нуклеарна опасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-opasnost/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 17:29:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна опасност Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-opasnost/ 32 32 МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maae-potrebni-se-itni-merki-za-sprechuvanje-na-nuklearna-nesrekja-vo-zaporozje/ Tue, 06 Sep 2022 19:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=548077

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање зона за нуклеарна безбедност во Запорожје.

Меѓународната агенција за атомска енергија нагласи дека е многу загрижена за ситуацијата во нуклеарната централа.

МААЕ соопшти дека нејзиниот тим забележал штета направена на различни локации, од кои некои биле во близина на зградата на реакторот.

Во извештајот се препорачува да се подобрат условите под кои украинскиот персонал работи во нуклеарната централа.

Украинскиот персонал е под постојан висок стрес и притисок, особено со ограничената работна сила која е на располагање - соопшти МААЕ во извештајот, додавајќи дека тоа не е одржливо и може да доведе до зголемена човечка грешка што може да има влијание врз нуклеарната безбедност.

Извештајот е објавен по посетата на тимот на МААЕ на Запорожје.

The post МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје appeared first on Република.

]]>

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го објави извештајот за Украина во кој наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје. МААЕ соопшти дека е подготвена веднаш да почне консултации што би довело до итно формирање зона за нуклеарна безбедност во Запорожје. Меѓународната агенција за атомска енергија нагласи дека е многу загрижена за ситуацијата во нуклеарната централа. МААЕ соопшти дека нејзиниот тим забележал штета направена на различни локации, од кои некои биле во близина на зградата на реакторот. Во извештајот се препорачува да се подобрат условите под кои украинскиот персонал работи во нуклеарната централа.
Украинскиот персонал е под постојан висок стрес и притисок, особено со ограничената работна сила која е на располагање - соопшти МААЕ во извештајот, додавајќи дека тоа не е одржливо и може да доведе до зголемена човечка грешка што може да има влијание врз нуклеарната безбедност.
Извештајот е објавен по посетата на тимот на МААЕ на Запорожје.

The post МААЕ: Потребни се итни мерки за спречување на нуклеарна несреќа во Запорожје appeared first on Република.

]]>
Стејт Департмент: Русија не сака да го признае радиолошкиот ризик во нуклеарната централа Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-rusija-ne-saka-da-go-priznae-radioloshkiot-rizik-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Sun, 28 Aug 2022 19:39:39 +0000 https://republika.mk/?p=545050

Официјален Вашингтон обвини дека Русија не сака да признае дека постои огромен радиолошки ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додавајќи дека тоа е причината поради која го блокирале последниот нацрт на договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ).

Руската федерација сама одлучи да го блокира консензусот за финалниот документ на крајот од Десеттата конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ). Русија го направи тоа со цел да го блокира јазикот што само укажува на огромен ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина - соопшти Стејт департментот.

Во петокот, Русија го блокираше усвојувањето на заедничката декларација, по четиринеделната конференција на ОН за НПТ, и ги осуди, како што наведе, „политичките“ аспекти на текстот.

Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), што е предмет на состанок на 191 потписник на секои пет години, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје, да промовира целосно разоружување и соработка во мирната употреба на нуклеарната енергија .

Според извори блиски до преговорите, Русија особено се спротивставила на деловите од текстот кои се однесуваат на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на руската армија, јавија американски медиуми.

The post Стејт Департмент: Русија не сака да го признае радиолошкиот ризик во нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>

Официјален Вашингтон обвини дека Русија не сака да признае дека постои огромен радиолошки ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина, додавајќи дека тоа е причината поради која го блокирале последниот нацрт на договорот за неширење на нуклеарното оружје (НПТ).
Руската федерација сама одлучи да го блокира консензусот за финалниот документ на крајот од Десеттата конференција за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ). Русија го направи тоа со цел да го блокира јазикот што само укажува на огромен ризик во нуклеарната централа Запорожје во Украина - соопшти Стејт департментот.
Во петокот, Русија го блокираше усвојувањето на заедничката декларација, по четиринеделната конференција на ОН за НПТ, и ги осуди, како што наведе, „политичките“ аспекти на текстот. Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), што е предмет на состанок на 191 потписник на секои пет години, има за цел да го спречи ширењето на нуклеарното оружје, да промовира целосно разоружување и соработка во мирната употреба на нуклеарната енергија . Според извори блиски до преговорите, Русија особено се спротивставила на деловите од текстот кои се однесуваат на украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на руската армија, јавија американски медиуми.

