нуклеарни централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni-centrali/ За подобро да се разбереме Sun, 17 Nov 2024 17:49:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарни централи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearni-centrali/ 32 32 Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-go-namaluva-proizvodstvoto-na-struja-od-nuklearnite-tsentrali-po-ruskite-napadi/ Sun, 17 Nov 2024 17:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=838918

Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.

Нуклеарните постројки не беа директно погодени од руските напади, но станиците поврзани со нив се оштетени, рече Рафаел Гроси, пренесува ДПА.

По разговорот со шефот на украинските регулаторни тела, тој посочи дека само два од деветте оперативни нуклеарни реактори во земјата моментално произведуваат со полн капацитет.

Енергетската инфраструктура на земјата е исклучително ранлива, што директно влијае на нуклеарната безбедност, рече Гроси, додавајќи дека од суштинско значење е нуклеарните централи да имаат безбедно снабдување соелектрична енергија.

The post Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади appeared first on Република.

]]>

Србија почнува да се подготвува за изградба на нуклеарни реактори https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-pochnuva-da-se-podgotvuva-za-izgradba-na-nuklearni-reaktori/ Tue, 11 Jun 2024 19:48:01 +0000 https://republika.mk/?p=786547

Коментарите што по средбата на двајцата претседатели на Србија и Франција, Александар Вучиќ и Емануел Макрон, се појавија во некои медиуми во Србија во однос на насоката на развојот на нуклеарната енергија во земјата, ја третираат ситуацијата и можностите Србија да изгради нуклеарна централа несоодветно, па дури и погрешно на нејзината територија. И тоа е исклучително важно прашање за енергетскиот сектор во земјата, пренесува Политика.

-Врз основа на 45-годишно искуство во реализација на нуклеарни проекти низ светот и управување со нуклеарна компанија, која беше глобален лидер во реализацијата на нуклеарни проекти базирани на технологии на САД, Германија, Русија, Кина и Канада, сметам дека солидна гаранција дека моите оценки може да се сметаат за соодветни. Србија треба да започне активни подготовки за воведување нуклеарни централи во енергетскиот систем на земјата – вели експертот за енергија Ѓурица Танкосиќ.

Според него, не се точни ниту дискусиите дека Србија не е подготвена за изградба на нуклеарни централи. За да започне имплементацијата на проектот за нуклеарна централа, Србија поседува критично ниво на „интелектуален капацитет“. Недостасува нуклеарниот дел од „интелектуалниот капацитет“, но во другите земји кои започнаа со изградба на нуклеарни централи, тој секогаш на почетокот беше дополнет со надворешни експерти. Релативно ограничен број вакви експерти се потребни за подготвителната фаза, пишува порталот „Балкан енерџи“.

The post Србија почнува да се подготвува за изградба на нуклеарни реактори appeared first on Република.

Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-kupuva-frantsuski-borbeni-avioni-i-saka-da-gradi-nuklearni-tsentrali-vuchik-zaminuva-vo-pariz-na-sredba-so-makron/ Sun, 07 Apr 2024 09:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=763363

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Париз официјално ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во посета најавена како од големо значење за Србија. Меѓу темите се зајакнувањето на билатералната соработка, Косово, Сребреница, нуклеарната енергија, купување 12 борбени авиони Рафал, Експо2027, јави дописникот на МИА од Белград.

Ќе побарам од претседателот Макрон да земе предвид се што разговаравме, но и да ги земе предвид меѓународните норми на јавното право, особено обврската за формирање Заедница на српски општини. Знам дека Франција ја поддржува независноста на Косово, но на мене останува да прашам, рече Вучиќ.

Една од темите ќе биде изградба на големи и мали нуклеарни централи.

Франција е најголемата европска нуклеарна енергетска сила. 70 отсто од електричната енергија ја добива од нуклеарна енергија. Сакам да знаете дека до 2050 година ќе трошиме четири пати повеќе електрична енергија отколку денес. Што и да правиме, немаме шанси ако не почнеме брзо да го решаваме тој проблем. А тој проблем е можно само со изградба на големи и мали нуклеарни централи, изјави Вучиќ.

Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема.

Вучиќ изјави дека во Франција ќе се разговара и за ИТ секторот, развојот на вештачката интелигенција, гејминг индустријата, производството на автомобили и батерии, иновациите, стартапите и изградбата и управувањето со пречистителни станици за отпадни води.

