нуклеарно гориво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearno-gorivo/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jan 2024 21:32:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарно гориво Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearno-gorivo/ 32 32 Русија стана главен снабдувач на ураниум за САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-stana-glaven-snabduvach-na-uranium-za-sad/ Fri, 19 Jan 2024 09:45:20 +0000 https://republika.mk/?p=734510

Во ноември минатата година, за прв пат од мај, Русија стана главен извозник на ураниум во Соединетите Американски Држави, покажува анализа на отворените податоци.

Врз основа на податоците на американската статистичка служба, во ноември, САД купиле ураниум од вкупно четири земји: Русија, Велика Британија, Јапонија и Белгија, со вкупна вредност од речиси 191 милион долари. Во исто време, Москва стана главен извозник благодарение на заработената сума од 96 милиони долари.

Претходно беше соопштено дека САД ја разгледуваат можноста да го запрат увозот на збогатен ураниум од Русија. Сепак, американските експерти истакнаа дека таквиот чекор може во голема мера да ги наруши плановите на САД за создавање на идни реактори.

The post Русија стана главен снабдувач на ураниум за САД appeared first on Република.

]]>

Во ноември минатата година, за прв пат од мај, Русија стана главен извозник на ураниум во Соединетите Американски Држави, покажува анализа на отворените податоци. Врз основа на податоците на американската статистичка служба, во ноември, САД купиле ураниум од вкупно четири земји: Русија, Велика Британија, Јапонија и Белгија, со вкупна вредност од речиси 191 милион долари. Во исто време, Москва стана главен извозник благодарение на заработената сума од 96 милиони долари. Претходно беше соопштено дека САД ја разгледуваат можноста да го запрат увозот на збогатен ураниум од Русија. Сепак, американските експерти истакнаа дека таквиот чекор може во голема мера да ги наруши плановите на САД за создавање на идни реактори.

The post Русија стана главен снабдувач на ураниум за САД appeared first on Република.

]]>
Њујорк тајмс: САД и натаму се зависни од Русија за набавка на нуклеарно гориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nujork-tajms-sad-i-natamu-se-zavisni-od-rusija-za-nabavka-na-nuklearno-gorivo/ Fri, 16 Jun 2023 13:48:32 +0000 https://republika.mk/?p=651831

Нуклеарната енергија на САД останува зависна од руското нуклеарно гориво, пишува „Њујорк тајмс“.

Како што наведува изданието, земјата продолжува да и плаќа на Русија околу милијарда долари годишно за набавка на збогатен ураниум, поради тоа што не може да најде алтернативен снабдувач по истата ниска цена.

„Њујорк тајмс“ пишува дека околу една третина од збогатениот ураниум што се користи во САД се увезува од Русија. Самите САД целосно го прекинаа збогатувањето ураниум, иако некогаш доминираа на овој пазар.

Авторот на написот смета дека ќе бидат потребни години и значителни ресурси за да се создадат нови синџири за снабдување со збогатен ураниум.

 

The post Њујорк тајмс: САД и натаму се зависни од Русија за набавка на нуклеарно гориво appeared first on Република.

]]>

Нуклеарната енергија на САД останува зависна од руското нуклеарно гориво, пишува „Њујорк тајмс“. Како што наведува изданието, земјата продолжува да и плаќа на Русија околу милијарда долари годишно за набавка на збогатен ураниум, поради тоа што не може да најде алтернативен снабдувач по истата ниска цена. „Њујорк тајмс“ пишува дека околу една третина од збогатениот ураниум што се користи во САД се увезува од Русија. Самите САД целосно го прекинаа збогатувањето ураниум, иако некогаш доминираа на овој пазар. Авторот на написот смета дека ќе бидат потребни години и значителни ресурси за да се создадат нови синџири за снабдување со збогатен ураниум.  

The post Њујорк тајмс: САД и натаму се зависни од Русија за набавка на нуклеарно гориво appeared first on Република.

]]>
Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-bugarija-nema-da-poddrzhi-sanktsii-protiv-ruskoto-nuklearno-gorivo/ Thu, 09 Feb 2023 12:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=606866

Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА.

Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето - нагласи Радев.

По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да обезбеди вооружување од резервите на бугарската армија.

