нутриционист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nutricionist/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 10:38:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нутриционист Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nutricionist/ 32 32 Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jadat-i-po-15-jajtsa-dnevno-za-podobar-zadnik-ke-im-donese-samo-narusheno-zdravje-i-agresija-predupreduva-nutritsionistot-dineva-jovanovska/ Thu, 17 Oct 2024 13:03:42 +0000 https://republika.mk/?p=828068

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.

@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵

Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки.

Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.

Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.

Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици:

- Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол
- Замастување на црн дроб
- Згрутчување на крвните садови
- Хормонален дисбаланс
- Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања
- Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе)
- Опстипација (нередовно празнење на цревата)
- Стрес
- Агресија
- Нервоза,

кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.

Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.

Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.

За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини.
Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.

 

The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>

Самопрогласени „експерти“ и „нутриционисти“ преку „Тик ток“ советуваат дека со јадење на голема количина на тврдо варени јајца се зголемува и подигнува задникот и тоа „без вежбање“.
@hananerech Food that has helped me grow my glutes! Eat good!! 🫶🏽💪🏽 #transformation #fyp #gymtok #xyzbca #fitness #nutrition #fypシ #fitnessmotivation #gymtips #transformationvideo #food ♬ son original - 🎵
Станува збор за неколку видеа од Тик ток на кои самопрогласени нутриционисти велат дека со јадење на колку што можете повеќе варени јајца, вашиот задник ќе биде полн и подигнат „подобро отколку од вежбање“. Секако со вакви видеа лесно е да се заведат младите тинејџерки. Дека овој опасен тренд од кратките видеа на интернет зема замав и на Балканот предупредува Тања Ј., мајка на 14-годишно девојче од Србија.
Забележав дека ќерка ми јаде голема количина варени јајца секој ден, иако знам дека не е љубител на јајца. Кога ја прашав што прави прво се обиде да ме излаже, но потоа ми призна дека тоа е тренд на „Тик ток“ и дека јаде речиси 15 јајца дневно за да го подигне задникот и тој да ѝ биде во подобра форма отколку да оди во теретана. Останав без зборови, бесна и исплашена. Тоа не е нормално, не е здраво, бидејќи лекарите советуваат јајца да се јадат умерено. Навистина апелирам до родителите да се грижат и да бидат повеќе вклучени со своите деца, бидејќи вакви работи може да се пропуштат!, вели таа.
Зборувајќи за тоа колку опасен и погрешен е овој „совет“, сертифицираниот нутриционист Бојка Динева Јовановска од Здружението за нутриционизам и диететика „Цд Диет Клуб Бојка“ за „Република“ вели дека штетата може да биде многу голема по нивното здравје со несакани последици: - Зголемување на ЛДЛ лошиот холестерол - Замастување на црн дроб - Згрутчување на крвните садови - Хормонален дисбаланс - Зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања - Преоптоварување на жолчката (жолчното кесе) - Опстипација (нередовно празнење на цревата) - Стрес - Агресија - Нервоза, кои што ќе произлезат од крајниот непосакуван резултат, а тоа доведува до големо  разочарување.
Сè повеќе на социјалниte мрежи се шират разни реклами со препарати за слабеење кои ветуваат брзи резултати за кратко време. Разни видови на напитоци, прашоци, таблети, креми итн. Сето тоа е само една лага. Резултати не може да се добијат преку ноќ, волшебно стапче не постои. Со повеќе труд и желба, здрава исхрана и вежбање до солидни резултати, потенцира Динева Јовановска, која е и автор на книгата со здрави рецепти „За здрава храна“ - едно убаво четиво за подобар, успешен и исполнет животен век.
Таа препорачува дека правилната дневна доза за возрасните е две јајца, варени како ужинка со свеж зеленчук или како омлет за време на ручек со свежа салата.
За младите коишто вежбаат и сакаат да изгледаат фит и здраво, препорачувам консумирање на 3 до 5 живи јајца од препелица (зависно од возраста), наутро во смути. Јајцата од препелица се невидена биогена енергија, полни се со витамини и минерали, и есенцијални аминокиселини. Даваат енергија и го подобруваат целокупното здравје, вели Динева Јовановска.
 

