обединета македонска дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obedineta-makedonska-dijaspora/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 08:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png обединета македонска дијаспора Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/obedineta-makedonska-dijaspora/ 32 32 Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proslava-na-denot-na-makedonskoto-nasledstvo-vo-detroit/ Wed, 31 Jul 2024 08:38:28 +0000 https://republika.mk/?p=801914

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство.

Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме.

Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.

Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>

Бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, вчера на стадионот од тимот организираше прослава за Денот на македонското наследство. Како што пренесуваат од ОМД, бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилија Илич, обезбедил капи со нивното лого и боите на македонското знаме. Стотици Македонци во Детроит за првпат го прославија Денот на македонското наследство на 30 јули, 2024 организиран од бејзбол тимот „Детроит тајгерс“, чии сопственици се фамилијата Илич со потекло од Драгош и Буф, велат од ОМД.
Настанот беше во партнерство со Обединетата македонска дијаспора, благодарение на неколку видни македонско-американски компании сопственици како спонзори. „Детроит Тајгерс“ за гостите обезбеди капи со логото на тимот, во боите на македонското знаме. За време на бејзбол играта на масовниот екран во стадионот Комерика Парк против Кливленд Гардијанс се појавуваа директно прикажување од публиката со македонските капи и знамиња навивачи за Детроит Тајгерс. Овој настан ја слави значителноста на македонско-американската заедница и културната разновидност на Детроит. Го прославува македонското наследство кое Мајк Илич со гордост и посветеност го ширеше и никогаш не го заборави, како и на сите Македонци кои продолжуваат да го слават низ Детроит и цела Америка. Среќни сме што оваа прослава ќе стане годишна традиција и ќе има можност да биде проследено од следните генерации, се наведува во соопштението на ОМД.

The post Прослава на Денот на македонското наследство во Детроит appeared first on Република.

]]>
Не можете да не спречите да влеземе во Македонија со старите пасоши, нема да вадиме нови: ОМД со отворено писмо до Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-mozhete-da-ne-sprechite-da-vlezeme-vo-makedonija-so-starite-pasoshi-nema-da-vadime-novi-omd-so-otvoreno-pismo-do-spasovski/ Fri, 12 Jan 2024 20:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=732455

Обединета македонска дијаспора испраќа отворено писмо до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Писмото го пренесуваме во целост.

Го пишуваме ова писмо за да ве информираме за големата загриженост и неинформираност на дијаспората во врска со датумот за обнова на личните документи.

 

Нашата организација не ја прифаќа потребата за промена на личните документи, ниту, пак, одлуката дека документите кои не го содржат новото уставно име ќе престанат за важат на 12 февруари 2024 година. Секаде во светот, на лица кои стапнуваат во матичната држава не може да им биде одбиен влез без разлика на валидноста на нивните патни исправи.

 

На Македонците во дијаспората им е обично потребно една година, ако не и повеќе, да извадат нови патни исправи. Нашата организација вложила многу време и труд работејќи со конзуларните претставништва, за да им помогне на илјадници Македонци да добијат државјанства и нови патни исправи. Поставувајќи арбитрарни датуми, како овој во февруари, е многу штетна политика. Повеќе од веројатно е дека многу македонци во дијаспората нема да можат да ги обноват своите пасоши во овој рок, со што ќе биде спречено нивното влегување во Република Македонија.

 

Исто така, овој арбитрарен датум ќе обесхрабри многу Македонци од обновување на нивните патни исправи. Дали вашето министерство размислило за последиците со кои многу Македонци нема да можат да дојдат во Македонија оваа година, дека нема да можат да гласаат на претстојните избори? Дали вашето министертсво ја разбира големината на навредата кон илјадници Македонци во дијаспората и зголемувањето на јазот со матичната држава?

 

Покрај предизвиците, сметаме дека настаната ситуација отвора врата за подобрување на услугите за пријавување, издавање или обнова на документација која ние како заедница со години наназад ги бараме од нашата татковина Македонија. Во врска со тоа, го предламе следното:

 

Продолжување на важноста на документите: Имајќи ги во предвид логистичките предизвици и временскиот рок, Ве молиме да ја продолжите важноста на документите по истекот на дадениот рок од 12 февруари 2024 година.

 

Онлајн услуги за обновување на документи: Имплементирање на онлајн платформа што ќе им овозможи на македонските граѓани кои живеат во странство да се пријават за обновување на нивните пасоши и други важни документи со верификација на нивниот изглед и отисок од прсти. Ова не само што ќе го олесни процесот, туку и ќе ја исфрли потребата од прекумерно патување.

 

Персонал за поддршка на дијаспората: Вработување на стручен персонал во сите македонски ДКПа, вклучувајќи и амбасади и конзулати, за поддршка на македонските заедници во дијаспората, кој може да им пружи техничка помош на македонските граѓани околу процесот на обновување на документите.

 

Следствено, сакаме да се осврнеме на прашањето за гласање на претстојните избори. Како ќе им се овозможи на македонските граѓани кои нема да ги обноват патните исправи до 12-ти февруари да гласаат на изборите?

 

Од суштинско значење е да се обезбедат јасни упатства и механизми за македонските граѓани надвор од Македонија да можат да го искористат своето право на глас како и легитимноста на самите документи за пријава.

 

Специјални одредби за гласање: Имплементација на специјални мерки за гласање за дијаспората, што ќе им овозможи да учествуваат во изборите иако документите истекуваат.

 

Кампањи за комуникација и информираност: Стартување на комплетни кампањи за комуникација за информирање на дијаспората за процесот на гласање, условите за легитимност и регистрација и било какви дополнителни мерки кои ќе овозможат остварување на граѓанско и уставно право на луѓето кои поседуваат македонски пасош.

 

Веруваме дека со надминување на овие предизвици, македонската влада може да ја засили својата врска со дијаспората и да ги заштити демократските права на своите граѓани што живеат надвор од земјата.

 

Ве молиме да го разгледате ова писмо и во најскоро време да добиеме образложување на овие прашања со цел ефикасно да ја информираме нашата македонска заедница во дијаспората.

The post Не можете да не спречите да влеземе во Македонија со старите пасоши, нема да вадиме нови: ОМД со отворено писмо до Спасовски appeared first on Република.

