нуклеарен бункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearen-bunker/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Jun 2023 17:07:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нуклеарен бункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nuklearen-bunker/ 32 32 Медведев предупредува дека Вагнер може да дојде до руското нуклеарно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medvedev-predupreduva-deka-vagner-mozhe-da-dojde-do-ruskoto-nuklearno-oruzhje/ Sat, 24 Jun 2023 17:12:12 +0000 https://republika.mk/?p=654774

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека успешен бунт на паравоената група Вагнер ќе значи дека тие ќе дојдат во посед на рускиот нуклеарен арсенал и ќе станат егзистенцијална закана за целиот свет.

„Историјата на човештвото сè уште не го видела најголемиот арсенал на нуклеарно оружје под контрола на бандити, таквата криза нема да биде ограничена на границите на една земја, светот ќе биде доведен на работ на уништување“, посочи тој во соопштението пренесено од руските државни агенции.

Тој додаде дека руските власти нема да дозволат таков развој на настаните.

Медведев го опиша бунтот како „добро испланирана операција насочена кон преземање на власта во земјата“.

Тој тврди дека некои ветерани на елитните руски воени единици, како и странски актери можно е да се вклучени во тоа.

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во вонредното обраќање до нацијата по повикот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, за вооружен бунт и влез на платенички сили во Ростов на Дон, изјави дека тоа е „предавство“ и вети дека ќе го „одбрани народот“ и Русија.

The post Медведев предупредува дека Вагнер може да дојде до руското нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска предупреди дека успешен бунт на паравоената група Вагнер ќе значи дека тие ќе дојдат во посед на рускиот нуклеарен арсенал и ќе станат егзистенцијална закана за целиот свет. „Историјата на човештвото сè уште не го видела најголемиот арсенал на нуклеарно оружје под контрола на бандити, таквата криза нема да биде ограничена на границите на една земја, светот ќе биде доведен на работ на уништување“, посочи тој во соопштението пренесено од руските државни агенции. Тој додаде дека руските власти нема да дозволат таков развој на настаните. Медведев го опиша бунтот како „добро испланирана операција насочена кон преземање на власта во земјата“. Тој тврди дека некои ветерани на елитните руски воени единици, како и странски актери можно е да се вклучени во тоа. Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во вонредното обраќање до нацијата по повикот на шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, за вооружен бунт и влез на платенички сили во Ростов на Дон, изјави дека тоа е „предавство“ и вети дека ќе го „одбрани народот“ и Русија.

The post Медведев предупредува дека Вагнер може да дојде до руското нуклеарно оружје appeared first on Република.

]]>
Путин ги преместува членовите на семејството во нуклеарен бункер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-gi-premestuva-chlenovite-na-semejstvoto-vo-nuklearen-bunker/ Wed, 02 Mar 2022 08:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=466240

Рускиот претседателот Владимир Путин во последните денови ги преселува членовите на семејството во „подземен град“ во Сибир, пишува политиколот Валери Саловеј. Според политикологот, станува збор за луксузен бункер со висока технологија лоциран на планините Алтај.

Саловеј (61), поранешен професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи, претходно тврдеше дека Путин страда од здравствени проблеми кои ги крие од руската јавност и дека заедно со својот министер за одбрана учествувал во чудни шамански ритуали.

Некои експерти од Русија велат дека Соловеј е теоретичар на заговор и измамник, а минатата недела поранешниот професор бил испрашуван од руските власти седум часа поради обвинувањата што ги упатил за здравствената и психичката состојба на Путин, пишува Дејли мејл.

Во текот на викендот, семејството на претседателот Путин беше евакуирано во специјален бункер подготвен во случај на нуклеарна војна. Бункерот се наоѓа во Република Алтај. Всушност, тоа не е бункер, туку цел подземен град опремен со најнова технологија, рече Соловеј.

Експертите велат дека Соловеј, кој тврди дека има инсајдерски контакти во Кремљ, мисли на огромен планински имот кој наводно бил изграден од енергетскиот гигант Газпром пред околу десет години во Република Алтај, сибирски регион кој се граничи со Монголија, Кина и Казахстан.

Соловеј не кажа за кои членови на семејството на Путин станува збор, но рече дека гимнастичарката Алина Кабаева (38) била тајната сопруга на рускиот лидер.

Во написите е наведено дека Путин има две возрасни ќерки – генетичарката Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35), танчерка која стана математичар.

 

The post Путин ги преместува членовите на семејството во нуклеарен бункер appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседателот Владимир Путин во последните денови ги преселува членовите на семејството во „подземен град“ во Сибир, пишува политиколот Валери Саловеј. Според политикологот, станува збор за луксузен бункер со висока технологија лоциран на планините Алтај. Саловеј (61), поранешен професор на Московскиот државен институт за меѓународни односи, претходно тврдеше дека Путин страда од здравствени проблеми кои ги крие од руската јавност и дека заедно со својот министер за одбрана учествувал во чудни шамански ритуали. Некои експерти од Русија велат дека Соловеј е теоретичар на заговор и измамник, а минатата недела поранешниот професор бил испрашуван од руските власти седум часа поради обвинувањата што ги упатил за здравствената и психичката состојба на Путин, пишува Дејли мејл.
Во текот на викендот, семејството на претседателот Путин беше евакуирано во специјален бункер подготвен во случај на нуклеарна војна. Бункерот се наоѓа во Република Алтај. Всушност, тоа не е бункер, туку цел подземен град опремен со најнова технологија, рече Соловеј.
Експертите велат дека Соловеј, кој тврди дека има инсајдерски контакти во Кремљ, мисли на огромен планински имот кој наводно бил изграден од енергетскиот гигант Газпром пред околу десет години во Република Алтај, сибирски регион кој се граничи со Монголија, Кина и Казахстан. Соловеј не кажа за кои членови на семејството на Путин станува збор, но рече дека гимнастичарката Алина Кабаева (38) била тајната сопруга на рускиот лидер. Во написите е наведено дека Путин има две возрасни ќерки – генетичарката Марија Воронцова (36) и Катерина Тихонова (35), танчерка која стана математичар.  

The post Путин ги преместува членовите на семејството во нуклеарен бункер appeared first on Република.

]]>