нуклеарна енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Mar 2024 14:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-energija/ 32 32 Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-bez-nuklearna-energija-srbija-nema-da-mozhe-da-opstane/ Thu, 21 Mar 2024 14:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=757023

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска, на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија во Брисел, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој Самит покажува дека струјата ќе биде се повеќе потребна, јави дописникот на МИА од Белград.

Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки донесовме во изминатите децении. Едноставно кажано, без нуклеарна енергија нема да можеме да го преживееме доаѓањето на вештачката интелигенција или електричните автомобили, оцени Вучиќ.

Тој порача дека треба да се види како да се дојде до поголем број мали модуларни реактори за искористување на нуклеарната енергија, за што Србија има три проблеми.

Првиот проблем е што, барем во мојата земја, го немаме потребното знаење за користењето на нуклеарната енергија и не знаеме како ќе го обезбедиме тоа знаење и тие луѓе. Втората работа е како ќе ги финансираме сите овие проекти. И можам однапред да ви кажам дека навистина сме заинтересирани да добиеме најмалку четири мали модуларни реактори кои ќе заменат 1200 мегавати. Не знаеме како ќе го направиме тоа, како ќе го финансираме тоа бидејќи се работи за 7,5 до 8 милијарди евра Третата работа е дека ќе треба да го менуваме ставот на нашиот народ, рече Вучиќ.

Тој кажа дека „во секој случај Србија ќе биде подготвена значително да учествува во тоа, но дека треба да добиеме некаква поддршка од водечките земји од ЕУ“.

The post Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, денеска, на Меѓународниот самит за нуклеарна енергија во Брисел, изјави дека без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане и дека важноста што му се придава на овој Самит покажува дека струјата ќе биде се повеќе потребна, јави дописникот на МИА од Белград. Овој самит и важноста што му се придава покажува какви погрешни одлуки донесовме во изминатите децении. Едноставно кажано, без нуклеарна енергија нема да можеме да го преживееме доаѓањето на вештачката интелигенција или електричните автомобили, оцени Вучиќ. Тој порача дека треба да се види како да се дојде до поголем број мали модуларни реактори за искористување на нуклеарната енергија, за што Србија има три проблеми. Првиот проблем е што, барем во мојата земја, го немаме потребното знаење за користењето на нуклеарната енергија и не знаеме како ќе го обезбедиме тоа знаење и тие луѓе. Втората работа е како ќе ги финансираме сите овие проекти. И можам однапред да ви кажам дека навистина сме заинтересирани да добиеме најмалку четири мали модуларни реактори кои ќе заменат 1200 мегавати. Не знаеме како ќе го направиме тоа, како ќе го финансираме тоа бидејќи се работи за 7,5 до 8 милијарди евра Третата работа е дека ќе треба да го менуваме ставот на нашиот народ, рече Вучиќ. Тој кажа дека „во секој случај Србија ќе биде подготвена значително да учествува во тоа, но дека треба да добиеме некаква поддршка од водечките земји од ЕУ“.

The post Вучиќ: Без нуклеарна енергија Србија нема да може да опстане appeared first on Република.

]]>
Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetska-nuklearna-asotsijatsija-pobaruvachkata-za-uranium-vo-svetot-ke-se-udvoi-do-2040-godina/ Sat, 09 Sep 2023 07:05:01 +0000 https://republika.mk/?p=680135

Побарувачката за ураниум во производството на електрична енергија би требало да се зголеми за 28 отсто до крајот на деценијата и речиси двојно да се зголеми до 2040 година поради зголемувањето на капацитетот на нуклеарните централи како дел од климатските цели, објави Светската нуклеарна асоцијација (WNA).

Интересот за нуклеарната енергија е зајакнат и поради војната во Украина, бидејќи многу земји сакаат алтернатива за снабдување со енергенси од Русија, се додава во извештајот за нуклеарното гориво, кој здружението го објавува на секои две години.

Од почетокот на следната деценија, планираните и потенцијални рудници за ураниум ќе мора да бидат вклучени во производството, покрај зголеменото снабдување од неименувани извори“, се вели во извештајот.

Светското производство на ураниум од 2016 до 2020 година е намалено за една четвртина

Од 2016 до 2020 година, глобалното производство на ураниум падна за една четвртина, на 47.731 тони, само за малку да закрепне минатата година, достигнувајќи 49.355 тони, пресмета WNA.

Откако земјотресот и цунамито ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил, земјите низ светот затворија десетици реактори.

На крајот на јуни глобалните нуклеарни капацитети изнесуваа 391 гигават електрична енергија (GWe) и опфатија 437 реактори, а веќе е почната работа на нуклеарните централи кои треба да ги зголемат за 64 гигавати.

The post Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година appeared first on Република.

