О2 иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/o2-inicijativa/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Dec 2023 14:38:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png О2 иницијатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/o2-inicijativa/ 32 32 Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neprezemane-na-golemi-chekori-vo-spravuvane-so-aerozagaduvaneto-e-sram-i-tragedija-za-tsela-drzhava-reagiraat-od-o2-initsijativa/ Thu, 21 Dec 2023 14:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=725356

Од „О2 Иницијатива“ која се залага за чист воздух и здрав живот со реакција за екстремно загадениот воздух во повеќето градови низ земјава.

- Ветувања, ветувања, „ќе се намали загадувањето на воздухот во наредните 2 години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови“, „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење“, „аерозагадувањето станува стратешки приоритет (за 2 години подоцна да не е веќе)“.... Ништо од ова не се оствари! - порачаа тие денеска.

Оценуваат дека ова што се случува е срам и трагедија за цела држава, за централна и локална власт, од непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето од кое прерано ни умираат илјадници луѓе секоја година.

- Не можеме 1/3 од годината да составиме со доволно добар воздух, а за добар ич муабет да не правиме, по неколку дена тука и таму - Центар имал 10 дена, Гостивар 12, Прилеп 2, Кочани 28. Лазарополе исто имал само 28 дена, но поради високото ниво на озон, не поради PM10 (PM2.5 уште не се мерат), велат еко-ентузијастите.

Нотираат дека ниту во 2024 година не се планираат сериозни мерки за намалување на аерозгадувањето.

- И тука не ја амнестираме локалната самоуправа, зошто тие се должни да ги спроведат плановите за намалување на аерозагадувањето, т.н. Планови за квалитет на воздух, со конкретни мерки, во одреден рок. Некој од нив направил анализа да видат дали имаат некакви резултати? Или само така про-форма се тера?, наведоа од „О2 Иницијативата“.

The post Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ appeared first on Република.

]]>

Од „О2 Иницијатива“ која се залага за чист воздух и здрав живот со реакција за екстремно загадениот воздух во повеќето градови низ земјава. - Ветувања, ветувања, „ќе се намали загадувањето на воздухот во наредните 2 години до 50% во Скопје и од 30 до 50% во другите градови“, „до 2024 ниту една државна институција нема да се грее со стари и нееколошки системи за греење“, „аерозагадувањето станува стратешки приоритет (за 2 години подоцна да не е веќе)“.... Ништо од ова не се оствари! - порачаа тие денеска. Оценуваат дека ова што се случува е срам и трагедија за цела држава, за централна и локална власт, од непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето од кое прерано ни умираат илјадници луѓе секоја година. - Не можеме 1/3 од годината да составиме со доволно добар воздух, а за добар ич муабет да не правиме, по неколку дена тука и таму - Центар имал 10 дена, Гостивар 12, Прилеп 2, Кочани 28. Лазарополе исто имал само 28 дена, но поради високото ниво на озон, не поради PM10 (PM2.5 уште не се мерат), велат еко-ентузијастите. Нотираат дека ниту во 2024 година не се планираат сериозни мерки за намалување на аерозгадувањето. - И тука не ја амнестираме локалната самоуправа, зошто тие се должни да ги спроведат плановите за намалување на аерозагадувањето, т.н. Планови за квалитет на воздух, со конкретни мерки, во одреден рок. Некој од нив направил анализа да видат дали имаат некакви резултати? Или само така про-форма се тера?, наведоа од „О2 Иницијативата“.

The post Непреземање на големи чекори во справување со аерозагадувањето е срам и трагедија за цела држава, реагираат од „О2 Иницијатива“ appeared first on Република.

]]>
Нема вистински мерки, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nema-vistinski-merki-vremenskite-priliki-prodolzhuvaat-da-se-glavniot-faktor-koj-vlijae-vrz-kvalitetot-na-vozduhot/ Fri, 20 Jan 2023 09:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=599003

Во Берово минатиот месец имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички, соопшти денеска „02 Иницијатива“.

Од Иницијативата појаснуваат дека направиле анализа со споредување на податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години.

Мерните места со најголем број на денови со чист воздух за ПМ 2,5 се Битола 1 (недостасуваат мерења за повеќе денови) и Миладиновци. Мерната станица Битола 1 се наоѓа на периферијата на Битола во близина на мали индустрии за производство на храна и пијалаци, на оддалеченост од 13 километри од РЕК „Битола“. Овие податоци го уриваат митот дека Битола е најзагаден град поради РЕК „Битола“, се наведува во соопштението.

