НУ Градска библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nu-gradska-biblioteka/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Oct 2022 10:58:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НУ Градска библиотека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nu-gradska-biblioteka/ 32 32 Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stranskite-makedonisti-kje-mozat-besplatno-da-koristat-uslugi-na-bibliotekata-brakja-miladinovci/ Tue, 18 Oct 2022 10:58:33 +0000 https://republika.mk/?p=562488

Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности.

Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. Изданијата ќе бидат достапни со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката.

Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска.

Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини.

„Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката“, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Таа изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура.

Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал.

Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска.

Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага.

На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри.

Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци" во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.

The post Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Странските македонисти, секоја година, за своите истражувачки цели ќе можат по еден месец бесплатно да ги користат услугите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во текот на нивните студиски и истражувачки престои – користење библиотечен материјал и користење на читалниците. Заеднички ќе се организираат настани за афирмација на македонските книжевни и културни вредности, наменети за странските македонисти, како и настани со кои ќе се афирмира Скопје, неговата историја и неговите културни вредности. Ова меѓу другото беше договорено на средбата на директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска со директорката на Градската библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје, Снежана Стојчевска, на која за првпат се официјализира оваа соработка. Изданијата ќе бидат достапни со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката.
Во остварувањето на мисијата на МСМЈЛК при УКИМ, изминатиов период ја втемелуваме соработка со низа институции кои покажуваат подготвеност да имаат свој влог во афирмацијата на македонскиот јазик, литература и култура во странство, особено на странските универзитетски и научни центри и да ги поддржат или да се вклучат во активностите важни за странските македонисти. Драго ни е што од денес, меѓу тие институции се вбројува и Градската библиотека во Скопје, и тоа со конкретни, веќе планирани и договорени активности и со можности за странските македонисти. Покрај во Охрид, со учествата на нашите летни школи, странските македонисти, кога се во нашата земја, најчесто се со студиски и истражувачки престои во Скопје и затоа се надеваме дека за нив ќе биде од корист можноста за бесплатно користење на услугите на Библиотеката, со која за нив ќе се зголеми и достапноста на библиотечен материјал важен за нивните истражувања, истакна на средбата, Мојсова-Чепишевска.
Можностите за заеднички настани со други институции, наменети за странските македонисти, како што посочи таа, придонесуваат и за наставата по македонистика на странските универзитети. Затоа, особено во овој период кога на универзитетските центри во странство е забележлив интересот и за македонската култура, можностите за заеднички настани со библиотеката, преку кои ќе се афирмираат културните вредности на Скопје се очекува да придонесат за јакнење на овој интерес, а со тоа и на културните врски со странските академски средини.
„Нашите изданија се наменети за странските македонисти, но тие се значајни и за домашната македонистика, особено зборниците со предавања и зборниците од Меѓународната научна конференција. Изминатиов период настојувавме на нивна што поголема и полесна достапност, заради што објавуваме и електронска форма од овие изданија. Но подадената рака од Библиотеката за отворање посебно катче, дополнително ќе придонесе и за информираноста и за достапноста за дел од овие изданија за домашната заинтересирана јавност, а и за странските македонисти во тек на нивните престои кога ќе ги користат читалниците на библиотеката“, нагласи Мојсова-Чепишевска.
Таа изрази чест дека со сиот нивни капацитет ќе одговорат на оваа благородна работа, да ги чуваат, документираат и да ги направате што подостапни насловите поврзани со сè што значи проучување на македонскиот јазик, литература и култура. Стојчевска рече дека нивната местоположба, како и професионалноста на вработените во специјализираните оддели, се главните адути на нивната институција, која со голема посветеност одговора на барањата на сите истражувачи кои и досега доаѓале кај нив и го користат богатиот библиотечен материјал.
Библиотеката е отворена и за домашните и за странските македонсисти, за кои обезбедивме едномесечно беслатно членство, а наскоро и соодветно македонистичко катче. Активностите што ги планираме заедо со Семинарот, ќе значат поддршка на македонистиката однатре, но и соработка со останатите културни и академски центри низ светот, каде што има луѓе кои ги почитуваат и проучуваат македонскиот јазик и култура, подвлече Стојчевска.
Како што беше договорено на средбата, за бесплатното користење на услугите на Градската библиотека во Скопје, МСМЈЛК при УКИМ ќе ја известува библиотеката кога странски македонисти ќе имаат потреба од користење на нејзините услуги, по што покрај користењето на читалниците ќе биде овозможен за користење и севкупниот потребен библиотечен материјал со кој се располага. На средбата се разговараше и за конкретни други активности за промоција и афирмација на македонските литературни вредности и воопшто на културните вредности кои се во форма на библиотечен материјал, пред странските македонисти и во соработката со странски образовни и научни центри. Едномесечното бесплатно користење на услугите на Градската библитека „Браќа Миладиновци" во Скопје за странските македонисти, веќе е овозможено, а во следните месеци ќе се работи и на отворањето на катчето со изданија на МСМЈЛК.

The post Странските македонисти ќе можат бесплатно да користат услуги на библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на дела од роднокрајни писатели родени во април во охридската библиотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-dela-od-rodnokrajni-pisateli-rodeni-vo-april-vo-ohridskata-biblioteka/ Fri, 08 Apr 2022 16:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=485426

Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори.

Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.

Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката.

The post Изложба на дела од роднокрајни писатели родени во април во охридската библиотека appeared first on Република.

]]>

Библиотеката „Григор Прличев“ од Охрид продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори. Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа , Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски. Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката.

The post Изложба на дела од роднокрајни писатели родени во април во охридската библиотека appeared first on Република.

]]>