Тој додаде дека една од темите ќе биде воведувањето на летечки такси за Србија до почетокот на „Експо 2027“.

Францускиот весник „Фигаро“ во текст под наслов „Макрон во понеделник ќе го прими српскиот претседател во Елисејската палата“, пишува дека Макрон и Вучиќ в понеделник во Елисејската палата ќе разговараат за интеграцијата на Србија во ЕУ и односите меѓу Белград и Приштина.

Осврнувајќи се на изјавата на Елисејската палата, „Фигаро“ наведува дека во оваа прилика Макрон „ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“ и „дека нормализацијата на односите со Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

The post Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре во Париз официјално ќе се сретне со претседателот на Франција, Емануел Макрон, во посета најавена како од големо значење за Србија. Меѓу темите се зајакнувањето на билатералната соработка, Косово, Сребреница, нуклеарната енергија, купување 12 борбени авиони Рафал, Експо2027, јави дописникот на МИА од Белград.
Ќе побарам од претседателот Макрон да земе предвид се што разговаравме, но и да ги земе предвид меѓународните норми на јавното право, особено обврската за формирање Заедница на српски општини. Знам дека Франција ја поддржува независноста на Косово, но на мене останува да прашам, рече Вучиќ.
Една од темите ќе биде изградба на големи и мали нуклеарни централи.
Франција е најголемата европска нуклеарна енергетска сила. 70 отсто од електричната енергија ја добива од нуклеарна енергија. Сакам да знаете дека до 2050 година ќе трошиме четири пати повеќе електрична енергија отколку денес. Што и да правиме, немаме шанси ако не почнеме брзо да го решаваме тој проблем. А тој проблем е можно само со изградба на големи и мали нуклеарни централи, изјави Вучиќ.
Покрај дискусијата за нуклеарната енергија, Вучиќ најави дека во Франција ќе се разговара за наменската индустрија, купувањето на 12 нови француски воени авиони „Рафал“ и друга опрема. Вучиќ изјави дека во Франција ќе се разговара и за ИТ секторот, развојот на вештачката интелигенција, гејминг индустријата, производството на автомобили и батерии, иновациите, стартапите и изградбата и управувањето со пречистителни станици за отпадни води. Тој додаде дека една од темите ќе биде воведувањето на летечки такси за Србија до почетокот на „Експо 2027“. Францускиот весник „Фигаро“ во текст под наслов „Макрон во понеделник ќе го прими српскиот претседател во Елисејската палата“, пишува дека Макрон и Вучиќ в понеделник во Елисејската палата ќе разговараат за интеграцијата на Србија во ЕУ и односите меѓу Белград и Приштина. Осврнувајќи се на изјавата на Елисејската палата, „Фигаро“ наведува дека во оваа прилика Макрон „ќе ја потврди својата посветеност и целосна поддршка за европската интеграција на Србија“ и „дека нормализацијата на односите со Косово е составен дел од процесот на пристапување во ЕУ“.

The post Србија купува француски борбени авиони и сака да гради нуклеарни централи: Вучиќ заминува во Париз на средба со Макрон appeared first on Република.

]]>
Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetska-nuklearna-asotsijatsija-pobaruvachkata-za-uranium-vo-svetot-ke-se-udvoi-do-2040-godina/ Sat, 09 Sep 2023 07:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=680135

Побарувачката за ураниум во производството на електрична енергија би требало да се зголеми за 28 отсто до крајот на деценијата и речиси двојно да се зголеми до 2040 година поради зголемувањето на капацитетот на нуклеарните централи како дел од климатските цели, објави Светската нуклеарна асоцијација (WNA).

Интересот за нуклеарната енергија е зајакнат и поради војната во Украина, бидејќи многу земји сакаат алтернатива за снабдување со енергенси од Русија, се додава во извештајот за нуклеарното гориво, кој здружението го објавува на секои две години.

Од почетокот на следната деценија, планираните и потенцијални рудници за ураниум ќе мора да бидат вклучени во производството, покрај зголеменото снабдување од неименувани извори“, се вели во извештајот.

Светското производство на ураниум од 2016 до 2020 година е намалено за една четвртина

Од 2016 до 2020 година, глобалното производство на ураниум падна за една четвртина, на 47.731 тони, само за малку да закрепне минатата година, достигнувајќи 49.355 тони, пресмета WNA.

Откако земјотресот и цунамито ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил, земјите низ светот затворија десетици реактори.

