НСДП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nsdp/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jun 2024 07:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png НСДП Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nsdp/ 32 32 Ќе делуваат опозициски: НСДП не се дели од СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-deluvaat-opozitsiski-nsdp-ne-se-deli-od-sdsm/ Mon, 03 Jun 2024 07:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=784259

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која вчера се оддржа во хотел Хилтон во Скопје.

Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен.

По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав.

Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во месец септември.

The post Ќе делуваат опозициски: НСДП не се дели од СДСМ appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која вчера се оддржа во хотел Хилтон во Скопје. Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен. По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав. Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во месец септември.

The post Ќе делуваат опозициски: НСДП не се дели од СДСМ appeared first on Република.

]]>
НСДП му дава поддршка на Пендаровски и останува во коалција со СДСМ на парламентарните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-mu-dava-poddrshka-na-pendarovski-i-ostanuva-vo-koaltsija-so-sdsm-na-parlamentarnite-izbori/ Sun, 24 Mar 2024 15:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=758199

Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП денеска го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици. На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.

Сакаме европска Македонија да биде пристојно место за живеење во кое нашите деца ќе се школуваат и ќе останат тука да живеат, порача лидерот на НСДП Горан Мисовски во своето обраќање на Конгресот.

Увери дека ќе победат на претседателските и на парламентарните избори, зошто, како што рече, на претседателските избори имаат противкандидат кој не го почитува уставното име на државата и вели дека никогаш нема да го користи. Лажните анкети на опозицијата, додаде, пропаднаа со не носењето на „собраните“ потписи во ДИК, туку кандидатурата со на нивниот претседателски кандидат на опозицијата со потписи од 30 пратеници.

На Конгресот поздравни обраќања имаа и претседателот Пендаровски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Во работниот дел од конгресот НСДП ги утврди Горан Мисовски, Соња Мираковски и Мики Милковски за кандидати на листите на коалицијата во Третата, Четвртата и Втората изборна единица.

The post НСДП му дава поддршка на Пендаровски и останува во коалција со СДСМ на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>

Под мотото „Силно, одговорно и чесно за пристоен живот и европска иднина“ НСДП денеска го одржа Шестиот Конгрес, конвенција на која присутвуваа 550 делегати од сите шест изборни единици. На Конгресот НСДП најави поддршка за актуелниот претседател Стево Пендаровски за претстојните претседателски избори, како и учество во Европската коалиција предводена од СДСМ на парламентарните избори.
Сакаме европска Македонија да биде пристојно место за живеење во кое нашите деца ќе се школуваат и ќе останат тука да живеат, порача лидерот на НСДП Горан Мисовски во своето обраќање на Конгресот.
Увери дека ќе победат на претседателските и на парламентарните избори, зошто, како што рече, на претседателските избори имаат противкандидат кој не го почитува уставното име на државата и вели дека никогаш нема да го користи. Лажните анкети на опозицијата, додаде, пропаднаа со не носењето на „собраните“ потписи во ДИК, туку кандидатурата со на нивниот претседателски кандидат на опозицијата со потписи од 30 пратеници. На Конгресот поздравни обраќања имаа и претседателот Пендаровски и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Во работниот дел од конгресот НСДП ги утврди Горан Мисовски, Соња Мираковски и Мики Милковски за кандидати на листите на коалицијата во Третата, Четвртата и Втората изборна единица.  

The post НСДП му дава поддршка на Пендаровски и останува во коалција со СДСМ на парламентарните избори appeared first on Република.

]]>
Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nadlezhen-za-gradskiot-stadion-vo-skopje-e-direktor-od-nsdp-od-bitola/ Sun, 10 Sep 2023 14:10:49 +0000 https://republika.mk/?p=680624

Деновиве главна тема меѓу фудбалските фанови е Градскиот стадион или по ново Арената „Тоше Проески“. Овој стадион од гордост на Македонија стана ругло и главна вест во Италија откако тамошните медиуми ја снимија тревата на стадионот која личи на нива.

Се прашувате кој е надежен за стадионот. Тоа e АД за иградба и стопанискување со станбен и деловен простор од значење на републиката-Скопје.

Ова претпијатије е под директна надлежност на Владата.  На први јули 2022 година за Генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола од НСДСП, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво.