Во однос на ПМ10 честичките, во Скопје и Тетово повеќе ги нема високите дневни концентрации со над 500, 600, 700, 800, 900 микрограми на кубен метар, кои беа резултат на големата индустрија која работеше без филтри, како „Макстил“, „Југохром“ и др.

Во декември 2022 година, со исклучок на Лазарополе, дневни концентрации на ПМ10 до законски дозволените 50 микрограми на кубен метар, повеќе од половина месец имаат Миладиновци – 20 дена, Битола 1, Штип и Берово – 17 дена, Гази Баба со 16 дена и Ректорат со 15 дена.

Еден индустриски град како Скопје, со мерна станица близу Железара и уште една кај најфреквентна крстосница, имаат скоро еднаков број на денови со дозволено загадување како Берово, и како Битола во индустрискиот дел. Митовите дека места како Берово дишат многу повеќе денови на дозволено загаден воздух од одредени реони во големите индустриски градови со густ сообраќај се рушат, се вели во соопштението.

Најмалку денови со чист воздух во декември изминативе години се измерени во Кичево, Тетово и Кавадарци.

Во декември 2022 година, единствено во Струмица немало ниту еден ден во кој ПМ10 биле под 40 микрограми на метар кубен, што го позиционира градот на врвот на табелата на загаденост.

Од „02 Иницијатива“ заклучуваат дека покрај подобрувањето на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово, откако големите индустрии ги поставуваат филтрите или престануваат со работа, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот, микроклимата, дали дува ветер или не, од кој правец, дали врне, дали има магла и сл.

Без менување на начинот на греење и без поставување на построги индустриски стандарди, особено во градови како Скопје каде поради обемот на индустријата во самиот град потребно е користење на гас во производните процеси, секаде каде тоа го овозможуваат најдобрите достапни технологии, како и забрана за другите горива, без регулација на сообраќајот, искоренување на појавата на палење на отворено (стрништа и различен отпад), без контрола на градежните работи и градежната прашина, но и прашината од незазеленети површини и валканите улици што ветерот ја дисперзира во воздухот, нема да имаме воздух чист за ПМ10 и за ПМ2,5, не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година, се наведува во соопштението од „02 Иницијатива“.

О2 е иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

The post Нема вистински мерки, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот appeared first on Република.

]]>

Во Берово минатиот месец имало само еден ден со чист воздух, а Прилеп, Гостивар, Кичево, Тетово, Струмица, Гевгелија немале ниту еден ден воздух без ПМ2,5 честички, соопшти денеска „02 Иницијатива“. Од Иницијативата појаснуваат дека направиле анализа со споредување на податоците за присуството на ПМ10 и ПМ2,5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години.
Мерните места со најголем број на денови со чист воздух за ПМ 2,5 се Битола 1 (недостасуваат мерења за повеќе денови) и Миладиновци. Мерната станица Битола 1 се наоѓа на периферијата на Битола во близина на мали индустрии за производство на храна и пијалаци, на оддалеченост од 13 километри од РЕК „Битола“. Овие податоци го уриваат митот дека Битола е најзагаден град поради РЕК „Битола“, се наведува во соопштението.
Во однос на ПМ10 честичките, во Скопје и Тетово повеќе ги нема високите дневни концентрации со над 500, 600, 700, 800, 900 микрограми на кубен метар, кои беа резултат на големата индустрија која работеше без филтри, како „Макстил“, „Југохром“ и др. Во декември 2022 година, со исклучок на Лазарополе, дневни концентрации на ПМ10 до законски дозволените 50 микрограми на кубен метар, повеќе од половина месец имаат Миладиновци – 20 дена, Битола 1, Штип и Берово – 17 дена, Гази Баба со 16 дена и Ректорат со 15 дена.
Еден индустриски град како Скопје, со мерна станица близу Железара и уште една кај најфреквентна крстосница, имаат скоро еднаков број на денови со дозволено загадување како Берово, и како Битола во индустрискиот дел. Митовите дека места како Берово дишат многу повеќе денови на дозволено загаден воздух од одредени реони во големите индустриски градови со густ сообраќај се рушат, се вели во соопштението.
Најмалку денови со чист воздух во декември изминативе години се измерени во Кичево, Тетово и Кавадарци. Во декември 2022 година, единствено во Струмица немало ниту еден ден во кој ПМ10 биле под 40 микрограми на метар кубен, што го позиционира градот на врвот на табелата на загаденост. Од „02 Иницијатива“ заклучуваат дека покрај подобрувањето на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово, откако големите индустрии ги поставуваат филтрите или престануваат со работа, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот, микроклимата, дали дува ветер или не, од кој правец, дали врне, дали има магла и сл.
Без менување на начинот на греење и без поставување на построги индустриски стандарди, особено во градови како Скопје каде поради обемот на индустријата во самиот град потребно е користење на гас во производните процеси, секаде каде тоа го овозможуваат најдобрите достапни технологии, како и забрана за другите горива, без регулација на сообраќајот, искоренување на појавата на палење на отворено (стрништа и различен отпад), без контрола на градежните работи и градежната прашина, но и прашината од незазеленети површини и валканите улици што ветерот ја дисперзира во воздухот, нема да имаме воздух чист за ПМ10 и за ПМ2,5, не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година, се наведува во соопштението од „02 Иницијатива“.
О2 е иницијатива за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.

