обид за атентат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obid-za-atentat/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 20:25:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обид за атентат Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obid-za-atentat/ 32 32 Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajnata-sluzhba-na-sad-pod-istraga-za-obidot-za-atentat-vrz-tramp/ Wed, 17 Jul 2024 20:25:34 +0000 https://republika.mk/?p=797837

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие.

Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата.

Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво.

Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран.

Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба.

Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>

Генералниот инспектор на американскиот Секретар за внатрешна безбедност отвори истрага за начинот на кој Тајната служба го обезбедувала поранешниот претседател Доналд Трамп за време на митингот во Пенсилванија викендот на кој напаѓач се обиде да го убие. Целта на истрагата, како што се наведува, е „да се разгледа процесот на американската Тајна служба за обезбедување на митингот на поранешниот претседател Трамп на 13 јули 2024 година“, без да се прецизира кога е отворена истрагата. Претседателот Џо Бајден веќе наложи независна истрага за безбедносните мерки на митингот. Пукањето продуцира низа прашања за тоа како напаѓачот успеа да се качи на покрив од кој јасно го гледал поранешниот претседател кој беше погоден во уво. Дваесетгодишниот Томас Метју Крукс беше на 135 метри од бината од која говореше Трамп кога отвори оган кон него. Во пресрет на митингот, Трамп доби засилено обезбедување поради закани од Иран. Агенти на Тајната служба набрзо го обезбедија Трамп со жив штит и го симнаа од бината, а снајперист го ликвидира напаѓачот. Еден учесник на митингот беше убиен додека двајца други се наоѓаат во критична состојба. Директорката на Тајната служба, Ким Читл порача дека ќе соработува и со конгресниот одбор кој го истражува пукањето. Нагласи дека и службата се обидува да утврди како дојде до нападот и да се осигура дека нема да се повтори.

The post Тајната служба на САД под истрага за обидот за атентат врз Трамп appeared first on Република.

]]>
Обид за атентат на руски политичар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obid-za-atentat-na-ruski-politichar/ Wed, 07 Dec 2022 13:52:25 +0000 https://republika.mk/?p=582993

Обид за убиство на заменик-градоначалникот на Мелитопол, Микола Волик, во близина на неговиот дом, јавуваат руските медиуми.

Како што изјави за Спутник, членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, во нападот нема повредени.

Обидот за атентат се случи вчера рано наутро, кога тој (Волик) излегуваше од куќата, од неговиот влез. Тоа беше импровизирана експлозивна направа, една од оние што ги користеа терористите на Зеленски. Беше исполнета со експлозивни елементи и за среќа ниту тој, ниту жителите не се повредени, рече Рогов.

Моќта на импровизираната експлозивна направа, според прелиминарните проценки, била околу 2,5 килограми во противвредност на ТНТ, додаде тој.

 

The post Обид за атентат на руски политичар appeared first on Република.

]]>

Обид за убиство на заменик-градоначалникот на Мелитопол, Микола Волик, во близина на неговиот дом, јавуваат руските медиуми. Како што изјави за Спутник, членот на Главниот административен совет на регионот Запорожје, Владимир Рогов, во нападот нема повредени.
Обидот за атентат се случи вчера рано наутро, кога тој (Волик) излегуваше од куќата, од неговиот влез. Тоа беше импровизирана експлозивна направа, една од оние што ги користеа терористите на Зеленски. Беше исполнета со експлозивни елементи и за среќа ниту тој, ниту жителите не се повредени, рече Рогов.
Моќта на импровизираната експлозивна направа, според прелиминарните проценки, била околу 2,5 килограми во противвредност на ТНТ, додаде тој.  

The post Обид за атентат на руски политичар appeared first on Република.

]]>