нуклеарна програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-programa/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Dec 2023 17:48:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна програма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-programa/ 32 32 Иран ги отфрли критиките за забрзаното збогатување ураниум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-gi-otfrli-kritikite-za-zabrzanoto-zbogatuvane-uranium/ Fri, 29 Dec 2023 18:11:31 +0000 https://republika.mk/?p=728028

Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли критиките на Франција, Германија, Велика Британија и САД во врска со забрзувањето на производството на високо збогатен ураниум во земјата и наведе дека тоа е дел од мирољубивата нуклеарна програма.

Збогатувањето на ураниум до 60 проценти чистота во погоните во Иран отсекогаш било и ќе продолжи да биде во согласност со мирољубивите потреби на земјата и целосно под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторникот соопшти дека Иран го

зголемил темпото на збогатување ураниум до 60 отсто чистота од 3 на 9 килограми месечно. Во средата, директорот на иранската нуклеарна програма за мирољубиви цели, Мохамад Еслами, изјави дека неговата земја „не прави ништо ново“ во овој поглед, туку едноставно дека претходно имало одложување на процесот.

The post Иран ги отфрли критиките за забрзаното збогатување ураниум appeared first on Република.

]]>

Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли критиките на Франција, Германија, Велика Британија и САД во врска со забрзувањето на производството на високо збогатен ураниум во земјата и наведе дека тоа е дел од мирољубивата нуклеарна програма.
Збогатувањето на ураниум до 60 проценти чистота во погоните во Иран отсекогаш било и ќе продолжи да биде во согласност со мирољубивите потреби на земјата и целосно под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во вторникот соопшти дека Иран го зголемил темпото на збогатување ураниум до 60 отсто чистота од 3 на 9 килограми месечно. Во средата, директорот на иранската нуклеарна програма за мирољубиви цели, Мохамад Еслами, изјави дека неговата земја „не прави ништо ново“ во овој поглед, туку едноставно дека претходно имало одложување на процесот.

The post Иран ги отфрли критиките за забрзаното збогатување ураниум appeared first on Република.

]]>
Хамнеи: Можен е договор со Западот за нукларната програма https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamnei-mozhen-e-dogovor-so-zapadot-za-nuklarnata-programa/ Sun, 11 Jun 2023 19:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=650242

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска, во услови на застој во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, кажа дека е можен договор со Западот за иранската нуклеарна програма доколку нуклеарната инфраструктура на земјата остане недопрена.

Индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на нуклеарниот договор со шестте сили се заглавени од септември, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно дека поставуваат неразумни барања.

Ајатолахот Хамнеи претпазливо ја одобри можноста за обновување на договорот неколку дена откако Техеран и Вашингтон негираа дека се блиску до привремен договор, според кој Техеран ќе ја намали својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.

Нема ништо лошо во договор (со Западот), но инфраструктурата на нашата нуклеарна индустрија не смее да се допре, рече Хамнеи, пренесен од државните медиуми.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент одби да ги коментира изјавите на Хамнеи, повторувајќи го ставот на администрацијата на претседателот Џо Бајден дека САД се „посветени никогаш да не дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје“.

Веруваме дека дипломатијата е најдобриот начин за постигнување на целта на проверлива и трајна основа, но претседателот, исто така, беше јасен дека ние не сме тргнале од масата ниту една опција, рече тој, алудирајќи на можноста за воена акција.

Нема да ја карактеризираме природата на изјавите на иранскиот лидер, додаде портпаролот.

Договорот од 2015 година го ограничи иранското збогатување ураниум за да му отежне на Техеран да развие нуклеарно оружје, а за возврат ги укина меѓународните санкции.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година унилатерално го напушти договорот и повторно воведе санкции што ја осакатуваат иранската економија, предизвикувајќи Техеран постепено да ги надминува границите договорени во договорот и повторно да ги разгори стравовите на САД, Европа и Израел дека Иран се обидува да поседува атомска бомба.

Хамнеи го повтори долгогодишниот официјален став на земјата велејќи дека Исламската Република никогаш не сакала да изгради нуклеарна бомба.

