нуклеарни реактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni-reaktori/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 12:59:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни реактори Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni-reaktori/ 32 32 Украина планира да купи два нуклеарни реактори од руско производство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-planira-da-kupi-dva-nuklearni-reaktori-od-rusko-proizvodstvo/ Tue, 03 Sep 2024 16:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=810938

Украинскиот министер за енергија, Херман Галушченко, откри дека владата на неговата земја има намера да купи два нуклеарни реактори ВВЕР-1000 од руско производство.

Украинскиот функционер овие изјави ги дал во интервју за весникот „Политико“, објаснувајќи дека се планира да се набават споменатите реактори од Бугарија.

Галушченко додал дека плановите предизвикуваат остри критики од владејачката партија, но појаснил дека мерката ќе биде неопходна бидејќи на Украина и е потребна нуклеарна енергија за да ја преброди „она што може да биде најлошата зима во историјата на земјата“.

Од друга страна, владата инсистира на проширување на нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина на сметка на овие реактори, изјавил Галушченко.

The post Украина планира да купи два нуклеарни реактори од руско производство appeared first on Република.

]]>

Украинскиот министер за енергија, Херман Галушченко, откри дека владата на неговата земја има намера да купи два нуклеарни реактори ВВЕР-1000 од руско производство. Украинскиот функционер овие изјави ги дал во интервју за весникот „Политико“, објаснувајќи дека се планира да се набават споменатите реактори од Бугарија. Галушченко додал дека плановите предизвикуваат остри критики од владејачката партија, но појаснил дека мерката ќе биде неопходна бидејќи на Украина и е потребна нуклеарна енергија за да ја преброди „она што може да биде најлошата зима во историјата на земјата“.
Од друга страна, владата инсистира на проширување на нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина на сметка на овие реактори, изјавил Галушченко.

The post Украина планира да купи два нуклеарни реактори од руско производство appeared first on Република.

]]>
Франција затвори два нуклеарни реактори поради пожар https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsija-zatvori-dva-nuklearni-reaktori-poradi-pozhar/ Sat, 10 Feb 2024 21:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=742661

Два реактори во нуклеарната централа Шинон во западна Франција се затворени поради пожар, се наведува на веб-страницата на француската управа за нуклеарна безбедност.

Според објавата, пожарот избувнал во петокот доцна навечер во трансформаторот на третиот реактор „надвор од контролираната зона“.

Оваа нуклеарна централа со своите четири реактори обезбедува 5,4% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во Франција.

The post Франција затвори два нуклеарни реактори поради пожар appeared first on Република.

]]>

Два реактори во нуклеарната централа Шинон во западна Франција се затворени поради пожар, се наведува на веб-страницата на француската управа за нуклеарна безбедност. Според објавата, пожарот избувнал во петокот доцна навечер во трансформаторот на третиот реактор „надвор од контролираната зона“. Оваа нуклеарна централа со своите четири реактори обезбедува 5,4% од вкупната годишна потрошувачка на електрична енергија во Франција.

The post Франција затвори два нуклеарни реактори поради пожар appeared first on Република.

]]>
Русија ќе гради два нови нуклеарни реактора во Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-kje-gradi-dva-novi-nuklearni-reaktora-vo-ungarija/ Sat, 27 Aug 2022 08:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=544640

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-Би-Си.

Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.

Нека започне изградбата!, порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.

Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.

Ова е голем чекор, важна пресвртница”, додаде Сијарто. „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата.

Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година.

Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.

The post Русија ќе гради два нови нуклеарни реактора во Унгарија appeared first on Република.

]]>

Рускиот нуклеарен гигант Росатом ќе започне со изградба на два нови нуклеарни реактора во Унгарија во наредните недели, јави Би-Би-Си. Договорот постигнат меѓу Русија и Унгарија во 2014 година има за цел проширување на постојната нуклеарна централа Пакс. Таа централа моментално произведува 40 отсто од снабдувањето со електрична енергија во Унгарија.
Нека започне изградбата!, порача министерот за надворешни работи Петер Сијарто во објава на Фејсбук.
Нуклеарната централа моментално се состои од четири реактори изградени во поранешниот Советски Сојуз.
Ова е голем чекор, важна пресвртница”, додаде Сијарто. „На овој начин ќе ја обезбедиме енергетската безбедност на Унгарија на долг рок и ќе ги заштитиме Унгарците од дивите промени во цените на енергијата.
Тој објасни дека нуклеарните реактори би можеле да бидат подготвени за работа до 2030 година. Контроверзниот проект вреден 12,5 милијарди евра во голема мера е финансиран од Русија.

The post Русија ќе гради два нови нуклеарни реактора во Унгарија appeared first on Република.

]]>
Шолц најави откажување на планот за исклучување на германските нуклеарни централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-najavi-otkazuvanje-na-planot-za-iskluchuvanje-na-germanskite-nuklearni-centrali/ Thu, 04 Aug 2022 07:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=536600

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „би можело да има смисол“ продолжувањето на векот на траењето на трите преостанати нуклеарни реактори во земјата и по крајот на тековната година.

Опозициските лидери и Слободните демократи како најмала партија во коалициската влада на Шолц, се повеќе заговараат преиспитување на одлуката во декември оваа година да се исклучат последните нуклеарни реактори во Германија, бидејќи се повеќе расте загриженоста од енергетска криза како последица на намалувањето на испораките гас од Русија.

Идејата за продолжување на работењето на нуклеарните централи е незгодна за социјалдемократите на Шолц, а особено за еколошките Зелени како трета партија во неговата влада.

