објаснувачки скрининг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/objasnuvachki-skrining/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Oct 2023 13:01:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png објаснувачки скрининг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/objasnuvachki-skrining/ 32 32 Скринингот со ЕУ дојде до рибарство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skriningot-so-eu-dojde-do-ribarstvo/ Thu, 26 Oct 2023 13:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=695272

Преговорите со ЕУ го прават квалитетно и безбедно македонското рибарство, напиша од Брисе вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Билатералниот скрининг е во завршна фаза, а денеска и утре на агендата е состанокот за Поглавје 13, „Рибарство“ на кој ќе ги презентираме развојот на политиките и степенот на усогласеност со ЕУ законодавството.

The post Скринингот со ЕУ дојде до рибарство appeared first on Република.

]]>

Скринингот од Поглавјето 11 жртва на терористичкиот напад во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/skriningot-od-poglavjeto-11-zhrtva-na-teroristichkiot-napad-vo-brisel/ Tue, 17 Oct 2023 13:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=692186

Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет. 

Како што информира шефицата на македонската делегација на скринингот, заменик главен преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, по континуираната комуникација и консултации со претставници на Европската комисија, мисиите на земјава при ЕУ и НАТО и нашата Амбасада во Брисел, а земајќи ја предвид новонастанатата безбедносна состојба, донесена е одлука за одложување на вториот ден од билатералниот скрининг за в четврток - 19 октомври.

Според неа, одлуката за одлагање на скринингот се заснова на заедничката посветеност за безбедноста и благосостојбата на сите учесници во овој процес со Европската комисија.

- Уште еднаш, изразуваме длабоко сочувство до жртвите и семејствата погодени од овој бесмислен чин на насилство, истакна Абдиу-Халили.

Таа потврди дека сите членови на македонската делегација се безбедни, нагласувајќи дека безбедноста на делегацијата останува главен приоритет.

- Иако соочени со потешкотии, нашата посветеност на преговарачкиот процес останува непоколеблива. Нашата делегација ја цени посветеноста, поддршката и им благодариме на нашите колеги од Европската Комисија, Мисијата на Република Македонија при ЕУ, Мисијата на Република Македонија при НАТО како и Амбасадата на Република Македонија во Брисел, кои цело време беа посветени на нашата безбедност, информирајќи нè и пружајќи ја потребната помош, додаде Абдиу-Халили.

Во Брисел денеска започна тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 11 - „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“, на кој присуствув

Инаку, во состав на делегацијата која учествува на овој скрининг е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и претставници на МЗШВ, СЕП, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државната комисија за спречување на корупцијата.

По синоќешниот инцидент во кој 45-годишниот Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани уби двајца шведски фудбалски навивачи, белгиските власти го подигнаа нивото на тревога во Брисел на највисок степен и им препорачаа на жителите на градот да останат во своите домови.

Веднаш по нападот, кој властите го оценија како терористички, белгиската полиција започна акција за пронаоѓање и приведување на напаѓачот, кој по инцидентот се даде во бегство.

Утрово тој беше откриен и застрелан од припадници на полицијата во кафуле во бриселската населба Скарбек, по што им подлегна на здобиените повреди. Неговата смрт беше потврдена во болницата во која беше пренесен

The post Скринингот од Поглавјето 11 жртва на терористичкиот напад во Брисел appeared first on Република.

]]>

Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет.  Како што информира шефицата на македонската делегација на скринингот, заменик главен преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања, Дрита Абдиу-Халили, по континуираната комуникација и консултации со претставници на Европската комисија, мисиите на земјава при ЕУ и НАТО и нашата Амбасада во Брисел, а земајќи ја предвид новонастанатата безбедносна состојба, донесена е одлука за одложување на вториот ден од билатералниот скрининг за в четврток - 19 октомври. Според неа, одлуката за одлагање на скринингот се заснова на заедничката посветеност за безбедноста и благосостојбата на сите учесници во овој процес со Европската комисија.
- Уште еднаш, изразуваме длабоко сочувство до жртвите и семејствата погодени од овој бесмислен чин на насилство, истакна Абдиу-Халили.
Таа потврди дека сите членови на македонската делегација се безбедни, нагласувајќи дека безбедноста на делегацијата останува главен приоритет.
- Иако соочени со потешкотии, нашата посветеност на преговарачкиот процес останува непоколеблива. Нашата делегација ја цени посветеноста, поддршката и им благодариме на нашите колеги од Европската Комисија, Мисијата на Република Македонија при ЕУ, Мисијата на Република Македонија при НАТО како и Амбасадата на Република Македонија во Брисел, кои цело време беа посветени на нашата безбедност, информирајќи нè и пружајќи ја потребната помош, додаде Абдиу-Халили.
Во Брисел денеска започна тридневниот билатерален скрининг за Поглавјето 11 - „Земјоделство и рурален развој“, кој е дел од Кластерот 5 - „Ресурси, земјоделство и кохезија“, на кој присуствув Инаку, во состав на делегацијата која учествува на овој скрининг е и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и претставници на МЗШВ, СЕП, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Државниот земјоделски инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државната комисија за спречување на корупцијата. По синоќешниот инцидент во кој 45-годишниот Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани уби двајца шведски фудбалски навивачи, белгиските власти го подигнаа нивото на тревога во Брисел на највисок степен и им препорачаа на жителите на градот да останат во своите домови. Веднаш по нападот, кој властите го оценија како терористички, белгиската полиција започна акција за пронаоѓање и приведување на напаѓачот, кој по инцидентот се даде во бегство. Утрово тој беше откриен и застрелан од припадници на полицијата во кафуле во бриселската населба Скарбек, по што им подлегна на здобиените повреди. Неговата смрт беше потврдена во болницата во која беше пренесен