Обвинувањата дека Техеран сака нуклеарно оружје се лага и тие го знаат тоа. Ние не сакаме нуклеарно оружје поради нашите религиозни убедувања, рече Хамнеи.

The post Хамнеи: Можен е договор со Западот за нукларната програма appeared first on Република.

]]>

Иранскиот врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи, денеска, во услови на застој во преговорите меѓу Техеран и Вашингтон за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година, кажа дека е можен договор со Западот за иранската нуклеарна програма доколку нуклеарната инфраструктура на земјата остане недопрена. Индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон за обновување на нуклеарниот договор со шестте сили се заглавени од септември, при што двете страни се обвинуваат меѓусебно дека поставуваат неразумни барања. Ајатолахот Хамнеи претпазливо ја одобри можноста за обновување на договорот неколку дена откако Техеран и Вашингтон негираа дека се блиску до привремен договор, според кој Техеран ќе ја намали својата нуклеарна програма во замена за олеснување на санкциите.
Нема ништо лошо во договор (со Западот), но инфраструктурата на нашата нуклеарна индустрија не смее да се допре, рече Хамнеи, пренесен од државните медиуми.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент одби да ги коментира изјавите на Хамнеи, повторувајќи го ставот на администрацијата на претседателот Џо Бајден дека САД се „посветени никогаш да не дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје“.
Веруваме дека дипломатијата е најдобриот начин за постигнување на целта на проверлива и трајна основа, но претседателот, исто така, беше јасен дека ние не сме тргнале од масата ниту една опција, рече тој, алудирајќи на можноста за воена акција. Нема да ја карактеризираме природата на изјавите на иранскиот лидер, додаде портпаролот.
Договорот од 2015 година го ограничи иранското збогатување ураниум за да му отежне на Техеран да развие нуклеарно оружје, а за возврат ги укина меѓународните санкции. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 година унилатерално го напушти договорот и повторно воведе санкции што ја осакатуваат иранската економија, предизвикувајќи Техеран постепено да ги надминува границите договорени во договорот и повторно да ги разгори стравовите на САД, Европа и Израел дека Иран се обидува да поседува атомска бомба. Хамнеи го повтори долгогодишниот официјален став на земјата велејќи дека Исламската Република никогаш не сакала да изгради нуклеарна бомба.
Обвинувањата дека Техеран сака нуклеарно оружје се лага и тие го знаат тоа. Ние не сакаме нуклеарно оружје поради нашите религиозни убедувања, рече Хамнеи.

The post Хамнеи: Можен е договор со Западот за нукларната програма appeared first on Република.

]]>
Иран нема да се откаже од своите „нуклеарни права“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-nema-da-se-otkaze-od-svoite-nuklearni-prava/ Sat, 09 Apr 2022 17:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=485961

Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, нагласи дека Техеран нема да се откаже од своето право да развива сопствена нуклеарна индустрија за мирољубиви цели и дека сите страни кои сакаат да го обноват нуклеарниот договор од 2015 година треба да го почитуваат тоа.

Индиректните преговори меѓу Иран и САД во Виена заглавија по единаесет месеци, бидејќи двете страни тврдат дека Техеран и Вашингтон мора да донесат политички одлуки за да ги решат преостанатите прашања.

Повеќе од сто пати, нашата порака од Техеран до Виена е дека нема да отстапиме од нуклеарните права на иранскиот народ… ниту еден милиметар - изјави Раиси на Денот на нуклеарната технологија во Иран.

Раиси го повтори ставот на Иран да ја користи нуклеарната програма исклучиво за мирољубиви цели.

САД размислуваат да ја отстранат иранската Револуционерна гарда од листата на странски терористички организации доколку Иран се обврзе да ги ограничи своите активности, велат западни извори.

Ирански дипломат изјави дека Техеран го отфрлил предлогот на САД да ја отстрани иранската Гарда од списокот, но да ги остави на него бригадите за специјални операции Ал Кудс.

The post Иран нема да се откаже од своите „нуклеарни права“ appeared first on Република.