The post Нема вистински мерки, временските прилики продолжуваат да се главниот фактор кој влијае врз квалитетот на воздухот appeared first on Република.

]]>
О2 иницијатива: Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/o2-initsijativa-dali-zagaduvaneto-na-vozduhot-so-pm10-se-namaluva-ili-se-zgolemuva/ Wed, 04 Jan 2023 09:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=593463

О2 иницијатива објави споредба на податоците од 2005 до 2022 година за загадувањето на воздухот со ПМ10 честички. Тие велат дека во Скопје, Тетово, Миладиновци, Кочани, Битола и Гостивар се регистрирани најниски вредности во изминатите две години.

„Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува?

Направивме споредба од 2005 до 2022 година служејќи се со податоците од МЖСПП.

Главен тренд е на намалување, наспроти субјективното чувство дека е исто или полошо.

Најниски вредности за Скопје, Миладиновци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар се регистрирани во изминативе две години. За Кавадарци и Велес во 2016, Кичево во 2018, Струмица во 2019.

Троцифрените вредности за PM10 се јавуваат кога индустријата работи без филтри.

Законски пропишани вредности до 40 µg/m3 годишно, за 2022 година имаме во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Лазарополе и Берово. Најверојатно тука се и Кочани и Гевгелија, но за нив нема доволно мерења во 2022. До 2017 година само Лазараполе го постигнувал законскот лимит.

Највисоки вредности во 2022 г. имаат Струмица и Кичево.

Во однос на годишните вредности за PM10 според СЗО, до 15 µg/m3, само Лазарополе го исполнува тој услов.

На што се должи главниот тренд на намалување на загадувањето не може да се каже точно, но временските прилики играат клучна улога.

Сериозен проблем за вистинско споредување на просечните годишни вредности се бројните денови без податоци. Мониторинг системот на МЖСПП никако да се доведе во состојба на континуирано мерење, постојано има празнини и не е можно точно детерминирање на вредностите и нивно споредување”, стои во објавата.

The post О2 иницијатива: Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува? appeared first on Република.

]]>

О2 иницијатива објави споредба на податоците од 2005 до 2022 година за загадувањето на воздухот со ПМ10 честички. Тие велат дека во Скопје, Тетово, Миладиновци, Кочани, Битола и Гостивар се регистрирани најниски вредности во изминатите две години. „Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува? Направивме споредба од 2005 до 2022 година служејќи се со податоците од МЖСПП. Главен тренд е на намалување, наспроти субјективното чувство дека е исто или полошо. Најниски вредности за Скопје, Миладиновци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар се регистрирани во изминативе две години. За Кавадарци и Велес во 2016, Кичево во 2018, Струмица во 2019. Троцифрените вредности за PM10 се јавуваат кога индустријата работи без филтри. Законски пропишани вредности до 40 µg/m3 годишно, за 2022 година имаме во Карпош, Гази Баба, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Лазарополе и Берово. Најверојатно тука се и Кочани и Гевгелија, но за нив нема доволно мерења во 2022. До 2017 година само Лазараполе го постигнувал законскот лимит. Највисоки вредности во 2022 г. имаат Струмица и Кичево. Во однос на годишните вредности за PM10 според СЗО, до 15 µg/m3, само Лазарополе го исполнува тој услов. На што се должи главниот тренд на намалување на загадувањето не може да се каже точно, но временските прилики играат клучна улога. Сериозен проблем за вистинско споредување на просечните годишни вредности се бројните денови без податоци. Мониторинг системот на МЖСПП никако да се доведе во состојба на континуирано мерење, постојано има празнини и не е можно точно детерминирање на вредностите и нивно споредување”, стои во објавата.

The post О2 иницијатива: Дали загадувањето на воздухот со PM10 се намалува или се зголемува? appeared first on Република.

