обединети арапски емиратри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obedineti-arapski-emiratri/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 14:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обединети арапски емиратри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obedineti-arapski-emiratri/ 32 32 Обединетите Арапски Емирати ги забранија комерцијалните дронови затоа што лесно може да се претворат во „машини за убивање“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/obedinetite-arapski-emirati-gi-zabranija-komercijalnite-dronovi-zatoa-shto-lesno-moze-da-se-pretvorat-vo-mashini-za-ubivanje/ Wed, 26 Jan 2022 14:50:23 +0000 https://republika.mk/?p=449854

Обединетите Арапски Емирати со закон ја забранија употребата на комерцијални дронови. Причината за забраната е загриженоста дека тие релативно лесно може да се претворат во „машини за убивање“. Емиратите ги забранија беспилотните летала без исклучок низ целата земја.

Министерството за внатрешни работи ја донесе ваквата одлука во саботата, една недела по нападот со дрон на нафтена фабрика и аеродром во Абу Даби, во којшто загинаа три лица. Нападот им се припишува на јеменските борци, а бил извршен со „балистички ракети и беспилотни летала опремени со експлозиви“.

За време на објавувањето на забраната, Министерството ја спомена „неодамнешната злоупотреба на беспилотни летала“, како и потребата „да се гарантира безбедноста на животот и имотот“.

Меѓу земјите кои ги имаат забрането комерцијалните беспилотни летала се и Куба, Ирак, Иран и Мароко.

Освен од дронови, постои загриженост и од роботи. Тоа е една од причините за покренување петиција на светско ниво за забрана на „роботите убијци“. Во 2015 година, Илон Маск, Ноам Чомски и Стивен Хокинг како стручни лица потпишаа отворено писмо во кое побараа ОН да ги забранат таквите роботи, нагласувајќи го тврдењето дека повеќето истражувачи на вештачката интелигенција немаат интерес да развијат оружје со вештачка интелигенција.

The post Обединетите Арапски Емирати ги забранија комерцијалните дронови затоа што лесно може да се претворат во „машини за убивање“ appeared first on Република.

]]>

Обединетите Арапски Емирати со закон ја забранија употребата на комерцијални дронови. Причината за забраната е загриженоста дека тие релативно лесно може да се претворат во „машини за убивање“. Емиратите ги забранија беспилотните летала без исклучок низ целата земја. Министерството за внатрешни работи ја донесе ваквата одлука во саботата, една недела по нападот со дрон на нафтена фабрика и аеродром во Абу Даби, во којшто загинаа три лица. Нападот им се припишува на јеменските борци, а бил извршен со „балистички ракети и беспилотни летала опремени со експлозиви“. За време на објавувањето на забраната, Министерството ја спомена „неодамнешната злоупотреба на беспилотни летала“, како и потребата „да се гарантира безбедноста на животот и имотот“. Меѓу земјите кои ги имаат забрането комерцијалните беспилотни летала се и Куба, Ирак, Иран и Мароко. Освен од дронови, постои загриженост и од роботи. Тоа е една од причините за покренување петиција на светско ниво за забрана на „роботите убијци“. Во 2015 година, Илон Маск, Ноам Чомски и Стивен Хокинг како стручни лица потпишаа отворено писмо во кое побараа ОН да ги забранат таквите роботи, нагласувајќи го тврдењето дека повеќето истражувачи на вештачката интелигенција немаат интерес да развијат оружје со вештачка интелигенција.

The post Обединетите Арапски Емирати ги забранија комерцијалните дронови затоа што лесно може да се претворат во „машини за убивање“ appeared first on Република.

]]>