НУБ Свети Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nub-sveti-kliment-ohridski/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 07:55:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НУБ Свети Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nub-sveti-kliment-ohridski/ 32 32 Свеченост по повод 80 години НУБ „Св.Климент Охридски“ Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svechenost-po-povod-80-godini-nub-sv-kliment-ohridski-skopje/ Sat, 23 Nov 2024 07:55:32 +0000 https://republika.mk/?p=841006

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска напладне ќе биде одбележан јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година.

Од НУБ „Св.Климент Охридски“ најавија дека обраќања по повод јубилејот ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, в.д. директорот на Јовица Никчевски и државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова.

Прославата ќе биде збогатена со настап на националниот ансамбл „Танец“, со изведба на неколку музичко-фолклорни композиции од машка и од женска пејачка група со придружба на дел од оркестарот на традиционални инструменти.

НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе додели благодарници на Министерството за култура и туризам, на националниот фолклорен ансамбл „Танец“ и на соработници на библиотеката, а постхумно ќе биде доделена благодарница за првиот директор Георги Шоптрајанов што ќе ја прими претставник од семејството.

На одбележувањето премиерно ќе биде прикажана видео презентација на која е претставен историјатот и развојниот пат на библиотеката, а исто така ќе биде отворена и изложба на оригинални документи, копии верни на оригиналите и други материјали поврзани со историјатот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

The post Свеченост по повод 80 години НУБ „Св.Климент Охридски“ Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска напладне ќе биде одбележан јубилејот - 80 години од именувањето на првиот директор и започнувањето со работа на библиотеката во слободна Македонија со заповед на Поверенството за народна просвета на Президиумот на АСНОМ на 23 ноември 1944 година. Од НУБ „Св.Климент Охридски“ најавија дека обраќања по повод јубилејот ќе имаат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, в.д. директорот на Јовица Никчевски и државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова. Прославата ќе биде збогатена со настап на националниот ансамбл „Танец“, со изведба на неколку музичко-фолклорни композиции од машка и од женска пејачка група со придружба на дел од оркестарот на традиционални инструменти. НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе додели благодарници на Министерството за култура и туризам, на националниот фолклорен ансамбл „Танец“ и на соработници на библиотеката, а постхумно ќе биде доделена благодарница за првиот директор Георги Шоптрајанов што ќе ја прими претставник од семејството. На одбележувањето премиерно ќе биде прикажана видео презентација на која е претставен историјатот и развојниот пат на библиотеката, а исто така ќе биде отворена и изложба на оригинални документи, копии верни на оригиналите и други материјали поврзани со историјатот на НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје

The post Свеченост по повод 80 години НУБ „Св.Климент Охридски“ Скопје appeared first on Република.

]]>