На крајот на јуни глобалните нуклеарни капацитети изнесуваа 391 гигават електрична енергија (GWe) и опфатија 437 реактори, а веќе е почната работа на нуклеарните централи кои треба да ги зголемат за 64 гигавати.

The post Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година appeared first on Република.

]]>

Побарувачката за ураниум во производството на електрична енергија би требало да се зголеми за 28 отсто до крајот на деценијата и речиси двојно да се зголеми до 2040 година поради зголемувањето на капацитетот на нуклеарните централи како дел од климатските цели, објави Светската нуклеарна асоцијација (WNA). Интересот за нуклеарната енергија е зајакнат и поради војната во Украина, бидејќи многу земји сакаат алтернатива за снабдување со енергенси од Русија, се додава во извештајот за нуклеарното гориво, кој здружението го објавува на секои две години.
Од почетокот на следната деценија, планираните и потенцијални рудници за ураниум ќе мора да бидат вклучени во производството, покрај зголеменото снабдување од неименувани извори“, се вели во извештајот.
Светското производство на ураниум од 2016 до 2020 година е намалено за една четвртина Од 2016 до 2020 година, глобалното производство на ураниум падна за една четвртина, на 47.731 тони, само за малку да закрепне минатата година, достигнувајќи 49.355 тони, пресмета WNA. Откако земјотресот и цунамито ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил, земјите низ светот затворија десетици реактори. На крајот на јуни глобалните нуклеарни капацитети изнесуваа 391 гигават електрична енергија (GWe) и опфатија 437 реактори, а веќе е почната работа на нуклеарните централи кои треба да ги зголемат за 64 гигавати.

The post Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година appeared first on Република.

]]>
Зеленски бара НАТО да му ги спасува нуклеарките https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-bara-nato-da-mu-gi-spasuva-nuklearkite/ Mon, 21 Nov 2022 22:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=576645

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика членките на НАТО да гарантираат заштита на украинските нуклеарни централи од руска саботажа.

Во видео-обраќањето пред Парламентарното собрание на НАТО во Мадрид, Зеленски рече дека сите сакаат да се сигурни дека нема да има опасни инциденти во нуклеарните централи и оти е „потребна загарантирана заштита од руска саботажа во нив“.

Претходно, шефот на руската државна агенција за атомска енергија Росатом, Алексеј Лихачев, предупреди дека постои ризик од нуклеарна несреќа во нуклеарната централа Запорожје по гранатирањата во текот на викендот.

– Централата е во опасност од нуклеарна несреќа. Цела ноќ преговаравме со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави генералниот директор на Росатом.

Лихачев истакна дека МААЕ повика на создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа и посочи дека тоа ќе биде можно само со одобрение на САД. МААЕ соопшти дека денеска ќе го процени влијанието на нападите врз нуклеарната централа во Запорожје, откако локацијата беше гранатирана десетици пати во текот на викендот.

The post Зеленски бара НАТО да му ги спасува нуклеарките appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика членките на НАТО да гарантираат заштита на украинските нуклеарни централи од руска саботажа. Во видео-обраќањето пред Парламентарното собрание на НАТО во Мадрид, Зеленски рече дека сите сакаат да се сигурни дека нема да има опасни инциденти во нуклеарните централи и оти е „потребна загарантирана заштита од руска саботажа во нив“. Претходно, шефот на руската државна агенција за атомска енергија Росатом, Алексеј Лихачев, предупреди дека постои ризик од нуклеарна несреќа во нуклеарната централа Запорожје по гранатирањата во текот на викендот.
– Централата е во опасност од нуклеарна несреќа. Цела ноќ преговаравме со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), изјави генералниот директор на Росатом.
Лихачев истакна дека МААЕ повика на создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа и посочи дека тоа ќе биде можно само со одобрение на САД. МААЕ соопшти дека денеска ќе го процени влијанието на нападите врз нуклеарната централа во Запорожје, откако локацијата беше гранатирана десетици пати во текот на викендот.

The post Зеленски бара НАТО да му ги спасува нуклеарките appeared first on Република.

]]>
Американци ќе ја градат првата од двете нуклеарки во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanci-kje-ja-gradat-prvata-od-dvete-nuklearki-vo-polska/ Wed, 02 Nov 2022 21:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=568948

Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка ѝ е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик”, соопшти денеска новинската агенција „ПАП” по одржаната владина седница. се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна енергија.