]]>

Обединета македонска дијаспора испраќа отворено писмо до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Писмото го пренесуваме во целост.
Го пишуваме ова писмо за да ве информираме за големата загриженост и неинформираност на дијаспората во врска со датумот за обнова на личните документи.   Нашата организација не ја прифаќа потребата за промена на личните документи, ниту, пак, одлуката дека документите кои не го содржат новото уставно име ќе престанат за важат на 12 февруари 2024 година. Секаде во светот, на лица кои стапнуваат во матичната држава не може да им биде одбиен влез без разлика на валидноста на нивните патни исправи.   На Македонците во дијаспората им е обично потребно една година, ако не и повеќе, да извадат нови патни исправи. Нашата организација вложила многу време и труд работејќи со конзуларните претставништва, за да им помогне на илјадници Македонци да добијат државјанства и нови патни исправи. Поставувајќи арбитрарни датуми, како овој во февруари, е многу штетна политика. Повеќе од веројатно е дека многу македонци во дијаспората нема да можат да ги обноват своите пасоши во овој рок, со што ќе биде спречено нивното влегување во Република Македонија.   Исто така, овој арбитрарен датум ќе обесхрабри многу Македонци од обновување на нивните патни исправи. Дали вашето министерство размислило за последиците со кои многу Македонци нема да можат да дојдат во Македонија оваа година, дека нема да можат да гласаат на претстојните избори? Дали вашето министертсво ја разбира големината на навредата кон илјадници Македонци во дијаспората и зголемувањето на јазот со матичната држава?   Покрај предизвиците, сметаме дека настаната ситуација отвора врата за подобрување на услугите за пријавување, издавање или обнова на документација која ние како заедница со години наназад ги бараме од нашата татковина Македонија. Во врска со тоа, го предламе следното:   Продолжување на важноста на документите: Имајќи ги во предвид логистичките предизвици и временскиот рок, Ве молиме да ја продолжите важноста на документите по истекот на дадениот рок од 12 февруари 2024 година.   Онлајн услуги за обновување на документи: Имплементирање на онлајн платформа што ќе им овозможи на македонските граѓани кои живеат во странство да се пријават за обновување на нивните пасоши и други важни документи со верификација на нивниот изглед и отисок од прсти. Ова не само што ќе го олесни процесот, туку и ќе ја исфрли потребата од прекумерно патување.   Персонал за поддршка на дијаспората: Вработување на стручен персонал во сите македонски ДКПа, вклучувајќи и амбасади и конзулати, за поддршка на македонските заедници во дијаспората, кој може да им пружи техничка помош на македонските граѓани околу процесот на обновување на документите.   Следствено, сакаме да се осврнеме на прашањето за гласање на претстојните избори. Како ќе им се овозможи на македонските граѓани кои нема да ги обноват патните исправи до 12-ти февруари да гласаат на изборите?   Од суштинско значење е да се обезбедат јасни упатства и механизми за македонските граѓани надвор од Македонија да можат да го искористат своето право на глас како и легитимноста на самите документи за пријава.   Специјални одредби за гласање: Имплементација на специјални мерки за гласање за дијаспората, што ќе им овозможи да учествуваат во изборите иако документите истекуваат.   Кампањи за комуникација и информираност: Стартување на комплетни кампањи за комуникација за информирање на дијаспората за процесот на гласање, условите за легитимност и регистрација и било какви дополнителни мерки кои ќе овозможат остварување на граѓанско и уставно право на луѓето кои поседуваат македонски пасош.   Веруваме дека со надминување на овие предизвици, македонската влада може да ја засили својата врска со дијаспората и да ги заштити демократските права на своите граѓани што живеат надвор од земјата.   Ве молиме да го разгледате ова писмо и во најскоро време да добиеме образложување на овие прашања со цел ефикасно да ја информираме нашата македонска заедница во дијаспората.

The post Не можете да не спречите да влеземе во Македонија со старите пасоши, нема да вадиме нови: ОМД со отворено писмо до Спасовски appeared first on Република.

]]>
ОМД: Косовскиот премиер Курти да се прогласи персона нон грата во Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omd-kosovskiot-premier-kurti-da-se-proglasi-persona-non-grata-vo-makedonija/ Sat, 12 Aug 2023 08:39:59 +0000 https://republika.mk/?p=671304

Во одсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ, реагира Обединета македонска дијаспора.

– Победата беше прогласена од страна на Косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на Улицата “2-ра Македонска Бригада” во “Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје, се вели во соопштението.

Обединета Македонска Дијаспора го осудува овој чин како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер.

Пораките, испратени од Косовскоот Премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна Македонскиот геноцид, Албанските претставници внатре во државата, прогласија Скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии, велат од ОМД.

– Го повикуваме секој македонски граѓанин кој посакува ова парче земја, независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање, се вели во соопштението на ОМД.

Исто така, ОМД бара од Македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата, разговара отворено и озбилно со Албанскиот блок за овој тотално недржавнички чин, враќајки ги сите обележја, имиња на улици, корегирајќи ги сите Албански знамиња во согласност со уставот на Република Македонија, и постапување согласност законите.

Оваа држава мора да ги почитува своите закони, своите граѓани, својата култура, и идентитет. Македонија за ова прашање не е ниту лева ниту десна, Македонија мора да биде обединета, велат од ОМД.

The post ОМД: Косовскиот премиер Курти да се прогласи персона нон грата во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Во одсуство на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ, реагира Обединета македонска дијаспора.
– Победата беше прогласена од страна на Косовскиот премиер Албин Курти кој среде Скопје, го промени името на Улицата “2-ра Македонска Бригада” во “Адем Демаќи”. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на скоро сите фронтови во централно и источниот регион на Македонија како и Сремски Фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти, креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје, се вели во соопштението.
Обединета Македонска Дијаспора го осудува овој чин како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер. Пораките, испратени од Косовскоот Премиер Албин Курти, на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој започна Македонскиот геноцид, Албанските претставници внатре во државата, прогласија Скопски договор, кој го прекршува уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и покажува реалната слика на политичките опозициони и вчадеачки албански партии, велат од ОМД.
– Го повикуваме секој македонски граѓанин кој посакува ова парче земја, независно од било каква етничка, религиска или било каква друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротистави на странско политичко адресирање, се вели во соопштението на ОМД.
Исто така, ОМД бара од Македонската Влада, да напише протестно писмо кон Косово, го прогласи Албин Курти за персона нон-грата, разговара отворено и озбилно со Албанскиот блок за овој тотално недржавнички чин, враќајки ги сите обележја, имиња на улици, корегирајќи ги сите Албански знамиња во согласност со уставот на Република Македонија, и постапување согласност законите. Оваа држава мора да ги почитува своите закони, своите граѓани, својата култура, и идентитет. Македонија за ова прашање не е ниту лева ниту десна, Македонија мора да биде обединета, велат од ОМД.

