обичаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obichai/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 08:34:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обичаи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obichai/ 32 32 Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/nokta-sproti-mitrovden-se-sedi-doma-denot-ke-pokazhe-kakva-zima-ne-cheka/ Thu, 07 Nov 2024 18:12:31 +0000 https://republika.mk/?p=834414

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8 ноември.

Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден.

Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег!

Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава.

Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

The post Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>

Митровден е празник посветен на светиот великомаченик Свети Димитриј, кој секоја година се празнува на 8 ноември. Празникот се слави на целиот Балкански полуостров. Традиционално, Митровден го означувал почетокот на студеното време (зимата). Така, на Митровден се најмувале полјаци, протуѓери, кметови итн., кои служеле до Ѓурѓовден. Именден празнуваат: Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра… Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти. Митровден е еден од празниците со кој се поврзуваат голем број народни обичаи. Еден од нив е претскажувањето според времето – ако тој ден има дожд и мраз, нè очекува долга и студена зима со многу снег! Исто така, постои и верување дека на овој празник, исто како и на Божиќ, би требало да бидете дома, освен ако не сте поканети на слава. Оттука старото верување дека ако ноќта на Митровден ја поминете надвор од дома, цела година ќе спиете надвор од домот и ќе се „влечете“ по туѓи куќи.

The post Ноќта спроти Митровден се седи дома, денот ќе покаже каква зима нè чека appeared first on Република.

]]>
Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-ja-slavime-sveta-petka-na-son-se-javuva-samo-poradi-dve-prichini/ Sat, 26 Oct 2024 17:36:22 +0000 https://republika.mk/?p=830102

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка.

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господа.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон. Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

The post Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре, на 27 октомври, ја слават заштитничката на жената – Света Петка. Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа години? На старост еднаш ѝ се јави ангел Божји и ѝ рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да ѝ го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господа.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белград постои вода (агијазма) на света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката. Празникот посветен на преподобната Мајка Параскева кај нашиот народ со векови се почитува, а има сведоштва во кои ова светица им се јавувала на луѓето во сон. Според народното верување, ако Света Петка ви се појави на сон, тоа може да значи две работи, или ќе бидете наградени или тоа е предупредување и покана за промена.

The post Утре ја славиме Света Петка, на сон се јавува само поради две причини appeared first on Република.

]]>
Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-slavime-biten-praznik-za-zhenite-eve-koi-se-obichaite-ako-ste-singl-omazhena-sakate-detsa/ Sun, 13 Oct 2024 15:16:45 +0000 https://republika.mk/?p=826167

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото.

Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера.

Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец.

Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба.

Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.

 

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>

Православните верници утре го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба. Празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник. Празникот е посветен на нејзиното покривање, покритието, кое таа го рашири над христијаните. Се верува дека Богородица сè уште ја држи оваа плаштеница над нас и нè штити од злото. Се верува дека на овој голем празник на жените ќе им се исполнат сите желби - ако се кажани со чиста вера. Ако девојка сака среќно да се омажи, треба да оди во црква и да се помоли пред иконата Пресвета Богородица. Треба да донесе крпа, која ќе ја донира во црквата и да се моли Богородица да ѝ ги прекрсти патиштата со идниот младоженец. Омажените на овој ден купуваат хризантеми, ги ставаат пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат. Доколку во ваша близина има млад брачен пар, кој според вас имаат идеален брак, би било добро да разговарате со нив на овој ден за тоа што е потребно за среќен брак.  

The post Утре славиме битен празник за жените, еве кои се обичаите ако сте сингл, омажена, сакате деца… appeared first on Република.

]]>
Утре е добар ден да се тргне на пат, а еве што не смеат жените на Свети Јован Богослов https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-dobar-den-da-se-trgne-na-pat-a-eve-shto-ne-smeat-zhenite-na-sveti-jovan-bogoslov/ Tue, 08 Oct 2024 18:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=824282

Утре православните верници го одбележуваат денот на Јован Богослов, најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти наречен апостол на љубовта.

Апостол Јован е роден во Палестина. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на Јован Крстител. Заедно со Свети Андреј, прв станал апостол на Исус Христос. Заедно со Свети Јаков и Свети Петар, тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во Ерусалим заедно со Свети Петар, лечејќи го народот од разни болести.

Во Ерусалим се задржал се до смтта на Дева Марија, најмногу поради тоа што и самиот Исус Христос на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во Мала Азија, станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на цар Трајан. Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.

Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се честува на 29 октомври. Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб.

На овој ден селаните кои имаат волови да ја одморат стоката. Жените не треба да плетат или да шијат. Во многу краеви во овие денови почнуваат свадбите кои траат по три дена.

Овие празници се добри за патување, па оние кои мислат да патуваат овој ден нека тргнат на пат.

The post Утре е добар ден да се тргне на пат, а еве што не смеат жените на Свети Јован Богослов appeared first on Република.

]]>

Утре православните верници го одбележуваат денот на Јован Богослов, најмладиот од 12-те христови апостоли и еден од четворицата евангелисти наречен апостол на љубовта. Апостол Јован е роден во Палестина. Неговите родители се викале татко Зеведеј и мајка Салома. Јован заедно со својот татко и брат биле рибари. Во Евангелието, браќата се нарекуваат Зеведееви по името на нивниот татко. Тој е еден од првите ученици на Јован Крстител. Заедно со Свети Андреј, прв станал апостол на Исус Христос. Заедно со Свети Јаков и Свети Петар, тој е еден од апостолите на кој Исус најмногу им верувал. По воскреснувањето на Исус, тој останал во Ерусалим заедно со Свети Петар, лечејќи го народот од разни болести. Во Ерусалим се задржал се до смтта на Дева Марија, најмногу поради тоа што и самиот Исус Христос на крстот му ја дал оваа задача да се грижи за неговата мајка. Во 60 година проповедал во Мала Азија, станувајќи бискуп и основач на христијанската црква на овие простори. Доживеал длабока старост, починал на 101 година во времето на цар Трајан. Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот. Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се честува на 29 октомври. Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. На овој ден селаните кои имаат волови да ја одморат стоката. Жените не треба да плетат или да шијат. Во многу краеви во овие денови почнуваат свадбите кои траат по три дена. Овие празници се добри за патување, па оние кои мислат да патуваат овој ден нека тргнат на пат.

The post Утре е добар ден да се тргне на пат, а еве што не смеат жените на Свети Јован Богослов appeared first on Република.

