нуклеарен напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearen-napad/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 11:16:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарен напад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearen-napad/ 32 32 За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-rusija-napadot-na-nuklearkata-vo-kursk-e-nuklearen-terorizam/ Fri, 23 Aug 2024 11:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=809428

Русија денеска ја обвини Украина дека пред три дена се обидела да ја нападне нуклеарната централа Курск, истакнувајќи оти тоа е чин на „нуклеарен тероризам“.

Во меѓувреме руските медиуми објавија дека во близина на складиштето на потрошено нуклеарно гориво било соборено беспилотно летало, по што портпаролката на руското Министерство Марија Захарова изјави дека станува збор за „чин на нуклеарен тероризам“ кој бара итна реакција од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси следната недела ќе ја посети нуклеарната централа во Курск.

Тој упати апел за максимална воздржаност со цел да се избегне нуклеарен инцидент.

Нуклеарната централа Курск се состои од четири советски реактори RBMK-1000, од кои два се во функција. Изградбата на два нови реактори започна во 2018 година.

На 6 август украинската армија навлезе во руската област Курск. Оттогаш на 30 километри од нуклеарната централа се водат жестоки борби. Руските сили се обидуваат да ги потиснат украинските војници од нивната територија, кои се обидуваат да ја консолидираат ситуацијата на терен и да ја прошират окупираната територија

The post За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ appeared first on Република.

]]>

Русија денеска ја обвини Украина дека пред три дена се обидела да ја нападне нуклеарната централа Курск, истакнувајќи оти тоа е чин на „нуклеарен тероризам“. Во меѓувреме руските медиуми објавија дека во близина на складиштето на потрошено нуклеарно гориво било соборено беспилотно летало, по што портпаролката на руското Министерство Марија Захарова изјави дека станува збор за „чин на нуклеарен тероризам“ кој бара итна реакција од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси следната недела ќе ја посети нуклеарната централа во Курск. Тој упати апел за максимална воздржаност со цел да се избегне нуклеарен инцидент. Нуклеарната централа Курск се состои од четири советски реактори RBMK-1000, од кои два се во функција. Изградбата на два нови реактори започна во 2018 година. На 6 август украинската армија навлезе во руската област Курск. Оттогаш на 30 километри од нуклеарната централа се водат жестоки борби. Руските сили се обидуваат да ги потиснат украинските војници од нивната територија, кои се обидуваат да ја консолидираат ситуацијата на терен и да ја прошират окупираната територија

The post За Русија нападот на нуклеарката во Курск е “нуклеарен тероризам“ appeared first on Република.

]]>
Киев се подготвува за нуклеарен напад https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-se-podgotvuva-za-nuklearen-napad/ Thu, 03 Nov 2022 06:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=568983

Регионалниот воен началник на Киев Олексиј Кулеба соопшти дека северната украинска територија подготвила неколку стотици „специјални засолништа“ како подготовка за потенцијален нуклеарен напад од Русија.

Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација на Киев, во интервју емитувано на украинскиот телевизиски канал Хромадске рече дека украинската влада се подготвува за „најлошото сценарио“ додека тензиите продолжуваат да растат во руско-украинската војна.

– Последните осум месеци не научија дека сè може да се случи, рече Кулеба. Како функционер се подготвувам за најлошото сценарио, но се надевам дека сè ќе биде во ред, додаде тој.

Кулеба изјави дека армијата на Киев подготвила 425 подземни „специјални засолништа“ низ целиот регион. Воениот претставник додаде дека веќе има илјадници засолништа низ регионот, но посочи дека тие „не се погодни за заштита од опасностите од радијација“.

– Јасно е дека човек пред сè треба да се засолни во засолниште, продолжи Кулеба, зборувајќи за тоа како граѓаните треба да се подготват за нуклеарен напад. – Вториот чекор, најважен, треба да биде комуникацијата. Доколку дојде до нуклеарен напад, тогаш, најверојатно, нема да има комуникација. Единственото нешто што ќе функционира е радиото. Значи, преносливите радиостаници треба да бидат опремени со батерии. На сите места, за да може да се прима сигналот, додаде тој.

