обид за киднапирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obid-za-kidnapirane/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 10:00:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обид за киднапирање Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obid-za-kidnapirane/ 32 32 Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-maloletnichka-vo-gostivar/ Wed, 21 Aug 2024 10:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=808598

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал.

За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција.

The post Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера го лишиле од слобода С.Т.(26) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека вознемирувал малолетничка од Гостивар и се обидел со употреба на сила да ја внесе во неговото возило, но не успеал. За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од гостиварската полиција.

The post Обид за киднапирање на малолетничка во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-strumitsa-obid-za-kidnapirane-na-3-godishno-dete-politsijata-ispituva-dali-se-raboti-za-krivichno-delo/ Sat, 06 Jul 2024 08:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=793957

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување.

Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале.

Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.

Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.

Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.

The post Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело appeared first on Република.

]]>

Во Големиот градски парк во Струмица имало обид за киднапирање на тригодишно дете. Веста се прошири и се споделува по социјалните мрежи, а од полицијата денеска за МИА потврдија дека случајот е пријавен и дека работат на негово расчистување. Имено, според објавите тригодишнотот дете се обиделе да го киднапираат две лица, кои наводно зборувале странски јазик, но откако еден од родителите успеал да ги спречи во намерата тие побегнале. Според полицијата, З.Ч.К.(31) од Струмица вчера пријавила дека завчера околу 19:00 часот, додека била во парк во Струмица, заедно со нејзиниот малолетен син, во момент кога син и бил оддалечен од неа, односно додека стоел на дрвен мост, две лица му пришле на малолетникот, па едниот од нив го кренал во раце.
Според пријавеното, откако пријавителката им викнала, лицето го пуштило малолетникот и му ја ставило капата на главата, која претходно му пaднала, по што заминале. СВР Струмица веднаш презеде мерки за откривање на лицата и расчистување на случајот. Извршен бил увид на местото и било разговарано со сведоци, при што е утврдено дека во моментот на локацијата имало голема раздвиженост на луѓе, а малолетникот стоел на мал дрвен мост каде постоела опасност да падне во вода, а лицето кое го кренало детето од мостот го пуштило на земја непосредно откако се симнале од мостот, стои во известувањето за МИА од СВР Струмица.
Оттаму додаваат дека полицијата продолжува со преземање мерки во насока на утврдување дали во конкретниот случај постојат елементи на кривично дело или лицето тоа го сторило со цел да го заштити детето од можна опасност.

The post Во Струмица oбид за киднапирање на 3-годишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело appeared first on Република.

]]>
МВР го пронајде 20-годишникот кој викаше на кафе ученици од Карбинци, велат нема елементи на кривично дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-go-pronajde-20-godishnikot-koj-vikashe-na-kafe-uchenitsi-od-karbintsi-velat-nema-elementi-na-krivichno-delo/ Sat, 09 Dec 2023 09:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=721217

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје - Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, а во координација со Основното јавно обвинителство Штип комплетно го расчистија и документираа случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан, информираат од МВР.

Нагласуваат дека целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и Центарот за социјална работа Штип за нивно понатамошно постапување.

The post МВР го пронајде 20-годишникот кој викаше на кафе ученици од Карбинци, велат нема елементи на кривично дело appeared first on Република.

„Имаше обид за киднапирање“, тврди градоначалникот на Карбинци, МВР вели не било така https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/imashe-obid-za-kidnapirane-tvrdi-gradonachalnikot-na-karbintsi-mvr-veli-ne-bilo-taka/ Tue, 05 Dec 2023 15:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=719986

Градоначалникот на Општина Карбинци денеска изјави дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение. МРВ, пак, најостро ги демантира овие информации и посочува дека околу 09:30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе. Таа, според полициското соопштение, веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/

Во овој немил настан којшто се случил ова утро некаде после 9:30 часот имало обид за грабнување на две деца односно двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Она што го имам како информации од персоналот на училиштето и од распитот со инспекторите дека имало таков обид, се обиделе оние грабнувачи да ги воведат децата во возилото кое што влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Паунов.

Тој објаснува дека настанот се случил после 9 и 30 часот, после третиот час и траел неколку минути.

Од она што ние успеавме на камерите да го видиме и да го земеме како доказ од страна персоналот којшто во тој момент тука се движеле, децата кои што биле наводни жртви се едното од шесто одделение, другото деветто оделение, рече Паунов.

За мотивот вели дека остава на полицијата да го открие и да ја расветли целата случка.

Тој апелира да нема вознемиреност кај родителите и на сите оние кои се движат во овој дел, но исто така упати апел и до МВР и до СВР Штип да биде зголемена бебзедноста на овој дел на Општина Карбинци, барем кај училиштата затоа што во последните години нема полициско обезбедување.

