нуклеарни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Feb 2023 17:40:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni/ 32 32 Путин најави распоредување нуклеарни ракети „Сармат“ годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-najavi-rasporeduvane-nuklearni-raketi-sarmat-godinava/ Thu, 23 Feb 2023 21:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=612485

Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија оваа година ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави.

На ден во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина, Путин рече дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, соопшти денеска Кремљ.

„Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, истакна Путин, мислејќи на нуклеарните ракети на копно, во морето и во воздухот, пренесуваат светските агенции.

Тој изјави дека Русија ќе продолжи со масовното производство на хиперсонични воздушни ракети „Кинжал“ и ќе започне со испорака на хиперсонични ракети „Циркон“.

Русија оваа недела се повлече од договорот за контрола на нуклеарното вооружување со САД, познат како „Нов СТАРТ“.

Во пресрет на првата годишнина од војната, во источна Украина се водат жестоки борби. Западни официјални претставници веруваат дека Русија планира офанзива за освојување нови територии.

The post Путин најави распоредување нуклеарни ракети „Сармат“ годинава appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин најави денеска дека руската армија оваа година ќе распореди нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, кои можат да носат повеќе нуклеарни боеви глави. На ден во пресрет на првата годишнина од рускиот напад врз Украина, Путин рече дека Русија „ќе посвети посебно внимание“ на зајакнувањето на своите нуклеарни сили, соопшти денеска Кремљ. „Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“, истакна Путин, мислејќи на нуклеарните ракети на копно, во морето и во воздухот, пренесуваат светските агенции. Тој изјави дека Русија ќе продолжи со масовното производство на хиперсонични воздушни ракети „Кинжал“ и ќе започне со испорака на хиперсонични ракети „Циркон“. Русија оваа недела се повлече од договорот за контрола на нуклеарното вооружување со САД, познат како „Нов СТАРТ“. Во пресрет на првата годишнина од војната, во источна Украина се водат жестоки борби. Западни официјални претставници веруваат дека Русија планира офанзива за освојување нови територии.

The post Путин најави распоредување нуклеарни ракети „Сармат“ годинава appeared first on Република.

]]>
Не плашете се: Денеска во 10 часот АРМ ќе пука за роденденот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-se-plashete-deneska-vo-10-chasot-arm-kje-puka-za-rodendenot/ Thu, 18 Aug 2022 06:39:03 +0000 https://republika.mk/?p=541536

По повод централната свеченост за одбележување на Денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, денеска, со почеток во 10.00 часот,  ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на три плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот на Армијата

The post Не плашете се: Денеска во 10 часот АРМ ќе пука за роденденот appeared first on Република.

]]>

По повод централната свеченост за одбележување на Денот на Армијата и 30 годишниот јубилеј, во касарната ,,Илинден“ во Скопје, денеска, со почеток во 10.00 часот,  ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на три плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата. Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во склоп на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на јубилејот 30 години од формирањето на Армијата, информираат од Генералштабот на Армијата

The post Не плашете се: Денеска во 10 часот АРМ ќе пука за роденденот appeared first on Република.

]]>
ЕУ се подготвува против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни состојби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-se-podgotvuva-protiv-mozni-hemiski-bioloshki-i-nuklearni-vonredni-sostojbi/ Wed, 06 Apr 2022 17:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=484306

Европската унија формираше залихи од 540 милиони евра за да се подготви против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни состојби.

Во соопштението на Европската комисија се вели дека набавките ќе вклучуваат лекови, опрема и вакцини за лекување на луѓе изложени на такви итни случаи.

Дополнително, по потреба ќе бидат ангажирани персонал и опрема за деконтаминација на луѓе, инфраструктура, згради, возила или критична опрема изложени на овие супстанции.

Како дел од оваа одлука, ЕУ испрати околу три милиони таблети калиум јодид во Украина како прв чекор.

Побарувачката за таблети со јод се зголеми во Европа поради загриженоста за руско-украинската војна и конфликтот во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

The post ЕУ се подготвува против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни состојби appeared first on Република.

]]>

Европската унија формираше залихи од 540 милиони евра за да се подготви против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни состојби. Во соопштението на Европската комисија се вели дека набавките ќе вклучуваат лекови, опрема и вакцини за лекување на луѓе изложени на такви итни случаи. Дополнително, по потреба ќе бидат ангажирани персонал и опрема за деконтаминација на луѓе, инфраструктура, згради, возила или критична опрема изложени на овие супстанции. Како дел од оваа одлука, ЕУ испрати околу три милиони таблети калиум јодид во Украина како прв чекор. Побарувачката за таблети со јод се зголеми во Европа поради загриженоста за руско-украинската војна и конфликтот во близина на нуклеарната централа во Чернобил.

The post ЕУ се подготвува против можни хемиски, биолошки и нуклеарни вонредни состојби appeared first on Република.

]]>