The post Јадат и по 15 јајца дневно за подобар задник – ќе им донесе само нарушено здравје и агресија, предупредува нутриционистот Динева Јовановска appeared first on Република.

]]>
Нутриционистка за пациенти заболени од рак открива: Никогаш не би ги јадела овие 10 намирници! https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nutritsionistka-za-patsienti-zaboleni-od-rak-otkriva-nikogash-ne-bi-gi-jadela-ovie-10-namirnitsi/ Thu, 10 Oct 2024 10:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=825107

Никол Ендруз е 38-годишна нутриционистка за онколошки пациенти која станала многу позната откако објавила 10 намирници кои се штетни по здравјето.

„Знам колку може да биде корисна и лековита храната, колку влијае врз резултатите од лекувањето и превенцијата на враќањето на болеста.

За жал, постојат толку дезинформации околу тоа што смеат луѓето да јадат, па се радувам што можам да ве информирам во ова видео и да ги решам забуните.“

Никол во видео на ТикТок открила список на намирници кои се многу штетни по здравјето…

1. Алкохол
„Не консумирам алкохол. Сите видови алкохол, вклучувајќи го и црното вино, го зголемуваат ризикот од шест различни карциноми. Тоа е така поради етанолот во алкохолот. Апсолутно секоја консумација на алкохол – која и да е – веднаш почнува да го зголемува ризикот од рак.“

2. Месни преработки
„Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево при секоја консумација.“

3. Црвено месо
Според Никол, ова месо е генерално штетно.

4. Празни калории од засладени сокови и коктели
„Кога ќе излезам во ресторан, пијам само вода“, вели Никол.

5. Колбаси полнети со најмасното месо и внатрешни органи
6. Шеќери

7. Храна во прекумерна количина, генерално
„Црвеното месо нема да го зголеми ризикот од рак при самото консумирање, како што тоа го прават алкохолот и преработеното месо, но ќе го зголеми ризикот од колоректален рак ако секоја недела јадеме по 4 килограми од ова месо.

Обично се држам до една порција црвено месо неделно или едноставно не го јадам. Па така, кога јадам надвор или готвам дома, оброците ги приготвувам со пилешко, мисиркино месо, риба, морски плодови или разни видови растителни протеини, како соја.“

8. Претерана количина на кафе
Никол тврди дека две кафиња дневно нема да му наштетат на телото, но претераната количина на кафе во текот на денот ќе му наштети.

9. Бело брашно
„Јас сум девојка која јаде само интегрални намирници. Тие содржат повеќе влакна и хранливи материи.“

10. Млеко
Никол открила дека генерално одбегнува млечни производи.

@oncology.nutrition.rd Say goodbye to confusion and uncertainty. Join my 1:1 coaching program today, regain control over your diet, and get back to living your life to the fullest! 🌟🌟LINK IN BIO TO APPLY for 1:1 support TODAY!🌟🌟 #breastcancerjourney #lungcancerawareness #bravetheshave #lymphomaawareness  #livercancer #kidneycancer #prostatecancerawareness #radiationtherapy #hormonetherapy #sarcomaawareness #cancerresearchUK  #pancreaticcancer #lymphoma #ovariancancer #prostatecancer  #cancerfree#cancerwarrior#cancerfighter #oncology #breastcancersurvivor #cancerresearch #chemotherapy #chemo #cancerpatient#cancerawarenessmonth #oncologynurses#cancercure#cancernation #breastcancercare #cancermotivation ♬ original sound - Nichole | Oncology Dietitian

The post Нутриционистка за пациенти заболени од рак открива: Никогаш не би ги јадела овие 10 намирници! appeared first on Република.

