Нуркач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nurkach/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 06:00:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нуркач Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nurkach/ 32 32 Нуркач од Скопје, татко на две деца го загуби животот кај островот Вис https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nurkach-od-skopje-tatko-na-dve-deca-go-zagubi-zivotot-kaj-ostrovot-vis/ Wed, 12 Oct 2022 06:00:36 +0000 https://republika.mk/?p=559844

Игор Петрушевски од Скопје е нуркачот кој почина во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.

Петрушевски е татко на две малолетни деца.

Нуркач од Македонија починал во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објавија хрватските медиуми.

Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач.

Несреќата се случила околу 11 часот вчера.

The post Нуркач од Скопје, татко на две деца го загуби животот кај островот Вис appeared first on Република.

]]>

Игор Петрушевски од Скопје е нуркачот кој почина во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објави нуркачкиот клуб Амфора од Охрид.

Петрушевски е татко на две малолетни деца.

Нуркач од Македонија починал во Хрватска откако му се слошило додека нуркал во близина на островот Вис, објавија хрватските медиуми. Сплитскиот весник Слободна Далмација објави дека станува збор за човек на средни години кому му се слошило во близина на малото островче Равник каде што и пред десетина години имало слична несреќа со загинат нуркач. Несреќата се случила околу 11 часот вчера.

The post Нуркач од Скопје, татко на две деца го загуби животот кај островот Вис appeared first on Република.

]]>
Му се слошило додека нуркал: Македонец загина кај Вис https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mu-se-sloshilo-dodeka-nurkal-makedonec-zagina-kaj-vis/ Tue, 11 Oct 2022 19:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=559803

Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис.

Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал.

Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

The post Му се слошило додека нуркал: Македонец загина кај Вис appeared first on Република.

]]>

Граѓанин на Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис. Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал. Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.

The post Му се слошило додека нуркал: Македонец загина кај Вис appeared first on Република.

]]>
Нуркачите се во вода и по два часа: Нуркач ја објаснува потрагата по исчезнатиот Матеј Периш https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nurkachite-se-vo-voda-i-po-dva-chasa-nurkach-ja-objasnuva-potragata-po-ischeznatiot-matej-perish/ Mon, 17 Jan 2022 09:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=445634

Осумнаесет денови откако момчето од Сплит, Матеј Периш, исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 јануари, продолжува потрагата по него.

Голем дел од активностите за пронаоѓање на Матеј се одвиваат според претпоставки дека тој завршил во Сава или Дунав, а за интензивната потрага и за предизвиците што таа ги предизвикува, за ТВ Прва зборуваше нуркачот Срџан Весиќ, кој секојдневно е вклучен во барањето на исчезнатото момче.

Тој истакнува дека нуркачите се соочуваат со голем предизвик поради околностите на целиот случај и многуте дезинформации што се појавуваат во јавноста.

Не знаеме каде влегол во вода, не знаеме што бараме. Не знаеме ниту дали воопшто влегол во вода. Клучна работа е да знаеме каде да бараме. Практично е невозможно да се пребараат Сава и Дунав - вели Весиќ, алудирајќи на големото водено пространство.

Истовремено, Весиќ ги објаснува и тешкотиите што ги имаат нуркачите додека учествуваат во потрагата.

На вакви температури мора да се нурка со термо одело. Оптимално време на нуркање е од 30 до 60 минути, но нашите нуркачи одат со срце па издржуваат и до два часа. Видливоста е многу мала, па само половина час е малку време за детално да се истражи нешто - нагласува Весиќ.

The post Нуркачите се во вода и по два часа: Нуркач ја објаснува потрагата по исчезнатиот Матеј Периш appeared first on Република.

]]>

Осумнаесет денови откако момчето од Сплит, Матеј Периш, исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 јануари, продолжува потрагата по него. Голем дел од активностите за пронаоѓање на Матеј се одвиваат според претпоставки дека тој завршил во Сава или Дунав, а за интензивната потрага и за предизвиците што таа ги предизвикува, за ТВ Прва зборуваше нуркачот Срџан Весиќ, кој секојдневно е вклучен во барањето на исчезнатото момче. Тој истакнува дека нуркачите се соочуваат со голем предизвик поради околностите на целиот случај и многуте дезинформации што се појавуваат во јавноста.