НСДП на својата интернет странца си се пофалила дека Георгиев е избран за директор кој сега е цел на критики поради неодржувањето на стадионот.

The post Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола appeared first on Република.

]]>

Деновиве главна тема меѓу фудбалските фанови е Градскиот стадион или по ново Арената „Тоше Проески“. Овој стадион од гордост на Македонија стана ругло и главна вест во Италија откако тамошните медиуми ја снимија тревата на стадионот која личи на нива. Се прашувате кој е надежен за стадионот. Тоа e АД за иградба и стопанискување со станбен и деловен простор од значење на републиката-Скопје. Ова претпијатије е под директна надлежност на Владата.  На први јули 2022 година за Генерален директор беше избран Зоран Георгиев од Битола од НСДСП, откако претходно Владата  го именуваше за извршен член на Бордот на директори на акционерското друштво. НСДП на својата интернет странца си се пофалила дека Георгиев е избран за директор кој сега е цел на критики поради неодржувањето на стадионот.

The post Надлежен за Градскиот стадион во Скопје е директор од НСДП од Битола appeared first on Република.

]]>
НСДП го прифаќа францускиот предлог, студиозно и аналитично го разгледале https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-go-prifakja-francuskiot-predlog-studiozno-i-analitichno-go-razgledale/ Tue, 05 Jul 2022 09:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=524082

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Cеверна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија, се вели во соопштението на партијата.

Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година. Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик, a македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија, велат од НСДП.

НСДП, додаваат оттаму, при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и
стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.

Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на  демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата. Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог, велат од НСДП.

НСДП бара Владата „храбро да истапи и да го прифати Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија и истиот да го достави на разгледување во Собранието заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.

The post НСДП го прифаќа францускиот предлог, студиозно и аналитично го разгледале appeared first on Република.

]]>

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој се наоѓа Република Cеверна Македонија, исправена пред стратешки предизвици од кои зависи иднината и правецот во кој ќе се движи државата, Извршниот одбор на НСДП ставајќи го државниот интерес во преден план, одлучи да го прифати компромисниот „Предлог на Француското претседателство“ за решавање на спорот со Република Бугарија и отпочнување на преговорите со Европската Унија, се вели во соопштението на партијата.
Овој компромисен предлог е во рамките на Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции од јули 2021 година. Со овој предлог македонскиот јазик како најбитен идентитетски белег станува рамноправен јазик во Европската Унија и целокупната правна документација на Европската Унија ќе биде преведена на кодифицираниот македонски јазик, a македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Европската Унија, велат од НСДП.
НСДП, додаваат оттаму, при градењето на ставот особено го почитуваше ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија.“.
Утврдувањето на конечниот став по финалниот „Француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледа и донесе одлука во интерес на иднината, во интерес на  демократскиот и економски развој на државата, во интерес на меѓународното етаблирање и геостратешко позиционирање на државата. Затоа повторно ги повикуваме на државничко однсување сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по овој предлог, велат од НСДП.
НСДП бара Владата „храбро да истапи и да го прифати Предлогот на Француското претседателство со Европската Унија и истиот да го достави на разгледување во Собранието заради негово потврдување и донесување на обврзувачки заклучоци за неговата имплементација која мора да биде во рамките на Резолуцијата донесена во јули 2021 година.

The post НСДП го прифаќа францускиот предлог, студиозно и аналитично го разгледале appeared first on Република.

]]>
НСДП го разгледува „францускиот предлог“, во текот на неделата ќе го соопшти ставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-go-razgleduva-francuskiot-predlog-vo-tekot-na-nedelata-kje-go-soopshti-stavot/ Sun, 03 Jul 2022 09:35:14 +0000 https://republika.mk/?p=522975

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот.

Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побарал коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја.

За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат „францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.

Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина - се вели во соопштението на НСДП.

Како што велат од партијата, за НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.

Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија“.

НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“ - велат од НСДП.

The post НСДП го разгледува „францускиот предлог“, во текот на неделата ќе го соопшти ставот appeared first on Република.