]]>
Утре е Вера, Љубов и Надеж: На овој убав презник мајките треба да направат едно нешто за своите ќерки https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-vera-lubov-i-nadezh-na-ovoj-ubav-preznik-majkite-treba-da-napravat-edno-neshto-za-svoite-kerki/ Sun, 29 Sep 2024 17:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=820791

Православние верници утре, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ.

На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.

Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден.

Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.

Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една.

По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган.

Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.

Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Утре е Вера, Љубов и Надеж: На овој убав презник мајките треба да направат едно нешто за своите ќерки appeared first on Република.

]]>

Православние верници утре, 30 септември, ги празнуваат светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. Светици кои се многу почитувани кај нашиот народ. На овој ден се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот. Колку пати сте слушнале дека луѓето се колнат во вера, надеж и љубов, а можеби не сте знаеле дека тие биле личности за кои христијанството тврди дека навистина постоеле и во чија слава го одбележуваме утрешниот ден. Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рум во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна. Тие трите уште како деца биле обвинети поради тоа што проповедале христијанство. Верата во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и убиле една по една. По наредба на царот, Вера, Нада и Љубов најпрво се тепани, потоа фрлени во врела смола, а на крај им се сечени делови од телата пред да се фрлат во оган. Преданијата велат дека нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја земал и ја однел во рајската населба кај нејзините деца. Овој празник е посветен на жените и нивните деца, првенствено на ќерките. Се верува дека утре девојчињата треба да се израдуваат со некој подарок, колку и скромен да е тој. Подарокот може да биде и нематеријален, барем посветете им го целото внимание и покажете им колку ги сакате.

The post Утре е Вера, Љубов и Надеж: На овој убав презник мајките треба да направат едно нешто за своите ќерки appeared first on Република.

]]>
Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-tezhok-praznik-stojte-podaleku-od-s-shto-e-tsrveno/ Tue, 10 Sep 2024 20:11:28 +0000 https://republika.mk/?p=815106

Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован.

Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква.

На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено, бидејќи тоа потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Исто така, не треба да се работи тешка работа.

Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка, бидејќи сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован.

На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

The post Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено appeared first on Република.

]]>

Македонската православна црква и нејзините верници утре го одбележуваат обезглавувањето на Свети Јован Крстител, празник познат и како есенски ден на Свети Јован. Овој празник е сеќавање на неговото страшно страдање, ден на строг пост, без оглед дали е среда или петок или не (во некои делови, ништо не се јаде дури додека не се стемни), а во црковниот календар е обележан со црвена буква. На празникот Отсекување на главата, треба да се пости, и никогаш да не се јаде и да се пие нешто црвено, бидејќи тоа потсетува на пролеаната крв на Свети Јован Крстител. Исто така, не треба да се работи тешка работа. Не земајте нож во рака на овој ден и внимавајте да не јадете домати, пиперки или црвени јаболка, бидејќи сѐ што е црвено потсетува на крвта на Свети Јован. На овој ден, треба да барате лековити растенија во природата, бидејќи ова е добар ден за берење.

The post Утре е тежок празник, стојте подалеку од сѐ што е црвено appeared first on Република.

]]>
50 години од последната свадба во село Гари https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/50-godini-od-poslednata-svadba-vo-selo-gari/ Wed, 28 Aug 2024 12:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=810871

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото.

Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера…

По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.

Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.

И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот.

Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим.

И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.

Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.

Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците.

Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка.

На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“.

И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.

 

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>

За некого може 50 години се многу, но за Љупчо и Софка  Стефановски половината век, како што велат самите минал со брзина на трепкање на окото. Не пречекуваат во дворот на нивната куќа во Гари, двајцата насмеани и гостопримливи.. опкружени со петте внучиња од двата сина Мартин, Андреа, Павел, Марија, додека  Софка ја држи во рака најмалата  Бисера… По 50 години заеднички живот Љупчо и Софка не  само  што си ги надополнуваат речениците што другиот ги кажува, туку на моменти во исто време исти зборови употребуваат.
Свадбата во Гари ја направивме најмногу на инсистирање на родителите на Љупчо. Ним им беше посебен мерак и ние прифативме, а демек бевме модерни во 1974 па како млади велевме во Скопје сакаме повеќе да се одржи веселбата. Но тоа што го доживеавме во Гари никогаш неможе да се заборави – вели Софка.
И по 15 години неодржување на ниту една, таа 1974 година на празникот Голема Богородица во Гари повторно свадба. Повторно голема, со над 700 сватови; А Таа традиционално започнува со канење на мртвите со Езгија, продолжува со бричење на зетот па одење по невестата и одржување на сите  мијачки обичаи како што е редот. Свечената венчавка се одржала во гарскиот храм Црквата Пресвета Богоровица, а  чинот го водел  Протоереј Ефтим. И  топнале мајовци со своите топани, се слушнал пискотот на зурлите. Гари е живо и радосно, му се случуват свадба. И во тоа време некој донел камера за снимање која работела на струја, па морало да се влече и да се продолжува струен кабел долг безмалку 600 метри. Е зошто толку долг? За да се долови моментот на пречекување на гости на влезот во селото, на Клаенец, на изворот кој до ден дене на гарци и на добронамерниците прв им посакува добредојде. Снимениот филм од камерата... Е тој се развивал во Венеција, со помош на роднини и пријатели.
Знаеш дека од многу луѓе, вели Љупчо со некои дури и неможевме да се поздравиме на свадбата. Ама беше преубаво, беше гордо, јас бев горд. Се женам со онаа што ја сакам, а на гости, на свадба ни дошло цело село. И уште сум горд, на моите два сина, на снаите, на внуците кои знаат да почитуваат вредности и семејство.
Сеуште во куќата на Стефановски постои еден долап со старини, а меѓу нив и стомна со која невестата Софка била на вода на Клаенец како дел од свадбарскиот гарски адет, но и мало бокалче со шест чаши поклон од свадбата. Забележувам во долапот хартии грижливо ставени во фолија.  Ми кажуваат дека тоа се телеграми испратени од  Америка, Канада  и од Белград. Роднини им честитаат на младенците. Поради младите генерации ги прашуваме „златните“ Софка и Љупчо дали се поткарувале, дали било критично?? Двајцата велат во ист глас НЕ!! Се погледнуваат и велат повторно во ист глас и сега се поткаруваме, ама па еден без друг неможеме. „галиба и тоа се велит љубов“ – во смеење вели Софка. На муабетите им нема крај.. двајцата разговорливи „младоженци“ со 50 годишен стаж ги оставаме онака како што ги најдовме, насмеани и весели, рекоа 50 – та ќе ја слават дома, со поколенијата. Дома во Гари, бидејќи секој гарец кога доаѓа во селото макар и на викенд вели „одам до дома“. И да се зноет! За последната гарска свадба во тоа време 1974 –та  на насловна страна објавил големиот „Вечер“, а пишувало и во „Нова Македонија“.  