The post Скринингот од Поглавјето 11 жртва на терористичкиот напад во Брисел appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Низ дијалог и соработка до квалитетен и инклузивен процес на преговори со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichik-niz-dijalog-i-sorabotka-do-kvaliteten-i-inkluziven-protses-na-pregovori-so-eu/ Mon, 23 Jan 2023 20:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=600171

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната собраниска седница на Комисијата за европски прашања рече дека тој и Владата се подготвени да се разговара и да се донесе Закон за преговори за членство во ЕУ, со којшто ќе ги решат сите прашања и со кој ќе се зајакни улога на Собранието.

Владата е надлежна и одговорна за преговорите со ЕУ, но тоа не значи дека процесот ќе го води сама. Од самиот почеток покажавме отвореност и политичка волја за соработка со сите општествени чинители. Подготвеност и политичка волја има, дајте во интерес на граѓаните да одиме побрзо процесот на преговори, рече вицепремиерот пред членовите на Комисијата за европски прашања.

На седницата на Комисијата за европски прашања беа присутни и претставниците на граѓанските организации за кои Маричиќ изрази задоволство од нивниот интерес за вклучување во преговарачкиот процес и истакна дека заклучно со 10 јануари 2023 година, на јавниот повик на Секретаријатот за европски прашања, во базата се регистрирани околу 180 граѓански организации.

Тоа е јасен сигнал дека ќе имаме квалитетен и инклузивен процес на преговори кој ќе го водиме низ дијалог и блиска соработка, но и под будното око на граѓанското општество, додаде Маричиќ, најавувајќи дека во тек е изработката на можните модалитети кои ќе се користат за консултација со граѓанските организации и нивно учество во процесот на преговори, а предлозите пред граѓанските организации ќе ги презентира на крајот на месец февруари.

Тој потенцираше дека процесот на преговори е тешка и сложена задача која бара вклученост на целото општество, за да може брзо и ефикасно да се заокружи најголемиот македонски проект, а како што вели вицепремиерот тоа е членството на Македонија во ЕУ.

Покрај сите овие активности, пред нас е имаме задача да донесеме стратешка одлука со која ќе го одредиме правецот на државата за следните 10 години и со која ќе ја направиме стабилна европската перспектива на Македонија. Од тоа ќе зависи дали 2023 година ќе биде година за паметење по јасна и сигурна европска перспектива или по нова блокада за државата и граѓаните, но овој пат од домашен политички фактор, рече вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ, Маричиќ.

Маричиќ потенцирање дека е неопходна поголема синергија за да се забрзаат процесите до степен до кој тоа го очекуваат граѓаните и дека ќе биде потребно да се дефинира и соработката со Националниот совет за евроинтеграции и со Комисијата за европски прашања. Во тој контекст изрази и верување дека и Совет за соработка помеѓу Владата и граѓанските организации ќе заживее и заеднички ќе дадат значаен придонес во спроведувањето на реформите и напредокот кон членството во ЕУ.

2023 треба и мора да биде година на успешно завршен скрининг процес, на реформи, придвижување на земјата напред, обединување и политички консензус за напредок во преговорите со ЕУ и отворање на поглавјата, рече вицепремиерот, нагласувајќи дека со тоа Македонија се става на европските шини за брза трансформација на македонското општество.

Главниот преговарач со ЕУ ги брифираше пратениците за текот на скринингот и за задачите и активностите кои треба да се завршат до крајот на годината изјавувајќи дека скринингот ни дава насока правилно да ја исцртаме реформската траекторија која треба да изодиме.

На крајот на тој пат Македонија треба да изгледа поинаку и многу подобро, во секоја смисла. А тоа нема да може да го направиме со деконструктивност и импровизација. За тоа е потребен јасен план и искрена политичка волја од сите политички фактори, бидејќи овој процес го надминува мандатот на секоја влада, истакна Маричиќ.

The post Маричиќ: Низ дијалог и соработка до квалитетен и инклузивен процес на преговори со ЕУ appeared first on Република.

Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zapochnuva-skriningot-za-klaster-3-konkurentnost-i-inkluziven-rast/ Mon, 17 Oct 2022 06:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=561857

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања.

Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност.

До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“.

По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, од денеска престојува во Брисел, по повод започнувањето на објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“. Објаснувачкиот скрининг за овој Кластер започнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ја слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за евтопски прашања. Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг состаноци за Кластерот 1, „Темели“ и Кластерот 2 „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот Извештај за Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност. До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг состаноците за Поглавјата 16,17,19,20,25,26 и 29, односно поглавјата „Оданочување“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска Унија“. По одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ, во јуни годинава, со која официјално Македонија ги отвори преговорите, започна скрининг процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи само ажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој започнува на 11-ти ноември за Кластер 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние го презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и планови за понатамошно усогласување, градење на институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

The post Започнува скринингот за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“ appeared first on Република.

]]>
Завршува објаснувачкиот скрининг со ЕУ за кластерот „Темели“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshuva-objasnuvachkiot-skrining-so-eu-za-klasterot-temeli/ Tue, 27 Sep 2022 06:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=554537

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели“.

Вчера се одржа објаснувачкиот скриниг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, што е основна вредност врз која функционира Европската Унија.

Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече вчера Маричиќ.

Скринингот за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ официјално почна на 15 септември, и според очекувањата на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе трае до ноември 2023 година.

Од 15-27 септември 2022 година се одржуваа состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата го презентираше новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваа во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург.

Во периодот од 11 ноември до 9 декември ќе следи билатералниот скрининг, кога ние ќе го презентираме степенот на усогласеност со правото на ЕУ, институционалната поставеност за спроведување на усогласените закони, и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди.

Европската комисија потоа подготвува извештај од скринингот кој меѓу другото содржи и наоди и оценка на Комисијата за степенот на усогласеност, капацитетите и заклучоци и препораки, соопштуваат од Секретаријат за европски прашања.

На самиот почеток на скрининг процесот, вицепремиерот Маричиќ за МИА изјави дека според некои проценки дека досега сме усогласени околу 40 отсто со законодавството на ЕУ, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.

– Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме, рече тогаш Маричиќ.

Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ кажа дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.

The post Завршува објаснувачкиот скрининг со ЕУ за кластерот „Темели“ appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок за Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права“, со кој завршуваат објаснувачките скрининг состаноци за Кластер 1, „Темели“. Вчера се одржа објаснувачкиот скриниг состанок за уште една област што првпат се воведува во пристапните преговори – Функционирање на демократските институции“, во рамки на кластерот „Темели“, што е основна вредност врз која функционира Европската Унија.
Реформските процеси не се само за воведување нова легислатива, туку и за промена на менталитетот и стилот на владеење. Знаеме и имаме искуство за тоа колку е важно владеењето на правото, како и тоа да имаме независни и ефикасни институции кои го гарантираат истото, рече вчера Маричиќ.
Скринингот за усогласување на нашето законодавство со тоа на ЕУ официјално почна на 15 септември, и според очекувањата на вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе трае до ноември 2023 година. Од 15-27 септември 2022 година се одржуваа состаноци за областите и поглавјата од Кластерот Фундаментални вредности, кога Комисијата го презентираше новото законодавство за овие области. Сите состаноци се одржуваа во Брисел, освен за Поглавјето 18 Статистика во Луксембург. Во периодот од 11 ноември до 9 декември ќе следи билатералниот скрининг, кога ние ќе го презентираме степенот на усогласеност со правото на ЕУ, институционалната поставеност за спроведување на усогласените закони, и плановите за понатамошно усогласување, градење на институционалните и административните капацитети, како и потребните човечки, финансиски и ИТ ресурси за спроведување на европските стандарди. Европската комисија потоа подготвува извештај од скринингот кој меѓу другото содржи и наоди и оценка на Комисијата за степенот на усогласеност, капацитетите и заклучоци и препораки, соопштуваат од Секретаријат за европски прашања. На самиот почеток на скрининг процесот, вицепремиерот Маричиќ за МИА изјави дека според некои проценки дека досега сме усогласени околу 40 отсто со законодавството на ЕУ, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.
– Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме, рече тогаш Маричиќ.
Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ кажа дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.

The post Завршува објаснувачкиот скрининг со ЕУ за кластерот „Темели“ appeared first on Република.

]]>
Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marichikj-oficijalno-pochnuva-skriningot-mora-ustavnite-izmeni/ Thu, 15 Sep 2022 06:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=550883

Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека сега е неопходно фокусот да се стави на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции, градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција.

Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември 2023 година. Во однос на уставните измени неопходни за отворање на кластерите, вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтеграциите. Дециден е дека веќе нема условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот. Нагласува дека во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси, ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација.

-Најпрво мислам дека треба да кажеме за граѓаните и да повториме дека Македонија ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Тие започнаа на 19 јули, практично тогаш беше и воведната сесија на скринингот. Тоа е многу битно за да сфатиме дека по 17 години чекање влеговме во нова фаза. Таа фаза – скринингот е практично задолжителен дел на преговорите. Тоа не е нешто ново и не е нешто што се прави само за нас. Сите држави особено во последниов период коишто имаа или имаат активни процес на преговори поминаа низ овој процес на скрининг, вели Маричиќ за МИА.