]]>

Побарувачката за ураниум во производството на електрична енергија би требало да се зголеми за 28 отсто до крајот на деценијата и речиси двојно да се зголеми до 2040 година поради зголемувањето на капацитетот на нуклеарните централи како дел од климатските цели, објави Светската нуклеарна асоцијација (WNA). Интересот за нуклеарната енергија е зајакнат и поради војната во Украина, бидејќи многу земји сакаат алтернатива за снабдување со енергенси од Русија, се додава во извештајот за нуклеарното гориво, кој здружението го објавува на секои две години.
Од почетокот на следната деценија, планираните и потенцијални рудници за ураниум ќе мора да бидат вклучени во производството, покрај зголеменото снабдување од неименувани извори“, се вели во извештајот.
Светското производство на ураниум од 2016 до 2020 година е намалено за една четвртина Од 2016 до 2020 година, глобалното производство на ураниум падна за една четвртина, на 47.731 тони, само за малку да закрепне минатата година, достигнувајќи 49.355 тони, пресмета WNA. Откако земјотресот и цунамито ја уништија јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011 година, во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил, земјите низ светот затворија десетици реактори. На крајот на јуни глобалните нуклеарни капацитети изнесуваа 391 гигават електрична енергија (GWe) и опфатија 437 реактори, а веќе е почната работа на нуклеарните централи кои треба да ги зголемат за 64 гигавати.

The post Светска нуклеарна асоцијација: Побарувачката за ураниум во светот ќе се удвои до 2040 година appeared first on Република.

]]>
Американската нуклеарна индустрија е во сериозни проблеми без горивото од Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanskata-nuklearna-industrija-e-vo-seriozni-problemi-bez-gorivoto-od-rusija/ Thu, 20 Oct 2022 09:45:21 +0000 https://republika.mk/?p=563451

Американските компании што произведуваат нова генерација мали нуклеарни електрани, со цел да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, имаат голем проблем бидејќи само една фирма го продава потребното гориво, а таа е руска, пишуваат дел од британските медиуми.

Затоа американската Влада итно ја разгледува множноста за користење дел од своите ураниумски резерви за индустријата за вооружување, за да помогне во снабдувањето на производителите на напредни реактори со гориво и да го поттикне секторот што го смета за клучен за земјите да ги исполнат глобалните цели од нулта емисии на штетни гасови.

Без сигурен извор на збогатен ураниум, потребен за реакторите, производителите се грижат дека нивните фабрики нема да добијат нарачки. Доколку нема нарачки за мали реактори, малку е веројатно дека потенцијалните производители на гориво ќе воспостават комерцијални синџири за снабдување за да го заменат рускиот ураниум.

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

The post Американската нуклеарна индустрија е во сериозни проблеми без горивото од Русија appeared first on Република.

]]>

Американските компании што произведуваат нова генерација мали нуклеарни електрани, со цел да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, имаат голем проблем бидејќи само една фирма го продава потребното гориво, а таа е руска, пишуваат дел од британските медиуми. Затоа американската Влада итно ја разгледува множноста за користење дел од своите ураниумски резерви за индустријата за вооружување, за да помогне во снабдувањето на производителите на напредни реактори со гориво и да го поттикне секторот што го смета за клучен за земјите да ги исполнат глобалните цели од нулта емисии на штетни гасови. Без сигурен извор на збогатен ураниум, потребен за реакторите, производителите се грижат дека нивните фабрики нема да добијат нарачки. Доколку нема нарачки за мали реактори, малку е веројатно дека потенцијалните производители на гориво ќе воспостават комерцијални синџири за снабдување за да го заменат рускиот ураниум. Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

The post Американската нуклеарна индустрија е во сериозни проблеми без горивото од Русија appeared first on Република.

]]>
Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanija-planira-izgradba-na-shest-ili-sedum-novi-nuklearni-centrali-do-2050-godina-kako-odgovor-na-energetskata-kriza/ Sun, 03 Apr 2022 15:44:15 +0000 https://republika.mk/?p=482656

Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на производство на домашна енергија по војната во Украина.

Како што вели министерот бизнис, енергетика и индистриска стратегија, Квази Квартенг за „Сандеј Телеграф“, „постои свет во кој до 2050 година во Обединетото Кралство има шест или седум нуклеарни постројки“.

Како што пренесува „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ со цел да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, како и да собере приватни компании да управуваат со секоја од централите.

Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела, се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

The post Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза appeared first on Република.

]]>

Британија би можела да изгради до седум нови нуклеарни централи како дел од радикалната експанзија на производство на домашна енергија по војната во Украина. Како што вели министерот бизнис, енергетика и индистриска стратегија, Квази Квартенг за „Сандеј Телеграф“, „постои свет во кој до 2050 година во Обединетото Кралство има шест или седум нуклеарни постројки“. Како што пренесува „Јутарњи лист“, министрите се согласиле да основаат ново тело за развој наречено „Големата британска нуклеарка“ со цел да ги идентификува локациите, да ги намали бирократските пречки и да го забрза процесот на планирање, како и да собере приватни компании да управуваат со секоја од централите. Новата британска стратегија за енергетска безбедност, која ќе биде претставена на крајот на следната недела, се очекува да ја обврзе владата да поддржи изградба на најмалку две нови големи нуклеарни централи до 2030 година со мали модуларни реактори, пишува британскиот весник.

The post Британија планира изградба на шест или седум нови нуклеарни централи до 2050 година како одговор на енергетската криза appeared first on Република.

]]>