Не сме имале досега вакви случувања и затоа алармирам полицијата најсериозно да ја сфати оваа работа да не се случи никогаш повече ова или, пак, да имаме посериозни последици, вели Паунов изразувајќи надеж дека контролата од полицијата ќе биде зголемена.

Според него, децата се добро, родителите се информирани и исто така објаснета е целата ситуација.

Прашан за обезбедување дополнителни безбедносни мерки, градоначалникот на Карбинци вели дека дворот на основното училиште е максимално обезбеден и се користи само за превезување на учениците со возила на училиштето.

Затоа лицето дошло до влезот на училиштето, не дошло до крајот на училишниот двор, така што сметам дека и безбедноста на самото училиште и ние тука како општина ќе направиме максимални напори меѓутоа МВР морално е да постави служби барем кај училиштата кога децата одат на училиште и кога се враќаат од уиличте затоа што вакви случаеви се многу почести во нашата држава, изјави Паунов.

Во училиштето се создала паника, но објаснета е целата ситуација и да не се крева паника.

Паниката треба да ја креваат институциите, рече Паунов.

Полицијата е присутна во училиштето, а таму пристигна и тим од Центарот за социјални работи Штип.

МВР најостро ги демантира шпекулациите кои, како што наведува, денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци.

Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот, се посочува во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/

Од МВР нагласуваат дека пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вакви шпекулации. Исто така, им благодариме на медиумите кои ги проверуваат информациите во надлежните институции, се наведува во соопштението од МВР.

The post „Имаше обид за киднапирање“, тврди градоначалникот на Карбинци, МВР вели не било така appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Карбинци денеска изјави дека во ОУ „Страшо Пинџур“ во Карбинци утрово имало обид за грабнување на две деца од шесто и деветто одделение. МРВ, пак, најостро ги демантира овие информации и посочува дека околу 09:30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе. Таа, според полициското соопштение, веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/obid-za-kidnapirane-na-uchenitsi-vo-osnovno-uchilishte-vo-karbintsi/
Во овој немил настан којшто се случил ова утро некаде после 9:30 часот имало обид за грабнување на две деца односно двајца ученици од ОУ „Страшо Пинџур“ овде во Карбинци. Она што го имам како информации од персоналот на училиштето и од распитот со инспекторите дека имало таков обид, се обиделе оние грабнувачи да ги воведат децата во возилото кое што влегло до почетокот на дворот. Безбедносните камери го имаат фатено возилото. Се работи на расчистување односно на утврдување на регистарската таблица на самото возило, изјави градоначалникот на Општина Карбинци Паунов.
Тој објаснува дека настанот се случил после 9 и 30 часот, после третиот час и траел неколку минути.
Од она што ние успеавме на камерите да го видиме и да го земеме како доказ од страна персоналот којшто во тој момент тука се движеле, децата кои што биле наводни жртви се едното од шесто одделение, другото деветто оделение, рече Паунов.
За мотивот вели дека остава на полицијата да го открие и да ја расветли целата случка. Тој апелира да нема вознемиреност кај родителите и на сите оние кои се движат во овој дел, но исто така упати апел и до МВР и до СВР Штип да биде зголемена бебзедноста на овој дел на Општина Карбинци, барем кај училиштата затоа што во последните години нема полициско обезбедување.
Не сме имале досега вакви случувања и затоа алармирам полицијата најсериозно да ја сфати оваа работа да не се случи никогаш повече ова или, пак, да имаме посериозни последици, вели Паунов изразувајќи надеж дека контролата од полицијата ќе биде зголемена.
Според него, децата се добро, родителите се информирани и исто така објаснета е целата ситуација. Прашан за обезбедување дополнителни безбедносни мерки, градоначалникот на Карбинци вели дека дворот на основното училиште е максимално обезбеден и се користи само за превезување на учениците со возила на училиштето.
Затоа лицето дошло до влезот на училиштето, не дошло до крајот на училишниот двор, така што сметам дека и безбедноста на самото училиште и ние тука како општина ќе направиме максимални напори меѓутоа МВР морално е да постави служби барем кај училиштата кога децата одат на училиште и кога се враќаат од уиличте затоа што вакви случаеви се многу почести во нашата држава, изјави Паунов.
Во училиштето се создала паника, но објаснета е целата ситуација и да не се крева паника.
Паниката треба да ја креваат институциите, рече Паунов.
Полицијата е присутна во училиштето, а таму пристигна и тим од Центарот за социјални работи Штип. МВР најостро ги демантира шпекулациите кои, како што наведува, денеска се проширија по одредени портали, локални телевизиски станици и социјалните мрежи за наводен спречен обид за грабнување на малолетно лице во училишен двор во општина Карбинци. Според официјалната пријава до полицијата: Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката. Се работи на расчистување на случајот, се посочува во соопштението. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nema-nikakov-obid-za-kidnapirane-momche-pokanilo-uchenichka-vo-negovoto-vozilo-za-da-odat-na-kafe/ Од МВР нагласуваат дека пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.