите во правна форма претставува записник од состанок, во кој се прави пресек на постигнатите резултати од дијалогот и меѓусекторската соработка во периодот 2019-2022. Со оглед на тоа дека меѓувладината комисија не се состанала од 2019 година, по бугарското вето, во денеска потпишаниот докумнент е содржан периодот од три години, а вообичаено е овој документ се потпишува еднаш годишно. Османи денеска пред новинарите ја презентираше содржината на Протоколот, кој освен податоците за политичкиот дијалог, средбите, работата на меѓусекторските групи, ги содржи и точките од пакетот четири плус еден и што се очекува од двете земји во тие области согласно Договорот за добрососедство. Во продолжение следува целиот Протокол интегрално, кој беше потпишан денеска во Софија.

The post МНР конечно го објави билатералниот протокол со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Франција не го потврдува предлогот објавен во македонските и бугарските медиуми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-ne-go-potvrduva-predlogot-objaven-vo-makedonskite-i-bugarskite-mediumi/ Sat, 18 Jun 2022 09:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=516604

Француските дипломати во Брисел одбиваат да кажат официјално дали предлогот објавен во бугарските и македонските медиуми е автентичен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Во текот на последните неколку дена повеќе документи беа објавени во Бугарија и Македонија, меѓу нив е новата преговарачка рамка, која доколку е прифатена од сите страни би била усвоена на 23 јуни на Европскиот Совет. Оваа рамка наводно ги интегрира француските предлози дадени во Софија, и за кои Скопје официјално вели дека не ги добил.

Во однос на овој наводен француски предлог, дипломатите од таа земја во Брисел велат дека не можат да ја потврдат неговата автентичност. Во другите земји членки на ЕУ – сличен молк за сега. За потсетување, новата предлог рамка, треба да биде одобрена од сите 27 земји членки и од Македонија.

Политичката ситуација во Бугарија е таа што највеќе загрижува во моментов во ЕУ.

Се води интензивна и политичка работа бидејќи ситуацијата е неправедна за Македонците. Во однос на суштината не сме далеку, но проблемот е политичката ситуација во Бугарија која е многу влошена, во ситуација сме да треба да брзаме во момент кога владата таму може да падне, вели за МИА дипломат од влијателна западна земја членка на ЕУ.

За содржината пак на предлогот кој е лиферуван во медиумите во Брисел никој не коментира и сите дипломати упатуваат кон нивните престолнини, каде ќе се носат одлуките на национално ниво дали оваа нова предлог-рамка е прифатлива.

Не се исклучува можноста сама земја членка на ЕУ да ја отфрли дури и ако Бугарија и Македонија ја одобрат.

Од македонска страна исто така се повторува дека ништо од ова што циркулира не е потврдено или официјално. За разлика од Португалија која застана зад својот предлог кога беше на чело на ЕУ, Франција ниту потврдува, ниту негира дека на маса има нова идеја за надминување на спорот со Бугарија и деблокирање на ЕУ процесот.

Во меѓувреме лиферуваните документи на француското претседателство во македонската јавност, но и кај повеќемина дипломати во Брисел, предизвикаа загриженост.

Иако во нацрт преговарачката рамка се признава македонскиот јазик без фусноти, структурата на рамката, и поточно таканаречениот Акциски План што Македонија би морала да го исполни ако биде усвоен документот, отвора бројни проблеми за познавачите на ЕУ процесите.

Акциските планови, или патокази, се дел од преговарачкиот процес, но за разлика од Црна Гора или Србија, во случајот на Македонија, овој Акциски План се потенцира и подробно се опишува во самата преговарачка рамка, во делот на поглавјата 23 и 24, најклучните, и најтешките поглавја за земја која преговара за членство. Па така, познавачите на процесите стравуваат дека потенцирањето на деталите од овој Акциски План ќе и даде на Бугарија дополнителна можност, и оправдување, да го кочи процесот и ги вметнува своите барања надвор од она што е предвидено во законите и повелбите на ЕУ.

Во тој поглед потенцирањето на правата на малцинствата во Акцискиот План претставува своевиден преседан во процесот на преговори, барем во поглед на формата.