The post ОМД: Косовскиот премиер Курти да се прогласи персона нон грата во Македонија! appeared first on Република.

]]>
Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-vidno-beshe-deka-gragjanite-na-blagoevgrad-nemaa-nishto-protiv-ovoj-kulturen-klub/ Mon, 31 Oct 2022 11:30:00 +0000 https://republika.mk/?p=567739

Вчерашниот настан при отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград мене како млад човек ми поттикна дилема која видно ме зачуди, како и ме инспирираше да ја споделам со моите пријатели, пишува директорот на Обединета македонска дијаспора, Гордан Јорданов, споделувајќи фотографии од вчерашното отворање.

На вчерашната средба со сите официјални и неофицијални лица покажа колку македонската култура е голема и сплотувачка кога е обединета. Лидери на партии, лидери на организации и неофицијални друштва, професори и поранешни амбасадори, сите заедно, разговараа и се поштуваа како Македонци, ширејќи ја позитивноста на културата и нејзиното глобално дејство.
Тоа мене ми покажа дека Македонија без разлика на никакви политички или идеолошки толкувања, сега, повеќе од било кога мора да изготви културно-едукативна национална стратегија, која ќе ги сплоти и обедини сите Македонски граѓани без разлика на своја домашна етничка, верска, полова или било каква друга припадност.
Стратегија која ќе ги учи децата и возрасните како да ја сакаат својата држава и ги почитуваат своите културни и историски знаменитости и дела, затоа што само тоа ги прави горди граѓани на една европска земја која ги почитува сите оние кои се раѓаат и живеат во неа.
Вчера имаше единство а не поделба, вчера имаше една цел, а тоа е ширење на македонска култура за меѓусебно почитување, а не омраза.
Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб и видно беше кој стои зад овие вештачки креации на бугарски закани.
Нема потреба да го именуваме, само би било коректно Европската Унија да направи евалуација за однесувањето на нејзините пратеници, пишува тој.

The post Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб appeared first on Република.

]]>

Вчерашниот настан при отварањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров” во Благоевград мене како млад човек ми поттикна дилема која видно ме зачуди, како и ме инспирираше да ја споделам со моите пријатели, пишува директорот на Обединета македонска дијаспора, Гордан Јорданов, споделувајќи фотографии од вчерашното отворање.
На вчерашната средба со сите официјални и неофицијални лица покажа колку македонската култура е голема и сплотувачка кога е обединета. Лидери на партии, лидери на организации и неофицијални друштва, професори и поранешни амбасадори, сите заедно, разговараа и се поштуваа како Македонци, ширејќи ја позитивноста на културата и нејзиното глобално дејство. Тоа мене ми покажа дека Македонија без разлика на никакви политички или идеолошки толкувања, сега, повеќе од било кога мора да изготви културно-едукативна национална стратегија, која ќе ги сплоти и обедини сите Македонски граѓани без разлика на своја домашна етничка, верска, полова или било каква друга припадност. Стратегија која ќе ги учи децата и возрасните како да ја сакаат својата држава и ги почитуваат своите културни и историски знаменитости и дела, затоа што само тоа ги прави горди граѓани на една европска земја која ги почитува сите оние кои се раѓаат и живеат во неа. Вчера имаше единство а не поделба, вчера имаше една цел, а тоа е ширење на македонска култура за меѓусебно почитување, а не омраза. Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб и видно беше кој стои зад овие вештачки креации на бугарски закани. Нема потреба да го именуваме, само би било коректно Европската Унија да направи евалуација за однесувањето на нејзините пратеници, пишува тој.

The post Јорданов: Видно беше дека граѓаните на Благоевград немаа ништо против овој културен клуб appeared first on Република.

]]>
Гувернерот на Охајо, по барање на ОМД, го прогласи 8 септември за Ден на Македонската Независност во државата Охајо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/guvernerot-na-ohajo-po-baranje-na-omd-go-proglasi-8-septemvri-za-den-na-makedonskata-nezavisnost-vo-drzavata-ohajo/ Thu, 08 Sep 2022 16:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=548761

Од Обединетата македонска диајспора објавија превод на документот со кој, по барање на ОМД, Гувернерот на државата Охајо го прогласи 8 септември за ден на Македонската Независност во оваа американска сојузна држава.

Во продолжение го објавуваме документот во целост.

„СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО,кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati's Empress Chili “, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и

СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Марија во Рејнолдсбург, и

СЕГА, ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер на државата Охајо, со го ова признаваме

ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ

на овој 8 септември 2022 година“.

The post Гувернерот на Охајо, по барање на ОМД, го прогласи 8 септември за Ден на Македонската Независност во државата Охајо appeared first on Република.

]]>

Од Обединетата македонска диајспора објавија превод на документот со кој, по барање на ОМД, Гувернерот на државата Охајо го прогласи 8 септември за ден на Македонската Независност во оваа американска сојузна држава. Во продолжение го објавуваме документот во целост. „СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, на 8 септември 1991 година, Македонија ја стекна својата независност од Југославија и стана суверена парламентарна демократија; и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО,кога се одржа референдумот за македонската независност во 1991 година, учествуваа околу 76% од нејзините граѓани, а повеќе од 96% гласаа за; и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е единствената југословенска наследничка држава која независноста ја стекна на мирен начин; и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Македонија е млада држава, но стара цивилизација, со археолошки докази кои укажуваат на антички Македонци кои живееле во регионот помеѓу 7000 и 3500 п.н.е.; и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, денес, Охајо е дом на повеќе од 100.000 Американци со македонско потекло; и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, браќата Кираџиеф го поседуваa и управуваa со Ресторанот „Cincinnati's Empress Chili “, кој беше затворен во 1979 година кога синот на Том, Џо се пензионираше и го продаде ресторанот, и СО ОГЛЕД НА ТОА ШТО, Денот на Македонската Независност во Охајо ќе се прослави со свеченост во Македонската православна црква Свети Климент Охридски во Авон и со фестивал во Македонската православна катедрала Света Марија во Рејнолдсбург, и СЕГА, ЗАТОА, ние, Мајк ДеВин и Џон Хастед, гувернер на државата Охајо, со го ова признаваме ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ на овој 8 септември 2022 година“.