]]>

Никол Ендруз е 38-годишна нутриционистка за онколошки пациенти која станала многу позната откако објавила 10 намирници кои се штетни по здравјето. „Знам колку може да биде корисна и лековита храната, колку влијае врз резултатите од лекувањето и превенцијата на враќањето на болеста. За жал, постојат толку дезинформации околу тоа што смеат луѓето да јадат, па се радувам што можам да ве информирам во ова видео и да ги решам забуните.“ Никол во видео на ТикТок открила список на намирници кои се многу штетни по здравјето… 1. Алкохол „Не консумирам алкохол. Сите видови алкохол, вклучувајќи го и црното вино, го зголемуваат ризикот од шест различни карциноми. Тоа е така поради етанолот во алкохолот. Апсолутно секоја консумација на алкохол – која и да е – веднаш почнува да го зголемува ризикот од рак.“ 2. Месни преработки „Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дебелото црево при секоја консумација.“ 3. Црвено месо Според Никол, ова месо е генерално штетно. 4. Празни калории од засладени сокови и коктели „Кога ќе излезам во ресторан, пијам само вода“, вели Никол. 5. Колбаси полнети со најмасното месо и внатрешни органи 6. Шеќери 7. Храна во прекумерна количина, генерално „Црвеното месо нема да го зголеми ризикот од рак при самото консумирање, како што тоа го прават алкохолот и преработеното месо, но ќе го зголеми ризикот од колоректален рак ако секоја недела јадеме по 4 килограми од ова месо. Обично се држам до една порција црвено месо неделно или едноставно не го јадам. Па така, кога јадам надвор или готвам дома, оброците ги приготвувам со пилешко, мисиркино месо, риба, морски плодови или разни видови растителни протеини, како соја.“ 8. Претерана количина на кафе Никол тврди дека две кафиња дневно нема да му наштетат на телото, но претераната количина на кафе во текот на денот ќе му наштети. 9. Бело брашно „Јас сум девојка која јаде само интегрални намирници. Тие содржат повеќе влакна и хранливи материи.“ 10. Млеко Никол открила дека генерално одбегнува млечни производи.
@oncology.nutrition.rd Say goodbye to confusion and uncertainty. Join my 1:1 coaching program today, regain control over your diet, and get back to living your life to the fullest! 🌟🌟LINK IN BIO TO APPLY for 1:1 support TODAY!🌟🌟 #breastcancerjourney #lungcancerawareness #bravetheshave #lymphomaawareness  #livercancer #kidneycancer #prostatecancerawareness #radiationtherapy #hormonetherapy #sarcomaawareness #cancerresearchUK  #pancreaticcancer #lymphoma #ovariancancer #prostatecancer  #cancerfree#cancerwarrior#cancerfighter #oncology #breastcancersurvivor #cancerresearch #chemotherapy #chemo #cancerpatient#cancerawarenessmonth #oncologynurses#cancercure#cancernation #breastcancercare #cancermotivation ♬ original sound - Nichole | Oncology Dietitian

The post Нутриционистка за пациенти заболени од рак открива: Никогаш не би ги јадела овие 10 намирници! appeared first on Република.

]]>
Поради овие грешки се дебелеете и имате гасови за време на постот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poradi-ovie-greshki-se-debeleete-i-imate-gasovi-za-vreme-na-postot/ Wed, 20 Dec 2023 18:35:16 +0000 https://republika.mk/?p=724430

Во тек е постот кој ќе трае до Божиќ, а одредени грешки при постењето предизвикуваат стомачни проблеми како надуеност, гасови и болки, а на крај иако се воздржувате од одредена храна, може да завршите и со неколку килограми вишок. Според нутриционистката Ивана Шарчевиќ, за да ги избегнете овие проблеми, во исхраната мора да внесете и намирници кои ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви дадат енергија.

Додава дека доколку немате добро осмислен план како ќе се храните за време на постот, многу е можно на крајот да претерате со внесот на јаглехидрати.

Со несоодветна посна исхрана, луѓето многу често се доведуваат на крајот на постот да се здебелени. Покрај тоа, може да дојде до авитаминоза и губење на минерали. Посната исхрана треба да биде разновидна, со многу свежо овошје и зеленчук, мешунки, житарки, одбрани извори на протеини, кои всушност се најголемиот предизвик. За оние кои постат на масло и риба, има поголем избор, но и доколку го одберете построгиот пост постојат опции, вели нутриционистката за „Србија данас“.

Битно, вели, е да ги сведите на минимум тестата, лебот, питите, масните намази, тешките чорби со запршка.

За да внесувате повеќе протеини, таа советува да почнете да ги користите намирниците како киноа, тофу сирење, наутот и леќата, па дури и сејтанот, сојата и темпехот.

Потенцира дека најдобрата комбинација е оброкот да содржи протеини, јаглени хидрати, влакна и добар избор на масти.

