нуклеарна централа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-centrala/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Aug 2024 07:52:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарна централа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearna-centrala/ 32 32 Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ne-ja-pominal-bezbednosnata-proverka-eden-reaktor-na-japonskata-nuklearna-tsentrala-tsuruga-nema-da-prodolzhi-so-rabota/ Wed, 28 Aug 2024 07:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=810761

Јапонската нуклеарна агенција потврди дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција.

Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото.

The post Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>

Јапонската нуклеарна агенција потврди дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција. Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото.

The post Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>
Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-ke-gradi-nuklearna-tsentrala-vo-uzbekistan/ Tue, 28 May 2024 18:33:20 +0000 https://republika.mk/?p=782570

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијојев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава.

Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“.

Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот.

Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати.

Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан.

Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје.

The post Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин на средбата во Ташкент со узбекистанскиот колега Шавкат Мирзијојев потпишаа договор Русија да изгради мала нуклеарна централа во централноазиската држава. Според Мирзијоев проектот е од витално значење за Узбекистан, кој има „големи резерви на ураниум“. Доколку договорот биде имплементиран, тоа ќе биде првата нуклеарна централа во Централна Азија, што дополнително ќе го зголеми влијанието на Русија во регионот. Проектот предвидува изградба на шест реактори со вкупно 330 мегавати, иако претходно двете земји разговараа за изградба на многу поголема нуклеарна централа од 2,4 гигавати. Путин вети и дека ќе ја зголеми испораката на гас за Узбекистан. Тоа е трето патување во странство на Путин од неговата инаугурација за петти претседателски мандат на почетокот на мај. Тој прво ја посети Кина, каде му се заблагодари на Пекинг за предлозите да се преговара за крај на војната во Украина, а потоа беше во Белорусија, каде што Русија има распоредено тактичко нуклеарно оружје.

The post Русија ќе гради нуклеарна централа во Узбекистан appeared first on Република.

]]>
Велика Британија ќе гради нова нуклеарна централа во северен Велс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/velika-britanija-ke-gradi-nova-nuklearna-tsentrala-vo-severen-vels/ Mon, 12 Feb 2024 08:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=743053

Велика Британија се подготвува да ги „оживее“ плановите за нова нуклеарна централа во Велс, откако владата во Лондон потврди дека сака да ја преземе контролата врз важната локација на северот на британската покраина.

Државната компанија Great British Nuclear е во рана фаза на преговори со компанијата Hitachi за купување на земјиште во Вилфа, Англеси, што би го отворило патот за изградба на нова нуклеарна централа, пренесува британски Телеграф.

Потенцијалниот договор доаѓа пет години откако јапонскиот гигант се откажа од плановите за нуклеарна централа во Британија, додека локацијата за која се шпекулира сега вреди 200 милиони фунти, приближно 234 милиони евра, како што објави Фајненшл тајмс.

Во Вилфа веќе има нуклеарна централа, која почна со работа во 1971 година, а беше затворена 44 години подоцна, во 2015 година. Вилфа е една од осумте локации кои во 2010 година беа означени за потенцијален нуклеарен развој.

Околу 14 отсто од производството на електрична енергија во Велика Британија во 2022 година било од нуклеарна енергија. Во 2023 година во Британија беа оперативни пет од девет нуклеарни реактори.

The post Велика Британија ќе гради нова нуклеарна централа во северен Велс appeared first on Република.

]]>

Велика Британија се подготвува да ги „оживее“ плановите за нова нуклеарна централа во Велс, откако владата во Лондон потврди дека сака да ја преземе контролата врз важната локација на северот на британската покраина. Државната компанија Great British Nuclear е во рана фаза на преговори со компанијата Hitachi за купување на земјиште во Вилфа, Англеси, што би го отворило патот за изградба на нова нуклеарна централа, пренесува британски Телеграф. Потенцијалниот договор доаѓа пет години откако јапонскиот гигант се откажа од плановите за нуклеарна централа во Британија, додека локацијата за која се шпекулира сега вреди 200 милиони фунти, приближно 234 милиони евра, како што објави Фајненшл тајмс. Во Вилфа веќе има нуклеарна централа, која почна со работа во 1971 година, а беше затворена 44 години подоцна, во 2015 година. Вилфа е една од осумте локации кои во 2010 година беа означени за потенцијален нуклеарен развој. Околу 14 отсто од производството на електрична енергија во Велика Британија во 2022 година било од нуклеарна енергија. Во 2023 година во Британија беа оперативни пет од девет нуклеарни реактори.

The post Велика Британија ќе гради нова нуклеарна централа во северен Велс appeared first on Република.

]]>
Во Албанија ќе се гради нуклеарна централа вредна 4 милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-albanija-ke-se-gradi-nuklearna-tsentrala-vredna-4-milijardi-evra/ Mon, 28 Aug 2023 16:32:38 +0000 https://republika.mk/?p=676659

Изградба на нуклеарна централа, со моќност од 1500 мегавати, е договорот што Италија го постигна со Албанија со инвестиција од четири милијарди евра.