The post 50 години од последната свадба во село Гари appeared first on Република.

]]>
Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/utre-e-preobrazhenie-gospodovo-se-beri-prvoto-grozje-a-ne-chini-da-se-spie-ili-plache/ Sun, 18 Aug 2024 14:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=807691

Православната црква и нејзините верници утре ќе го одбележат големиот празник, Преображение Господово.

Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите.

Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата.

Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес.

Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите.

https://republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/

Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење.

Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот.

Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив.

Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.

 

The post Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче appeared first on Република.

]]>

Православната црква и нејзините верници утре ќе го одбележат големиот празник, Преображение Господово. Преображението Господово во Православието е познато и како летно Богојавление, бидејќи тогаш небото се отвори и се слушна гласот на Отецот Бог. Се верува дека, во пресрет на празникот, „вратата Божја“ се отвора на небото, каде што самиот Господ се појавува и ги исполнува желбите. Овој празник секогаш паѓа во време на Богородичниот пост. Затоа празничната трпеза е збогатена со вино и риба. На крај на светата литургија се осветува и грозје, кое се дели на гробовите за покој на душата. Кај народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник кои постојат и денес. Се вели дека за среќа, токму на овој ден за прв пат во годината се бере грозје. Грозјето потоа се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Освен грозјето, се верува и дека другите есенски плодови носат среќа, па така порано се осветувале и јаболката, сливите, крушите. https://republika.mk/zivot/servisi/se-veruva-deka-na-denesheniot-praznik-preobrazhenie-prvpat-vo-godinata-treba-da-se-nabere-grozje/ Во народот постои верување дека на овој празник целата природа се преобразува, дека од денеска ноќите стануваат поладни како и дека од овој ден почнува да се најавува скорешното доаѓање на есента. Некогаш на овој ден се завршувала и сезоната на капење. Врежано е мислењето дека на Преображение и небото, во глуво време на ноќта, три пати се преобразува, и дека оној што ќе го види тоа и тоа ќе го обелодени на друг, ќе го изгуби разумот. Како што се верува, на денешниов ден никако не треба да се бањаме во отворени води, реки и мориња. На Преображение никако не е добро да се спие преку ден, бидејќи кој отспие преку ден, цела година ќе биде дремлив. Не е добро ни да се плаче, ниту пак цел ден да се помине во кафеана, како не би станале расипници.  

The post Утре е Преображение Господово, се бери првото грозје, а не чини да се спие или плаче appeared first on Република.

]]>
Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vo-chetvrtok-e-sveta-petka-letna-strogo-se-sledat-dva-obichai/ Mon, 05 Aug 2024 09:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=803450

Православните верници во четврток ја празнувааат летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Старите верувале дека овој ден треба да се одвои само за вистинска молитва и дека сè што правите на овој голем ден треба да биде „врзано со небото“. Жените треба да се посветат на молитва и правење добри дела, за здравје и среќа на своите семејства и деца.

Така, не се врши тешка физичка работа, туку мислите и душите се сведуваат на молитва.

Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

The post Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи appeared first on Република.

]]>

Православните верници во четврток ја празнувааат летна Света Петка Параскева. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Старите верувале дека овој ден треба да се одвои само за вистинска молитва и дека сè што правите на овој голем ден треба да биде „врзано со небото“. Жените треба да се посветат на молитва и правење добри дела, за здравје и среќа на своите семејства и деца. Така, не се врши тешка физичка работа, туку мислите и душите се сведуваат на молитва. Порано жените верувале дека не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

The post Во четврток е Света Петка-Летна, строго се следат два обичаи appeared first on Република.

]]>
За Свети Илија мора да се јаде оваа намирница https://arhiva3.republika.mk/zivot/za-sveti-ilija-mora-da-se-jade-ovaa-namirnitsa/ Thu, 01 Aug 2024 07:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=802177

Откако нашиот народ го прифати христијанството, тие на свети Илија му припишале многу карактеристики на нивното старо небо и богот на громот Перун.

Свети Илија бил израелски пророк од 9 век п.н.е., кој се спомнува во Талмудот, Библијата и Куранот, а се верува дека Бог преку него направил многу чуда: слегува оган од небото, воскресение и жив влегува во рајот. оган“.

Илија потекнувал од Тесвит, а според преданието, татко му Сабах околу себе видел ангели кои го завиткале во оган и го нахраниле со пламен по раѓањето на неговиот син. Од својата младост бил посветен на молитва и медитација и често поминувал време сам во пустината.

Откако кралот Ахав ја напуштил верата на Мојсеј и почнал да се поклонува на други богови, Илија му се спротивставил и предвидел глад и суша, како и дека неговата сопруга Језавела и тој ќе бидат лижени од кучиња по смртта, што, според легендата, се остварило.

Според народното предание, тој се вози во огнена кочија што ја влечат четири коњи што дишат, а вака е претставен на иконите, често со нож во раката. Друга причина зошто тој е прикажан на овој начин на иконите е верувањето дека Илија не умрел туку жив се вознел на небото. Позната е и сцената со свети Илија во пештерата, каде што се засолнил од вообразениот крал Ахав, а гавранот му носи храна.

Според јулијанскиот календар Свети Илија се празнува на 20 јули, а според Грегоријанскиот календар на вториот ден од август.

Името Илија често им се дава на момчињата, од почит кон овој светец, за да предизвика бестрашност и сила, а еден од старите српски обичаи е да се јаде мед на празникот Свети Илија за да биде здрав во текот на целата година. .

Претходно постоело верување дека децата треба да се мачкаат со мед по образите на свети Илија Громовник за да бидат среќни и весели, а се смета и дека особено лековит е медот што пчеларите го вадат од кошницата на Илиндан.

Често го нарекуваат овој светец непоколеблив бидејќи грешниците ги гори со громови без можност за помирување за нивните гревови. Исто така, постои верување дека на овој ден не треба да се работи на терен за да не се повикува на гревот на светецот.