Многумина се водат и од мислењето дека посната храна е поздрава храна, па затоа претеруваат во количините. Но, важно е да се нагласи дека секоја храна, може да предизвика сериозни проблеми доколку ја надмине, да речеме, препорачаната дневна количина на влакна. Па, така и да јадете само зелка, која е здрава, во поголеми количини ќе ви донесе надуеност, гасови, неможност за апсорпција на други материи и слично, алармираа таа.

The post Поради овие грешки се дебелеете и имате гасови за време на постот appeared first on Република.

]]>

Во тек е постот кој ќе трае до Божиќ, а одредени грешки при постењето предизвикуваат стомачни проблеми како надуеност, гасови и болки, а на крај иако се воздржувате од одредена храна, може да завршите и со неколку килограми вишок. Според нутриционистката Ивана Шарчевиќ, за да ги избегнете овие проблеми, во исхраната мора да внесете и намирници кои ќе ви го зајакнат имунитетот и ќе ви дадат енергија. Додава дека доколку немате добро осмислен план како ќе се храните за време на постот, многу е можно на крајот да претерате со внесот на јаглехидрати.
Со несоодветна посна исхрана, луѓето многу често се доведуваат на крајот на постот да се здебелени. Покрај тоа, може да дојде до авитаминоза и губење на минерали. Посната исхрана треба да биде разновидна, со многу свежо овошје и зеленчук, мешунки, житарки, одбрани извори на протеини, кои всушност се најголемиот предизвик. За оние кои постат на масло и риба, има поголем избор, но и доколку го одберете построгиот пост постојат опции, вели нутриционистката за „Србија данас“.
Битно, вели, е да ги сведите на минимум тестата, лебот, питите, масните намази, тешките чорби со запршка. За да внесувате повеќе протеини, таа советува да почнете да ги користите намирниците како киноа, тофу сирење, наутот и леќата, па дури и сејтанот, сојата и темпехот. Потенцира дека најдобрата комбинација е оброкот да содржи протеини, јаглени хидрати, влакна и добар избор на масти.
Многумина се водат и од мислењето дека посната храна е поздрава храна, па затоа претеруваат во количините. Но, важно е да се нагласи дека секоја храна, може да предизвика сериозни проблеми доколку ја надмине, да речеме, препорачаната дневна количина на влакна. Па, така и да јадете само зелка, која е здрава, во поголеми количини ќе ви донесе надуеност, гасови, неможност за апсорпција на други материи и слично, алармираа таа.

The post Поради овие грешки се дебелеете и имате гасови за време на постот appeared first on Република.

]]>
Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nutritsionist-predupreduva-ova-popularno-ovoshje-da-ne-se-jade-za-pojadok/ Wed, 06 Dec 2023 13:27:56 +0000 https://republika.mk/?p=720349

Ако сте како повеќето, брзате наутро и појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.

Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но набргу ќе бидете уморни и гладни, рекол тој за Бирд.

Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца.

Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќерот во крвта. На прво место треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку секој ден јадат банани.

 

The post Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок appeared first on Република.

]]>

Ако сте како повеќето, брзате наутро и појадувате нешто што може да се јаде во движење. Затоа, бананите се популарен избор, но според нутриционистот Дерил Џофре, тие треба да се избегнуваат наутро.
Бананите изгледаат како совршен избор, но имаат 25 проценти шеќер и се умерено кисели. Тоа на почетокот ќе ви даде енергија, но набргу ќе бидете уморни и гладни, рекол тој за Бирд.
Така, иако бананите се полни со калиум и витамин Б6 и немаат холестерол и сол, тие нема да ја одржат нашата енергија во текот на денот. Џофре советува да ги комбинирате со извори на здрави масти, како што се јаткасти плодови, семки, авокадо, маслинки и јајца. Националната медицинска библиотека на САД составува голем број студии што откриле дека јадењето банани за појадок е проблематично бидејќи тие се поврзани со зголемување на нивото на шеќерот во крвта. На прво место треба да бидат внимателни пациентите со дијабетес тип 2, чие ниво на шеќер може сериозно да се промени доколку секој ден јадат банани.  

The post Нутриционист предупредува ова популарно овошје да не се јаде за појадок appeared first on Република.