Веста ја пренесуваат италијанските медиуми кои ја изразуваат својата среќа што оваа нуклеарна централа ќе се гради во Албанија. Според нив, италијански компании кои ќе обезбедат вештини, компетентност и консултантски услуги се ENI (италијанска мултинационална енергетска компанија), ENEL (италијанска мултинационална компанија за дистрибуција на електрична енергија и гас), EDISON (една од најстарите италијански компании во областа на енергија и дистрибутер на природен гас), јави Ора њуз.

Телевизијата наведува дека за реализација на ваква нуклеарна централа несомнено е потребна долга работа, но веста предизвика доста политички дебати и додава дека министерот за инфраструктура и транспорт Матео Салвини побарал одржување референдум на кој народот ќе се изјасни дали е за или против нуклеарна енергија.

Италијанските економски експерти наведуваат дека 3-те компании споменати погоре, односно ЕНИ, ЕНЕЛ и ЕДИСОН се единствените кои имаат корист од оваа инвестиција, додека за десетици други компании кои работат во секторот на обновливите извори на енергија ќе биде доста тешко, посочува Ора њуз.

Претходно албанските медиуми јавија дека италијанската премиерка Џорџиа Мелони, која, со семејството во средината на овој месец беше на неколкудневен одмор во Валона, по покана на премиерот Еди Рама, имала неформална средба со на која разговарале за изградба на нуклеарна централа во Албанија, бидејќи „на Италија и е потребно снабдување со енергија“.

-Ова не е изненадувачка идеја зашто Албанија е земја блиска до Италија и земја во која може да се изгради нуклеарна централа без да има олитичка и медиумска тензија и со фактот дека може да направи голема инвестиција во земја како Албанија, додадоа медиумите.

Случајно или не во исто време во Албанија „на неколкуденевен одмор“ беше и поранешниот британски премиер Тони Блер, инаку советник на Рама.

The post Во Албанија ќе се гради нуклеарна централа вредна 4 милијарди евра appeared first on Република.

Персоналот на нуклеарната централа Кршко е во состојба на готовност поради надојдената Сава https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/personalot-na-nuklearnata-tsentrala-krshko-e-vo-sostojba-na-gotovnost-poradi-nadojdenata-sava/ Fri, 04 Aug 2023 19:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=668830

Нуклеарната централа Кршко е во безбедна и стабилна состојба. Поради големиот проток и високото ниво на реката Сава, будно ја следиме состојбата; персоналот на електраната е во готовност, соопштија од НЕ Кршко.

„Поради вечерното зголемување на протокот и нивото на реката Сава, НЕК го зголеми нивото на подготвеност на персоналот, односно прогласи ненормален настан во согласност со Планот за заштита и спасување. Електраната продолжува стабилно да работи“

Со помош на разладни кули се намали вадењето вода од реката Сава, полна со нечистотии.

Состојбата будно ја следи експертската група на Управата за нуклеарна безбедност на Република Словенија, која ќе ја информира јавноста за натамошниот развој.

The post Персоналот на нуклеарната централа Кршко е во состојба на готовност поради надојдената Сава appeared first on Република.

]]>

Нуклеарната централа Кршко е во безбедна и стабилна состојба. Поради големиот проток и високото ниво на реката Сава, будно ја следиме состојбата; персоналот на електраната е во готовност, соопштија од НЕ Кршко.
„Поради вечерното зголемување на протокот и нивото на реката Сава, НЕК го зголеми нивото на подготвеност на персоналот, односно прогласи ненормален настан во согласност со Планот за заштита и спасување. Електраната продолжува стабилно да работи“
Со помош на разладни кули се намали вадењето вода од реката Сава, полна со нечистотии. Состојбата будно ја следи експертската група на Управата за нуклеарна безбедност на Република Словенија, која ќе ја информира јавноста за натамошниот развој.

The post Персоналот на нуклеарната централа Кршко е во состојба на готовност поради надојдената Сава appeared first on Република.

]]>
Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zaharova-rezhimot-vo-kiev-ja-napadna-nuklearnata-tsentrala-vo-kurs-go-osuduvame-ukrainskiot-nuklearen-terorizam/ Sat, 15 Jul 2023 19:39:12 +0000 https://republika.mk/?p=661786

Oфицијалнaтa претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи со коментар во врска со нападот со беспилотни летала врз градот Курчатов, во Курската област во Русија.

На 14 јули, во градот Курчатов, Курската област, каде што се наоѓа нуклеарната централа Курск, се урна и експлодира авион без екипаж. Благодарение на добро координираната работа на силите за воздушна одбрана кои ја обезбедуваат станицата, критичните објекти не беа оштетени. Немаше жртви. Во исто време, нуклеарната централа беше веројатна цел на нова украинска провокација, што уште еднаш укажува дека режимот во Киев тргнал на патот на нуклеарниот тероризам.

Силно ги осудуваме злонамерните планови на Украина за активно користење терористички методи против руските нуклеарни централи, што може да доведе до нуклеарна катастрофа од големи размери во Европа. Ја повикуваме меѓународната заедница и раководството на МААЕ и ОН да посветат максимално внимание на ова и да го подложат на остра осуда неодговорното однесување на Киев, се наведува во реакцијата на Захарова.

The post Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам appeared first on Република.