The post Шолц најави откажување на планот за исклучување на германските нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека „би можело да има смисол“ продолжувањето на векот на траењето на трите преостанати нуклеарни реактори во земјата и по крајот на тековната година. Опозициските лидери и Слободните демократи како најмала партија во коалициската влада на Шолц, се повеќе заговараат преиспитување на одлуката во декември оваа година да се исклучат последните нуклеарни реактори во Германија, бидејќи се повеќе расте загриженоста од енергетска криза како последица на намалувањето на испораките гас од Русија. Идејата за продолжување на работењето на нуклеарните централи е незгодна за социјалдемократите на Шолц, а особено за еколошките Зелени како трета партија во неговата влада.

The post Шолц најави откажување на планот за исклучување на германските нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>
Германија гаси три нуклеарни реактора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gasi-tri-nuklearni-reaktora/ Sat, 01 Jan 2022 15:36:38 +0000 https://republika.mk/?p=439343

Додека Европа се обидува да најде решене за една од најтешките енергетски кризи во својата историја, во петокот е започне гасењето на половината од германските нуклеарни капацитети, десет години по историската одлука на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел за напуштање на нуклеарната енергија.

Гаснењето на три од шест реактори кои сѐ уште работата, доаѓа во екот на европската енергетска криза која е предизвикана од лошото планирање на резервите и набавките на природен гас во подземните складишта во Европа, по што цените на енергенсите достигнаа рекордни нивоа.

Реакторите во германските села, северното Вродорф, централното Гронде и јужното Гриндреминен, целосно ќе престанат да работат до крајот на 2022 година. Нивниот вкупен капацитет изнесува 4 гигавати часа инсталирана моќност, што е еднакво на сила од илјада ветроцентрали.

Кон крајот на 2022 годиа на ред ќе дојдат и другите три централи, јужните Некарвестхајм и Исар 2, северната Емсланд, исто така, со капацитет од околу 4 гигавати.

Набрзо по никлеарната катастрофа во јапонска Фукушима во март 2011 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откажува од користењето на нуклеарната енергија.

И покрај напуштањето на атомската енергија чијшто удел во вкупното производство во 2020 година изнесувал околу 11 отсто, „сигурноста на снабдувањето во Геранија ќе биде гарантираа“, истакна во вторникот во соопштение Роберт Хабек, министетр за стопанство и заштита на климата од партијата Зелени.

За да се надомести гаснењето на нуклеарките и во очекувањето ткн обновливите извори на енергија во целост да го надоместат овој недостиг, Германија силно се снабдува со фосилни горива, особено со гас.

Но таквата енергетска сигурноста има своја цена, па европските цени на гасот, откако ЕУ се откажа од долгорочни договори со најголемиот добавувач руски „Газпром“ и се мина на берзанско тргување со енергенсот, веќе неколку месеци постојано растат. Ситуацијата се усложнува и откако новата гераманска влада поставува услови за давање одобрување за почеток на работата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, и се закани дека ќе го „затвори“ доколку Русија изведе инвазија врз Украина, што Москва повеќепати го отфрли како шпекулација која на Западот му е потребна за да го оправда своето зголемено воено присуство на руските граници.

The post Германија гаси три нуклеарни реактора appeared first on Република.

]]>

Додека Европа се обидува да најде решене за една од најтешките енергетски кризи во својата историја, во петокот е започне гасењето на половината од германските нуклеарни капацитети, десет години по историската одлука на владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел за напуштање на нуклеарната енергија. Гаснењето на три од шест реактори кои сѐ уште работата, доаѓа во екот на европската енергетска криза која е предизвикана од лошото планирање на резервите и набавките на природен гас во подземните складишта во Европа, по што цените на енергенсите достигнаа рекордни нивоа. Реакторите во германските села, северното Вродорф, централното Гронде и јужното Гриндреминен, целосно ќе престанат да работат до крајот на 2022 година. Нивниот вкупен капацитет изнесува 4 гигавати часа инсталирана моќност, што е еднакво на сила од илјада ветроцентрали. Кон крајот на 2022 годиа на ред ќе дојдат и другите три централи, јужните Некарвестхајм и Исар 2, северната Емсланд, исто така, со капацитет од околу 4 гигавати. Набрзо по никлеарната катастрофа во јапонска Фукушима во март 2011 година, тогашната канцеларка Ангела Меркел одлучи дека Германија постепено ќе се откажува од користењето на нуклеарната енергија. И покрај напуштањето на атомската енергија чијшто удел во вкупното производство во 2020 година изнесувал околу 11 отсто, „сигурноста на снабдувањето во Геранија ќе биде гарантираа“, истакна во вторникот во соопштение Роберт Хабек, министетр за стопанство и заштита на климата од партијата Зелени. За да се надомести гаснењето на нуклеарките и во очекувањето ткн обновливите извори на енергија во целост да го надоместат овој недостиг, Германија силно се снабдува со фосилни горива, особено со гас. Но таквата енергетска сигурноста има своја цена, па европските цени на гасот, откако ЕУ се откажа од долгорочни договори со најголемиот добавувач руски „Газпром“ и се мина на берзанско тргување со енергенсот, веќе неколку месеци постојано растат. Ситуацијата се усложнува и откако новата гераманска влада поставува услови за давање одобрување за почеток на работата на руско-германскиот гасовод Северен тек 2, и се закани дека ќе го „затвори“ доколку Русија изведе инвазија врз Украина, што Москва повеќепати го отфрли како шпекулација која на Западот му е потребна за да го оправда своето зголемено воено присуство на руските граници.

The post Германија гаси три нуклеарни реактора appeared first on Република.

]]>