„Не треба да се потпираме само врз потврдена технологија, туку и врз потврдени партнери”, ја пренесува агенцијата изјавата на премиерот Матеуш Моравјецки.

Првата нуклеарна централа ќе биде изградена во Лубијатово-Копалино на брегот на Балтичкото Море во Померанското војводство, северозападно од Гдањск. Предвидено е таму да бидат изградени три „AP1000″ реактори, а првиот треба да започне со работа идната година.

„Втората нукеларна централа ќе биде проект на корејски и полски компании“, рече Моравјецки.

Во 1980-тите, во близина на Гдањск започна изградбата на нуклеарна централа со советски дизајн, но таа никогаш не беше завршена поради спротивставување на населението.

Термоцентралите на јаглен денеска обезбедуваат околу 70 проценти од националните потреби за електрична енергија.

The post Американци ќе ја градат првата од двете нуклеарки во Полска appeared first on Република.

]]>

Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка ѝ е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик”, соопшти денеска новинската агенција „ПАП” по одржаната владина седница. се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна енергија.
„Не треба да се потпираме само врз потврдена технологија, туку и врз потврдени партнери”, ја пренесува агенцијата изјавата на премиерот Матеуш Моравјецки.
Првата нуклеарна централа ќе биде изградена во Лубијатово-Копалино на брегот на Балтичкото Море во Померанското војводство, северозападно од Гдањск. Предвидено е таму да бидат изградени три „AP1000″ реактори, а првиот треба да започне со работа идната година.
„Втората нукеларна централа ќе биде проект на корејски и полски компании“, рече Моравјецки.
Во 1980-тите, во близина на Гдањск започна изградбата на нуклеарна централа со советски дизајн, но таа никогаш не беше завршена поради спротивставување на населението. Термоцентралите на јаглен денеска обезбедуваат околу 70 проценти од националните потреби за електрична енергија.

The post Американци ќе ја градат првата од двете нуклеарки во Полска appeared first on Република.

]]>
Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-naredi-trite-nuklearni-centrali-vo-germanija-da-rabotat-do-sredinata-na-april/ Mon, 17 Oct 2022 19:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=562255

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија.

Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата.

Министерот за економија Роберт Хабек, кој припаѓа на Партијата на зелените, тврди дека само две електрани треба да останат во функција по 31 декември, датумот закажан за затворање на сите електрани.

Министерот за финансии, пак, Кристијан Линднер од партијата Слободни демократи смета дека сите три електрани треба да продолжат со работа и по април.

The post Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија. Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата. Министерот за економија Роберт Хабек, кој припаѓа на Партијата на зелените, тврди дека само две електрани треба да останат во функција по 31 декември, датумот закажан за затворање на сите електрани. Министерот за финансии, пак, Кристијан Линднер од партијата Слободни демократи смета дека сите три електрани треба да продолжат со работа и по април.

The post Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април appeared first on Република.

]]>
Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-sepak-nema-da-gi-zatvori-preostanatite-nuklearni-centrali/ Tue, 27 Sep 2022 18:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=554967

Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци.

Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи до крајот на годината.

Министерот рече дека двата реактори, Исар 2 во Баварија и Некарвестхајм северно од Штутгарт, ќе работат до средината на април.

Претходно овој месец, локални функционери изјавија дека Германија ќе се придржува до својот план за затворање на преостанатите нуклеарни централи оваа година, но ќе ја задржи опцијата за рестартирање на две од нив во случај на недостиг на електрична енергија.

The post Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>

Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци. Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи до крајот на годината. Министерот рече дека двата реактори, Исар 2 во Баварија и Некарвестхајм северно од Штутгарт, ќе работат до средината на април. Претходно овој месец, локални функционери изјавија дека Германија ќе се придржува до својот план за затворање на преостанатите нуклеарни централи оваа година, но ќе ја задржи опцијата за рестартирање на две од нив во случај на недостиг на електрична енергија.

The post Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>
Шолц: Германија не се откажува од затворањето на нуклеарните централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-germanija-ne-se-otkazuva-od-zatvoranjeto-na-nuklearnite-centrali/ Wed, 08 Jun 2022 19:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=512860

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада останува посветена на постепено укинување на нуклеарната енергија, и покрај загриженоста поради порастот на цените на енергијата и можниот недостиг поради војната во Украина.