Содржински, Акцискиот План бара од Македонија да обезбеди заштита на малцинствата и заедниците, преку обезбедување недискриминација, борба против говор на омраза и образование, меѓу другото. Нејасно е исто така зошто е вклучено образованието, експлицитно, токму во овој дел на рамката. Образованието е посебно поглавје, а впрочем не е ЕУ политика, туку е политика која останува целосно компетенција на земјите членки. Па така во сите преговарачки процеси токму поглавјето за образование и култура е тоа кое прво, и најлесно, се отвора и затвора.

Други дипломати пак тврдат дека и без потенцирањето на правата на малцинствата и Акцискиот План, Софија секако би успеала да го кочи процесот.

Не е можно во овој момент да се спореди со рамката за Албанија бидејќи таа не е изготвена, или барем не циркулира, но дипломатите во Брисел потсетуваат дека Тирана повеќе пати се соочи со критики за заштита на малцинствата, меѓу другото на барање на Грција, и дека не е исклучено земјите членки на ЕУ да бараат и за Албанија да биде потенциран овој дел и неговото мониторирање во рамката, но ова останува на ниво на претпоставка.

Отворено е и прашањето за промена на Уставот за да се вклучат други заедници, што е резултат на притисокот на Софија, која бара да не започнат формално преговорите за членство додека Македонија не го смени Уставот и не ги додаде Бугарите.

Доколку оваа рамка биде усвоена на крајот на овој месец, Македонија ќе треба многу брзо да започне со билатерален скрининг, процес кој би траел, во најоптимистичко сценарио, до средината на 2024 година. Додека не заврши билатералниот скрининг, секако не може земјата да го отвори првото поглавје, односно кластер. Од Македонија најверојатно би се барало за време на тој период на скрининг да го смени Уставот.

Билатералниот скрининг е темелен процес во кој ЕУ од една страна и Македонија од друга го анализираат законодавството на ЕУ заедно, и двете страни си поставуваат прашања, ЕУ дава насоки, сугестии, на кои Македонија може да одговори доколку не се согласува или доколку од неа се бара појаснување во одредена област.

Лидерите на земјите од Западен Балкан ќе пристигнат во Брисел на 23 јуни за средба со нивните колеги од земјите членки на ЕУ. Во меѓувреме, од понеделник, се очекува интензивна дипломатска активност во сите престолнини на ЕУ и во Скопје околу предлозите што ги поднело француското претседателство. Конечниот збор го имаат сите 28 земји вклучени во процесот.

 

The post Франција не го потврдува предлогот објавен во македонските и бугарските медиуми appeared first on Република.

