обезглавен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obezglaven/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 10:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обезглавен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obezglaven/ 32 32 Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najvisokata-kazna-e-2-5-godini-zatvor-pochnuva-sudeneto-na-tinejdherite-za-ubistvoto-na-profesorot-pati/ Mon, 27 Nov 2023 10:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=716659

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година.

Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење.

Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека професорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило.

Пати беше убиен пред училиштето во предградие на Париз од 18-годишно момче родено во Чеченија, кое набрзо беше усмртено од полицијата.

Пет други малолетници, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, беа обвинети за злосторнички заговор и заседа. Ним им се суди затоа што на убиецот му го покажале 47-годишниот професор или го следеле неговото излегување од училиштето.

На сите им се суди пред судот за малолетници, а им се заканува затворска казна до 2,5 години. Рочиштата кои ќе се одржуваат зад затворени врати ќе траат до 8 декември.

Поради убиство на Пати уапсени се и осум возрасни лица.

Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а во изминатите години беше цел на терористички напади на исламистите. По убиството на Пети, дел од професорите признале дека се цензурираат по прашањето за слободата на говорот и вероисповед за да избегнат конфликт со учениците и нивните родители.

The post Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати appeared first on Република.

]]>

Во Франција денеска почнува судскиот процес против шест тинејџери обвинети за убиството на професорот по историја Самуел Пати во 2020 година. Судењето се одвива зад затворени врати. Пати ги разбесни родителите на муслиманските ученици кога на час за слобода на изразувањето им покажа карикатура на пророкот Мухамед. Во исламот, прикажувањето на пророкот Мухамед се смета за богохулење. Еден од шесте тинејџери е 15-годишно девојче кое наводно им кажало на своите родители дека професорот на час покажувала карикатури од Мухамед. Неа и се суди за лажно обвинение, бидејќи било утврдено дека не била на час кога тоа се случило. Пати беше убиен пред училиштето во предградие на Париз од 18-годишно момче родено во Чеченија, кое набрзо беше усмртено од полицијата. Пет други малолетници, на возраст меѓу 14 и 15 години во моментот на нападот, беа обвинети за злосторнички заговор и заседа. Ним им се суди затоа што на убиецот му го покажале 47-годишниот професор или го следеле неговото излегување од училиштето. На сите им се суди пред судот за малолетници, а им се заканува затворска казна до 2,5 години. Рочиштата кои ќе се одржуваат зад затворени врати ќе траат до 8 декември. Поради убиство на Пати уапсени се и осум возрасни лица. Франција е дом на најголемото муслиманско малцинство во Европа, а во изминатите години беше цел на терористички напади на исламистите. По убиството на Пети, дел од професорите признале дека се цензурираат по прашањето за слободата на говорот и вероисповед за да избегнат конфликт со учениците и нивните родители.

The post Највисоката казна е 2.5 години затвор: Почнува судењето на тинејџерите за убиството на професорот Пати appeared first on Република.

]]>