Германија затвори половина од своите шест нуклеарни централи во декември, а останатите три се очекува да затворат подоцна оваа година, како дел од долгорочниот план на земјата за постепено укинување на таквите централи во корист на обновливите извори на енергија.

Сепак, војната во Украина ги зголеми стравувањата дека германската економија може да биде силно погодена доколку Русија реши нагло да го прекине снабдувањето со природен гас.

Опозициските партии повикаа на продолжување на работата на германските нуклеарни централи.

Шолц ја отфрли идејата, велејќи дека е донесена одлука да се стави крај на користењето на нуклеарната енергија.

„Ние исто така знаеме дека изградбата на нови нуклеарни централи нема смисла“, рече тој на прес-конференција во Берлин.

The post Шолц: Германија не се откажува од затворањето на нуклеарните централи appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека неговата влада останува посветена на постепено укинување на нуклеарната енергија, и покрај загриженоста поради порастот на цените на енергијата и можниот недостиг поради војната во Украина. Германија затвори половина од своите шест нуклеарни централи во декември, а останатите три се очекува да затворат подоцна оваа година, како дел од долгорочниот план на земјата за постепено укинување на таквите централи во корист на обновливите извори на енергија. Сепак, војната во Украина ги зголеми стравувањата дека германската економија може да биде силно погодена доколку Русија реши нагло да го прекине снабдувањето со природен гас. Опозициските партии повикаа на продолжување на работата на германските нуклеарни централи. Шолц ја отфрли идејата, велејќи дека е донесена одлука да се стави крај на користењето на нуклеарната енергија. „Ние исто така знаеме дека изградбата на нови нуклеарни централи нема смисла“, рече тој на прес-конференција во Берлин.

The post Шолц: Германија не се откажува од затворањето на нуклеарните централи appeared first on Република.

]]>
Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-planira-izgradba-na-shest-ili-sedum-novi-nuklearni-centrali-do-2050-godina-kako-odgovor-na-energetskata-kriza/ Sun, 03 Apr 2022 15:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=482656

Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на производство на домашна енергија по војната во Украина.

Како што вели министерот бизнис, енергетика и индистриска стратегија, Квази Квартенг за „Сандеј Телеграф“, „постои свет во кој до 2050 година во Обединетото Кралство има шест или седум нуклеарни постројки“.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ со цел да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, како и да собере приватни компании да управуваат со секоја од централите.

Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела, се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

The post Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на производство на домашна енергија по војната во Украина. Како што вели министерот бизнис, енергетика и индистриска стратегија, Квази Квартенг за „Сандеј Телеграф“, „постои свет во кој до 2050 година во Обединетото Кралство има шест или седум нуклеарни постројки“. Како што пренесува „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ со цел да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, како и да собере приватни компании да управуваат со секоја од централите. Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела, се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

The post Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза appeared first on Република.

]]>
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија пристигнал во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-megjunarodnata-agencija-za-atomska-energijana-pristignal-vo-ukraina/ Tue, 29 Mar 2022 12:49:33 +0000 https://republika.mk/?p=480336

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнал во Украина, каде што ќе разговара со високи претставници за обезбедување на безбедноста на нуклеарните локации во земјата.

Рафаел Маријано Гроси ќе понуди итна техничка помош - вклучително и испраќање експерти на клучни локации - во обид да се спречи ризикот од каква било несреќа.

Воениот конфликт ги става украинските нуклеарни централи и другите објекти со радиоактивен материјал во невидена опасност.

Треба да преземеме итни мерки за да се осигураме дека тие можат да продолжат да работат безбедно и да го намалат ризикот од нуклеарна несреќа - истакна Гроси.

Од почетокот на конфликтот се појавија стравувања за безбедноста на нуклеарните постројки на Украина. На почетокот на март избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, а во централата во Чернобил беа прекинати далноводите.

The post Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија пристигнал во Украина appeared first on Република.

]]>

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнал во Украина, каде што ќе разговара со високи претставници за обезбедување на безбедноста на нуклеарните локации во земјата. Рафаел Маријано Гроси ќе понуди итна техничка помош - вклучително и испраќање експерти на клучни локации - во обид да се спречи ризикот од каква било несреќа.
Воениот конфликт ги става украинските нуклеарни централи и другите објекти со радиоактивен материјал во невидена опасност.   Треба да преземеме итни мерки за да се осигураме дека тие можат да продолжат да работат безбедно и да го намалат ризикот од нуклеарна несреќа - истакна Гроси.