Свети Илија се празнува како слава, но не се приготвува жито поради старото верување дека тој не умрел туку жив отишол во рајот.

The post За Свети Илија мора да се јаде оваа намирница appeared first on Република.

]]>

Откако нашиот народ го прифати христијанството, тие на свети Илија му припишале многу карактеристики на нивното старо небо и богот на громот Перун. Свети Илија бил израелски пророк од 9 век п.н.е., кој се спомнува во Талмудот, Библијата и Куранот, а се верува дека Бог преку него направил многу чуда: слегува оган од небото, воскресение и жив влегува во рајот. оган“. Илија потекнувал од Тесвит, а според преданието, татко му Сабах околу себе видел ангели кои го завиткале во оган и го нахраниле со пламен по раѓањето на неговиот син. Од својата младост бил посветен на молитва и медитација и често поминувал време сам во пустината. Откако кралот Ахав ја напуштил верата на Мојсеј и почнал да се поклонува на други богови, Илија му се спротивставил и предвидел глад и суша, како и дека неговата сопруга Језавела и тој ќе бидат лижени од кучиња по смртта, што, според легендата, се остварило. Според народното предание, тој се вози во огнена кочија што ја влечат четири коњи што дишат, а вака е претставен на иконите, често со нож во раката. Друга причина зошто тој е прикажан на овој начин на иконите е верувањето дека Илија не умрел туку жив се вознел на небото. Позната е и сцената со свети Илија во пештерата, каде што се засолнил од вообразениот крал Ахав, а гавранот му носи храна. Според јулијанскиот календар Свети Илија се празнува на 20 јули, а според Грегоријанскиот календар на вториот ден од август. Името Илија често им се дава на момчињата, од почит кон овој светец, за да предизвика бестрашност и сила, а еден од старите српски обичаи е да се јаде мед на празникот Свети Илија за да биде здрав во текот на целата година. . Претходно постоело верување дека децата треба да се мачкаат со мед по образите на свети Илија Громовник за да бидат среќни и весели, а се смета и дека особено лековит е медот што пчеларите го вадат од кошницата на Илиндан. Често го нарекуваат овој светец непоколеблив бидејќи грешниците ги гори со громови без можност за помирување за нивните гревови. Исто така, постои верување дека на овој ден не треба да се работи на терен за да не се повикува на гревот на светецот. Свети Илија се празнува како слава, но не се приготвува жито поради старото верување дека тој не умрел туку жив отишол во рајот.

The post За Свети Илија мора да се јаде оваа намирница appeared first on Република.

]]>
Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ognena-marija-pali-i-kaznuva-so-ogan-shto-ne-treba-da-pravat-zhenite-za-da-ne-napravat-grev/ Tue, 30 Jul 2024 09:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=801566

Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле.

Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од стравопочитување кон овој празник.

Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ светци.

The post Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев appeared first on Република.

]]>

Денот на Света Маченица Марина, кај народот позната како Огнена Марија се смета за многу почитуван празник посебно меѓу жените, па обичај е на тој ден да не се работат домашни работи ниту работи на поле. Во црквениот календар 30 јули не е обележан со „црвени букви“, но жените на тој ден одбиваат да протнат и игла во конец од стравопочитување кон овој празник. Според народните верувања, Света Марина пали и казнува со оган и како Свети Илија кој казнува со громови, таа спаѓа во „огнени“ светци.

The post Огнена Марија пали и казнува со оган: Што не треба да прават жените за да не направат грев appeared first on Република.

]]>
Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова https://arhiva3.republika.mk/zivot/pravoslavnite-vernitsi-gi-slavat-brakata-kozma-i-damjan-deneska-nikako-ne-pravete-go-ova/ Sun, 14 Jul 2024 11:28:53 +0000 https://republika.mk/?p=796616

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>

Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари. Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен. Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“. Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството. Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме… Обичаи Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот. По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина. Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

The post Православните верници ги слават браќата Козма и Дамјан: Денеска никако не правете го ова appeared first on Република.

]]>
Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават https://arhiva3.republika.mk/zivot/deneska-e-pavlovden-ovie-raboti-nikako-ne-se-pravat/ Sat, 13 Jul 2024 09:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=796320

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули.

На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават appeared first on Република.

]]>

По Петровден денеска е големиот православен празник Павловден кој се празнува на 13 јули. На Павловден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

The post Денеска е Павловден: Овие работи никако не се прават appeared first on Република.

]]>
Зошто на првите соседи им се подарува јаболко на Петровден? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zoshto-na-prvite-sosedi-im-se-podaruva-jabolko-na-petrovden/ Fri, 12 Jul 2024 08:28:05 +0000 https://republika.mk/?p=796054

Денес Македонската православна црква и верниците го одбележуваат Денот на светите
апостоли Петар и Павле. Овој празник е популарно познат како Петровден и голем број
обичаи и верувања се поврзани со него.
Петровден се сметаше за календарска граница на годината, како еден од клучните
датуми на летниот циклус на празници и честопати се поврзува со Иванден. Ги
означува промените во природата што ги носат следните сезони и постудено време.
Светиот апостол Петар беше рибар кој прв ја искажа својата вера во Христа и неговите
учења, тој раскажа и создаде некои од првите упоришта на новата вера. Луѓето
веруваат дека Свети Петар го чува столбот на кој се наоѓа Земјата, небесната слама
(Млечниот пат) и небесниот крст (соѕвездието на Лебедот) и дека тој ги има клучевите
во рајот.
Светиот апостол Павле беше фарисеј, но кога ги научи Христовите учења, го прифати и
стана еден од неговите најголеми проповедници и теолози. И двајцата биле погубени
во Рим од страна на императорот Нерон.
Сите девојки што го засадија житото на 7 јули денес гледаат како пораснало и, ако
пораснало така што се наведнало како прстени, сигурно ќе се венчаат оваа година.
На Петровден, не се работи на поле и не започнува тешка физичка работа.

Претходно се веруваше дека јаболката не треба да се сечат со нож до Петровден,
бидејќи може да падне град што ќе ги уништи посевите. Овој обичај е поврзан со
верувањето дека на Петровден, Свети Петар им дели јаболка на децата во другиот
свет.
Затоа, на овој ден, во некои делови на земјата, на првите соседи им се донесува
јаболка како подарок, а некои се носат во црквата за осветување. Во некои области,
децата со запалени јорговани одат од куќа до куќа и домаќините им даваат подароци.
Повеќето жени прават и колачи со јаболка. Но тоа не се било какви јаболка, туку
посебна сорта што зрее околу овој празник и се нарекува петровка.