The post Гувернерот на Охајо, по барање на ОМД, го прогласи 8 септември за Ден на Македонската Независност во државата Охајо appeared first on Република.

]]>
ОМД со повик: Демократски и мирно да се каже Не за францускиот предлог https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omd-so-povik-demokratski-i-mirno-da-se-kaze-ne-za-francuskiot-predlog/ Thu, 14 Jul 2022 09:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=528503

Обединетата Македонска Дијаспора пред денешниот семакедонски протест пред Македонското Собрание им порача на граѓаните мирно и достоинствено да кажат НЕ на францускиот предлог.

Обединета Македонска Дијаспора ги повикува сите граѓани демократски и мирно да кажат НЕ на Францускиот Предлог и еднаш засекогаш ги зацртаат црвените линии на Македонскиот идентитет, Македонскиот јазик и Македонската нација.

Македонија иако има свои слабости, иако скоро ниедна институција не е во корелација со интегрираните модерни држави, сепак има своја душа, има свој идентитет и повеќе од сите други држави на балканот демократски докажа дека нејзиниот пат е чист и незаслужува дополнително ништење на својата нација.

ОМД како и секогаш досега го поддржува интегритетот и сувереноста на Македонија како и го поддржува Европскиот пат и иднина на државата. Затоа е природно еднаш Македонците да бидат во право и барем еднаш да не се согласат со предлогот на Европската Унија.

Имајќи предвид дека Македонија веќе 20години е на патот да го премине прагот како земја кандидат за членство во ЕУ, и ги остварува сите барања спрема унијата, ова е право време самата Унија да одигра џентламенски, ги прифати барањата на Македонците и го заштити Македонскиот идентитет и нација.

Сите заедно мирно и достоинствено како Македонци да кажеме НЕ и се исправиме гордо над нашето сонце!, велат од ОМД.

The post ОМД со повик: Демократски и мирно да се каже Не за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>

Обединетата Македонска Дијаспора пред денешниот семакедонски протест пред Македонското Собрание им порача на граѓаните мирно и достоинствено да кажат НЕ на францускиот предлог. Обединета Македонска Дијаспора ги повикува сите граѓани демократски и мирно да кажат НЕ на Францускиот Предлог и еднаш засекогаш ги зацртаат црвените линии на Македонскиот идентитет, Македонскиот јазик и Македонската нација. Македонија иако има свои слабости, иако скоро ниедна институција не е во корелација со интегрираните модерни држави, сепак има своја душа, има свој идентитет и повеќе од сите други држави на балканот демократски докажа дека нејзиниот пат е чист и незаслужува дополнително ништење на својата нација. ОМД како и секогаш досега го поддржува интегритетот и сувереноста на Македонија како и го поддржува Европскиот пат и иднина на државата. Затоа е природно еднаш Македонците да бидат во право и барем еднаш да не се согласат со предлогот на Европската Унија. Имајќи предвид дека Македонија веќе 20години е на патот да го премине прагот како земја кандидат за членство во ЕУ, и ги остварува сите барања спрема унијата, ова е право време самата Унија да одигра џентламенски, ги прифати барањата на Македонците и го заштити Македонскиот идентитет и нација. Сите заедно мирно и достоинствено како Македонци да кажеме НЕ и се исправиме гордо над нашето сонце!, велат од ОМД.

The post ОМД со повик: Демократски и мирно да се каже Не за францускиот предлог appeared first on Република.

]]>
Колоски: Резолуцијата за македонско-американското наследство да биде изгласана од Конгресот и потпишана од претседателот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koloski-rezolucijata-za-makedonsko-amerikanskoto-nasledstvo-da-bide-izglasana-od-kongresot-i-potpishana-od-pretsedatelot/ Mon, 24 Jan 2022 15:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=448835

Резолуцијата за прогласување на септември 2022 година за „Месец на македонско-американското наследство“ поднесена во Претставничкиот дом на Конгресот на САД во октомври, добива на сила и во изминатиот период е поддржана од уште пет конгресмени.

Предлог-резолуцијата досега ја поддржале 35 конгресмени, а ако биде изгласана, тоа ќе го поплочи патот за идејата македонско-американското наследство во САД да се слави секој септември на федерално ниво.

Oд Обединета македонска дијаспора (ОМД), за МИА појаснуваат дека водечка организација на македонските Американци, ОМД помогнала на четворицата спонзори на резолуцијата во нејзиното пишување и составување. Тоа се конгресмените Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, Деби Дингел и Лиза Меклејн, првата демократка, втората републиканка од Мичиген и Клаудија Тени, републиканка од Њујорк.

Резолуцијата беше поднесена лани во октомври, а нејзиниот текст на конгресниот сајт објавен два месеци подоцна. ОМД, која активно лобира за македонските интереси во Вашингтон, во изминатиот период ги засили активностите за добивање побројна поддршка од конгресмените, бидејќи, како што изјави за МИА претседателот на ОМД, Мето Колоски, 2021 беше „хаотична со многу непланирани активности во Конгресот, па сите беа зафатени“.

Резолуцијата досега ја поддржаа 35 конгресмени и сите очекуваат да станат коспонзори. ОМД помогна во нејзиното составување и пишување, заедно со четворицата конгресмени копретседавачи. Оваа резолуција е слична на таа што Мичиген ја изгласа лани во август - нагласува Коловски.

За септември 2022 година навистина да се слави како „Месец на македонско-американското наследство“ во САД, резолуцијата треба да помине низ Комитетот за реформи и потоа Претставничкиот дома да ја усвои со просто мнозинството.