]]>
„Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zelka-dieta-po-retsept-na-jugoslovenski-nutritsionist-najdobra-za-brzo-chistene-na-organizmot/ Sat, 28 Oct 2023 08:08:02 +0000 https://republika.mk/?p=695465

Нутриционистот Предраг Ненадиќ, кој важи за еден од најпознатите нутриционисти од поранешна Југославија, неодамна потсети познатата „диета со зелка“ со која можете да изгубите и до 5 килограми неделно.

Финтата е во тоа што резултатите не траат долго, т.е. килограмите се враќаат многу брзо ако престанете да внимавате на исхраната.

Диетата со зелка се препорачува само во еден случај - како увертира за промена на навиките во исхраната и стабилизирање на телесната тежина и не се препорачува да се држите до неа долго време.

Се препорачува после првичното држење до режимот со чорбата на база на зелка, да продолжите да водите здрав живот со редовна физичка активност и консумирање на разновидна здрава храна.

Како да се подготви супа од зелка за брзо губење на тежината:

Потребно е:

6 големи перки на млад кромид (во зима може да се користи главица стар кромид или праз)
2 пиперки
една голема свежа зелка
малку сол и бибер
по желба и зачини

Подготовка: 

Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере и налејте доволно вода за да ја покрие. Додадете ги останатите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека зелката не омекне.

Напомена:

Оваа манџа мора да ја јадете секој ден кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Чорбата нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако го јадете само ова јадење долго време, ќе станете неухранети.

Распоред:

Ден 1: Може да јадете било какво овошје, освен банани, но изберете ги оние со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа супа од зелка и пијте вода или незасладени чаеви.

Ден 2: На ​​овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете колку што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук и избегнувајте зелка и пченка. Почестете се со голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје и секако не заборавајте да каснете и од чорбата.

Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани.

Ден 4: На ​​овој ден јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете до 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка.

Ден 5: Говедско месо и домати. Во текот на денот можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо и шест свежи домати. Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе помогне во детоксикацијата. Јадете и најмалку две порции од чорбата.

Ако ги следите овие правила, доктор Ненадиќ вели дека ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела.

По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка:

Резултатите се краткорочни. Тежината се губи многу брзо, но по диетата може да се врати исто толку брзо.

Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост, понекогаш дури и гадење. Ако супата од зелка ви пречи на стомакот, отстранете ги корените и ребрата и варете ја супата само од меките листови.

Некои луѓе може да се чувствуваат тромо поради недостаток на калории и недостаток на енергија, но ако јадете повеќе од таа супа од зелка, ќе го почувствувате тој недостаток помалку.

The post „Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот appeared first on Република.

]]>

Нутриционистот Предраг Ненадиќ, кој важи за еден од најпознатите нутриционисти од поранешна Југославија, неодамна потсети познатата „диета со зелка“ со која можете да изгубите и до 5 килограми неделно. Финтата е во тоа што резултатите не траат долго, т.е. килограмите се враќаат многу брзо ако престанете да внимавате на исхраната. Диетата со зелка се препорачува само во еден случај - како увертира за промена на навиките во исхраната и стабилизирање на телесната тежина и не се препорачува да се држите до неа долго време. Се препорачува после првичното држење до режимот со чорбата на база на зелка, да продолжите да водите здрав живот со редовна физичка активност и консумирање на разновидна здрава храна.

Како да се подготви супа од зелка за брзо губење на тежината:

Потребно е: 6 големи перки на млад кромид (во зима може да се користи главица стар кромид или праз) 2 пиперки една голема свежа зелка малку сол и бибер по желба и зачини Подготовка:  Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере и налејте доволно вода за да ја покрие. Додадете ги останатите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека зелката не омекне. Напомена: Оваа манџа мора да ја јадете секој ден кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Чорбата нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако го јадете само ова јадење долго време, ќе станете неухранети.