Тој потсети дека скринингот се состои од две фази, едната е билатерален, другиот е објаснувачки.

-Првиот е практично воведниот и е објаснувачки што ние делумно го поминавме 2018 и 2019 година и практично сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме каде што застанавме тогаш. Во објаснувачкиот скрининг се претставуваат актите и стандардите на ЕУ што ние треба да ги прифатиме за да станеме членка на ЕУ и сето она што е во изминативе три години ново како европска регулатива ќе ни биде претставено, презентирано во објаснувачкиот скрининг. Веднаш потоа ќе настапи билатералниот скрининг, дел од нив ќе течат и паралелно. Во билатералниот скрининг веќе ние имаме поголема улога, односно државите членки на ЕУ и Европската комисија ќе ни поставуваат прашања нас, а ние ќе презентираме колку сме усогласени во определени области, во сите области и колку време цениме дека ќе ни треба за да целосно се усогласиме, појасни Маричиќ за МИА.

Според вицепремиерот, ние имаме некоја проценка дека досега сме усогласени околу 40 отсто, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.

-Затоа мислам дека овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество со сите експерти, со цел граѓанското општество, академската јавност, бизнис заедницата да бидат активни да го следат скринингот и да учествуваат во него. Тоа е многу важно затоа што од скринингот ни зависат како ќе изгледаат листата на задачи, репер и мерила, бенч маркови коишто ќе важат за сите поглавја и за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. И затоа мислам дека овие денови ги составуваме и тимовите, од четврток започнува – денеска практично започнува скринингот и ги тераме дел по дел, фаза по фаза за сите поглавја, очекуваме да заврши во ноември 2023 година. Тоа е планот што заедно го направивме со Европската комисија, рече Маричиќ.

Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ вели дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.

– Кластерот Темелни вредности, прв се отвора, последен се затвора, отворен е низ целите преговори и напредокот во тој кластер го диктира напредокот во другите кластери. Но, мислам дека во Внатрешен пазар имаме многу работа и во конкурентност и иновации исто така, кај Зелената агенда, тоа е многу скап кластер што бара многу инвестирање во животната средина и технологии што се позитивни кон животната средина. Во кластерот Земјоделие таму имаме цел еден битен дел и за државна помош и за субвенции, но и за стандардите во земјоделието и мислам дека секаде имаме многу работа, но Внатрешен пазар ќе ни треба најмногу, оценува вицепремиерот за МИА.

На прашање на МИА кога очекува да почне процедурата за уставните измени, неопходни за отворање на кластерите, имајќи ја предвид и иницијативата за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на договорот со Бугарија, која, пак беше отфрлена од собранискиот спикер Талат Џафери, Маричиќ вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтегративниот процес.

– Ние имаме некој рок што сами си го зададовме заедно со планот за скрининг, а тоа е до крајот на скринингот, значи до ноември 2023, до крајот на идната година практично да ги комплетираме уставните измени и јас мислам дека ќе успееме во тој рок да ги комплетираме. Во однос на, тоа секако нема да биде воопшто лесен процес, но мислам дека секој пратеник и сите политички партии ќе бидат на висина на задачата затоа што сега од нас зависи кога ќе продолжиме. Нема веќе условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот, рече Маричиќ.

Вицепремиерот во однос на прашањето за референдум вели дека треба разумно да се погледне.

-На ова прашање вака формулирано и во овој момент не е потребен референдум, особено затоа што тоа чини осум милиони евра самото организирање на референдум, што во услови на криза не ни е потребно, во услови кога ни претстои зима за која што се бориме да имаме редовно снабдување, понормални цени за сите оние клучни продукти како струја, гас итн, рече Маричиќ.

Тој е дециден дека во овој момент е потребно е да се фокусираме на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции и градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на европска интеграција.

-Ние како држава многу одамна имаме одлучено, уште при осамостојувањето и со парламентарните декларации и за НАТО и за ЕУ, меѓутоа и низ годините имаме изградено консензус дека сакаме да бидеме членка на Европската Унија. Затоа вистинското прашање е дали сакаме да бидеме членка на Европската Унија, а не дали сме за поништување на Договорот со Бугарија, а тој договор е веќе пет години во важност, опозицијата имала прилика и да гласа против, има прилика Собранието во кој било момент да го отповика доколку има мнозинство и мислам дека е тоа повеќе политички маневар и политичка игра отколку искрена желба за референдум којшто може само да не одвлече назад, оценува тој.

Затоа сметам, додава Маричиќ, дека политичарите треба да си ја преземат одговорноста и да излезат пред граѓаните да објаснат зошто и како ќе ја поддржат или нема да ја поддржат нашата европска интеграција и продолжувањето на преговорите.

