нулта корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nulta-korupcija/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jan 2022 09:21:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нулта корупција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nulta-korupcija/ 32 32 Меѓународни и домашни експерти ќе работат за Аеродром да биде општина со нула корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/megjunarodni-i-domashni-eksperti-kje-rabotat-za-aerodrom-da-bide-opshtina-so-nula-korupcija/ Sat, 15 Jan 2022 09:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=444859

Општина Аеродром почна со реализација на едно од клучните ветувања во предизборната кампања на градоначалникот Тимчо Муцунски односно проектот „Аеродром - општина со нула корупција“.

Називот на проектот е „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ и предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки, чија цел е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината.

Во рамки на проектот, градоначалникот Муцунски оствари средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер.

На средбата беше договорена соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на Општина Аеродром да стане општина без корупција.

Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати.

Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа. Ова беше еден од седумте приоритети во кампањата на градоначалникот Муцунски кој се заложи истиот да биде имплементиран во најбрз можен рок - велат од општина Аеродром.

The post Меѓународни и домашни експерти ќе работат за Аеродром да биде општина со нула корупција appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром почна со реализација на едно од клучните ветувања во предизборната кампања на градоначалникот Тимчо Муцунски односно проектот „Аеродром - општина со нула корупција“. Називот на проектот е „Создавање европска општина: политика на интегритет за нула корупција“ и предвидува изградба на систем за антикорупциски мерки, чија цел е да се воведе нова политика во водењето и работата на општината. Во рамки на проектот, градоначалникот Муцунски оствари средба со Даниел Браун, директор на фондацијата Конрад Аденауер. На средбата беше договорена соработка која предвидува фондацијата да ангажира реномирани домашни и меѓународни експерти кои во наредните четири години ќе ѝ помагаат на Општина Аеродром да стане општина без корупција. Проектот ќе се работи во однапред утврдена методологија со јасно дефинирани цели и анализа на резултати.
Целосната имплементација на овој проект ќе гарантира дека парите на граѓаните ќе завршат на вистинското место и на тој начин ќе добијат поголема транспарентност за нашата работа. Ова беше еден од седумте приоритети во кампањата на градоначалникот Муцунски кој се заложи истиот да биде имплементиран во најбрз можен рок - велат од општина Аеродром.

The post Меѓународни и домашни експерти ќе работат за Аеродром да биде општина со нула корупција appeared first on Република.

]]>