The post Стејт Департмент: Русија не сака да го признае радиолошкиот ризик во нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>
Захарова го предупредува Зеленски: Украинските акции се закана за голема нуклеарна несреќа во Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-go-predupreduva-zelenski-ukrainskite-akcii-se-zakana-za-golema-nuklearna-nesrekja-vo-zaporozje/ Tue, 26 Jul 2022 14:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=533422

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави соопштение во кое им се обра'a на властите во Киев за тоа дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, koja e најголемата во Европа, предизвикува зголемена загриженост.

Захарова со соопштението пренесува дека украинските власти ја „ескалирале ситуацијата“ наведувајќи дека официјален Киев „шири дезинформации за наводно влијание на руските претставници во електраната за обезбедување на нејзината безбедност“.

Постојано нагласуваме дека Русија покажа најголема одговорност во однос на украинските нуклеарни постројки и направи се што е во нејзина моќ за да обезбеди, не само соодветно ниво на нуклеарна и физичка безбедност, туку и најголема можна транспарентност во ова прашање - вели Захарова во соопштението упатено до Киев.

Таа натаму наведува дека на крајот на јуни 2022 година, Русија, заедно со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), предводена од генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, подготвувала посета на оваа нуклеарна централа за да се потврди усогласеноста со безбедносните стандарди и имплементацијата на заштитни мерки, но дека посетата не се одржа бидејќи Секретаријатот на ОН одби да ја поддржи иницијативата на Секретаријатот на МААЕ под слабо оправдување за недоволна безбедност и лош тајминг за посетата.

Попречувањето на посетата беше од корист на режимот во Киев и неговите западни спонзори, кои не беа задоволни што главниот директор, експертите на Агенцијата и меѓународните претставници вклучени во мисијата ќе имаат можност да ја видат реалната ситуација во Запорожје и самите да се уверат во исправноста на нејзиното функционирање - наведува Захарова.

Таа го напаѓа режимот во Киев за нарушување на безбедноста на нуклеарната централа.

По откажувањето на посетата, вооружените провокации на Киев против нуклеарната централа се зголемија повеќекратно: беа извршени напади со беспилотни летала на територијата на централата, а имаше и акции насочени кон заплашување на нејзиниот персонал. Руското Министерство за надворешни работи постојано ги пријавува овие инциденти во МААЕ - вели Захарова.

Таа заклучува дека акциите на Украина ги прекршиле сите седум принципи за нуклеарна безбедност формулирани од генералниот директор на МААЕ, игнорирајќи ги резолуциите на Генералните конференции на МААЕ од 1985 и 1990 година, кои наведуваат дека секој вооружен напад или закана од напад врз нуклеарни постројки ги прекршува принципите на Повелбата на ОН, меѓународното право и Повелбата на МААЕ.

Го предупредуваме режимот на Зеленски да не продолжува со провокации насочени кон најголемата нуклеарна централа во Европа, бидејќи тоа може да доведе до нуклеарна несреќа што ќе има последици не само за Украина. Ја повикуваме меѓународната заедница да биде внимателна по ова прашање и да ги осуди постапките на властите во Киев - вели портпаролката на руското МНР во соопштението упатено директно до украинските власти.

The post Захарова го предупредува Зеленски: Украинските акции се закана за голема нуклеарна несреќа во Запорожје appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, објави соопштение во кое им се обра'a на властите во Киев за тоа дека ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, koja e најголемата во Европа, предизвикува зголемена загриженост. Захарова со соопштението пренесува дека украинските власти ја „ескалирале ситуацијата“ наведувајќи дека официјален Киев „шири дезинформации за наводно влијание на руските претставници во електраната за обезбедување на нејзината безбедност“.