The post Киев се подготвува за нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>

Регионалниот воен началник на Киев Олексиј Кулеба соопшти дека северната украинска територија подготвила неколку стотици „специјални засолништа“ како подготовка за потенцијален нуклеарен напад од Русија. Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација на Киев, во интервју емитувано на украинскиот телевизиски канал Хромадске рече дека украинската влада се подготвува за „најлошото сценарио“ додека тензиите продолжуваат да растат во руско-украинската војна.
– Последните осум месеци не научија дека сè може да се случи, рече Кулеба. Како функционер се подготвувам за најлошото сценарио, но се надевам дека сè ќе биде во ред, додаде тој.
Кулеба изјави дека армијата на Киев подготвила 425 подземни „специјални засолништа“ низ целиот регион. Воениот претставник додаде дека веќе има илјадници засолништа низ регионот, но посочи дека тие „не се погодни за заштита од опасностите од радијација“.
– Јасно е дека човек пред сè треба да се засолни во засолниште, продолжи Кулеба, зборувајќи за тоа како граѓаните треба да се подготват за нуклеарен напад. – Вториот чекор, најважен, треба да биде комуникацијата. Доколку дојде до нуклеарен напад, тогаш, најверојатно, нема да има комуникација. Единственото нешто што ќе функционира е радиото. Значи, преносливите радиостаници треба да бидат опремени со батерии. На сите места, за да може да се прима сигналот, додаде тој.

The post Киев се подготвува за нуклеарен напад appeared first on Република.

]]>
Симулација што ќе се случи ако Путин ја стисне „нуклеарката“: 35 милиони луѓе ќе умрат за 45 минути https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/simulacija-shto-kje-se-sluchi-ako-putin-ja-stisne-nuklearkata-35-milioni-lugje-kje-umrat-za-45-minuti/ Mon, 31 Oct 2022 14:51:30 +0000 https://republika.mk/?p=567874

Универзитетот „Принстон“ напраиви симулација на тоа што ќе се случи при евентуален руски нуклеарен напад.

Потенцијална катастрофа од епски размери

Симулацијата е создадена од истражувачи од Универзитетот Принстон кои работат на Програмата за наука и глобална безбедност. Моделот предвидува дека скоро 35 милиони луѓе ќе умрат за неколку часа - многу од нив дури и во првите 45 минути.

Таков разурнувачки конфликт потоа би оставил дополнителни 56 милиони повредени - не вклучувајќи ги подоцнежните смртни случаи од нуклеарни последици и други ефекти.

Симулацијата започнува со конвенционален, ненуклеарен конфликт меѓу Русија и САД/НАТО. Москва истрела нуклеарен предупредувачки истрел од база во Црното Море, со цел да го запре напредувањето на САД.

Како одговор, НАТО ја гаѓа Русија со тактички нуклеарен воздушен напад. По ова, конфликтот брзо ескалира, при што Русија ги напаѓа базите на НАТО и ги унапредува војниците со околу 300 нуклеарни бомби, носени или со авиони или со проектили со краток дострел-се наведува во симулацијата.

The post Симулација што ќе се случи ако Путин ја стисне „нуклеарката“: 35 милиони луѓе ќе умрат за 45 минути appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Принстон“ напраиви симулација на тоа што ќе се случи при евентуален руски нуклеарен напад.

Потенцијална катастрофа од епски размери

Симулацијата е создадена од истражувачи од Универзитетот Принстон кои работат на Програмата за наука и глобална безбедност. Моделот предвидува дека скоро 35 милиони луѓе ќе умрат за неколку часа - многу од нив дури и во првите 45 минути. Таков разурнувачки конфликт потоа би оставил дополнителни 56 милиони повредени - не вклучувајќи ги подоцнежните смртни случаи од нуклеарни последици и други ефекти. Симулацијата започнува со конвенционален, ненуклеарен конфликт меѓу Русија и САД/НАТО. Москва истрела нуклеарен предупредувачки истрел од база во Црното Море, со цел да го запре напредувањето на САД.
Како одговор, НАТО ја гаѓа Русија со тактички нуклеарен воздушен напад. По ова, конфликтот брзо ескалира, при што Русија ги напаѓа базите на НАТО и ги унапредува војниците со околу 300 нуклеарни бомби, носени или со авиони или со проектили со краток дострел-се наведува во симулацијата.

The post Симулација што ќе се случи ако Путин ја стисне „нуклеарката“: 35 милиони луѓе ќе умрат за 45 минути appeared first on Република.