]]>
О2 Иницијатива: Скопје заостанува 20 години од чиста, функционална метропола https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/o2-initsijativa-skopje-zaostanuva-20-godini-od-chista-funktsionalna-metropola/ Thu, 29 Dec 2022 08:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=591310

Се усвои буџетот на град Скопје за 2023 година и тој ќе изнесува 6,4 милиони евра за функцијата заштита на животната средина.

Доколку ги земеме предвид сите предизвици со кои се соочува Скопје со загадувањето и заштитата на животната средина и природата, планираните средства за овие области, за 2023 година не се доволни – истакнаа од О2 Иницијатива.

Според анализата која О2 Иницијатива ја направи на буџетите од 2014 до последниов предлог за 2023 по однос на функцијата заштита на животна средина, најголем реализиран буџет за заштита на животна средина имало во 2020 – 9.67 милиони евра , потоа во 2021 – 8.96 милиони евра, па во 2019 – 8.44 милиони евра, за време на градоначелствувањето на Петре Шилегов.

Најмали буџети се во 2014 – 2.77 милиони евра и 2015 – 2.77 милиони евра, кога градончалник бил Коце Трајановски, и последниот реализиран буџет за 2022, до 30.09.2022 – 2.45 милиони евра, со Данела Арсовска како градоначалничка.

Од О2 Иницијатива наведоа дека ќе ја следат финалната реализација за 2022 година, за која планираниот буџет беше 5.58 милиони евра.

Во буџетот за заштита на животна средина влегуваат: Одржување и користење на паркови и зеленило и капитални трошоци за нив, посебно заштита на животната средина и природа со капитални расходи, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и јавна чистота со капитални трошоци.

Нашата анализа јасно покажува дека најмногу средства се вложени во паркови и зеленило, капитални трошоци. Во периодот од 2014-2017 на второ место е одведување и пречистувањето на отпадни води, во 2019 и до 30 сеп. 2022 тоа е јавната чистота, а во 2018, 2020, 2021 и планираниот за 2023, тоа е посебно заштитата на животната средина и природа.  Анализата покажува многу формални испитувања, анализи, програми и елаборати, но многу мала реализација на терен, посочија од О2 Иницијатива.

Оттаму посочија дека се градат фекални канализации, но пречистителна станица за Скопје сè уште нема, не е јасно во која фаза од процесот е заглавена.

Нема ниту една педа помрднување кон интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот регион. На ниво сме на поставување контејнери и собирање на ѓубрето, во постојана борба со дивите депонии, тоа е дострелот. Селекција, рециклирање се речиси непостоечки. Дрисла е само една голема старомодна депонија од минатиот век, која не е ни приближно она што треба да биде во денешно време во кое сите одговорни градови се стремат кон нула отпад, потенцираа од Иницијативата.

Оттаму додадоа дека се утврдува загаденоста со тешки метали во зеленчукот и овошјето, но не се прочистува загадената почва, како и дека се утврдува загаденоста на реките и на подземните води, но не се прочистуваат и не се решаваат нелегалните испусти во нив. Изворите на вода не се соодветно заштитени.

– Заштитените подрачја (Водно, парк на природата Гази Баба, Езерце, Острово..) се главно заштитени на хартија, а во реалност оставени на (не)одговорност на граѓаните и институциите. Аерозагадувањето е хронично високо, но нема системски пристап и сериозен план за негово конечно решавање во догледно време. Еколошки јавен превоз и безбедна мрежа на велопатеки се уште далеку од дофат. Постојано има интензивни градежни активности, без нормален сооднос на парковско зеленило во урбаните блокови. Далеку сме од препорачаните 25м2 зеленило по жител. Енергетската ефикаснот на објектите и обновливите извори на енергија се во почетна фази, потенцираа од О2 Иницијатива.

The post О2 Иницијатива: Скопје заостанува 20 години од чиста, функционална метропола appeared first on Република.

]]>

Се усвои буџетот на град Скопје за 2023 година и тој ќе изнесува 6,4 милиони евра за функцијата заштита на животната средина.