-Се надевам дека владата ќе покаже разум во иднина да не го дозволи ова. Тоа е крвава војна, сè помалку слушаме гласови за мир, слушаме повици за победа без никој да може да дефинира што значи победа, додаде тој.

Радев најави дека со средства од ЕУ ќе предложи пилот проект за заштита на бугарската граница. - Ние инвестираме голем дел од нашиот буџет и во граничната инфраструктура и во системите за технички надзор... Но, нашите ресурси се недоволни, истакна Радев.

Според него, во последните месеци се направени напори за поголема солидарност и поддршка за сите земји на првата линија на надворешните граници на ЕУ.

The post Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво appeared first on Република.

]]>

Бугарија не може да прифати санкции против руското нуклеарно гориво, бидејќи тоа директно ќе влијае на енергетското снабдување во државата, изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев во Брисел, каде што пристигна да учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет, јави БТА.
Тоа не може да се случи. Ги разгледуваме сите можни области каде тоа би можело да се случи, но онаму каде што директно се загрозени нашите интереси, ние сме многу внимателни. Доколку е потребно ќе наметнеме вето - нагласи Радев.
По повод помошта за Украина, претседателот на Бугарија изјави дека преодната влада ја исполнила задачата поставена од Народното собрание, да обезбеди вооружување од резервите на бугарската армија. -Се надевам дека владата ќе покаже разум во иднина да не го дозволи ова. Тоа е крвава војна, сè помалку слушаме гласови за мир, слушаме повици за победа без никој да може да дефинира што значи победа, додаде тој. Радев најави дека со средства од ЕУ ќе предложи пилот проект за заштита на бугарската граница. - Ние инвестираме голем дел од нашиот буџет и во граничната инфраструктура и во системите за технички надзор... Но, нашите ресурси се недоволни, истакна Радев. Според него, во последните месеци се направени напори за поголема солидарност и поддршка за сите земји на првата линија на надворешните граници на ЕУ.

The post Радев: Бугарија нема да поддржи санкции против руското нуклеарно гориво appeared first on Република.

]]>
Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/misteriozen-let-od-moskva-do-voena-baza-vo-evropa/ Thu, 21 Apr 2022 05:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=491436

Мистериозeн авион полетал од Москва кон Европа во вторникот наутро, покажуваат податоците на „Флајт радар“, шведскиот сајт кој прикажува податоци во реално време за летовите низ светот.

Дестинацијата на транспортниот авион „Иљушин Ил-76“ во сопственост на руската компанија „Волга-Днепр ерлајнс“ била означена како „непозната“. Авионот наместо да оди по заобиколен пат поради затворениот воздушен простор на ЕУ, ја поминал цела Полска и Словачка и по три часа лет слетал во унгарската воена база Папа.

Ова не е прв ваков лет. На почетокот на април унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека руски авион, кој носел нуклеарно гориво слетал во базатa Папа.

Руското нуклеарно гориво испорачано во Унгарија е потребно за функционирање на нуклеарната централа Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија.

Сите три земји низ чиј воздушен простор минал рускиот авион дале дозвола бидејќи, како што истакна унгарскиот министер, „нуклеарната енергија е изземена од сите санкции на ЕУ“.

 

The post Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа appeared first on Република.

]]>

Мистериозeн авион полетал од Москва кон Европа во вторникот наутро, покажуваат податоците на „Флајт радар“, шведскиот сајт кој прикажува податоци во реално време за летовите низ светот. Дестинацијата на транспортниот авион „Иљушин Ил-76“ во сопственост на руската компанија „Волга-Днепр ерлајнс“ била означена како „непозната“. Авионот наместо да оди по заобиколен пат поради затворениот воздушен простор на ЕУ, ја поминал цела Полска и Словачка и по три часа лет слетал во унгарската воена база Папа. Ова не е прв ваков лет. На почетокот на април унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека руски авион, кој носел нуклеарно гориво слетал во базатa Папа. Руското нуклеарно гориво испорачано во Унгарија е потребно за функционирање на нуклеарната централа Пакс, која произведува речиси половина од електричната енергија во Унгарија. Сите три земји низ чиј воздушен простор минал рускиот авион дале дозвола бидејќи, како што истакна унгарскиот министер, „нуклеарната енергија е изземена од сите санкции на ЕУ“.  

The post Мистериозен лет од Москва до воена база во Европа appeared first on Република.

]]>