НУБ Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nub-kliment-ohridski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 09:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НУБ Климент Охридски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nub-kliment-ohridski/ 32 32 Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-nub-sv-kliment-ohridski-po-povod-8-mart-digitalna-izlozhba-zhenite-vo-retkata-periodika-so-delovi-od-vesnikot-makedonka-organ-na-antifashistichkiot-front-na-zhenite-od-makedonija/ Fri, 08 Mar 2024 09:11:38 +0000 https://republika.mk/?p=752535

По повод 8 Март во НУБ „Св. Климент Охридски“ од 11 часот ќе биде прикажана дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“.

„Весникот ‘Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија’ е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во ‘Просветена жена’, ‘Жена’ и ‘Жена нова’“, се вели во најавата.

Авторки на изложбата се Марина Мијаковска и Милица Ивановска.

Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки.

The post Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Март во НУБ „Св. Климент Охридски“ од 11 часот ќе биде прикажана дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“. „Весникот ‘Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија’ е важен наслов од фондот на Збирката за ретка периодика. Тоа е првото женско списание објавено во Македонија. Овој периодичен наслов има големо културолошко, историско, книжевно и библиотечно значење за Македонија и Европа. Тоа е историски сведок за отпорот на македонските жени кон фашизмот и нивната борба за еманципација и стекнување на еднакви права. Овој наслов е особено релевантен за женското пишување во историјата, културата и истотијата на жените, активизмот во политиката итн. Весникот излегувал од 1944 до 1952 година во осумгодишна временска рамка и вкупно 83 броеви. Три пати го менуваше насловот во ‘Просветена жена’, ‘Жена’ и ‘Жена нова’“, се вели во најавата. Авторки на изложбата се Марина Мијаковска и Милица Ивановска. Настанот ќе биде заокружен со поетско читање на неколку истакнати македонски писателки.

The post Во НУБ „Св. Климент Охридски“ по повод 8 Март: Дигитална изложба „Жените во ретката периодика“ со делови од весникот „Македонка: орган на антифашистичкиот фронт на жените од Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Се реконструира покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“, санацијата чини 30 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-rekonstruira-pokrivot-na-nub-sv-kliment-ohridski-sanacijata-chini-30-milioni-denari/ Fri, 21 Oct 2022 13:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=564066

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изврши увид во работата за санација на покривната конструкција на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во изминативе два месеца активно се реконструираат три од постојните пет кубуси на покривната конструкција на стариот дел од објектот.

За оваа неопходна санација и реконструција на една од најзначајните институции за науката и културата во нашата земја, Министерството за култура досега одвои околу 30 милиони денари. Активностите се одвиваат според планот, и досега се реализирани над 50 проценти од одобрените средства, односно 16.827.443,00 денари“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.

За време на увидот, директорот на НУБ, Рахметула Куќи, и министерката Костадиновска-Стојчевска дискутираа и за актуелните предизвици со кои се соочува оваа институција чиј објект претставува архитектонско ремек-дело на еден од најзначајните македонски архитекти, неодамна починатиот Петар Муличковски. Годинава симболично, со неговата смрт и почетокот на реконструкцијата на старата зграда на НУБ, се навршува точно половина век од нејзиното официјално пуштање во употреба.

Министерката Костадиновска-Стојчевска и директорот Куќи го потенцираа и повеќедецениското неоправдано запоставување на оваа наша најголема ризница на знаење и ги искажаа своите заеднички идни заложби, но и заемното задоволство што таквата практика веќе станува минато. Потврда за тоа се подобрените работни услови за вработените, како и интересот на неколку домашни угледни компании и дипломатски претставништва да дадат свој придонес во враќањето на сјајот на оваа клучна институција од областа на културата и образованието.

Директорот Куќи ја актуализираше потребата од зголемување на бројот на стручниот кадар, како и потребата за набавка на нова современа опрема во Центарот за дигитализација при НУБ, потребна за едукација и надградба на знаењата на новите млади генерации корисници.

Mинистерката за култура уште еднаш ја потенцираше својата заложба оваа монументална и значајна институција, која е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944 година, повторно да го врати својот сјај и да стане водечко збирно место за младите и прогресивни студенти, истражувачи и културни дејци.

Реализацијата на проектот за целосна реконструкција на покривот, кој во оваа фаза опфаќа вкупно 1070 квадратни метри, како и на блоковите 3 и 5 од објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“, продолжува и следната година.

 

The post Се реконструира покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“, санацијата чини 30 милиони денари appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска изврши увид во работата за санација на покривната конструкција на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во изминативе два месеца активно се реконструираат три од постојните пет кубуси на покривната конструкција на стариот дел од објектот.
За оваа неопходна санација и реконструција на една од најзначајните институции за науката и културата во нашата земја, Министерството за култура досега одвои околу 30 милиони денари. Активностите се одвиваат според планот, и досега се реализирани над 50 проценти од одобрените средства, односно 16.827.443,00 денари“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска.
За време на увидот, директорот на НУБ, Рахметула Куќи, и министерката Костадиновска-Стојчевска дискутираа и за актуелните предизвици со кои се соочува оваа институција чиј објект претставува архитектонско ремек-дело на еден од најзначајните македонски архитекти, неодамна починатиот Петар Муличковски. Годинава симболично, со неговата смрт и почетокот на реконструкцијата на старата зграда на НУБ, се навршува точно половина век од нејзиното официјално пуштање во употреба. Министерката Костадиновска-Стојчевска и директорот Куќи го потенцираа и повеќедецениското неоправдано запоставување на оваа наша најголема ризница на знаење и ги искажаа своите заеднички идни заложби, но и заемното задоволство што таквата практика веќе станува минато. Потврда за тоа се подобрените работни услови за вработените, како и интересот на неколку домашни угледни компании и дипломатски претставништва да дадат свој придонес во враќањето на сјајот на оваа клучна институција од областа на културата и образованието. Директорот Куќи ја актуализираше потребата од зголемување на бројот на стручниот кадар, како и потребата за набавка на нова современа опрема во Центарот за дигитализација при НУБ, потребна за едукација и надградба на знаењата на новите млади генерации корисници. Mинистерката за култура уште еднаш ја потенцираше својата заложба оваа монументална и значајна институција, која е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944 година, повторно да го врати својот сјај и да стане водечко збирно место за младите и прогресивни студенти, истражувачи и културни дејци. Реализацијата на проектот за целосна реконструкција на покривот, кој во оваа фаза опфаќа вкупно 1070 квадратни метри, како и на блоковите 3 и 5 од објектот на НУБ „Св. Климент Охридски“, продолжува и следната година.  

The post Се реконструира покривот на НУБ „Св. Климент Охридски“, санацијата чини 30 милиони денари appeared first on Република.

]]>