]]>

Иранскиот претседател, Ебрахим Раиси, нагласи дека Техеран нема да се откаже од своето право да развива сопствена нуклеарна индустрија за мирољубиви цели и дека сите страни кои сакаат да го обноват нуклеарниот договор од 2015 година треба да го почитуваат тоа. Индиректните преговори меѓу Иран и САД во Виена заглавија по единаесет месеци, бидејќи двете страни тврдат дека Техеран и Вашингтон мора да донесат политички одлуки за да ги решат преостанатите прашања.
Повеќе од сто пати, нашата порака од Техеран до Виена е дека нема да отстапиме од нуклеарните права на иранскиот народ… ниту еден милиметар - изјави Раиси на Денот на нуклеарната технологија во Иран.
Раиси го повтори ставот на Иран да ја користи нуклеарната програма исклучиво за мирољубиви цели. САД размислуваат да ја отстранат иранската Револуционерна гарда од листата на странски терористички организации доколку Иран се обврзе да ги ограничи своите активности, велат западни извори. Ирански дипломат изјави дека Техеран го отфрлил предлогот на САД да ја отстрани иранската Гарда од списокот, но да ги остави на него бригадите за специјални операции Ал Кудс.

The post Иран нема да се откаже од своите „нуклеарни права“ appeared first on Република.

]]>
Иран: Преговорите во Виена за нуклеарната програма се во критична фаза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-pregovorite-vo-viena-za-nuklearnata-programa-se-vo-kritichna-faza/ Wed, 23 Feb 2022 22:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=462720

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека преговорите во Виена за повторно активирање на иранскиот нуклеарен договор се во „критична“ фаза и остануваат да се решат неколку „важни“ прашања.

Иранскиот министер за надворешни работи, по средбата со оманскиот колега Бадр ал Будаиди, кој е во посета на Техеран изрази надеж дека неколку чувствителни и важни прашања ќе бидат решени во наредните денови со „реализмот“ на Западот.

Тој порача дека е „оптимист“, но и дека Иран нема да ги премине „црвените линии“ во преговорите, без да наведе кои се тие.

Иранскиот преговарач Али Багери треба да се врати на кратко во Техеран за да се консултира додека продолжуваат преговорите во Виена.

Преговорите се обид да се спаси договорот од 2015 година, кој требаше да го спречи Иран да развие атомска бомба, додека Иран продолжува да негира дека имал намера или планира да го направи тоа.

Договорот, склучен меѓу Иран и шесте светски сили (САД, Кина, Франција, Велика Британија, Русија и Германија), овозможи укинување на меѓународните санкции против Техеран во замена за строги ограничувања на неговата нуклеарна програма.

Меѓутоа, САД се повлекоа од договорот од 2018 година за време на Доналд Трамп и повторно воведоа санкции. Како одговор, Техеран престана да се придржува до ограничувањата на својата нуклеарна програма.

The post Иран: Преговорите во Виена за нуклеарната програма се во критична фаза appeared first on Република.

]]>

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека преговорите во Виена за повторно активирање на иранскиот нуклеарен договор се во „критична“ фаза и остануваат да се решат неколку „важни“ прашања. Иранскиот министер за надворешни работи, по средбата со оманскиот колега Бадр ал Будаиди, кој е во посета на Техеран изрази надеж дека неколку чувствителни и важни прашања ќе бидат решени во наредните денови со „реализмот“ на Западот. Тој порача дека е „оптимист“, но и дека Иран нема да ги премине „црвените линии“ во преговорите, без да наведе кои се тие. Иранскиот преговарач Али Багери треба да се врати на кратко во Техеран за да се консултира додека продолжуваат преговорите во Виена. Преговорите се обид да се спаси договорот од 2015 година, кој требаше да го спречи Иран да развие атомска бомба, додека Иран продолжува да негира дека имал намера или планира да го направи тоа. Договорот, склучен меѓу Иран и шесте светски сили (САД, Кина, Франција, Велика Британија, Русија и Германија), овозможи укинување на меѓународните санкции против Техеран во замена за строги ограничувања на неговата нуклеарна програма. Меѓутоа, САД се повлекоа од договорот од 2018 година за време на Доналд Трамп и повторно воведоа санкции. Како одговор, Техеран престана да се придржува до ограничувањата на својата нуклеарна програма.

The post Иран: Преговорите во Виена за нуклеарната програма се во критична фаза appeared first on Република.

]]>