]]>

Oфицијалнaтa претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, се огласи со коментар во врска со нападот со беспилотни летала врз градот Курчатов, во Курската област во Русија.
На 14 јули, во градот Курчатов, Курската област, каде што се наоѓа нуклеарната централа Курск, се урна и експлодира авион без екипаж. Благодарение на добро координираната работа на силите за воздушна одбрана кои ја обезбедуваат станицата, критичните објекти не беа оштетени. Немаше жртви. Во исто време, нуклеарната централа беше веројатна цел на нова украинска провокација, што уште еднаш укажува дека режимот во Киев тргнал на патот на нуклеарниот тероризам.   Силно ги осудуваме злонамерните планови на Украина за активно користење терористички методи против руските нуклеарни централи, што може да доведе до нуклеарна катастрофа од големи размери во Европа. Ја повикуваме меѓународната заедница и раководството на МААЕ и ОН да посветат максимално внимание на ова и да го подложат на остра осуда неодговорното однесување на Киев, се наведува во реакцијата на Захарова.

The post Захарова: Режимот во Киев ја нападна нуклеарната централа во Курс, го осудуваме украинскиот нуклеарен тероризам appeared first on Република.

]]>
Нуклеарната централа Запорожје префрлена на резервно напојување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nuklearnata-tsentrala-zaporozhje-prefrlena-na-rezervno-napojuvane/ Mon, 22 May 2023 08:28:56 +0000 https://republika.mk/?p=643490

– Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување на територијата на Украина и е префрлена на дизел генератори, се наведува во соопштението од нуклеарката објавено на Телеграм.

– Поради исклучувањето на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го загуби надворешното напојување со електрична енергија.

Моќта за сопствени потреби ја обезбедуваат дизел генератори … Нема зголемена радијација на местото на нуклеарната централа, се истакнува во соопштението.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест блокови. Станицата не произведува струја од 11 септември 2022 година.

Пет реактори се во ладен режим, а еден работи за да ги задоволи потребите на електраната.

Од март минатата година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили, а од 1 септември минатата година таму дежураат неколку експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои се менуваат периодично.

The post Нуклеарната централа Запорожје префрлена на резервно напојување appeared first on Република.

]]>

– Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување на територијата на Украина и е префрлена на дизел генератори, се наведува во соопштението од нуклеарката објавено на Телеграм.
  – Поради исклучувањето на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го загуби надворешното напојување со електрична енергија.   Моќта за сопствени потреби ја обезбедуваат дизел генератори … Нема зголемена радијација на местото на нуклеарната централа, се истакнува во соопштението. Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест блокови. Станицата не произведува струја од 11 септември 2022 година.   Пет реактори се во ладен режим, а еден работи за да ги задоволи потребите на електраната. Од март минатата година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили, а од 1 септември минатата година таму дежураат неколку експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои се менуваат периодично.

The post Нуклеарната централа Запорожје префрлена на резервно напојување appeared first on Република.

]]>
Во Финска пуштен во употреба најголемиот нуклеарен реактор во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-finska-pushten-vo-upotreba-najgolemiot-nuklearen-reaktor-vo-evropa/ Wed, 19 Apr 2023 19:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=632234

Во Финска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) во Европа, со што ќе се осигури енергетската безбедност што беше нарушена откако Русија во мај минатата година престана да доставува гас и електрична енергија.

Операторот на ОЛ3, „Теолисуден воима“ (ТВО) соопшти дека очекува новиот нуклеарен реактор да задоволува околу 14 отсто од финската побарувачка за електрична енергија, со што ќе се намали потребата за увоз од Шведска и од Норвешка.

ОЛ3 од 1,6 гигавати почна да се гради во 2005 година и требаше да бидe завршена за четири години, но поради низа технички проблеми и дефекти реакторот почна со работа подоцна од првично предвиденото.

The post Во Финска пуштен во употреба најголемиот нуклеарен реактор во Европа appeared first on Република.

]]>

Во Финска почна со работа најголемиот нуклеарен реактор „Олкилуото 3“ (ОЛ3) во Европа, со што ќе се осигури енергетската безбедност што беше нарушена откако Русија во мај минатата година престана да доставува гас и електрична енергија. Операторот на ОЛ3, „Теолисуден воима“ (ТВО) соопшти дека очекува новиот нуклеарен реактор да задоволува околу 14 отсто од финската побарувачка за електрична енергија, со што ќе се намали потребата за увоз од Шведска и од Норвешка. ОЛ3 од 1,6 гигавати почна да се гради во 2005 година и требаше да бидe завршена за четири години, но поради низа технички проблеми и дефекти реакторот почна со работа подоцна од првично предвиденото.

The post Во Финска пуштен во употреба најголемиот нуклеарен реактор во Европа appeared first on Република.

]]>
Германија ги затвора последните три нуклеарни централи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-gi-zatvora-poslednite-tri-nuklearni-tsentrali/ Sat, 15 Apr 2023 09:59:21 +0000 https://republika.mk/?p=630979

Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи.

Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина.

– Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи, изјави германската министерка за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени).

Група научници вчера ја повика германската Влада да го пролонгира затворањето на нуклеарните централи.

– Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се соочуваат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската Влада да ги остави преостанатите три нуклеарни електрани во функција, се наведува во отвореното писмо на научниците испратено до германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во писмото, кое меѓу другите го потпишаа и добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради „очигледните предности на процесот на климатски промени“.

– Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид, се наведува во писмото потпишано од дваесет научници.

Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години.