]]>

Имајќи го во предвид политичкиот моментум во кој Република Македонија треба да изгради конечен став по финалниот „француски предлог“ за решавање на спорот со Република Бугарија, НСДП студиозно и аналитично го разгледува предлогот и повикува на државничко однсување на сите политички и општествени чинители кои треба да се изјаснат по истиот.
Претседателот на НСДП, Горан Мисовски, на средбата на владината коалиција побарал коалиционите партнери да покажат државничко однесување и ова прашање да не го користат за ситно политичко поентирање, затоа што државата и општеството се исправени пред историска одлука од која ќе зависи развојот на државата, во насока на отпочнување на процесот на преговори со ЕУ или уште неодреден број на години надвор од европскиот колосек, со неизвесност и политички премрежја. За НСДП државниот интерес во политичкото делување секогаш бил над партискиот и затоа тимови во партијата аналитично и студиозно го разгледуваат „францускиот предлог“ и неговата усогласеност со Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија од август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции од јули 2021 година донесена од Собранието.   Земајќи ја во предвид Резолуцијата на македонското собрание и јасно исцртаните македонските црвени линии од премиерот Ковачевски пред заминувањето во Брисел на Европскиот совет, доколку се потврди дека преку овој компромисен предлог се исполнуваат барањата на македонската страна, државата и општеството треба храбро да истапат и да го прифатиме предлогот, во спротивно треба аргументирано да го одбиеме со јасно и недвосмислено искажани причини за одбивањето, свесни за последиците во иднина - се вели во соопштението на НСДП.
Како што велат од партијата, за НСДП единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во согласност со Резолуцијата на македонското Собрание.
Во оваа насока НСДП особено го почитува ставот на научната и стручна јавност, како на Советот за македонски јазик (СМЈ), кој вчера на вонредна седница го разгледал официјалниот предлог и го донел следниот заклучок: „Точките поврзани со статусот на македонскиот јазик покажуваат дека самостојноста и оригиналноста на македонскиот јазик се испочитувани и дека македонскиот јазик станува еден од официјалните јазици во Европската Унија“.   НСДП во текот на неделата ќе одржи седница на Извршниот одбор и ќе го соопшти ставот по финалниот „француски предлог“ - велат од НСДП.

The post НСДП го разгледува „францускиот предлог“, во текот на неделата ќе го соопшти ставот appeared first on Република.

]]>
НСДП кажа НЕ за „францускиот предлог“: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-kaza-ne-za-francuskiot-predlog-ne-prifakjame-istoriskite-prashanja-da-vlezat-vo-pregovarachkata-ramka/ Tue, 28 Jun 2022 09:19:21 +0000 https://republika.mk/?p=520621

Од НСДП напоменуваат дека спорот со Република Бугарија може да се реши ако се почитуваат Договорот за пријателство, добрососедство, и соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија потпишан на 1 август 2017 година и Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на бликадите на европските интеграции донесена на 29 јули 2021 година од Собранието на Република Македонија.

-Република Cеверна Македонија неправедно чека почеток на преговорите со Европската Унија и покрај одлуката на Европскиот совет во март 2020 година за безусловен старт на преговорите со нашата држава.НСДП ги почитува напорите на француското претседателство за изнаоѓање решение за решавање на спорот, но францускиот предлог за решавање на спорот за НСДП е неприфатлив, велат од НСДП на првиот одржан состанок на Извршниот одбор

Оттаму посочуваат дека единствено е прифатлива преговарачка рамка со јасна и чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет, во слгласност со Декларацијата која ја донесе македонското собрание.

-Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка. За историјата сметаме дека треба да разговараат историчарите без политички притисоци.Бараме дополнителни гаранции од Република Бугарија и Европската Унија дека нема да се испорачаат нови барања, надвор од преговарачката рамка.Исто така сметаме дека последниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан претставува сериозен удар врз кредибилитетот на Европската Унија.Неодржувањето на меѓувладината конференција Европска унија со Република Cеверна Македонија предизвикува дополнително намалување на подршката за процесот на интеграција во унијата кај граѓаните на Cеверна Македонија, велат од партијата на Мисовски.

The post НСДП кажа НЕ за „францускиот предлог“: Не прифаќаме историските прашања да влезат во преговарачката рамка appeared first on Република.

Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-misovski-e-izbran-za-nov-pretsedatel-na-nsdp/ Sat, 04 Jun 2022 19:47:14 +0000 https://republika.mk/?p=511258

На Петтиот Конгрес на НСДП кој се одржа денеска за нов претседател е избран Горан Мисовски. На конгресот присуствуваа 426 делегати од вкупно 493.

Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња.

Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена.

Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.

The post Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>

На Петтиот Конгрес на НСДП кој се одржа денеска за нов претседател е избран Горан Мисовски. На конгресот присуствуваа 426 делегати од вкупно 493. Од 314 делегати кои гласаа, 308 делегати гласаа ЗА, 3 против и 3 неважечки гласачки ливчиња. Исто така беа избрани и Централниот одбор на НСДП со 81 член и Надзорниот одбор на НСДП со 9 члена. Воедно на Конгресот беа усвоени изменувања и дополнувања на Статутот на НСДП и Програмската платформа за делување на партијата во наредните 4 години.

The post Горан Мисовски е избран за нов претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>
Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ja-povleche-kandidaturata-kongresot-na-nsdp-e-falsifikuvan-i-sekoja-odluka-od-ovoj-sostav-na-delegati-e-nelegitimna/ Sat, 04 Jun 2022 17:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=511172

Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.

На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија. Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат.

На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП.

Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП.

Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, истакнува Трајковски во соопштението.

The post Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседател на НСДП Кристијан Трајковски кој претходно најави дека на петтиот Конгрес на партијата ќе се самокандидира за иден претседател на НСДП, вели дека овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, и затоа ја повлекува кандидатурата за претседател.
На денешниот, петти Конгрес на НСДП, видовме дека одредени структури во партијата продолжија со своите намери да им го одземат правото на слободен избор на делегатите на НСДП спротивно на Статутот на НСДП, Правилникот за кандидирање и избор на Претседател на НСДП спречи демократски натпревар на идеи за иднината на нашата партија. Видовме како, спротивно на сите акти на НСДП, тие извршија насилнички и измамнички инженеринг на составот на делегатите, фалсификувајќи ги списоците и менувајќи ги имињата утврдени од Извршните Одбори на Општинските организации. На место на легитимно избраните делегати се ставени цели фамилии, брачни другари и слични групи лојални на единствениот кандидат за Претседател. Видовме и како овие структури се служеа со сите можни притисоци, закани и празни ветувања за да ги добијат делегатите кои не можеа да ги наместат. На крај видовме како, истите овие луѓе го киднапираа работното претседателство и органите на овој Конгрес и како по секоја цена се подготвени да му помогнат на човек кој нема поддршка од мнозинството, преку прекршување и злоупотреба на Статутот и процедурите, да ја киднапира нашата партија и да го уништи сето тоа што сите ние го градиме седумнаесет години. За жал, легитимитетот а изборот на следниот Претседател на НСДП е целосно урнисан и уништени се сите услови за слободно, фер и демократско изјаснување на делегатите во постапка согласно Статутот и актите на НСДП. Поради тоа, не сакајќи да учествувам во понатамошната работа на овој нелегитимен конгрес и носењето на одлуки на истиот, одлучив да ја повлечам мојата најавена кандидатура за Претседател на НСДП. Овој Конгрес е фалсификуван и секоја одлука која ќе биде донесенa од овој состав на делегати е нелегитимна, истакнува Трајковски во соопштението.

The post Трајковски ја повлече кандидатурата: Конгресот на НСДП е фалсификуван и секоја одлука од овој состав на делегати е нелегитимна appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-ne-e-tochno-deka-se-povlekov-od-trkata-za-pretsedatel-na-nsdp/ Thu, 26 May 2022 17:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=507369

Актуелниот организациски секретар на партијата НСДП, која е дел од владејачката коалиција, Кристијан Трајковски, преку соопштение до медиумите демантира дека ја повлекол кандидатурата за лидер на партијата.

Демантот следува откако до дел од медиумите беше испратено соопштение дека Трајковски ја повлекол кандидатурата и пратеникот Горан Мисовски е единствен кандидат.

Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот. Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на петтиот конгрес на партијата, согласно статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити, вели Трајковски.