Распоред:

Ден 1: Може да јадете било какво овошје, освен банани, но изберете ги оние со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа супа од зелка и пијте вода или незасладени чаеви. Ден 2: На ​​овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете колку што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук и избегнувајте зелка и пченка. Почестете се со голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје и секако не заборавајте да каснете и од чорбата. Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани. Ден 4: На ​​овој ден јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете до 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка. Ден 5: Говедско месо и домати. Во текот на денот можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо и шест свежи домати. Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе помогне во детоксикацијата. Јадете и најмалку две порции од чорбата. Ако ги следите овие правила, доктор Ненадиќ вели дека ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела. По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка:

Резултатите се краткорочни. Тежината се губи многу брзо, но по диетата може да се врати исто толку брзо. Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост, понекогаш дури и гадење. Ако супата од зелка ви пречи на стомакот, отстранете ги корените и ребрата и варете ја супата само од меките листови. Некои луѓе може да се чувствуваат тромо поради недостаток на калории и недостаток на енергија, но ако јадете повеќе од таа супа од зелка, ќе го почувствувате тој недостаток помалку.

The post „Зелка диета“ по рецепт на југословенски нутриционист, најдобра за брзо чистење на организмот appeared first on Република.

]]>
Нутриционистка објаснува кој треба, а кој не треба да јадe млад кромид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/nutritsionistka-objasnuva-koj-treba-a-koj-ne-treba-da-jade-mlad-kromid/ Mon, 20 Mar 2023 14:39:21 +0000 https://republika.mk/?p=621636

Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести.

Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото.

Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.

Малку или воопошто не треба да јадете млад кромид ако имате чувствителен стомак или желудник, ако страдате од гастритис или имате киселини. Како и да е, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, но неопходно е да се внесат онолку колку што му годи на вашиот организам, вели Нефедова.

Таа советува и дека за да останет свеж и да не ги изгуби своите корисни својства, неопходно е младиот кромид да се чува во фрижидер и тоа стебленцата да не се прилепени едно до друго, за да се избегне гниењето.

The post Нутриционистка објаснува кој треба, а кој не треба да јадe млад кромид appeared first on Република.

]]>

Младиот кромид содржи витамини и минерали, фолна киселина, железо, хранливи влакна и хранливи материи. Благодарение на неговиот уникатен состав, тој може да ги намали воспаленјата во телото и го зајакнува имунитетот. Лекарите го препорачуваат за многу болести. Кромитчето, исто така, помага да се намали внесот на сол во телото. Но, како што објаснува нутриционистката Наталија Нефедоца за „Спутик“, не секој може да го поднесе, и тоа не само поради мирисот што после излегува од устата.
Малку или воопошто не треба да јадете млад кромид ако имате чувствителен стомак или желудник, ако страдате од гастритис или имате киселини. Како и да е, тоа не значи дека воопшто не треба да се јаде, но неопходно е да се внесат онолку колку што му годи на вашиот организам, вели Нефедова.
Таа советува и дека за да останет свеж и да не ги изгуби своите корисни својства, неопходно е младиот кромид да се чува во фрижидер и тоа стебленцата да не се прилепени едно до друго, за да се избегне гниењето.

The post Нутриционистка објаснува кој треба, а кој не треба да јадe млад кромид appeared first on Република.

]]>
Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/podobro-e-da-izedete-pitsa-odoshto-sekoj-den-da-jadete-zhitarki/ Sun, 19 Mar 2023 20:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=621346

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете!

Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица.

Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити.

Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот.

Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!

„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.

Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>

Доколку и вие спаѓате во групата луѓе што сметаат дека житарките се еден од најздравите појадоци, се лажете! Житарките за многумина се најчестиот избор за појадок, како поради тоа што се приготвуваат многу брзо така и поради општоприфатеното мислење дека се здрави. Меѓутоа, нутриционистите сметаат дека повеќето житарки се толку хранливи што, всушност, подобро да изедете парче пица. Имено, тие истакнуваат дека едно просечно парче пица и порција житарки содржат речиси ист број калории, но додаваат дека пицата дури содржи и извесен број протеини, што подолго време ќе ве држат сити. Нутриционистката Челси Ејмер додава и дека пицата содржи повеќе масти, а помалку шеќер од повеќето житарки кои може да се најдат во продавниците, па така пицата нема да ви предизвика ненадеен скок на шеќерот. Секако, ова не значи дека секое утро треба да појадувате пица!
„Добрата работа во врска со пицата, во споредба со многу житарки што може да се најдат во продавниците, е тоа што таа содржи балансирана количина на протеини, масти и јаглехидрати. Житарките, од друга страна, генерално содржат премногу шеќер“, вели нутриционистот Сајмон Јуркив.
Сајмон препорачува да го започнете денот со оброк што содржи балансирана количина на здрави масти, влакна, сложени јаглехидрати и протеини. Таков пример е овесната каша, но ако додадете лажица путер од кикирики во неа.