Според резултатите од анкетата на јавниот сервис АРД, 59 проценти од испитаниците оцениле дека таквата политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна.

Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

The post Германија ги затвора последните три нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>

Со одлука на германската Влада денеска ќе бидат исклучени од мрежата за снабдување со електрична енергија последните три реактори на нуклеарните централи. Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина.
– Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи, изјави германската министерка за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени).
Група научници вчера ја повика германската Влада да го пролонгира затворањето на нуклеарните централи.
– Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се соочуваат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската Влада да ги остави преостанатите три нуклеарни електрани во функција, се наведува во отвореното писмо на научниците испратено до германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во писмото, кое меѓу другите го потпишаа и добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради „очигледните предности на процесот на климатски промени“.
– Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид, се наведува во писмото потпишано од дваесет научници.
Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години. Според резултатите од анкетата на јавниот сервис АРД, 59 проценти од испитаниците оцениле дека таквата политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна. Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.

The post Германија ги затвора последните три нуклеарни централи appeared first on Република.

]]>
Трагедија во руската нуклеарна централа Ростов: Еден работник загинал, друг е повреден при пожар во Блокот 3 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tragedija-vo-ruskata-nuklearna-tsentrala-rostov-eden-rabotnik-zaginal-drug-e-povreden-pri-pozhar-vo-blokot-3/ Sun, 01 Jan 2023 20:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=592567

Едно лице загинало кога се запалил трансформатор во нуклеарната централа Ростов, објави веб-страницата на компанијата „Росенергоатом“.

Инцидентот се случил во саботата во 18 часот и 30 минути, кога се запалил блок-трансформаторот од блок 3 кој е во редовна поправка. Пожарот е изгаснат во 18:42 часот.

На местото на пожарот пронајдени еден мртов и еден повреден работник во фабриката. Повредениот работник е хоспитализиран, укажана му е квалификувана лекарска помош“, се наведува во соопштението.

Во соопштението се истакнува дека нема прекршувања на границите и условите за безбедно функционирање на опремата и се додава дека нивото на радиција во нуклеарната централа и во околината не е променета, односно не ги надминува вредностите на природното зрачење.

The post Трагедија во руската нуклеарна централа Ростов: Еден работник загинал, друг е повреден при пожар во Блокот 3 appeared first on Република.

]]>

Едно лице загинало кога се запалил трансформатор во нуклеарната централа Ростов, објави веб-страницата на компанијата „Росенергоатом“. Инцидентот се случил во саботата во 18 часот и 30 минути, кога се запалил блок-трансформаторот од блок 3 кој е во редовна поправка. Пожарот е изгаснат во 18:42 часот.
На местото на пожарот пронајдени еден мртов и еден повреден работник во фабриката. Повредениот работник е хоспитализиран, укажана му е квалификувана лекарска помош“, се наведува во соопштението.
Во соопштението се истакнува дека нема прекршувања на границите и условите за безбедно функционирање на опремата и се додава дека нивото на радиција во нуклеарната централа и во околината не е променета, односно не ги надминува вредностите на природното зрачење.

The post Трагедија во руската нуклеарна централа Ростов: Еден работник загинал, друг е повреден при пожар во Блокот 3 appeared first on Република.

]]>
Франција ќе гради нуклеарки, кризата ја примора https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francija-kje-gradi-nuklearki-krizata-ja-primora/ Wed, 02 Nov 2022 15:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=568891

Франција подготвува закон со кој ќе се поедностави издавањето дозволи за изградба на нови нуклеарни реактори со кои ќе ги зголеми своите капацитети во услови на глобалната енергетска криза.

– Овој предлог-закон е одговор на итноста на кризата, истакна владиниот портпарол Оливие Веран по денешната владина средба, на која беше усвоен предлог-законот.

Веран појасни дека предлог-законот, кој треба да биде испратен до Националното собрание на крајот на декември и почетокот на јануари, „нема на ниту еден начин да ги намали условите поврзани со заштитата на животната средина или безбедноста на нуклеарната инфраструктура“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја стави нуклеарната енергија во центарот на плановите да ја направи земјата јаглеродно неутрална до 2050 година и планира да изгради најмалку шест нови реактори.

Официјален претставник на Министерството за енергетика во септември изјави дека целта е да се започне со изградба на првиот реактор од новата генерација EPR2 во Пенли во Нормандија пред крајот на мандатот на Макрон во мај 2027 година, а тој треба да биде оперативен меѓу 2035 и 2037 година.

Ова денеска го потврдија претставници на Министерството.

– Целта е административните одобренија да се издаваат во роковите што ќе ни овозможат да го изградиме реакторот EPR во согласност со роковите, изјави министерката за енергетика Агнес Паниер-Руначер за весникот Ле Екос.

– Тоа е нацрт-закон кој ги поедноставува административните одобренија за нуклеарни реактори што ќе се градат во близина на постоечките нуклеарни централи, рече таа, додавајќи дека се однесува на административни прашања, а не на одлуки за изградба на нуклеарни централи.

На прашањето колку време може да се заштеди на овој начин, таа рече дека станува збор за „години“.

ЕДФ планира да изгради реактори на три постоечки локации: два во Пенли, два во Гравлин на северот на Франција и два во Бугеј на истокот од земјата или во Трикастин на југ.