The post Зошто на првите соседи им се подарува јаболко на Петровден? appeared first on Република.

]]>

Денес Македонската православна црква и верниците го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле. Овој празник е популарно познат како Петровден и голем број обичаи и верувања се поврзани со него. Петровден се сметаше за календарска граница на годината, како еден од клучните датуми на летниот циклус на празници и честопати се поврзува со Иванден. Ги означува промените во природата што ги носат следните сезони и постудено време. Светиот апостол Петар беше рибар кој прв ја искажа својата вера во Христа и неговите учења, тој раскажа и создаде некои од првите упоришта на новата вера. Луѓето веруваат дека Свети Петар го чува столбот на кој се наоѓа Земјата, небесната слама (Млечниот пат) и небесниот крст (соѕвездието на Лебедот) и дека тој ги има клучевите во рајот. Светиот апостол Павле беше фарисеј, но кога ги научи Христовите учења, го прифати и стана еден од неговите најголеми проповедници и теолози. И двајцата биле погубени во Рим од страна на императорот Нерон. Сите девојки што го засадија житото на 7 јули денес гледаат како пораснало и, ако пораснало така што се наведнало како прстени, сигурно ќе се венчаат оваа година. На Петровден, не се работи на поле и не започнува тешка физичка работа. Претходно се веруваше дека јаболката не треба да се сечат со нож до Петровден, бидејќи може да падне град што ќе ги уништи посевите. Овој обичај е поврзан со верувањето дека на Петровден, Свети Петар им дели јаболка на децата во другиот свет. Затоа, на овој ден, во некои делови на земјата, на првите соседи им се донесува јаболка како подарок, а некои се носат во црквата за осветување. Во некои области, децата со запалени јорговани одат од куќа до куќа и домаќините им даваат подароци. Повеќето жени прават и колачи со јаболка. Но тоа не се било какви јаболка, туку посебна сорта што зрее околу овој празник и се нарекува петровка.

The post Зошто на првите соседи им се подарува јаболко на Петровден? appeared first on Република.

]]>
Доаѓа Петровден, па Павловден – од една работа треба да се пазите https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/doaga-petrovden-pa-pavlovden-od-edna-rabota-treba-da-se-pazite/ Sun, 07 Jul 2024 16:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=794301

Во петок на 12 јули е Петровден, а во сабота на 13 јули е Павловден, големи македонски празници со кои се поврзани многу обичаи.

Петровден е православен празник посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

The post Доаѓа Петровден, па Павловден – од една работа треба да се пазите appeared first on Република.

]]>

Во петок на 12 јули е Петровден, а во сабота на 13 јули е Павловден, големи македонски празници со кои се поврзани многу обичаи. Петровден е православен празник посветен на Апостол Петар. Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден. Еден од најзначајните настани на Петровден е почетокот на традиционалната Галичка свадба. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден. Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

The post Доаѓа Петровден, па Павловден – од една работа треба да се пазите appeared first on Република.

]]>
Вечерва спроти Иванден наберете цвеќе и папрат https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vecherva-sproti-ivanden-naberete-tsveke-i-paprat/ Sat, 06 Jul 2024 09:52:29 +0000 https://republika.mk/?p=793986

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител.

Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања

Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.

Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале Тајанее, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера.

https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-nedela-e-tolku-golem-praznik-shto-se-veruva-deka-sontseto-zastanuva-3-pati/

The post Вечерва спроти Иванден наберете цвеќе и папрат appeared first on Република.

]]>

Меѓу поголемите летни празници што македонскиот народ ги празнува со многу обичаи и верувања спаѓа и празникот во народот познат под името Иванден, всушност, празник посветен на раѓањето на свети Јован Крстител. Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исуса, а наречен е уште и Претеча што значи претходник. Со своето учење тој му претходел на Исус, одел пред него и го најавувал неговото доаѓање. Именден празнуваат: Иван, Иванка, Јанко, Јане, Јана…Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи. Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале Тајанее, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера. https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-nedela-e-tolku-golem-praznik-shto-se-veruva-deka-sontseto-zastanuva-3-pati/

The post Вечерва спроти Иванден наберете цвеќе и папрат appeared first on Република.

]]>
Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-gurgovden-ako-go-napravite-ova-ke-dojde-lubov-i-bogatstvo/ Mon, 06 May 2024 11:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=774692

Ѓурѓовден се празнува денеска, 6 мај, а овој празник се зема како граница меѓу зимата и летото. Претходно во текот на денот, киднаперите ги напуштија засолништата каде што се криеја во текот на зимата и отидоа во шумата на закажаната локација за да продолжат со киднапирањето. Затоа меѓу народот има изрека „Ѓурѓевданк – хајдучка средба“.

По Божиќ, Ѓурѓовден е празникот со најмногу обичаи. Повеќето од нив се однесуваа на здравјето, плодноста, млекарството, здравјето на домаќинствата, бракот, бракот…

Во пресрет на Ѓурѓовден се плетат венци од Ѓурѓовден, крин и млечна трева, а со него се украсени портите и влезната врата од куќата. Тие венци стојат над вратата цела година до следниот Ѓурѓовден. Кога ќе заврши ткаењето на венецот, вообичаено е да се развие круг во тивката вечер и по месечевата светлина.

На некои места на Ѓурѓовден луѓето одат во природа, заедно на Ѓурѓовден мугрите. Храната и пијалокот се специјално подготвени за оваа пригода. Луѓето често се радуваат до пладне. Во мугрите на Ѓурѓовден, младите се опкружени со врбови гранки за да бидат напредни како врбите, китовите да бидат здрави како гераниумите, копривите, копривите да горат болести и селенот за да им мириса на душата на селен.

На водата ѝ се припишувале и магични својства. Капењето и миењето со Ѓурѓовденска вода гарантираат здравје во текот на целата година. Се капеше на денот на празникот, пред изгрејсонце.

Летната сезона започнува на Ѓурѓовден, што е добра можност да се допре до саканата личност. А во тоа помогна и магијата која девојките ја практикуваа пред брак.

Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. Во околината на Високо, девојчињата земаа мамка, за да ги намамат момчињата по нив и да „брзаат“ за мажите да ги преферираат.