]]>
Поранешни руски генерали: Малку е веројатно дека Москва ќе користи нуклеарно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshni-ruski-generali-malku-e-verojatno-deka-moskva-kje-koristi-nuklearno-oruzje/ Sun, 25 Sep 2022 08:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=553965

Русија веројатно нема да користи нуклеарно оружје во Украина доколку НАТО директно не се вклучи во борбата, изјавија за Ал Џезира двајца пензионирани руски генерали.

„Ако Западот ги придвижи своите вооружени сили колективно против Русија, во тој случај Русија би можела да одговори со нуклеарно оружје“, рече Евгени Бужински, пензиониран генерал-полковник кој беше главен преговарач за контрола на оружјето на руската војска од 2001 до 2009 година.

Сепак, Бужински нагласува дека во сегашните околности Русија нема многу да добие од употребата на нуклеарно оружје во Украина.

Тој тврди дека на руската војска не и е потребно нуклеарно оружје за да постигне стратешки цели, како што е уништување на транспортната инфраструктура што се користи за испорака на западно оружје или оштетување на електричната мрежа на земјата.

Меѓусебно уништување
Во исто време, Бужински предупредува дека започнувањето нуклеарен напад секако ќе ги стави Москва и Вашингтон во опасна спирала која ескалира.

„Ограничената употреба на нуклеарно оружје е невозможна – илузорно е да се мисли поинаку“, рече тој.

„Секој нуклеарен конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави ќе доведе до целосно меѓусебно уништување.

Слична оценка даде и Леонид Решетников, пензиониран генерал-полковник кој поминал повеќе од 40 години работејќи во советските и руските странски разузнавачки служби.

Решетников изјави за Ал Џезира дека можноста Русија да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина „е невозможна и има малку воена смисла во моментов“.

Тој тврди дека таквиот потег би бил нагло отстапување од стратегијата на одбивност кон ризик што Русија досега ја спроведуваше во Украина, посочувајќи дека Кремљ само по седум месеци најави делумна мобилизација.

Сепак, директното вклучување на силите на НАТО во конфликтот може да ја промени стратегијата на Москва.

„Соединетите Американски Држави и практично цела Европа веќе учествуваат во овој конфликт, снабдувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации, инструктори и волонтери“, вели Решетников.

The post Поранешни руски генерали: Малку е веројатно дека Москва ќе користи нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Русија веројатно нема да користи нуклеарно оружје во Украина доколку НАТО директно не се вклучи во борбата, изјавија за Ал Џезира двајца пензионирани руски генерали.
„Ако Западот ги придвижи своите вооружени сили колективно против Русија, во тој случај Русија би можела да одговори со нуклеарно оружје“, рече Евгени Бужински, пензиониран генерал-полковник кој беше главен преговарач за контрола на оружјето на руската војска од 2001 до 2009 година.
Сепак, Бужински нагласува дека во сегашните околности Русија нема многу да добие од употребата на нуклеарно оружје во Украина. Тој тврди дека на руската војска не и е потребно нуклеарно оружје за да постигне стратешки цели, како што е уништување на транспортната инфраструктура што се користи за испорака на западно оружје или оштетување на електричната мрежа на земјата. Меѓусебно уништување Во исто време, Бужински предупредува дека започнувањето нуклеарен напад секако ќе ги стави Москва и Вашингтон во опасна спирала која ескалира.
„Ограничената употреба на нуклеарно оружје е невозможна – илузорно е да се мисли поинаку“, рече тој.
„Секој нуклеарен конфликт меѓу Русија и Соединетите Американски Држави ќе доведе до целосно меѓусебно уништување. Слична оценка даде и Леонид Решетников, пензиониран генерал-полковник кој поминал повеќе од 40 години работејќи во советските и руските странски разузнавачки служби. Решетников изјави за Ал Џезира дека можноста Русија да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина „е невозможна и има малку воена смисла во моментов“. Тој тврди дека таквиот потег би бил нагло отстапување од стратегијата на одбивност кон ризик што Русија досега ја спроведуваше во Украина, посочувајќи дека Кремљ само по седум месеци најави делумна мобилизација. Сепак, директното вклучување на силите на НАТО во конфликтот може да ја промени стратегијата на Москва.