Владата проценува дека шест нови реактори ќе чинат 51,7 милијарди евра. ссм/

The post Франција ќе гради нуклеарки, кризата ја примора appeared first on Република.

]]>

Франција подготвува закон со кој ќе се поедностави издавањето дозволи за изградба на нови нуклеарни реактори со кои ќе ги зголеми своите капацитети во услови на глобалната енергетска криза.
– Овој предлог-закон е одговор на итноста на кризата, истакна владиниот портпарол Оливие Веран по денешната владина средба, на која беше усвоен предлог-законот.
Веран појасни дека предлог-законот, кој треба да биде испратен до Националното собрание на крајот на декември и почетокот на јануари, „нема на ниту еден начин да ги намали условите поврзани со заштитата на животната средина или безбедноста на нуклеарната инфраструктура“. Францускиот претседател Емануел Макрон ја стави нуклеарната енергија во центарот на плановите да ја направи земјата јаглеродно неутрална до 2050 година и планира да изгради најмалку шест нови реактори. Официјален претставник на Министерството за енергетика во септември изјави дека целта е да се започне со изградба на првиот реактор од новата генерација EPR2 во Пенли во Нормандија пред крајот на мандатот на Макрон во мај 2027 година, а тој треба да биде оперативен меѓу 2035 и 2037 година. Ова денеска го потврдија претставници на Министерството.
– Целта е административните одобренија да се издаваат во роковите што ќе ни овозможат да го изградиме реакторот EPR во согласност со роковите, изјави министерката за енергетика Агнес Паниер-Руначер за весникот Ле Екос. – Тоа е нацрт-закон кој ги поедноставува административните одобренија за нуклеарни реактори што ќе се градат во близина на постоечките нуклеарни централи, рече таа, додавајќи дека се однесува на административни прашања, а не на одлуки за изградба на нуклеарни централи.
На прашањето колку време може да се заштеди на овој начин, таа рече дека станува збор за „години“. ЕДФ планира да изгради реактори на три постоечки локации: два во Пенли, два во Гравлин на северот на Франција и два во Бугеј на истокот од земјата или во Трикастин на југ. Владата проценува дека шест нови реактори ќе чинат 51,7 милијарди евра. ссм/

The post Франција ќе гради нуклеарки, кризата ја примора appeared first on Република.

]]>
Германските нуклеарки ќе работат до пролет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskite-nuklearki-kje-rabotat-do-prolet/ Wed, 19 Oct 2022 15:40:50 +0000 https://republika.mk/?p=563207

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на преостанатите три германски нуклеарни централи до средината на април следната година, се наведува во соопштението испратено денеска по седницата на владата.

„Договорот за промена на законот за користење на нуклеарната енергија е постигнат во најкраток можен рок“, изјави германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек по владината седница.

Измената на законот дозволува преостанатите три нуклеарни централи во Германија кои се уште работат, Исар 2, Некарвестхајм 2 и Емсланд, да ја продолжат својата работа до средината на април следната година.

Во позадина на продолжувањето на работата на електраните, кои требаше да бидат исклучени од мрежата до крајот на годинава, е енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина и прекинот на протокот на гас од Русија.

Горниот и Долниот дом на Парламентот треба да ја потврдат оваа владина одлука до крајот на ноември.

Во рамките на социјалдемократско-зелено-либералната коалиција на канцеларот Олаф Шолц, во последните недели имаше конфликт околу продолжувањето на работата на нуклеарните централи.

Хабек изрази уверување дека до зимата 2023/24 година „ќе владеат поинакви услови“ во однос на снабдувањето со енергија и укажа на брзото завршување на терминалот за течен гас, кој треба да гарантира увоз од други земји. 

The post Германските нуклеарки ќе работат до пролет appeared first on Република.

]]>

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на преостанатите три германски нуклеарни централи до средината на април следната година, се наведува во соопштението испратено денеска по седницата на владата. „Договорот за промена на законот за користење на нуклеарната енергија е постигнат во најкраток можен рок“, изјави германскиот министер за економија и енергетика Роберт Хабек по владината седница. Измената на законот дозволува преостанатите три нуклеарни централи во Германија кои се уште работат, Исар 2, Некарвестхајм 2 и Емсланд, да ја продолжат својата работа до средината на април следната година. Во позадина на продолжувањето на работата на електраните, кои требаше да бидат исклучени од мрежата до крајот на годинава, е енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина и прекинот на протокот на гас од Русија. Горниот и Долниот дом на Парламентот треба да ја потврдат оваа владина одлука до крајот на ноември. Во рамките на социјалдемократско-зелено-либералната коалиција на канцеларот Олаф Шолц, во последните недели имаше конфликт околу продолжувањето на работата на нуклеарните централи. Хабек изрази уверување дека до зимата 2023/24 година „ќе владеат поинакви услови“ во однос на снабдувањето со енергија и укажа на брзото завршување на терминалот за течен гас, кој треба да гарантира увоз од други земји. 

The post Германските нуклеарки ќе работат до пролет appeared first on Република.