Нема да дозволам, додава Трајковски, да ја изневерам довербата на членовите и нивната искрена желба за демократски промени во партијата. Тој ги повика сите делегати и членови на конгресот на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал.

Партиските игри помеѓу различни струи во НСДП почнаа откако актуелниот претседател Тито Петковски најави повлекување од лидерската позиција.

The post Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>

Актуелниот организациски секретар на партијата НСДП, која е дел од владејачката коалиција, Кристијан Трајковски, преку соопштение до медиумите демантира дека ја повлекол кандидатурата за лидер на партијата. Демантот следува откако до дел од медиумите беше испратено соопштение дека Трајковски ја повлекол кандидатурата и пратеникот Горан Мисовски е единствен кандидат.
Секое кандидирање и евентуално повлекување на кандидатура е лично право на кандидатот. Информирањето на јавноста во мое име, од страна на други членови на НСДП го сметам за манипулативно, неетичко и крајно дискредитирачко и дезинформирачко. Од таа причина ги информирам медиумите и јавноста дека ваквата постапка ме поттикнува да уште посилно да продолжам во мојата борба за слободна и демократска НСДП. На 4 јуни, на петтиот конгрес на партијата, согласно статутот на партијата, ќе се самокандидирам за иден претседател на НСДП, а информациите за повлекување на мојата кандидатура се невистинити, вели Трајковски.
Нема да дозволам, додава Трајковски, да ја изневерам довербата на членовите и нивната искрена желба за демократски промени во партијата. Тој ги повика сите делегати и членови на конгресот на 4 јуни да постапат согласно сопственото убедување, волја и морал. Партиските игри помеѓу различни струи во НСДП почнаа откако актуелниот претседател Тито Петковски најави повлекување од лидерската позиција.

The post Трајковски: Не е точно дека се повлеков од трката за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>
Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-misovski-ne-saka-vnatrepartiski-natprevar-saka-samo-toj-da-bide-pretsedatel-na-nsdp-veli-petkovski/ Thu, 26 May 2022 12:36:24 +0000 https://republika.mk/?p=507257

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.

Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.

Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови.

Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>

Тито Петковски, во интервју за „Утрински брифинг“, изјави дека на самиот старт, со отворањето на постапката за избор на нови раководства, групата од десет членови на чело со Горан Мисовски и Соња Мираковска и сите останати функционери што се на листа на НСДП на сите државни функции, зазеле став дека на партијата не и требаат повеќе кандидати, што е спротивно на програмата на партијата.
Тука не станува збор за внатрепартиска демократија и натпревар со програми. Од самиот старт оваа група зазема став дека не треба да има повеќе кандидати и дека Горан Мисовски треба да биде единствен - вели Петковски.
Тој изрази жалење што младите сили на партијата нема да добијат шанса да ја претстават својата програма и ставови. Според Пњтковски, Мисовски дури и одбил дуел со противкандидатот Кристијан Трајковски, што сега веќе не е можно.

The post Горан Мисовски не сака внатрепартиски натпревар, сака само тој да биде претседател на НСДП, вели Петковски appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-vo-nsdp-se-vodi-bitka-za-idninata-na-partijata-kje-gi-izdrzime-pritisocite-i-zakanite/ Tue, 24 May 2022 08:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=506300

Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси, вели во своето обраќање до медиумите Кристијан Трајковски, организациски Секретар на НСДП.

На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право.

Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите. Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!, истакнува тој.

На 4-ти јуни, порача Трајковски, Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски.

Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Македонија, додава организацискиот Секретар на НСДП.

The post Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите appeared first on Република.