– Во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација како што велат затоа што знаеме кои сме и што сме. Влегуваме самоуверено во преговорите и имаме јасна цел – да станеме членка на Европската Унија како држава, како Македонија и тоа да го направиме како Македонци со заштитен идентитет и јазик, порача Маричиќ.

Прашан како во практика ќе се одвива новата методологија на преговарање, кога ќе ги отвориме кластерите и кое е најоптимистичното сценарио да станеме членка, Маричиќ за МИА вели дека клучно за ова се реформите, но и желбата на ЕУ.

-Многу е неблагодарно од сега да се предвидува. Тоа ниту една држава не можела да го предвиди и не го знаела од почетокот на преговорите. Еве во Хрватска за датум за пристапување почнало да се разговара некои шест месеци пред да се затворат преговорите, а тие траеја шест години. Меѓутоа, ние ако го завршиме скринингот за година и половина и доколку не губиме време, доколку имаме добро темпо на реформи, бидејќи тоа е клучното, не само билатералните прашања. Тие мислам ние и во голема мера ги имаме завршено, рече Маричиќ.

Она што го немаме завршено, додаде тој, и на што треба да работиме се реформите што ќе не доведат до стопроцентна усогласеност со ЕУ и што нема да се сведат само на законодавство, туку и на пракса и имплементација.

-Затоа мислам ако работиме интензивно и ако работиме како што треба соодветно без губење време сосема е изводливо нормално зависно од желбата и на Европската Унија, односно спремноста да прифати нови членки сосема е изводливо до крајот на оваа декада да бидеме членка на Унијата, оцени Маричиќ за МИА.

Македонија доби едногласна одлука за почеток на преговори уште во март 2020 година, но Бугарија го блокираше нивното отпочнување поради билатерални историски и јазични прашања. По прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ и по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година од страна на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ. На 19 јули се одржа и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш беше означен и почетокот на скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

