обештетување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obeshtetuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 11:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обештетување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obeshtetuvanje/ 32 32 Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obeshtetuvane-od-80-000-evra-za-semejstvata-na-site-vojnitsi-i-politsajtsi-koi-gi-izgubile-zhivotite-vo-vrsheneto-na-sluzhbenite-dolzhnosti-od-1991-do-2024-godina/ Thu, 12 Sep 2024 11:50:14 +0000 https://republika.mk/?p=815722

Еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година. Според измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија, кои во Собранието ги поднесе опозициската СДСМ, еднократниот надомесок ќе им се исплати на семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на семејствата на загинатите полицајци во авионската несреќа во Ротимље кај Мостар, Босна и Херцеговина, на семејствата на загинатите во полицајци во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, како и на семејствата на загинатите полицајци во Диво Насеље, Куманово во 2015 година.

Доколку членовите на семејствата веќе добиле паричен надоместок според досегашното законско решение, ќе им се исплати само разликата до новата сума.

Според предлагачот, во образложението се наведува дека целта на измените е да се изедначи надоместокот за членовите на семејствата на безбедносните сили, затоа што со примената на законот се утврдиле недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на војската и на полицијата.

„Истовремено предлагаме изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка на сите загинатите припадници на МО и МВР во периодот од 2000 година до ден денешен“ се вели во предлог-измените.

Според предлогот, воениот инвалид кој настанало оштетување на организмот во вооружените дејствија, сметано од 1 јануари 2000 година, има право на еднократен паричен надоместок за инвалидитет и тоа за 100 отсто инвалидитет еднократен надоместок од 5 милиони денари (81.000 евра), за 90 отсто инвалидитет 3,7 милиони денари, за 80 отсто инвалидитет 3,4 милиони, за 70 отсто 3,1 милиони, за 60 отсто 2,8 милиони денари итн.

Со измените се допрецизира и одредбата со која се дефинирани членовите на семејство на загинатите бранители и според предложено, „доколку родителите на загинатиот бранител не се живи, надоместокот за делот на родителитите се исплатува на браќата и сестрите и на неговите внуци и правнуци според правилата што важат за случај кога починатиот го наследуваат неговите деца и другите потомци, согласно закон“. Еднократниот паричен надоместок се исплатува на еднакви делови на членовите на семејството. Во актуелното решение како членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат брачниот другар, децата и родителите.

The post Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година appeared first on Република.

]]>

Еднократен надоместок за нематеријална штета од 80.000 евра во денарска противвредност ќе му се исплати на семејството на загинат припадник на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, а оваа одредба важи за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности во периодот од 1991 до 2024 година. Според измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија, кои во Собранието ги поднесе опозициската СДСМ, еднократниот надомесок ќе им се исплати на семејствата на загинатите војници во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на семејствата на загинатите полицајци во авионската несреќа во Ротимље кај Мостар, Босна и Херцеговина, на семејствата на загинатите во полицајци во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, како и на семејствата на загинатите полицајци во Диво Насеље, Куманово во 2015 година. Доколку членовите на семејствата веќе добиле паричен надоместок според досегашното законско решение, ќе им се исплати само разликата до новата сума. Според предлагачот, во образложението се наведува дека целта на измените е да се изедначи надоместокот за членовите на семејствата на безбедносните сили, затоа што со примената на законот се утврдиле недостатоци при остварувањето на правата на припадниците на војската и на полицијата. „Истовремено предлагаме изедначување на надоместокот за претрпена душевна болка на сите загинатите припадници на МО и МВР во периодот од 2000 година до ден денешен“ се вели во предлог-измените. Според предлогот, воениот инвалид кој настанало оштетување на организмот во вооружените дејствија, сметано од 1 јануари 2000 година, има право на еднократен паричен надоместок за инвалидитет и тоа за 100 отсто инвалидитет еднократен надоместок од 5 милиони денари (81.000 евра), за 90 отсто инвалидитет 3,7 милиони денари, за 80 отсто инвалидитет 3,4 милиони, за 70 отсто 3,1 милиони, за 60 отсто 2,8 милиони денари итн. Со измените се допрецизира и одредбата со која се дефинирани членовите на семејство на загинатите бранители и според предложено, „доколку родителите на загинатиот бранител не се живи, надоместокот за делот на родителитите се исплатува на браќата и сестрите и на неговите внуци и правнуци според правилата што важат за случај кога починатиот го наследуваат неговите деца и другите потомци, согласно закон“. Еднократниот паричен надоместок се исплатува на еднакви делови на членовите на семејството. Во актуелното решение како членови на семејство на припадник на безбедносните сили се сметаат брачниот другар, децата и родителите.

The post Обештетување од 80.000 евра за семејствата на сите војници и полицајци кои ги изгубиле животите во вршењето на службените должности од 1991 до 2024 година appeared first on Република.

]]>
Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/dimitrov-baranjata-za-otshteta-vo-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-se-nad-750-000-evra/ Thu, 25 Aug 2022 16:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=544094

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра.

Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза.

Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили.

Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци.

Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми.

Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани.

Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност.

Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.

 

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра. Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза. Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили. Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци. Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми. Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани. Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност. Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.  

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>