]]>

Изминатиов период, во НСДП се води битка за иднината на партијата. Дали ќе биде демократска, прогресивна сила на македонската политичка сцена или ќе биде преземена од недемократски структури, навикнати да работат само за своите, лични интереси, вели во своето обраќање до медиумите Кристијан Трајковски, организациски Секретар на НСДП.
На овие структури не им одговараат промени. Ним им пречи гласна и самостојна НСДП, која ќе го продолжи патот со своите коалициски партнери, но ќе биде коректор, наместо апологет на поголемите политички партии. Ним им треба партија која ќе им служи само како гарант за фотељите во кои се толку долго, што веќе ги сметаат за нивно лично право. Нивото на демократскиот развој на секое општество зависи од нивото на внатрешната демократија на партиите. Членството и делегатите на НСДП ќе ги издржат и овие притисоци и закани. Имаме победено многу посилни и помоќни режими и противници. Ќе победи демократијата и сега!, истакнува тој.
На 4-ти јуни, порача Трајковски, Конгресот на НСДП ќе гласа слободно и демократски.
Конгресот ќе гласа за најдобриот кандидат, со најдобрите идеи и програма, за каднидатот кој храбро ќе ја профилира НСДП во партија на 21-от век, способна да се носи рамо до рамо со најголемите политички сили во Македонија, додава организацискиот Секретар на НСДП.
 
The post Трајковски: Во НСДП се води битка за иднината на партијата, ќе ги издржиме притисоците и заканите appeared first on Република.

]]>
Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП е недемократски донесена со закани и притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajkovski-odlukata-na-co-na-nsdp-e-nedemokratski-donesena-so-zakani-i-pritisoci/ Sun, 15 May 2022 08:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=502429

Организацискиот секретар на НСДП, Кристијан Трајковски, обвинува дека одлуката на Централниот одбор на партијата да прифати само еден кандидат за претседател е недемократска и донесена под закана и притисоци. Трајковски најави дека нема да се откаже од кандидатурата и поддршка од делегатите и членството ќе побара на одржувањето на конгресот на НСДП.

Не се откажувам од мојата прогресивна визија дека нашата НСДП ќе биде обединета и гласна партија, каде слободата и слободната мисла ќе победат. Само така притисоците, заканите и носењето одлуки од една многу мала, но многу привилегирана група луѓе ќе бидат сеќавање од минатото. Луѓе кои се однесуваат како функциите да се нивно родено право, а не голема обврска и одговорност делегирана од целото членство пред кое тие се должни да поднесат отчет - вели Трајковски.

Вчера од НСДП соопштија дека Централниот одбор го утврдил Горан Мисовски како единствен кандидат за претседател на партијата. Претстојниот конгрес за наследник на Тито Петковски ќе се одржи на 4 јуни.

The post Трајковски: Одлуката на ЦО на НСДП е недемократски донесена со закани и притисоци appeared first on Република.

По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-tito-goran-misovski-edinstven-kandidat-za-naslednik-na-petkovski-vo-nsdp/ Sun, 15 May 2022 07:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=502422

Централниот одбор на НСДП денеска на Петтиот конгрес на партијата за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски.

Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата.

Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор.

Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, посочуваат од партијата.

The post По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП appeared first on Република.

]]>

Централниот одбор на НСДП денеска на Петтиот конгрес на партијата за единствен кандидат за претседател го утврди Горан Мисовски. Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, посочуваат од партијата.

The post По Тито, Горан: Мисовски единствен кандидат за наследник на Петковски во НСДП appeared first on Република.

]]>
Горан Мисовски единствен кандидат за претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/goran-miskovski-edinstven-kandidat-za-pretsedatel-na-nsdp/ Sat, 14 May 2022 16:33:16 +0000 https://republika.mk/?p=502292

Централниот одбор на НСДП за единствен кандидат за претседател на НСДП на Петтиот конгрес на партијата го утврди Горан Мисовски, се вели во партиското соопштение испратено од партијата НСДП.

-Предлогот беше утврден со мнозинство гласови од присутните членови на Централниот одбор, по завршување на дебатата. Исто така на седницата на Централниот одбор беа утврдени Предлог листите за членови на Централниот одбор и Надзорниот одбор. Покрај кадровските прашања беа утврдени и конгресните документи и тоа: Предлог-статут за изменување и дополнување на Статутот на НСДП, Извештај за работата на НСДП помеѓу Четвртиот и Петтиот Конгрес и Предлог-програмска платформа за делување на НСДП во наредните четири години и други конгресни одлуки, истакнуваат од НСДП.

The post Горан Мисовски единствен кандидат за претседател на НСДП appeared first on Република.