The post Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска официјално почнува скринингот за усогласеноста на македонското законодавство со тоа на Европската Унија. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за МИА, по повод отпочнување на оваа фаза од нашето пристапување кон ЕУ, вели дека скринигот практично е фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. Тој повикува дека сега е неопходно фокусот да се стави на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции, градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на евроинтеграција. Маричиќ очекува скринингот да заврши во ноември 2023 година. Во однос на уставните измени неопходни за отворање на кластерите, вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтеграциите. Дециден е дека веќе нема условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот. Нагласува дека во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси, ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација.
-Најпрво мислам дека треба да кажеме за граѓаните и да повториме дека Македонија ги започна преговорите за членство во Европската Унија. Тие започнаа на 19 јули, практично тогаш беше и воведната сесија на скринингот. Тоа е многу битно за да сфатиме дека по 17 години чекање влеговме во нова фаза. Таа фаза – скринингот е практично задолжителен дел на преговорите. Тоа не е нешто ново и не е нешто што се прави само за нас. Сите држави особено во последниов период коишто имаа или имаат активни процес на преговори поминаа низ овој процес на скрининг, вели Маричиќ за МИА.
Тој потсети дека скринингот се состои од две фази, едната е билатерален, другиот е објаснувачки.
-Првиот е практично воведниот и е објаснувачки што ние делумно го поминавме 2018 и 2019 година и практично сега не почнуваме од нула, туку продолжуваме каде што застанавме тогаш. Во објаснувачкиот скрининг се претставуваат актите и стандардите на ЕУ што ние треба да ги прифатиме за да станеме членка на ЕУ и сето она што е во изминативе три години ново како европска регулатива ќе ни биде претставено, презентирано во објаснувачкиот скрининг. Веднаш потоа ќе настапи билатералниот скрининг, дел од нив ќе течат и паралелно. Во билатералниот скрининг веќе ние имаме поголема улога, односно државите членки на ЕУ и Европската комисија ќе ни поставуваат прашања нас, а ние ќе презентираме колку сме усогласени во определени области, во сите области и колку време цениме дека ќе ни треба за да целосно се усогласиме, појасни Маричиќ за МИА.
Според вицепремиерот, ние имаме некоја проценка дека досега сме усогласени околу 40 отсто, значи скоро половина, а тоа значи, вели, дека сме ги искористиле добро овие 17 години чекање за да ги почнеме преговорите и во некои области сме на исто ниво или на подобро ниво од државите кои веќе преговараат со години како Србија и Црна Гора.
-Затоа мислам дека овој скрининг е многу важен за да ја држиме нашата администрација во кондиција, но и целото општество со сите експерти, со цел граѓанското општество, академската јавност, бизнис заедницата да бидат активни да го следат скринингот и да учествуваат во него. Тоа е многу важно затоа што од скринингот ни зависат како ќе изгледаат листата на задачи, репер и мерила, бенч маркови коишто ќе важат за сите поглавја и за сите кластери. Практично скринингот е таа фаза на дијагноза до каде сме и што треба да правиме. И затоа мислам дека овие денови ги составуваме и тимовите, од четврток започнува – денеска практично започнува скринингот и ги тераме дел по дел, фаза по фаза за сите поглавја, очекуваме да заврши во ноември 2023 година. Тоа е планот што заедно го направивме со Европската комисија, рече Маричиќ.
Во однос на тоа дали се очекуваат потешкотии во некои области во усогласувањето на законодавството и каде имаме слабости, Маричиќ вели дека многу работа не очекува во вториот кластер – Внатрешниот пазар, а исто така и во првиот, којшто е најважен, а тоа се Темелните вредности.
– Кластерот Темелни вредности, прв се отвора, последен се затвора, отворен е низ целите преговори и напредокот во тој кластер го диктира напредокот во другите кластери. Но, мислам дека во Внатрешен пазар имаме многу работа и во конкурентност и иновации исто така, кај Зелената агенда, тоа е многу скап кластер што бара многу инвестирање во животната средина и технологии што се позитивни кон животната средина. Во кластерот Земјоделие таму имаме цел еден битен дел и за државна помош и за субвенции, но и за стандардите во земјоделието и мислам дека секаде имаме многу работа, но Внатрешен пазар ќе ни треба најмногу, оценува вицепремиерот за МИА.
На прашање на МИА кога очекува да почне процедурата за уставните измени, неопходни за отворање на кластерите, имајќи ја предвид и иницијативата за референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на договорот со Бугарија, која, пак беше отфрлена од собранискиот спикер Талат Џафери, Маричиќ вели дека тоа воопшто нема да биде лесен процес и оти од нас зависи кога ќе продолжиме со евроинтегративниот процес.
– Ние имаме некој рок што сами си го зададовме заедно со планот за скрининг, а тоа е до крајот на скринингот, значи до ноември 2023, до крајот на идната година практично да ги комплетираме уставните измени и јас мислам дека ќе успееме во тој рок да ги комплетираме. Во однос на, тоа секако нема да биде воопшто лесен процес, но мислам дека секој пратеник и сите политички партии ќе бидат на висина на задачата затоа што сега од нас зависи кога ќе продолжиме. Нема веќе условувања или дополнителни нови услови од која било држава членка, вклучувајќи ја и Бугарија, туку јасно се дефинирани условите под кои ги водиме преговорите и под кои услови ќе го продолжиме после скринингот, рече Маричиќ.
Вицепремиерот во однос на прашањето за референдум вели дека треба разумно да се погледне.
-На ова прашање вака формулирано и во овој момент не е потребен референдум, особено затоа што тоа чини осум милиони евра самото организирање на референдум, што во услови на криза не ни е потребно, во услови кога ни претстои зима за која што се бориме да имаме редовно снабдување, понормални цени за сите оние клучни продукти како струја, гас итн, рече Маричиќ.
Тој е дециден дека во овој момент е потребно е да се фокусираме на градење на консензусот за продолжување на европските интеграции и градење на консензусот за уставните измени и на кој начин може и опозицијата да се вгради во процесот на преговори и процесот на европска интеграција.
-Ние како држава многу одамна имаме одлучено, уште при осамостојувањето и со парламентарните декларации и за НАТО и за ЕУ, меѓутоа и низ годините имаме изградено консензус дека сакаме да бидеме членка на Европската Унија. Затоа вистинското прашање е дали сакаме да бидеме членка на Европската Унија, а не дали сме за поништување на Договорот со Бугарија, а тој договор е веќе пет години во важност, опозицијата имала прилика и да гласа против, има прилика Собранието во кој било момент да го отповика доколку има мнозинство и мислам дека е тоа повеќе политички маневар и политичка игра отколку искрена желба за референдум којшто може само да не одвлече назад, оценува тој.
Затоа сметам, додава Маричиќ, дека политичарите треба да си ја преземат одговорноста и да излезат пред граѓаните да објаснат зошто и како ќе ја поддржат или нема да ја поддржат нашата европска интеграција и продолжувањето на преговорите. – Во компромисот со Бугарија имаме доволно гаранции и за нашиот идентитет и за нашиот јазик и нема никакви шанси ниту прилика да се случи каква била асимилација или бугаризација како што велат затоа што знаеме кои сме и што сме. Влегуваме самоуверено во преговорите и имаме јасна цел – да станеме членка на Европската Унија како држава, како Македонија и тоа да го направиме како Македонци со заштитен идентитет и јазик, порача Маричиќ. Прашан како во практика ќе се одвива новата методологија на преговарање, кога ќе ги отвориме кластерите и кое е најоптимистичното сценарио да станеме членка, Маричиќ за МИА вели дека клучно за ова се реформите, но и желбата на ЕУ.
-Многу е неблагодарно од сега да се предвидува. Тоа ниту една држава не можела да го предвиди и не го знаела од почетокот на преговорите. Еве во Хрватска за датум за пристапување почнало да се разговара некои шест месеци пред да се затворат преговорите, а тие траеја шест години. Меѓутоа, ние ако го завршиме скринингот за година и половина и доколку не губиме време, доколку имаме добро темпо на реформи, бидејќи тоа е клучното, не само билатералните прашања. Тие мислам ние и во голема мера ги имаме завршено, рече Маричиќ.
Она што го немаме завршено, додаде тој, и на што треба да работиме се реформите што ќе не доведат до стопроцентна усогласеност со ЕУ и што нема да се сведат само на законодавство, туку и на пракса и имплементација.
-Затоа мислам ако работиме интензивно и ако работиме како што треба соодветно без губење време сосема е изводливо нормално зависно од желбата и на Европската Унија, односно спремноста да прифати нови членки сосема е изводливо до крајот на оваа декада да бидеме членка на Унијата, оцени Маричиќ за МИА.
Македонија доби едногласна одлука за почеток на преговори уште во март 2020 година, но Бугарија го блокираше нивното отпочнување поради билатерални историски и јазични прашања. По прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ и по потпишувањето на билатералниот Протокол на 17 јули 2022 година од страна на шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, е усвоена и Преговарачката рамка од страна на Советот на ЕУ. На 19 јули се одржа и Меѓувладината конференција на политички состанок помеѓу ЕУ и Македонија, а веднаш беше означен и почетокот на скрининг процесот со првите општи напомени за неговиот тек и нацрт Календар.