Од ОМД сега очекуваат да добијат повеќе коспонзори, на што се работи со испраќање писма до конгресмените. Тоа може да го направат и сите македонски Американци со повик до претставникот на Конгресот од соодветниот округ во кои тие живеат преку следниот линк.

Колоски понатаму планира да почне акција за поднесување на резолуцијата и во Сенатот, па да добие поддршка и од претседателот на САД, но и да биде поддржана одделно од секоја сојузна држава, како што тоа го направи Мичиген.

Ако на ОМД им успее оваа идеја, македонската дијаспора ќе застане рамо до рамо со полската, ирската, еврејската или грчката, кои го слават своето наследство со празници што во САД се прифатени на федерално ниво.

Она што е посебно интересно за оваа резолуција е тоа дека во текстот е наведена цела историографија на придонесот на македонската заедница во САД и влијанието што таа го оставила во земјата поради што треба да се слави македонскиот јазик, култура и постигнувања.

 

Резолуцијата наликува на скапоцена колекција од факти кои даваат појасна слика за нашите иселеници во Америка, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу половина милион и дека постојат докази дека „македонското присуство во континенталниот дел на САД постои уште од околу 1492 година“ - вели Колоски.

Тој информира дека ОМД редовно учествува во одбележување на Месецот на имигратското наследство во САД и уште од 2015 година објавува историски факти за македонските иселеници.

Ние работмиме напорно и нашите стажанти во летната школа на ОМД дојдоа до сите овие информации со истражување на архивите, иако многу од овие податоци се јавно достапни со обично гуглање - посочува Колоски.

Во текстот стои дека „од 1880 година наваму десетици илјади Македонци заминале во Америка во потрага по граѓански и верски слободи, човекови права и економски можности“, а како последица на повеќе тектонски политички поместувања во регионот што се случувале низ целиот 20 век како Илинденското востание против отоманската власт во 1903 година, Балканските војни 1912-1913, двете светски војни, Граѓанската војна во Грција и политиките на поранешна Југославија.

Понатаму е наведено е дека „моментно македонската заедница во САД е енергична заедница вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и останато“.

Според проценките на ОМД, во САД живеат половина милион Американци со македонско потекло и тоа во заедници во сојузните држави Мичиген, Њујорк, Охајо, Њу Џерси, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Калифорнија, Аризона, Тексас и Вирџинија.

Резолуцијата наведува дека македонските Американци придонеле за изградба на монументалните американски транспортни рути како што е Големата северна железница.

Понатаму се наведени десетици истакнати наши сонародници кои оставиле печат во своите заедници.

- Во 1922 година, македонско-американските имигранти Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година беше прогласено за едно од „20-те најиконски јадења во Америка“ од Смитсонијан.

- Македонските имигранти основаа своја верзија на познатиот хот-дог Кони Ајленд на почетокот на 20 век, кој останува главно јадење во рестораните во стилот на Кони Ајленд низ Средниот Запад;

- Стојан Христов, кој емигрирал во САД во 1911 година, бил американски автор, новинар, разузнавач од Втората светска војна и претставник на државата Вермонт (1961–1962), сенатор (1963–1972) и ја напиша книгата „Ова е мојата земја“, која беше омилена на претседателот Френклин Д. Рузвелт;

- Мајкл Александар (Лазароф) од Питсбург и Њујорк Сити беше познат меѓународен адвокат кој служеше како правен советник на многу британски и ирски владини организации и корпорации за што беше почестен од нејзиното кралско височество кралицата Елизабета Втора како командант на Британската империја.

- Џими Н. Димос служеше како судија на 4-тиот судски окружен суд во Луизијана (1999–2006) и како член и претседател на Претставничкиот дом на Луизијана (1976–1999);

- Македонските Американци придонесоа многу за економијата на Соединетите Држави, создавајќи безброј работни места за американскиот народ во нивните заедници; Мајк Илич, добитник на Медалот на честа на островот Елис, и Маријан Бајоф Илич одиграа значајна улога во движењето за граѓански права и плаќаа за киријата на активистката Роза Парк во Детроит повеќе од една деценија. Тие ја отворија својата прва пицерија Little Caesars во 1959 година, што прерасна во трет по големина синџир на пица во светот. Тие се сопственици на спортските клубови Detroit Red Wings и Detroit Tigers, а во 2015 година запишаа историја со давање на Државниот универзитет во Детроит 50 милиони долари, најголемата донација досега, истакнувајќи ја нивната доживотна посветеност на промовирање на претприемништвото, образованието и ревитализацијата на Детроит;

- Кристофер Илич, претседател и извршен директор на Ilitch Holdings, Inc. и претседател на Ilitch Charities, даде над 220 милиони американски долари за помош за развојот на младите, со филантропски грантови за ревитализација на заедницата од 2000 година. Тој ја продолжи традицијата и визијата на неговите родители Мајк и Маријан Илич да го унапредат глобалниот статус на Детроит со развојот на Окргот Детроит, кој прерасна во динамичен спортски и забавен кварт во кој има наградувани театри, четири професионални спортски тимови и три спортски локации за повеќекратна употреба, вклучително и современата Литл Цезар Арена, дом на Детроит Ред Вингс, Детроит Пистонс и други забавни настани во заедницата од светска класа. Четири од осумте женски имиња што некогаш биле врежани на Стенли купот се македонските Американки, Маријан Илич (1997, 1998), Дениз Илич (1997, 1998), Лиза Илич (1997, 1998) и Керол Илич Трепек (1997), сите со Детроит Ред Вингс;

- Ендрју Пејков, постариот, од Калифорнија ја основаше Нијагара Ботлинг, ДОО во 1963 година, една од најголемите приватни компании за флаширање вода во САД. Преку програмата за стипендии на Ендрју Д. Пејкоф, постариот, додели над 1,5 милиони американски долари на американските студенти и преку Niagara Cares, достави милиони шишиња чиста како помош во катастрофи во Тексас, Флорида, Порторико, Девствените Острови и на Мексико Сити, како и да обезбеди грант од 10 милиони долари за Хаиме Peykoff Follicular Lymphoma Initiative за финансирање грантови за истражување на фоликуларен лимфом, меѓународни научни работилници и клинички награди;