]]>
Украина: Десетици вработени во нуклеарната централа Запорожје се заробеници на Русите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-desetici-vraboteni-vo-nuklearnata-centrala-zaporozje-se-zarobenici-na-rusite/ Wed, 19 Oct 2022 12:50:57 +0000 https://republika.mk/?p=563097

Околу педесет вработени во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под окупација на руските сили од март, „сè уште се заробеници“ на Русите, соопшти шефот на украинската државната нуклеарна компанија Енергоатом, Петро Котин.

Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, беа заробени повеќе од 150 вработени во централата, некои се ослободени, но има луѓе за кои сè уште не се знае каде се наоѓаат - изјави Петро Котин и додаде дека некои се убиени, а некои биле мачени.

Тој изјави дека Енергоатом ќе објави список со имињата на вработените кои сè уште се во рацете на Русите и ќе ја повика меѓународната заедница да помогне за нивно ослободување.

Зборувајќи за притворот на поранешниот генерален директор на централата, Игор Мурашов, кого Русија го уапси на крајот на септември и го ослободи по неколку дена, Котин изјави дека Русите го држеле во подрум три дена. Тој додаде дека е мачење да се држи некој на стол цел ден со вреќа преку глава. Кон информира и дека Русите снимале пропагандни видеа со Мурашов.

Директорот на Енергоатом вели дека не знае каде се двајцата вработени во централата кои, според украинските власти, се киднапирани: информатичкиот директор на централата Олег Костјуков и помошникот генерален директор Олег Ошека.

The post Украина: Десетици вработени во нуклеарната централа Запорожје се заробеници на Русите appeared first on Република.

]]>

Околу педесет вработени во нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која е под окупација на руските сили од март, „сè уште се заробеници“ на Русите, соопшти шефот на украинската државната нуклеарна компанија Енергоатом, Петро Котин.
Од почетокот на руската инвазија на крајот на февруари, беа заробени повеќе од 150 вработени во централата, некои се ослободени, но има луѓе за кои сè уште не се знае каде се наоѓаат - изјави Петро Котин и додаде дека некои се убиени, а некои биле мачени.
Тој изјави дека Енергоатом ќе објави список со имињата на вработените кои сè уште се во рацете на Русите и ќе ја повика меѓународната заедница да помогне за нивно ослободување. Зборувајќи за притворот на поранешниот генерален директор на централата, Игор Мурашов, кого Русија го уапси на крајот на септември и го ослободи по неколку дена, Котин изјави дека Русите го држеле во подрум три дена. Тој додаде дека е мачење да се држи некој на стол цел ден со вреќа преку глава. Кон информира и дека Русите снимале пропагандни видеа со Мурашов. Директорот на Енергоатом вели дека не знае каде се двајцата вработени во централата кои, според украинските власти, се киднапирани: информатичкиот директор на централата Олег Костјуков и помошникот генерален директор Олег Ошека.

The post Украина: Десетици вработени во нуклеарната централа Запорожје се заробеници на Русите appeared first on Република.

]]>
Директорот на МААЕ: Зачуден сум колку Путин детално знае за нуклеарната централа Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/direktorot-na-maae-zachuden-sum-kolku-putin-detalno-znae-za-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Wed, 19 Oct 2022 09:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=562902

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека е зачуден од тоа колку претседателот на Русија Владимир Путин, детално знае за нуклеарната централа Запорожје.

Бев изненаден од неговото детално познавање на нуклеарната централа, нејзините технички карактеристики и разбирањето на она што го предлагам за нејзината безбедност - изјави Гроси во интервју за аргентинската телевизија „Телефе“.

Гроси додава дека претседателот на Русија верува во она што го прави и е длабоко убеден во неговите позиции. Генералниот директор на МААЕ, истакна и дека Путин се уште е подготвен да соработува со него.

The post Директорот на МААЕ: Зачуден сум колку Путин детално знае за нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

Најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје повторно е без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najgolemata-evropska-nuklearna-centrala-vo-zaporozje-povtorno-e-bez-struja/ Mon, 17 Oct 2022 21:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=562314

Надворешното снабдување со електрична енергија на најголемата европска нуклеарна централа повторно е прекинато поради гранатирање на руските сили, соопшти украинската државна енергетска компанија.

Нуклеарната централа Запорожје, која стана точка на удар за време на војната во Украина, е под руска контрола од март и се наоѓа во близина на линијата на фронтот на територијата за која Путин тврди дека е анектирана од Русија.

Украинската нуклеарна компанија Енергоатом објави дека трафостаницата што ја снабдува централата со електрична енергија била погодена во руски напад во понеделникот.

Иако шест од реакторите на централата се затворени поради борбите, потребна ѝ е струја за да се осигура дека клучните безбедносни системи остануваат во функција. Дури и додека е затворен, водата за ладење мора да циркулира околу горивото на реакторот за да се спречи неговото топење. Базените за складирање исто така треба да се полнат за да се спречи прегревање на потрошеното гориво и потенцијално ослободување на радиоактивност.

Напојувањата беа исклучени неколку пати, принудувајќи го операторот на централата привремено да користи дизел генератори за да ги одржува безбедносните системи во работа.

Енергоатом постојано бараше демилитаризација на електраната и повлекување на руските сили што ја опкружуваат.

The post Најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје повторно е без струја appeared first on Република.