Доколку ги земеме предвид сите предизвици со кои се соочува Скопје со загадувањето и заштитата на животната средина и природата, планираните средства за овие области, за 2023 година не се доволни – истакнаа од О2 Иницијатива. Според анализата која О2 Иницијатива ја направи на буџетите од 2014 до последниов предлог за 2023 по однос на функцијата заштита на животна средина, најголем реализиран буџет за заштита на животна средина имало во 2020 – 9.67 милиони евра , потоа во 2021 – 8.96 милиони евра, па во 2019 – 8.44 милиони евра, за време на градоначелствувањето на Петре Шилегов. Најмали буџети се во 2014 – 2.77 милиони евра и 2015 – 2.77 милиони евра, кога градончалник бил Коце Трајановски, и последниот реализиран буџет за 2022, до 30.09.2022 – 2.45 милиони евра, со Данела Арсовска како градоначалничка. Од О2 Иницијатива наведоа дека ќе ја следат финалната реализација за 2022 година, за која планираниот буџет беше 5.58 милиони евра. Во буџетот за заштита на животна средина влегуваат: Одржување и користење на паркови и зеленило и капитални трошоци за нив, посебно заштита на животната средина и природа со капитални расходи, изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води и јавна чистота со капитални трошоци.
Нашата анализа јасно покажува дека најмногу средства се вложени во паркови и зеленило, капитални трошоци. Во периодот од 2014-2017 на второ место е одведување и пречистувањето на отпадни води, во 2019 и до 30 сеп. 2022 тоа е јавната чистота, а во 2018, 2020, 2021 и планираниот за 2023, тоа е посебно заштитата на животната средина и природа.  Анализата покажува многу формални испитувања, анализи, програми и елаборати, но многу мала реализација на терен, посочија од О2 Иницијатива.
Оттаму посочија дека се градат фекални канализации, но пречистителна станица за Скопје сè уште нема, не е јасно во која фаза од процесот е заглавена.
Нема ниту една педа помрднување кон интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Скопскиот регион. На ниво сме на поставување контејнери и собирање на ѓубрето, во постојана борба со дивите депонии, тоа е дострелот. Селекција, рециклирање се речиси непостоечки. Дрисла е само една голема старомодна депонија од минатиот век, која не е ни приближно она што треба да биде во денешно време во кое сите одговорни градови се стремат кон нула отпад, потенцираа од Иницијативата.
Оттаму додадоа дека се утврдува загаденоста со тешки метали во зеленчукот и овошјето, но не се прочистува загадената почва, како и дека се утврдува загаденоста на реките и на подземните води, но не се прочистуваат и не се решаваат нелегалните испусти во нив. Изворите на вода не се соодветно заштитени. – Заштитените подрачја (Водно, парк на природата Гази Баба, Езерце, Острово..) се главно заштитени на хартија, а во реалност оставени на (не)одговорност на граѓаните и институциите. Аерозагадувањето е хронично високо, но нема системски пристап и сериозен план за негово конечно решавање во догледно време. Еколошки јавен превоз и безбедна мрежа на велопатеки се уште далеку од дофат. Постојано има интензивни градежни активности, без нормален сооднос на парковско зеленило во урбаните блокови. Далеку сме од препорачаните 25м2 зеленило по жител. Енергетската ефикаснот на објектите и обновливите извори на енергија се во почетна фази, потенцираа од О2 Иницијатива.

The post О2 Иницијатива: Скопје заостанува 20 години од чиста, функционална метропола appeared first on Република.

]]>
Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/koj-kje-gi-obeshteti-gragjanite-koi-se-iznadishaa-azbestni-vlakna-dodeka-goreshe-treska/ Sat, 16 Apr 2022 08:59:15 +0000 https://republika.mk/?p=489224

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови, велат од О2 иницијатива.

Азбестот е на листата на опасен отпад. Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме. Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош.

Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест?

Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?, се вели во објавата.

The post Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? appeared first on Република.

]]>

Сите ние што бевме надвор додека гореа азбестни кровови во Треска бевме изложени на азбестни влакна кои педизвикуваат бројни респираторни проблеми, се канцерогени и предизвикуваат рак на белите дробови, велат од О2 иницијатива.
Азбестот е на листата на опасен отпад. Немаше јавно предупредување за тргање од улиците и парковите и затворање на прозорите дома додека азбестниве влакна си патуваа низ воздухот кој го вдишуваме. Загрозено беше здравјето на секој жител на Скопје, особено на тие од Центар и Карпош. Кога азбестниве покриви и изолации ќе се отсранат од градов на безбеден начин и нема да чекаме пожари или несоодветни рушења на објекти кои нè изложуваат на канцерогениот опасен отпад, азбест? Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна? Кој ќе е одговорен што немаше предупредување за граѓаните да се тргнат од надворешниот простор и ги затворат прозорите?, се вели во објавата.

The post Кој ќе ги обештети граѓаните кои се изнадишаа азбестни влакна додека гореше „Треска“? appeared first on Република.

]]>