The post Маричиќ: Официјално почнува скринингот, мора уставните измени appeared first on Република.

]]>
Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gir-stanuvanjeto-chlenka-vo-eu-zavisi-od-brzinata-so-koja-se-sproveduvaat-reformite/ Tue, 26 Jul 2022 17:39:31 +0000 https://republika.mk/?p=533483

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.

Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.

Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.

Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.

Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција.

Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините.

Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок.

Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.

Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.

Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.

Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>

Добра вест е што минатата недела Европската Унија почна преговори за членство со Македонија и Албанија. Тоа се одлични вести, тоа е историски развој и за засегнатите земји, но и за ЕУ. И отидовме чекор понатаму, на истиот ден почна скрининг процесот. Значи одбројувањето до влезот на Македонија во ЕУ почна, изјави вечерва евроамбасадорот Дејвид Гир.
Апсолутно ги почнавте преговорите со Европската Унија и тоа е добра вест, рече Гир во интервју за Канал 5 телевизија.
Во однос на разликите во документите за Македонија и Албанија, Гир рече дека е релативно нормално да има разлики меѓу секој пристапен процес во одреден степен.
Во овој случај се сведува на следното го имавме тоа што се нарекува меѓувладина конференција минатата недела со што го почнавме процесот. Сега го почнавме и скрининг процесот. На крајот од тој процес Македонија ќе ја има втората меѓувладина конференција и за да се одржи истата, Македонија треба да ја исполни обврската која ја направи кон Бугарија, за да го промени Уставот со цел да има експлицитна одредница за лица и граѓани кои се идентификуваат како Бугари, во заштитата на самиот Устав, појаснува Гир.
Но, вели евроамбасадорот, бидејќи овој услов е во рацете на Македонија тоа на никаков начин не треба да резултира со одлагања или да служи како пречка на процесот, бидејќи, според него, нема ниту една страна или држава која би спречила одржување на оваа втора меѓувладина конференција. Гир појаснува дека има две фази во скрининг процесот. Првата фаза, вели тој, се нарекува Објаснувачки скрининг и тоа е кога Европската Комисија заедно со Македонија и Албанија го разгледува целосниот процес и гледа што треба да се направи за време на тој процес. Според Гир, двете земји се доста напредни во тој поглед поради подготвителната работа која се случи низ годините. Потоа, додава тој, има втора фаза, или Билатерален скрининг, кој, според него е многу структуриран и интензивен во дијалогот и кој може да трае од 14 до 16 месеци во целост, а во кој Европската Комисија ги гледа нормите и законодавството во сила во Македонија и во Албанија, ги гледа празнините, идентификува каде тие празнини треба да се пополнат и идентификува кои одредници се потребни да бидат направени за напредок. Во однос на промената на македонскиот Устав и што доколку не се случи, евроамбасадорот нагласи дека тогаш најверојатното сценарио би било дека процесот ќе застане таму.
Промената на Уставот е суверена одлука на оваа земја. Но, земјата веќе има добар извештај за меѓуетничките односи и доколку се направи таа промена, тоа дополнително ќе го зацврсти напредокот кој е направен на тоа поле. Доколку промената на Уставот не се случи, јас би рекол дека најверојатното сценарио би било дека процесот едноставно ќе застане таму. Со други зборови скринингот ќе продолжи до одредена точка и потоа ќе застане да ја чека државата, рече Гир, појаснувајќи оти тоа не е бидејќи трета држава ставила вето, туку дека самата држава одлучила да се повлече од обврските кои ги преземала по ова прашање.
Станувањето членка во ЕУ, како што дополни тој, зависи од брзината со која се спроведуваат реформите.
Јас сум многу уверен. Почнавме преговори, земјата има причина да биде оптимистична и да биде уверена во својот идентитет и во својата европска перспектива. Мислам дека процесот се движи со позитивна динамика напред, но има многу работа, многу реформи пред земјата да стане полноправна членка на ЕУ, порача Гир во интервјуто за Канал 5.