Забележан е и обичајот девојка на Ѓурѓовден да трча низ свињарник со намера да ги исплаши свињите. Се верувало дека момчињата, како свињи, ќе трчаат околу неа и по неа.

Пченка за благосостојба

Се верува дека стебленцето набрано на Велики петок има чудотворна моќ, но парче леб мора да се стави на местото каде што е извлечено. Венец од таа пченка порано се ставаше околу вратовите на овците, но денес се практикува во деловните книги, учебниците, под тастатурата или под кој било предмет што помага за стекнување материјално богатство.

Во текот на вечерта треба повторно да отидете на местото каде што е собрано ова чудесно растение, да запалите оган и да почекате до полноќ. Потоа, според оние кои присуствувале, на небото се појавила кратка блескава светлина, која набрзо ги збогатила сите што ја виделе.

Ритуалното миење ги отстранува магиите

Ѓурѓовден е идеален за изведување ритуали кои отстрануваат магии, фрлаат црна магија и ги отстрануваат магиите направени во текот на претходните пет месеци. За таа цел обично се врши „ритуално перење“: околу садот во кој е вапсано првото велигденско јајце (се разбира црвено) се обвиткуваат стебленцата од пченка, оман и лавица, а потоа во него се истура вода и оставена преку ноќ на прагот или покрај растение, за во зори да се слева росата во неа.

На Ѓурѓовден сите домаќини се мијат со оваа вода за да си ја тргнат магијата, со мислата дека доброто го победува злото. Исто така, во пресрет на празнувањето треба да се остават два-три професионални омана пред куќата, па кога ќе бидат росани, внесете ги во собата и закачете ги да се исушат. Сувото растение подоцна се користи во разни љубовни ритуали, а се верува дека чудотворна моќ има и босилекот кој набрал роса ноќта спроти Ѓурѓовден.

The post Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! appeared first on Република.

]]>

Ѓурѓовден се празнува денеска, 6 мај, а овој празник се зема како граница меѓу зимата и летото. Претходно во текот на денот, киднаперите ги напуштија засолништата каде што се криеја во текот на зимата и отидоа во шумата на закажаната локација за да продолжат со киднапирањето. Затоа меѓу народот има изрека „Ѓурѓевданк – хајдучка средба“. По Божиќ, Ѓурѓовден е празникот со најмногу обичаи. Повеќето од нив се однесуваа на здравјето, плодноста, млекарството, здравјето на домаќинствата, бракот, бракот… Во пресрет на Ѓурѓовден се плетат венци од Ѓурѓовден, крин и млечна трева, а со него се украсени портите и влезната врата од куќата. Тие венци стојат над вратата цела година до следниот Ѓурѓовден. Кога ќе заврши ткаењето на венецот, вообичаено е да се развие круг во тивката вечер и по месечевата светлина. На некои места на Ѓурѓовден луѓето одат во природа, заедно на Ѓурѓовден мугрите. Храната и пијалокот се специјално подготвени за оваа пригода. Луѓето често се радуваат до пладне. Во мугрите на Ѓурѓовден, младите се опкружени со врбови гранки за да бидат напредни како врбите, китовите да бидат здрави како гераниумите, копривите, копривите да горат болести и селенот за да им мириса на душата на селен. На водата ѝ се припишувале и магични својства. Капењето и миењето со Ѓурѓовденска вода гарантираат здравје во текот на целата година. Се капеше на денот на празникот, пред изгрејсонце. Летната сезона започнува на Ѓурѓовден, што е добра можност да се допре до саканата личност. А во тоа помогна и магијата која девојките ја практикуваа пред брак. Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. Во околината на Високо, девојчињата земаа мамка, за да ги намамат момчињата по нив и да „брзаат“ за мажите да ги преферираат. Забележан е и обичајот девојка на Ѓурѓовден да трча низ свињарник со намера да ги исплаши свињите. Се верувало дека момчињата, како свињи, ќе трчаат околу неа и по неа. Пченка за благосостојба Се верува дека стебленцето набрано на Велики петок има чудотворна моќ, но парче леб мора да се стави на местото каде што е извлечено. Венец од таа пченка порано се ставаше околу вратовите на овците, но денес се практикува во деловните книги, учебниците, под тастатурата или под кој било предмет што помага за стекнување материјално богатство. Во текот на вечерта треба повторно да отидете на местото каде што е собрано ова чудесно растение, да запалите оган и да почекате до полноќ. Потоа, според оние кои присуствувале, на небото се појавила кратка блескава светлина, која набрзо ги збогатила сите што ја виделе. Ритуалното миење ги отстранува магиите Ѓурѓовден е идеален за изведување ритуали кои отстрануваат магии, фрлаат црна магија и ги отстрануваат магиите направени во текот на претходните пет месеци. За таа цел обично се врши „ритуално перење“: околу садот во кој е вапсано првото велигденско јајце (се разбира црвено) се обвиткуваат стебленцата од пченка, оман и лавица, а потоа во него се истура вода и оставена преку ноќ на прагот или покрај растение, за во зори да се слева росата во неа. На Ѓурѓовден сите домаќини се мијат со оваа вода за да си ја тргнат магијата, со мислата дека доброто го победува злото. Исто така, во пресрет на празнувањето треба да се остават два-три професионални омана пред куќата, па кога ќе бидат росани, внесете ги во собата и закачете ги да се исушат. Сувото растение подоцна се користи во разни љубовни ритуали, а се верува дека чудотворна моќ има и босилекот кој набрал роса ноќта спроти Ѓурѓовден.

The post Денеска е Ѓурѓовден: Ако го направите ова, ќе дојде љубов и богатство! appeared first on Република.

]]>
Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/rusite-i-grtsite-imaat-posebni-obichai-za-praznikot/ Sun, 05 May 2024 12:37:04 +0000 https://republika.mk/?p=774462

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет.

Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден.

И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус – тоа е најважниот празник во христијанскиот календар.

Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота.

Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела.

Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден.

Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година.

Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар.

Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. – годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата.

Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна.

Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година.

Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха – како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт.

Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок.

Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение.

По постот, традициите често се вртат околу храната.

Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб.

Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела.

Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо.

Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта.

Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

The post Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот appeared first on Република.