- Џорџ Атанасоски од Ормонд Бич, Флорида, кој емигрирал во САД во 1970 година и бил добитник на Медалот на честа на островот Елис, го основал Microflex Inc., производител кој доставува широк спектар на флексибилни метални производи за големи клиенти како што се General Electric, Ford, Siemens, General Motors, Rolls Royce и NASA;

- Катрина Маркоф, по потекло од Форт Вејн, Индијана, шампион на промени во малиот бизнис, го основаше Vosges Haut-Chocolat што беше прогласена за една од 10-те најдобри чоколади во светот од National Geographic;

- Мајк Зафировски од Форест Хилс, Илиноис, добитник на Медалот на честа Елис Ајленд и поранешен претседател во Советодавниот комитет за телекомуникации за национална безбедност, служеше во одборот на „Боинг“, беше претседател и извршен директор на „Нортел“, глобална комуникациска технолошка компанија и претседател и главен извршен директор на „Моторола“, а во текот на 25-годишната кариера во GE, служеше како претседател и извршен директор на пет бизниси на GE во областа на потрошувачите, индустриските и финансиските услуги;

- Леон Спероф од Портланд, Орегон, признат како гигант во акушерството и гинекологијата, постигна значителни достигнувања во репродуктивната ендокринологија, менувајќи го начинот на кој се практикува медицината;

- Џорџ Даикоф од Санкт Петербург, Флорида, реномиран кардиоваскуларен и торакален хирург, беше неверојатен во своето поле на детска кардиохирургија („сини бебиња“) што беше новонастана, непозната област во 1970-тите. Тој инсталираше пејсмејкер кај најмалото недоносено новороденче во 1984 година, изврши важно истражување кое го унапреди полето;

- Питер Т. Џорџ освои три олимписки медали за САД во кревање тегови, пет светски првенства и беше шампион во средна категорија на Панамериканските игри, а подоцна стана доктор по орална медицина и беше пионер во третмани за опструктивна ноќна апнеја;

- Јован Ласковски, од Акрон, Охајо, беше примен во Меѓународното здружение за артроскопија на колкот (ISHA) во 2013 година и стана еден од 26-те хирурзи во Соединетите Американски Држави, примени во ISHA;

- Македонските Американци имаат огромен придонес и за американската атлетика и професионални спортови, вклучувајќи ги Влатко Андоновски, главен тренер на женската фудбалска репрезентација на САД; Сашо Цировски, главен тренер на машкиот фудбалски тим на Универзитетот во Мериленд; Дино Делевски, поранешен фудбалер на Милвоки Вејв и актуелен тренер на Чикаго Инферно; Стефан Козлов, професионален тенисер; Кевин Кузманов, поранешен професионален бејзбол играч и актуелен тренер во атлетската организација Оукланд; Чеди Осман, НБА играч на Кливленд Кавалирс; Јован Кировски, поранешен фудбалер и актуелен технички директор на Лос Анџелес Галакси…

- Капитенот на Тампа Беј Лајнтинг на Националната хокеарска лига и победниците на купот Стенли од 2021 година, Стивен Стамкос, е имигрант од Канада со македонско наследство;

- Ник Ваноф режираше и продуцираше познати американски мјузикли, филмови и телевизиски емисии, вклучувајќи ги „Кис ме Кејт“, „Вчерашното шоу“, „Градот на ангелите“, „Звукот на Божиќ“ и „Часовите на Џули Ендрус “, и го создаде и произведе годишниот „Почести на Центарот Кенеди“;

- Димитри Димитров, порано со хотелот „Сансет Тауер“ во Лос Анџелес, во моментов со Бунгаловите „Сан Висенте“, е најпознатиот холивудски менаџер, според „Бон Апетит“ и „Холивуд репортер“.

The post Колоски: Резолуцијата за македонско-американското наследство да биде изгласана од Конгресот и потпишана од претседателот appeared first on Република.