]]>

Француските дипломати во Брисел одбиваат да кажат официјално дали предлогот објавен во бугарските и македонските медиуми е автентичен, јави дописничката на МИА од Брисел. Во текот на последните неколку дена повеќе документи беа објавени во Бугарија и Македонија, меѓу нив е новата преговарачка рамка, која доколку е прифатена од сите страни би била усвоена на 23 јуни на Европскиот Совет. Оваа рамка наводно ги интегрира француските предлози дадени во Софија, и за кои Скопје официјално вели дека не ги добил. Во однос на овој наводен француски предлог, дипломатите од таа земја во Брисел велат дека не можат да ја потврдат неговата автентичност. Во другите земји членки на ЕУ – сличен молк за сега. За потсетување, новата предлог рамка, треба да биде одобрена од сите 27 земји членки и од Македонија. Политичката ситуација во Бугарија е таа што највеќе загрижува во моментов во ЕУ.
Се води интензивна и политичка работа бидејќи ситуацијата е неправедна за Македонците. Во однос на суштината не сме далеку, но проблемот е политичката ситуација во Бугарија која е многу влошена, во ситуација сме да треба да брзаме во момент кога владата таму може да падне, вели за МИА дипломат од влијателна западна земја членка на ЕУ.
За содржината пак на предлогот кој е лиферуван во медиумите во Брисел никој не коментира и сите дипломати упатуваат кон нивните престолнини, каде ќе се носат одлуките на национално ниво дали оваа нова предлог-рамка е прифатлива. Не се исклучува можноста сама земја членка на ЕУ да ја отфрли дури и ако Бугарија и Македонија ја одобрат. Од македонска страна исто така се повторува дека ништо од ова што циркулира не е потврдено или официјално. За разлика од Португалија која застана зад својот предлог кога беше на чело на ЕУ, Франција ниту потврдува, ниту негира дека на маса има нова идеја за надминување на спорот со Бугарија и деблокирање на ЕУ процесот. Во меѓувреме лиферуваните документи на француското претседателство во македонската јавност, но и кај повеќемина дипломати во Брисел, предизвикаа загриженост. Иако во нацрт преговарачката рамка се признава македонскиот јазик без фусноти, структурата на рамката, и поточно таканаречениот Акциски План што Македонија би морала да го исполни ако биде усвоен документот, отвора бројни проблеми за познавачите на ЕУ процесите. Акциските планови, или патокази, се дел од преговарачкиот процес, но за разлика од Црна Гора или Србија, во случајот на Македонија, овој Акциски План се потенцира и подробно се опишува во самата преговарачка рамка, во делот на поглавјата 23 и 24, најклучните, и најтешките поглавја за земја која преговара за членство. Па така, познавачите на процесите стравуваат дека потенцирањето на деталите од овој Акциски План ќе и даде на Бугарија дополнителна можност, и оправдување, да го кочи процесот и ги вметнува своите барања надвор од она што е предвидено во законите и повелбите на ЕУ. Во тој поглед потенцирањето на правата на малцинствата во Акцискиот План претставува своевиден преседан во процесот на преговори, барем во поглед на формата. Содржински, Акцискиот План бара од Македонија да обезбеди заштита на малцинствата и заедниците, преку обезбедување недискриминација, борба против говор на омраза и образование, меѓу другото. Нејасно е исто така зошто е вклучено образованието, експлицитно, токму во овој дел на рамката. Образованието е посебно поглавје, а впрочем не е ЕУ политика, туку е политика која останува целосно компетенција на земјите членки. Па така во сите преговарачки процеси токму поглавјето за образование и култура е тоа кое прво, и најлесно, се отвора и затвора. Други дипломати пак тврдат дека и без потенцирањето на правата на малцинствата и Акцискиот План, Софија секако би успеала да го кочи процесот. Не е можно во овој момент да се спореди со рамката за Албанија бидејќи таа не е изготвена, или барем не циркулира, но дипломатите во Брисел потсетуваат дека Тирана повеќе пати се соочи со критики за заштита на малцинствата, меѓу другото на барање на Грција, и дека не е исклучено земјите членки на ЕУ да бараат и за Албанија да биде потенциран овој дел и неговото мониторирање во рамката, но ова останува на ниво на претпоставка. Отворено е и прашањето за промена на Уставот за да се вклучат други заедници, што е резултат на притисокот на Софија, која бара да не започнат формално преговорите за членство додека Македонија не го смени Уставот и не ги додаде Бугарите. Доколку оваа рамка биде усвоена на крајот на овој месец, Македонија ќе треба многу брзо да започне со билатерален скрининг, процес кој би траел, во најоптимистичко сценарио, до средината на 2024 година. Додека не заврши билатералниот скрининг, секако не може земјата да го отвори првото поглавје, односно кластер. Од Македонија најверојатно би се барало за време на тој период на скрининг да го смени Уставот. Билатералниот скрининг е темелен процес во кој ЕУ од една страна и Македонија од друга го анализираат законодавството на ЕУ заедно, и двете страни си поставуваат прашања, ЕУ дава насоки, сугестии, на кои Македонија може да одговори доколку не се согласува или доколку од неа се бара појаснување во одредена област. Лидерите на земјите од Западен Балкан ќе пристигнат во Брисел на 23 јуни за средба со нивните колеги од земјите членки на ЕУ. Во меѓувреме, од понеделник, се очекува интензивна дипломатска активност во сите престолнини на ЕУ и во Скопје околу предлозите што ги поднело француското претседателство. Конечниот збор го имаат сите 28 земји вклучени во процесот.  

The post Франција не го потврдува предлогот објавен во македонските и бугарските медиуми appeared first on Република.

]]>