]]>

Надворешното снабдување со електрична енергија на најголемата европска нуклеарна централа повторно е прекинато поради гранатирање на руските сили, соопшти украинската државна енергетска компанија. Нуклеарната централа Запорожје, која стана точка на удар за време на војната во Украина, е под руска контрола од март и се наоѓа во близина на линијата на фронтот на територијата за која Путин тврди дека е анектирана од Русија. Украинската нуклеарна компанија Енергоатом објави дека трафостаницата што ја снабдува централата со електрична енергија била погодена во руски напад во понеделникот. Иако шест од реакторите на централата се затворени поради борбите, потребна ѝ е струја за да се осигура дека клучните безбедносни системи остануваат во функција. Дури и додека е затворен, водата за ладење мора да циркулира околу горивото на реакторот за да се спречи неговото топење. Базените за складирање исто така треба да се полнат за да се спречи прегревање на потрошеното гориво и потенцијално ослободување на радиоактивност. Напојувањата беа исклучени неколку пати, принудувајќи го операторот на централата привремено да користи дизел генератори за да ги одржува безбедносните системи во работа. Енергоатом постојано бараше демилитаризација на електраната и повлекување на руските сили што ја опкружуваат.  

The post Најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје повторно е без струја appeared first on Република.

]]>
Нуклеаркната централа Запорожје почна да работи по руски стандарди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nuklearknata-centrala-zaporozje-pochna-da-raboti-po-ruski-standardi/ Fri, 14 Oct 2022 13:35:15 +0000 https://republika.mk/?p=561197

Нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во областа Енергодар, почна да работи според руски стандарди, изјави градоначалникот Александар Волга, поставен од Русија.

Волга изјави дека нуклеарната централа почнала да работи според руски стандарди бидејќи нејзиниот нов оператор е назначен врз основа на указот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС.

Волга изјави дека нуклеарната централа Запорожје станала дел од руската компанија „Росенергоатом“ и е под јурисдикција на Руската Федерација.

Платите на вработените во нуклеарната централа во иднина ќе ги исплаќа Русија, а досега тоа го правеше украинскиот оператор „Енергоатом“ - соопшти Волга.

The post Нуклеаркната централа Запорожје почна да работи по руски стандарди appeared first on Република.

]]>

Нуклеарната централа во Запорожје, која се наоѓа во областа Енергодар, почна да работи според руски стандарди, изјави градоначалникот Александар Волга, поставен од Русија. Волга изјави дека нуклеарната централа почнала да работи според руски стандарди бидејќи нејзиниот нов оператор е назначен врз основа на указот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува ТАСС. Волга изјави дека нуклеарната централа Запорожје станала дел од руската компанија „Росенергоатом“ и е под јурисдикција на Руската Федерација.
Платите на вработените во нуклеарната централа во иднина ќе ги исплаќа Русија, а досега тоа го правеше украинскиот оператор „Енергоатом“ - соопшти Волга.

The post Нуклеаркната централа Запорожје почна да работи по руски стандарди appeared first on Република.

]]>
Путин ќе се сретне со директорот на МААЕ на разговори за нуклеарната централа Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-kje-se-sretne-so-direktorot-na-maae-na-razgovori-za-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Mon, 10 Oct 2022 11:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=559404

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека претседателот на Русија, Владимир Путин утре во Санкт Петербург ќе го прими директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси.

Гроси претходно најави посети на Украина и на Русија во обид да се договори за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, што од март е под контрола на руските сили, а нејзината безбедност е загрозена поради борбите помеѓу руските и украинските сили.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на локацијата на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ја зголемува загриженоста за потенцијална нуклеарна катастрофа

The post Путин ќе се сретне со директорот на МААЕ на разговори за нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека претседателот на Русија, Владимир Путин утре во Санкт Петербург ќе го прими директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси. Гроси претходно најави посети на Украина и на Русија во обид да се договори за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, што од март е под контрола на руските сили, а нејзината безбедност е загрозена поради борбите помеѓу руските и украинските сили. Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на локацијата на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ја зголемува загриженоста за потенцијална нуклеарна катастрофа

The post Путин ќе се сретне со директорот на МААЕ на разговори за нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>
Со указ на Путин, Русија станува сопственик на нуклеарната централа Запорожје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/so-ukaz-na-putin-rusija-stanuva-sopstvenik-na-nuklearnata-centrala-zaporozje/ Wed, 05 Oct 2022 20:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=557747

Рускиот претседател Владимир Путин со указ нареди преземање на украинската нуклеарна централа Запорожје и впишување во сопствеништво на Руската Федерација.

Најголемата централа во Украина со месеци е под контрола на руската војска, а украинската настојува да ја поттисне.

Владата на Руската Федерација треба да обезбеди нуклеарниот објект на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности, да бидат примени во федералното сопствеништво - се наведува во указот, јави руската новинска агенција Тасс.

Указот доаѓа во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија, со цел да разговара за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје.

На пат сум кон Киев поради важни состаноци. Потребата за заштитна зона околу централата е поитна од кога било - напиша Гроси на Твитер, додека Русија формално го присвои објектот.

Руската атомска компанија „Росенергоатом“ соопшти дека Руската Федерација ќе биде сопственик на целиот комплекс на централата Запорожје. Таа најави и подготвеност за посетата на Гроси, наведува Тасс.

Претходно, шефот на украинската атомска агенција „Енергоатом“ информираше дека го презема управувањето со нуклеарната централа, чиј директор изминатите денови беше киднапиран, па потоа ослободен од страна на руските сили.