]]>

За милиони луѓе ширум светот, Велигден се паѓа во недела, на 5 мај 2024 година. Православниот Велигден официјално се слави во Македонија, Србија, Бугарија, Кипар, Грција, Либан, Романија, Русија и Украина, но и меѓу некои православни верници во Египет. Православните христијани во Европа, Африка и Блискиот Исток го слават Велигден подоцна од повеќето земји во западниот свет. Тоа е затоа што тие користат различен календар за да одредат во кој ден треба да се падне Велигден. И православниот Велигден и Велигденската недела се христијански празници за време на кои верниците го слават воскресението на Исус – тоа е најважниот празник во христијанскиот календар. Во источното православно христијанство, подготовките започнуваат со Великиот пост, 40 дена размислување и пост, кој започнува на Велики понеделник и завршува во Лазарева сабота. Чистиот понеделник се однесува на верниците кои се очистени од гревовите за време на постот. Лазаревата сабота се паѓа осум дена пред неделата на Велигден и го означува крајот на Великиот пост, иако постот продолжува во Светата недела. Потоа следи Цветници, една недела пред Велигден, во чест на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, по што следи Страсната седмица која завршува на Велигден. Каде и да живеете во светот, Велигден е секогаш трогателен празник. За разлика од Божиќ, тој не се одржува во ист ден секоја година. Православните цркви во некои земји, вклучувајќи ги Македонија, Србија Грција, Кипар и Романија, го засноваат датумот на Велигден на јулијанскиот календар. Јулијанскиот календар го дизајнирал римскиот император Јулиј Цезар во 45 п.н.е. – годината ја заснова на времето кое му е потребно на Сонцето да орбитира околу Земјата. Грегоријанскиот календар бил создаден од папата Григориј во 1582 година за да исправи некои од грешките во јулијанскиот календар бидејќи астрономијата станала попрецизна. Велика Британија се префрли на Грегоријанскиот календар во 1752 година. Исто така, во Источната православна црква, Велигден мора да се случи по еврејскиот празник Пасха – како во приказната за Велигден, Исус ја слави Пасхата пред својата смрт. Одењето во црква е многу важен дел од прославата на Велигден за православните христијани, а важните богослужби започнуваат на Велики петок. Најважните молитви се во раните утрински часови на Велигденската недела, кога започнуваат празнувањата, бијат црковните ѕвона, понекогаш има огномет и извици за одбележување на Христовото воскресение. По постот, традициите често се вртат околу храната. Во Грција, православните христијани традиционално јадат печено јагнешко и туреки, сладок велигденски леб. Постот го прекинуваат и со традиционалната супа наречена Магирица, која се прави со јагнешко месо, ориз и копар пред да започне главната гозба во недела. Македонските и српските православни семејства традиционално уживаат во мезе од чадено месо и сирења, варени јајца и црвено вино. Велигденскиот оброк се состои од домашна супа или супа од зеленчук, а обично следи печено, главно јагнешко, но и свинско месо. Во Русија, православните христијани го прекинуваат постот со традиционална велигденска торта. Како и во западната црква, јајцата се симбол на Велигден и нов живот. На Велики петок и Велика Сабота јајцата се вапсуваат во црвено за претстава.

The post Русите и Грците имаат посебни обичаи за празникот appeared first on Република.

]]>
Велики Четврток: Вапцајте јајца, измијте ја косата, каснете зелник со свежо зелје… https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/veliki-chetvrtok-vaptsajte-jajtsa-izmijte-ja-kosata-kasnete-zelnik-so-svezho-zelje/ Thu, 02 May 2024 06:23:42 +0000 https://republika.mk/?p=773184

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток.

Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова.

На трпезата е разрешено масло и вино. Постот на Велики Четврток се ублажува и, според Правилото, се допушта да се јаде зготвено со масло (зејтин) и се пие вино, до три чаши во денот. Традиционалниот пост, пак, во народот задржал постење строг пост и во овој ден, што не е забрането, но не е задолжително, бидејќи може да се јаде со зејтин.

Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл.

Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ.

Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја.

По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок.

Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата.

Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб.

На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл.

На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град.

Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот.

Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Велики Четврток: Вапцајте јајца, измијте ја косата, каснете зелник со свежо зелје… appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 април денеска е Велики Четврток. Денешниот празник е еден од базичните настани за Црквата. Сега се наоѓаме во средината на Страдалната седмица, седмица која е полна со важни настани за спасението на човекот. Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата беше востановена животоносната тајна на Црквата тајната на Евхаристијата. Таа тајна е востановена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи. Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и крвта Христова. На трпезата е разрешено масло и вино. Постот на Велики Четврток се ублажува и, според Правилото, се допушта да се јаде зготвено со масло (зејтин) и се пие вино, до три чаши во денот. Традиционалниот пост, пак, во народот задржал постење строг пост и во овој ден, што не е забрането, но не е задолжително, бидејќи може да се јаде со зејтин. Во великата недела со обичаи и верувања особено е исполнет Велики четврток или Величетврток како што почесто се вика меѓу народот. Главен обичај што се изведува на овој ден и со посебно внимание е вапцувањето на велигденските јајца. Според обичајот најпрвин се вапцувале три јајца, а потоа и другите. В. Кличкова запишала дека во Порече, а тоа го среќаваме и во други краишта на Македонија, првото јајце било наменето на Господ и се викало Господово јајце, второто на домаќинот ‒ главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот. Особено повеќе обичаи и верувања се поврзани со јајцето првак за кое се верува дека има магиска моќ. Тоа подоцна стои пред иконата, со него се враќа облак, се лекуваат болести кај луѓето и стоката, тоа заштитува од пожар, гром и сл. Јајцата ги вапцува домаќинката рано наутро пред да изгрее сонцето, зашто се верувало дека ако тоа се направело подоцна јајцата ќе се засмрдат. Вапцани пред да ги види сонцето, овие јајца, особено првакот, не се расипуваат и по неколку години. Кога ги вапцува јајцата домаќинката мора да има нешто јадено или да има каснато барем еден залак леб, зашто ако тоа го прави на гладно срце, јајцето може да ја разбие, да се разболи или да е несреќна, а и таа ако го разбие тоа ќе ја загуби магиската моќ. Насекаде во Македонија, на Велики четврток, рано пред изгрејсонце, првото јајце се става во сито и се обесува на дирекот од куќата или на друго место спроти сонце за да го видат првите сончеви зраци. Во некои краишта во ситото ставаат едно во други две или три јајца. Исто така, во некои краишта во ситото ставале и жито, некаде и срп за богат бериќет или сукало, за да се сучи касметот. Ситото било покривано со црвен машки појас или со друга ткаенина но секогаш со црвена боја. По вапсувањето на јајцата, но пак рано пред изгрејсонце, домаќинката го земала јајцето првак и на децата, уште додека биле в постела, им минувала три пати по лицето зборувајќи: „Црвено бело дебело“ или: „Црвено бело здраво и живо“, што значи да се дебели како јајцето, но и црвени во образите, што е ознака за здравје и напредок. Во Скопско, како што запишала Милица Георгиева, јајцата се бојадисувале не само пред сонце туку и пред да удрело клепалото од црквата зашто таквите јајца помалку се кршеле и подолго време не се расипувале. Е. Спространов сведочи дека во Охрид вечерта се носеле во црквата неколку црвени јајца „за да чует дванајсет ванѓељја“, а потоа едно од нив закопувале во нивата или во лозјето „за бериќет“. И Стефан Тановиќ во записите од Гевгелиско сведочи за одење во црквата каде што се слушале дванаесетте евангелија, а за тоа време секој во рацете држел свеќи. Таа свеќа, пак, што се држела додека се читало последното евангелие се носела дома и од неа се палело кандилото пред иконата. Со Велики четврток се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. Стефан Верковиќ забележал дека во с. Мачуково, во егејскиот дел на Македонија, „таа ден колко црни кокошки снесат јајцата, и бележуват сус кониц, да напкум ʼи закопуват уф лозјата, за да не ʼи удре грат“. Кузман Шапкарев забележал обичај според кој малите моми замесувале за прв пат тесто, кое потоа со црвените јајца (чиј број бил колку што имало членови семејството) го носеле во црквата за таму да преспие додека се читале дванаесетте евангелија. Со тој квасец по празникот замесувале леб. На Велики четврток се запотнува, како што тоа се прави на сите Величетвртоци до Спасовден кога и не се работи, како што запишал Е. Спространов „за да не бијат град“. Запотнувањето се прави на тој начин што се става потка на клучките од вратите, потоа на долапите, стомните, грнците, амбарите, каците, бочвите и други места. За потка се користат билки за кои се верува дека имаат волшебна моќ како што се: кукурек, вратика, челинок, понекогаш се запотнува со гранки од леска, дрен, и др. Се запотнува за здравје но и со верување дека на тој начин луѓето, стоката и објектите ќе се заштитат од разни болести, несреќи, елементарни непогоди и сл. На Велики четврток се изведуваат и други обичаи. На пр. се јаде пресен зелник со зелје, потоа девојките си ги мијат косите, а во водата ставаат црвено јајце и здравец, за здравје. Во Мариово, како што запишал Милан Ристески, овчарите потстригувале неколку овци за потоа да стрижат во четвртоците, жените заплевувале во нивјето за потоа и тие да можат да плеват во овие денови, а мажите уште и оделе по дрва но без секира за да не треска град. Во Радовиш според записите на З. Делиниколова на овој ден вапцуваат јајца за Велигден. Секоја домаќинка јајцата што се одредени за вапцување ги пребројува уште во средата наутро, ги става во чиста вода да се киснат – за да им излезат нечистотиите. Приквечер ги варат јајцата во вода, ги мијат и ги бришат. Тогаш се пригитвува и бојата „бакам“ која ја купуваат од продавниците. Бакамот е црвена боја во форма на корупки од фамилијата на некои растенија, махунарки, кај нас се увезува од Мала Азија. За да си ја пушти подобро бојата бакамот се става од вечер во ладна вода „да кисне“ со која утредента јајцата се вапцуваат црвено. Во поново време јајцата се вапцуваат со други аналински бои: модри, зелени, жолти, шарени и др. До неодамна за бојадисување се користеле лушпи од кромид кои исто така претходно се киснат во вода за да пуштат боја –жолта. Според кажувањето на постари жерни од градот вистински велигденски јајца се само црвените. Жолтите се сметаат за еврејски, а боењето јајца во други анилински бои продрело од скоро време во градот. Изутрина на Вели Четврток секоја домаќинка станува рано, пред сонце, тихо за да не ја чуе никој од домашните, а особено децата. Запалува огин и го става на огин раскиснатиот бакам да зоврие, на кој му додава и стипса за да фати бојата. Најнапред пушта еедно јајце – јајцето на дедо Господ – Господово јајце, со кое оди кај децата кои сеуште спијат и ги гали по лице со зборовите: Црвено бело здраво-живо, а потоа го зема јајцето, го става на некое ткаено или плетено црвено парче спроти сонце – на источната страна на куќата и се враќа да ги бојадисува и другите јајца. Тоа го прави на брзина дури не огреало сонцето, за да не се усмрдат. Ако сака домаќинката јајцата да светат ги брише отпосле со зејтинлија крпа. Истиот ден се приготвуваат и слатки за Велигден. Се месат „пупи“ – вид бисквити и гевреци. Овие месени работи се приготвуваат скришум од децата, за да не каснат, зашто е грех да се омрсат пред Велигден. Обичај е на Вели четврток да се касне посен зелник со зелје. Зелниците се месат поручек, за да бидат готови за вечета. Девојчињата и невестите си ги мијат косите сус црвено јајце и здравец – за здравје. По вечера одат во црква на „дванајсет еванѓелии“.

The post Велики Четврток: Вапцајте јајца, измијте ја косата, каснете зелник со свежо зелје… appeared first on Република.

]]>
Денеска е Благовец, дознајте што што треба да направите според обичаите https://arhiva3.republika.mk/zivot/deneska-e-blagovets-doznajte-shto-shto-treba-da-napravite-spored-obichaite/ Sun, 07 Apr 2024 12:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=763406

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл.

Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн.

Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.

Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви!

На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат.

Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Денеска е Благовец, дознајте што што треба да направите според обичаите appeared first on Република.

]]>

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, (или на 25 март според стариот) календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. Се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец, прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица итн. Свето Благовештение е празник на Пресвета Богородица, а со тоа е и денот на мајките, затоа што Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости. Така што првото нешто што треба да го направите тоа утро – бакнете ја мајка ви! На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените. Оние кои сакаат да имаат деца да одат во црквите и манастирите, кај иконите посветени на Благовештение и да се помолат. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Се верувало дека Благовештение жените не треба да се чешлаат. Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.

The post Денеска е Благовец, дознајте што што треба да направите според обичаите appeared first on Република.

]]>