]]>

Резолуцијата за прогласување на септември 2022 година за „Месец на македонско-американското наследство“ поднесена во Претставничкиот дом на Конгресот на САД во октомври, добива на сила и во изминатиот период е поддржана од уште пет конгресмени. Предлог-резолуцијата досега ја поддржале 35 конгресмени, а ако биде изгласана, тоа ќе го поплочи патот за идејата македонско-американското наследство во САД да се слави секој септември на федерално ниво. Oд Обединета македонска дијаспора (ОМД), за МИА појаснуваат дека водечка организација на македонските Американци, ОМД помогнала на четворицата спонзори на резолуцијата во нејзиното пишување и составување. Тоа се конгресмените Брендон Бојл, демократ од Пенсилванија, Деби Дингел и Лиза Меклејн, првата демократка, втората републиканка од Мичиген и Клаудија Тени, републиканка од Њујорк. Резолуцијата беше поднесена лани во октомври, а нејзиниот текст на конгресниот сајт објавен два месеци подоцна. ОМД, која активно лобира за македонските интереси во Вашингтон, во изминатиот период ги засили активностите за добивање побројна поддршка од конгресмените, бидејќи, како што изјави за МИА претседателот на ОМД, Мето Колоски, 2021 беше „хаотична со многу непланирани активности во Конгресот, па сите беа зафатени“.
Резолуцијата досега ја поддржаа 35 конгресмени и сите очекуваат да станат коспонзори. ОМД помогна во нејзиното составување и пишување, заедно со четворицата конгресмени копретседавачи. Оваа резолуција е слична на таа што Мичиген ја изгласа лани во август - нагласува Коловски.
За септември 2022 година навистина да се слави како „Месец на македонско-американското наследство“ во САД, резолуцијата треба да помине низ Комитетот за реформи и потоа Претставничкиот дома да ја усвои со просто мнозинството. Од ОМД сега очекуваат да добијат повеќе коспонзори, на што се работи со испраќање писма до конгресмените. Тоа може да го направат и сите македонски Американци со повик до претставникот на Конгресот од соодветниот округ во кои тие живеат преку следниот линк. Колоски понатаму планира да почне акција за поднесување на резолуцијата и во Сенатот, па да добие поддршка и од претседателот на САД, но и да биде поддржана одделно од секоја сојузна држава, како што тоа го направи Мичиген. Ако на ОМД им успее оваа идеја, македонската дијаспора ќе застане рамо до рамо со полската, ирската, еврејската или грчката, кои го слават своето наследство со празници што во САД се прифатени на федерално ниво.
Она што е посебно интересно за оваа резолуција е тоа дека во текстот е наведена цела историографија на придонесот на македонската заедница во САД и влијанието што таа го оставила во земјата поради што треба да се слави македонскиот јазик, култура и постигнувања.   Резолуцијата наликува на скапоцена колекција од факти кои даваат појасна слика за нашите иселеници во Америка, вклучувајќи го и тоа дека тие бројат околу половина милион и дека постојат докази дека „македонското присуство во континенталниот дел на САД постои уште од околу 1492 година“ - вели Колоски.
Тој информира дека ОМД редовно учествува во одбележување на Месецот на имигратското наследство во САД и уште од 2015 година објавува историски факти за македонските иселеници.
Ние работмиме напорно и нашите стажанти во летната школа на ОМД дојдоа до сите овие информации со истражување на архивите, иако многу од овие податоци се јавно достапни со обично гуглање - посочува Колоски.
Во текстот стои дека „од 1880 година наваму десетици илјади Македонци заминале во Америка во потрага по граѓански и верски слободи, човекови права и економски можности“, а како последица на повеќе тектонски политички поместувања во регионот што се случувале низ целиот 20 век како Илинденското востание против отоманската власт во 1903 година, Балканските војни 1912-1913, двете светски војни, Граѓанската војна во Грција и политиките на поранешна Југославија. Понатаму е наведено е дека „моментно македонската заедница во САД е енергична заедница вградена во американскиот мозаик, учествувајќи во сите сфери на животот, бизнисот, медицината, правото, технологијата, граѓанскиот ангажман, владата, војската, образованието, уметноста, кулинарството, атлетиката и останато“. Според проценките на ОМД, во САД живеат половина милион Американци со македонско потекло и тоа во заедници во сојузните држави Мичиген, Њујорк, Охајо, Њу Џерси, Индијана, Илиноис, Пенсилванија, Флорида, Калифорнија, Аризона, Тексас и Вирџинија. Резолуцијата наведува дека македонските Американци придонеле за изградба на монументалните американски транспортни рути како што е Големата северна железница. Понатаму се наведени десетици истакнати наши сонародници кои оставиле печат во своите заедници. - Во 1922 година, македонско-американските имигранти Том и Џон Кираџиеф, користејќи стари македонски рецепти пренесени од нивните родители и баби и дедовци, го создадоа чилито Синсинати, омиленото американско јадење, кое во 2013 година беше прогласено за едно од „20-те најиконски јадења во Америка“ од Смитсонијан. - Македонските имигранти основаа своја верзија на познатиот хот-дог Кони Ајленд на почетокот на 20 век, кој останува главно јадење во рестораните во стилот на Кони Ајленд низ Средниот Запад; - Стојан Христов, кој емигрирал во САД во 1911 година, бил американски автор, новинар, разузнавач од Втората светска војна и претставник на државата Вермонт (1961–1962), сенатор (1963–1972) и ја напиша книгата „Ова е мојата земја“, која беше омилена на претседателот Френклин Д. Рузвелт; - Мајкл Александар (Лазароф) од Питсбург и Њујорк Сити беше познат меѓународен адвокат кој служеше како правен советник на многу британски и ирски владини организации и корпорации за што беше почестен од нејзиното кралско височество кралицата Елизабета Втора како командант на Британската империја. - Џими Н. Димос служеше како судија на 4-тиот судски окружен суд во Луизијана (1999–2006) и како член и претседател на Претставничкиот дом на Луизијана (1976–1999); - Македонските Американци придонесоа многу за економијата на Соединетите Држави, создавајќи безброј работни места за американскиот народ во нивните заедници; Мајк Илич, добитник на Медалот на честа на островот Елис, и Маријан Бајоф Илич одиграа значајна улога во движењето за граѓански права и плаќаа за киријата на активистката Роза Парк во Детроит повеќе од една деценија. Тие ја отворија својата прва пицерија Little Caesars во 1959 година, што прерасна во трет по големина синџир на пица во светот. Тие се сопственици на спортските клубови Detroit Red Wings и Detroit Tigers, а во 2015 година запишаа историја со давање на Државниот универзитет во Детроит 50 милиони долари, најголемата донација досега, истакнувајќи ја нивната доживотна посветеност на промовирање на претприемништвото, образованието и ревитализацијата на Детроит; - Кристофер Илич, претседател и извршен директор на Ilitch Holdings, Inc. и претседател на Ilitch Charities, даде над 220 милиони американски долари за помош за развојот на младите, со филантропски грантови за ревитализација на заедницата од 2000 година. Тој ја продолжи традицијата и визијата на неговите родители Мајк и Маријан Илич да го унапредат глобалниот статус на Детроит со развојот на Окргот Детроит, кој прерасна во динамичен спортски и забавен кварт во кој има наградувани театри, четири професионални спортски тимови и три спортски локации за повеќекратна употреба, вклучително и современата Литл Цезар Арена, дом на Детроит Ред Вингс, Детроит Пистонс и други забавни настани во заедницата од светска класа. Четири од осумте женски имиња што некогаш биле врежани на Стенли купот се македонските Американки, Маријан Илич (1997, 1998), Дениз Илич (1997, 1998), Лиза Илич (1997, 1998) и Керол Илич Трепек (1997), сите со Детроит Ред Вингс; - Ендрју Пејков, постариот, од Калифорнија ја основаше Нијагара Ботлинг, ДОО во 1963 година, една од најголемите приватни компании за флаширање вода во САД. Преку програмата за стипендии на Ендрју Д. Пејкоф, постариот, додели над 1,5 милиони американски долари на американските студенти и преку Niagara Cares, достави милиони шишиња чиста како помош во катастрофи во Тексас, Флорида, Порторико, Девствените Острови и на Мексико Сити, како и да обезбеди грант од 10 милиони долари за Хаиме Peykoff Follicular Lymphoma Initiative за финансирање грантови за истражување на фоликуларен лимфом, меѓународни научни работилници и клинички награди; - Џорџ Атанасоски од Ормонд Бич, Флорида, кој емигрирал во САД во 1970 година и бил добитник на Медалот на честа на островот Елис, го основал Microflex Inc., производител кој доставува широк спектар на флексибилни метални производи за големи клиенти како што се General Electric, Ford, Siemens, General Motors, Rolls Royce и NASA; - Катрина Маркоф, по потекло од Форт Вејн, Индијана, шампион на промени во малиот бизнис, го основаше Vosges Haut-Chocolat што беше прогласена за една од 10-те најдобри чоколади во светот од National Geographic; - Мајк Зафировски од Форест Хилс, Илиноис, добитник на Медалот на честа Елис Ајленд и поранешен претседател во Советодавниот комитет за телекомуникации за национална безбедност, служеше во одборот на „Боинг“, беше претседател и извршен директор на „Нортел“, глобална комуникациска технолошка компанија и претседател и главен извршен директор на „Моторола“, а во текот на 25-годишната кариера во GE, служеше како претседател и извршен директор на пет бизниси на GE во областа на потрошувачите, индустриските и финансиските услуги; - Леон Спероф од Портланд, Орегон, признат како гигант во акушерството и гинекологијата, постигна значителни достигнувања во репродуктивната ендокринологија, менувајќи го начинот на кој се практикува медицината; - Џорџ Даикоф од Санкт Петербург, Флорида, реномиран кардиоваскуларен и торакален хирург, беше неверојатен во своето поле на детска кардиохирургија („сини бебиња“) што беше новонастана, непозната област во 1970-тите. Тој инсталираше пејсмејкер кај најмалото недоносено новороденче во 1984 година, изврши важно истражување кое го унапреди полето; - Питер Т. Џорџ освои три олимписки медали за САД во кревање тегови, пет светски првенства и беше шампион во средна категорија на Панамериканските игри, а подоцна стана доктор по орална медицина и беше пионер во третмани за опструктивна ноќна апнеја; - Јован Ласковски, од Акрон, Охајо, беше примен во Меѓународното здружение за артроскопија на колкот (ISHA) во 2013 година и стана еден од 26-те хирурзи во Соединетите Американски Држави, примени во ISHA; - Македонските Американци имаат огромен придонес и за американската атлетика и професионални спортови, вклучувајќи ги Влатко Андоновски, главен тренер на женската фудбалска репрезентација на САД; Сашо Цировски, главен тренер на машкиот фудбалски тим на Универзитетот во Мериленд; Дино Делевски, поранешен фудбалер на Милвоки Вејв и актуелен тренер на Чикаго Инферно; Стефан Козлов, професионален тенисер; Кевин Кузманов, поранешен професионален бејзбол играч и актуелен тренер во атлетската организација Оукланд; Чеди Осман, НБА играч на Кливленд Кавалирс; Јован Кировски, поранешен фудбалер и актуелен технички директор на Лос Анџелес Галакси… - Капитенот на Тампа Беј Лајнтинг на Националната хокеарска лига и победниците на купот Стенли од 2021 година, Стивен Стамкос, е имигрант од Канада со македонско наследство; - Ник Ваноф режираше и продуцираше познати американски мјузикли, филмови и телевизиски емисии, вклучувајќи ги „Кис ме Кејт“, „Вчерашното шоу“, „Градот на ангелите“, „Звукот на Божиќ“ и „Часовите на Џули Ендрус “, и го создаде и произведе годишниот „Почести на Центарот Кенеди“; - Димитри Димитров, порано со хотелот „Сансет Тауер“ во Лос Анџелес, во моментов со Бунгаловите „Сан Висенте“, е најпознатиот холивудски менаџер, според „Бон Апетит“ и „Холивуд репортер“.