The post Со указ на Путин, Русија станува сопственик на нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин со указ нареди преземање на украинската нуклеарна централа Запорожје и впишување во сопствеништво на Руската Федерација. Најголемата централа во Украина со месеци е под контрола на руската војска, а украинската настојува да ја поттисне.
Владата на Руската Федерација треба да обезбеди нуклеарниот објект на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности, да бидат примени во федералното сопствеништво - се наведува во указот, јави руската новинска агенција Тасс.
Указот доаѓа во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија, со цел да разговара за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје.
На пат сум кон Киев поради важни состаноци. Потребата за заштитна зона околу централата е поитна од кога било - напиша Гроси на Твитер, додека Русија формално го присвои објектот.
Руската атомска компанија „Росенергоатом“ соопшти дека Руската Федерација ќе биде сопственик на целиот комплекс на централата Запорожје. Таа најави и подготвеност за посетата на Гроси, наведува Тасс. Претходно, шефот на украинската атомска агенција „Енергоатом“ информираше дека го презема управувањето со нуклеарната централа, чиј директор изминатите денови беше киднапиран, па потоа ослободен од страна на руските сили.

The post Со указ на Путин, Русија станува сопственик на нуклеарната централа Запорожје appeared first on Република.

]]>
Зеленски: Киднапирањето на директорот на нуклеарката Запорожје е чин на терор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zelenski-kidnapiranjeto-na-direktorot-na-nuklearkata-zaporozje-e-chin-na-teror/ Mon, 03 Oct 2022 07:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=556665

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски обвини дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашов, е чин на терор.

Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна - изјави Зеленски во видеообраќање.

Руска патрола го уапсила Мурашов во петокот, објави државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Русија го потврдила случајот.

МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.

The post Зеленски: Киднапирањето на директорот на нуклеарката Запорожје е чин на терор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски обвини дека киднапирањето на главниот директор на нуклеарната централа Запорожје, Игор Мурашов, е чин на терор.
Ова е уште еден пример за јасен чин на руски терор, за што терористичката држава мора да сноси се поголема казна - изјави Зеленски во видеообраќање.
Руска патрола го уапсила Мурашов во петокот, објави државната компанија задолжена за електраната, а Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Русија го потврдила случајот. МААЕ апелира за ослободување на Мурашов, бидејќи неговото притворање претставува закана за безбедноста.

The post Зеленски: Киднапирањето на директорот на нуклеарката Запорожје е чин на терор appeared first on Република.

]]>
Нуклеарната електрана Запорожје целосно престана да работи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nuklearnata-elektrana-zaporozje-celosno-prestana-da-raboti/ Sun, 11 Sep 2022 10:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=549651

Украинската енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти дека работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, е целосно прекината како мерка за безбедност на централата.

Компанијата прецизира дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време.

Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба - соопшти „Енергоатом“.

Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом“, бил оштетен од руско гранатирање. На овој начин повторно станало возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.

Донесена е одлука да се исклучи блокот број 6 и да се доведе во најбезбедна состојба - студена, се вели во соопштението на енергетската компанија.

„Енергоатом“ во исто време нагласува дека „останува висок ризикот од предизвикување дополнителни штети на инфраструктурата“, што би создало потреба од „напојување на централата со дизел генератори, а ова решение би било краткорочно, земајќи ги предвид технолошкиот ресурс и количината на достапно дизел гориво“.

Киев во средата ги повика сите жители на областите под конторла на руските сили околу нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, да се евакуираат заради нивна безбедност.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата, што може да доведе до нуклеарна катастрофа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика областа околу централата да се демилитаризира.

The post Нуклеарната електрана Запорожје целосно престана да работи appeared first on Република.

]]>

Украинската енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти дека работата на нуклеарната електрана Запорожје, која е под руска контрола, е целосно прекината како мерка за безбедност на централата. Компанијата прецизира дека го исклучила шестиот реактор на нуклеарната централа од електричната мрежа во 03:41 часот по локално време.
Во тек се подготовки за да се излади и да се доведе во студена состојба - соопшти „Енергоатом“.
Компанијата додаде дека вчера успеала да ја обнови инфраструктурната врска на централата со електричниот систем, кој, според „Енергоатом“, бил оштетен од руско гранатирање. На овој начин повторно станало возможно централата да се напојува од украинскиот енергетски систем.
Донесена е одлука да се исклучи блокот број 6 и да се доведе во најбезбедна состојба - студена, се вели во соопштението на енергетската компанија.
„Енергоатом“ во исто време нагласува дека „останува висок ризикот од предизвикување дополнителни штети на инфраструктурата“, што би создало потреба од „напојување на централата со дизел генератори, а ова решение би било краткорочно, земајќи ги предвид технолошкиот ресурс и количината на достапно дизел гориво“. Киев во средата ги повика сите жители на областите под конторла на руските сили околу нуклеарната централа Запорожје, која е најголемата нуклеарна централа во Европа, да се евакуираат заради нивна безбедност. Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на централата, што може да доведе до нуклеарна катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика областа околу централата да се демилитаризира.

The post Нуклеарната електрана Запорожје целосно престана да работи appeared first on Република.

]]>