The post Подобро е да изедете пица одошто секој ден да јадете житарки appeared first on Република.

]]>
Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/da-se-jade-salo-i-slanina-e-mnogu-pozdravo-od-shto-ne-lazhele/ Thu, 02 Mar 2023 17:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=614093

Не треба да ги исфрламе од исхраната свинската маст и сланината, вели нутриционистката Андреа Биланџија, објаснувајќи какви нутритивни вредности за нашето тело имаат овие намирници.

Иако со години ја плукаат како „лоша храна“, свинската маст има бројни придобивки ако се користи правилно и умерено. Таа е богата со витамините А, Д и Е, но покрај тоа, како и сите други масла и масти, содржи и многу калории, поради што треба да внимавате на количината. Дневниот калориски внес од масти не треба да надминува 30%. Всушност, салото е идеално за пржење и за термичка обработка на храната бидејќи има најголема отпорност на високи температури, поточно има висока точка на чадење, што го прави едно од најстабилните масла за термичка обработка на покачени температури, објаснува таа.

Додава и дека свинската маст содржи холестерол, кој во организмот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, важен за апсорпцијата на калциумот.

Што се однесува на сланината, пак, покрај протеините од месото, таа содржи и витамини од групата Б, селен, фосфор, железо, цинк итн.

Иако содржи околу 400 калории на 100 грама и околу 40% од тоа се масти, сланината е многу квалитетна храна која секако може да најде место во вашата чинија. Секако, сланината сепак е храна која не се јаде во големи количиним па клучот е умереноста, но и начинот на подготовка, вели Биланџија.

Таа објаснува дека нитратите и нитритите, кои ги содржат некои од пакуваните сланини, на високи температури се претвораат во канцерогени нитрозамини. Затоа, најдобро би било да јадете сланина во природна форма, а да избегнувате пржење на високи температури.

Друга работа што мора да ја имаме на ум при конзумирањето сланина е фактот дека содржи многу сол, поради што луѓето кои страдаат од висок крвен притисок мора да бидат внимателни.

The post Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле appeared first on Република.

]]>

Не треба да ги исфрламе од исхраната свинската маст и сланината, вели нутриционистката Андреа Биланџија, објаснувајќи какви нутритивни вредности за нашето тело имаат овие намирници.
Иако со години ја плукаат како „лоша храна“, свинската маст има бројни придобивки ако се користи правилно и умерено. Таа е богата со витамините А, Д и Е, но покрај тоа, како и сите други масла и масти, содржи и многу калории, поради што треба да внимавате на количината. Дневниот калориски внес од масти не треба да надминува 30%. Всушност, салото е идеално за пржење и за термичка обработка на храната бидејќи има најголема отпорност на високи температури, поточно има висока точка на чадење, што го прави едно од најстабилните масла за термичка обработка на покачени температури, објаснува таа.
Додава и дека свинската маст содржи холестерол, кој во организмот под влијание на УВ зраците се претвора во витамин Д, важен за апсорпцијата на калциумот. Што се однесува на сланината, пак, покрај протеините од месото, таа содржи и витамини од групата Б, селен, фосфор, железо, цинк итн.
Иако содржи околу 400 калории на 100 грама и околу 40% од тоа се масти, сланината е многу квалитетна храна која секако може да најде место во вашата чинија. Секако, сланината сепак е храна која не се јаде во големи количиним па клучот е умереноста, но и начинот на подготовка, вели Биланџија.
Таа објаснува дека нитратите и нитритите, кои ги содржат некои од пакуваните сланини, на високи температури се претвораат во канцерогени нитрозамини. Затоа, најдобро би било да јадете сланина во природна форма, а да избегнувате пржење на високи температури. Друга работа што мора да ја имаме на ум при конзумирањето сланина е фактот дека содржи многу сол, поради што луѓето кои страдаат од висок крвен притисок мора да бидат внимателни.

The post Да се јаде сало и сланина е многу поздраво од што нè лажеле appeared first on Република.

]]>