The post Колоски: Резолуцијата за македонско-американското наследство да биде изгласана од Конгресот и потпишана од претседателот appeared first on Република.

]]>
Обединетата Македонска Дијаспора се пушти во битка за да го смени „Северномакедонски“ на Еуроњуз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obedinetata-makedonska-dijaspora-se-pushti-vo-bitka-za-da-go-smeni-severnomakedonski-na-euronjuz/ Tue, 04 Jan 2022 09:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=440343

Организацијата „Обединета Македонска Дијаспора“ од Вашингтон испратила реакција до „ЕуроЊуз“ за прилог во кој пописот во Македонија го нарекле „Северномакедонски“.

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) веднаш се обрати до „ЕуроЊуз“ и ја коригираше референцата на „Македонски попис“. Не постои ништо како „Северномакедонец“ – #GetItRight -  се наведува во реакцијата на ОМД.

Според ОМД, но и според Виенската конвенција, технички ова е работа што треба да ја работи македонското Министерство за надворешни работи и неговиот персонал.

Сепак, по промената на името, ОМД стана Министерство за надворешни работи (Стејт Департмент) на македонскиот народ - пишува организацијата за случајот.

Објавата на „ЕуроЊуз“ за којашто реагираат од ОМД може да ја погледнете на следнијот ЛИНК.

The post Обединетата Македонска Дијаспора се пушти во битка за да го смени „Северномакедонски“ на Еуроњуз appeared first on Република.

]]>

Организацијата „Обединета Македонска Дијаспора“ од Вашингтон испратила реакција до „ЕуроЊуз“ за прилог во кој пописот во Македонија го нарекле „Северномакедонски“.
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) веднаш се обрати до „ЕуроЊуз“ и ја коригираше референцата на „Македонски попис“. Не постои ништо како „Северномакедонец“ – #GetItRight -  се наведува во реакцијата на ОМД.
Според ОМД, но и според Виенската конвенција, технички ова е работа што треба да ја работи македонското Министерство за надворешни работи и неговиот персонал.
Сепак, по промената на името, ОМД стана Министерство за надворешни работи (Стејт Департмент) на македонскиот народ - пишува организацијата за случајот.
Објавата на „ЕуроЊуз“ за којашто реагираат од ОМД може да ја погледнете на следнијот ЛИНК.

The post Обединетата Македонска Дијаспора се пушти во битка за да го смени „Северномакедонски“ на Еуроњуз appeared first on Република.

]]>