The post Гир: Македонија мора да ги внесе Бугарите во Уставот како што бара Бугарија, наку скринингот ќе запре appeared first on Република.

]]>
Преговори не гледаме уште долгo: EУ најавува нов услов за Македонија кој ќе трае две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pregovori-ne-gledame-ushte-dolgo-eu-najavuva-nov-uslov-za-makedonija-koj-kje-trae-dve-godini/ Wed, 06 Jul 2022 16:06:44 +0000 https://republika.mk/?p=524878

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека Македонија ќе треба да помине уште една рунда објаснувачки скрининг за ЕУ во однос на законодавството усвоено по 2019 година, јави дописничката на МИА од Брисел.

Доколку биде одобрен францускиот предлог за преговарачката рамка од страна на Македонија, земјата ќе треба прво да помине низ уште една рунда објаснувачки скрининг за сето ново законодавство, донесено од 2019 до сега, за сите поглавја.

– По објаснувачкиот скрининг ќе започне билатералниот, објасни Писонеро за МИА.

Македонија и Албанија имаа средби за објаснувачки скрининг за законодавството од 2018 до 2019. Овие средби започнаа во септември 2018 и траеја помалку од една година. Целта на објаснувачкиот скрининг е тимот на Европската комисија да им го презентира законодавството на ЕУ, познато како „Аcquis communautaire“, на земјите кандидати кои се подготвуваат да започнат преговори. По објаснувачкиот, следува билатералниот скрининг, фаза во која земјата кандидат учествува активно, за разлика од објаснувачкиот, каде главната улога ја држи Европската комисија.

– Согласно заклучоците на Советот, Европската комисија го спроведе техничкото објаснување на ЕУ законодавството (Аcquis) помеѓу 2018 и 2019. Така што објаснувачкиот скрининг ќе се фокусира на новото законодавство на ЕУ, усвоено оттогаш. По ова ќе следува билатерален скрининг каде Комисијата ќе го разгледува, заедно со земјите соговорнички, оние области на ЕУ законодавството каде е потребен напредок, изјави Писонеро за МИА.

ЕУ законодавството постојано се зголемува со нови законски решенија и судски одлуки. Со оглед на тоа дека објаснувачки скрининг немало за Македонија и Албанија од 2019, двете земји ќе треба ова да го поминат пред да бидат поканети на билатералниот скрининг.

Билатералниот скрининг би требало да трае околу две години

The post Преговори не гледаме уште долгo: EУ најавува нов услов за Македонија кој ќе трае две години appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, изјави дека Македонија ќе треба да помине уште една рунда објаснувачки скрининг за ЕУ во однос на законодавството усвоено по 2019 година, јави дописничката на МИА од Брисел. Доколку биде одобрен францускиот предлог за преговарачката рамка од страна на Македонија, земјата ќе треба прво да помине низ уште една рунда објаснувачки скрининг за сето ново законодавство, донесено од 2019 до сега, за сите поглавја.
– По објаснувачкиот скрининг ќе започне билатералниот, објасни Писонеро за МИА.
Македонија и Албанија имаа средби за објаснувачки скрининг за законодавството од 2018 до 2019. Овие средби започнаа во септември 2018 и траеја помалку од една година. Целта на објаснувачкиот скрининг е тимот на Европската комисија да им го презентира законодавството на ЕУ, познато како „Аcquis communautaire“, на земјите кандидати кои се подготвуваат да започнат преговори. По објаснувачкиот, следува билатералниот скрининг, фаза во која земјата кандидат учествува активно, за разлика од објаснувачкиот, каде главната улога ја држи Европската комисија.
– Согласно заклучоците на Советот, Европската комисија го спроведе техничкото објаснување на ЕУ законодавството (Аcquis) помеѓу 2018 и 2019. Така што објаснувачкиот скрининг ќе се фокусира на новото законодавство на ЕУ, усвоено оттогаш. По ова ќе следува билатерален скрининг каде Комисијата ќе го разгледува, заедно со земјите соговорнички, оние области на ЕУ законодавството каде е потребен напредок, изјави Писонеро за МИА.
ЕУ законодавството постојано се зголемува со нови законски решенија и судски одлуки. Со оглед на тоа дека објаснувачки скрининг немало за Македонија и Албанија од 2019, двете земји ќе треба ова да го поминат пред да бидат поканети на билатералниот скрининг. Билатералниот скрининг би требало да трае околу две години

The post Преговори не гледаме уште долгo: EУ најавува нов услов за Македонија кој ќе трае две години appeared first on Република.

]]>