Кој ќе го замени Тито: Кристијан Трајковски поднесе кандидатура за претседател на НСДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-kje-go-zameni-tito-kristijan-trajkovski-podnese-kandidatura-za-pretsedatel-na-nsdp/ Sat, 14 May 2022 13:23:38 +0000 https://republika.mk/?p=502210

Денес се одржува седмата седница на Централниот одбор на НСДП. На Дневен ред на седницата ќе бидат повеќе точки во врска подготовките на Петтиот Конгрес на партијата, кандидатурите и изборот на следниот Претседател на НСДП, кој ќе се одржи на 04.06.2022.

Пред настанот, Организацискиот Секретар и Кандидат за Претседател на НСДП даде изјава за присутните медиуми. Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава во целост:

Ја поднесов мојата кандидатура и програма согласно сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на Претседател на НСДП кој го усвои самиот Централен Одбор. Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за Претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 4 јуни – рече Трајковски.

Прашан што доколку денес Централниот одбор сепак донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски, Трајковски одговори дека самиот Правилник предвидува кандидатура за Претседател да може да биде пријавена и на самиот Конгрес и дека планира да ја искористи и таа можност.

The post Кој ќе го замени Тито: Кристијан Трајковски поднесе кандидатура за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>

Денес се одржува седмата седница на Централниот одбор на НСДП. На Дневен ред на седницата ќе бидат повеќе точки во врска подготовките на Петтиот Конгрес на партијата, кандидатурите и изборот на следниот Претседател на НСДП, кој ќе се одржи на 04.06.2022. Пред настанот, Организацискиот Секретар и Кандидат за Претседател на НСДП даде изјава за присутните медиуми. Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава во целост: Ја поднесов мојата кандидатура и програма согласно сите услови и рокови предвидени со Правилникот за избор и кандидирање на Претседател на НСДП кој го усвои самиот Централен Одбор. Иако сум единствен кој поднесе кандидатура и програма согласно Правилникот, верувам во демократскиот дух на партијата и дека ќе имаме успешни и демократски избори за Претседател на партијата на претстојниот Конгрес на 4 јуни – рече Трајковски. Прашан што доколку денес Централниот одбор сепак донесе одлука да има само еден кандидат, односно Горан Мисовски, Трајковски одговори дека самиот Правилник предвидува кандидатура за Претседател да може да биде пријавена и на самиот Конгрес и дека планира да ја искористи и таа можност.

The post Кој ќе го замени Тито: Кристијан Трајковски поднесе кандидатура за претседател на НСДП appeared first on Република.

]]>
Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkovski-izborot-na-misovski-e-nadvor-od-statutot-za-lider-na-nsdp-ima-10-kandidati/ Thu, 12 May 2022 13:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=501530

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател.

Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.

На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес, според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.

The post Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Одборот за подготовка на петтиот конгрес на Новата социјалдемократска партија (НСДП) на вчерашната седница од која до медиумите беше испратена информација дека единствен кандидат за претседател кој се очекува да биде избран на партискиот конгрес на 4 јуни е Горан Мисовски, е надвор од Статутот и е донесена во мое отсуство, откако јас ја затворив седницата и заминав, вели Тито Петковски за Нова, лидерот на НСДП, кој 17 години ја водеше партијата и неодамна на Централниот одбор најави дека се повлекува од претседателската функција по што почна постапка за избор на нов претседател. Тој вели дека за лидерската позиција на НСДП од општинските организации пристигнале предлози за десет кандидати и дека на синоќешната седница на одборот за подготовка на конгресот не било договорено Мисовски да биде единствен кандидат. Напротив, расправата требало да продолжи на Централниот одбор, кој е највисок партиски орган и кој треба да одржи седница в сабота.
На седницата на Одборот за подготовка на петтиот конгрес, според Статутот, ние имаме обврска само да предлагаме, но не и да утврдуваме кандидати. Тоа што како информација е испратено од седницата дека Горан Мисовски е единствен кандидат не се случи додека јас бев на седницата. Со оглед на тоа што се разви дебата, се договоривме таа да продолжи во сабота на седницата на Централниот одбор. Изненаден сум од оваа постапка на моите партиски соработници, изјави Петковски.
 
The post Петковски: Изборот на Мисовски е надвор од Статутот, за лидер на НСДП има 10 кандидати appeared first on Република.

]]>
Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tito-petkovski-se-povlekuva-od-liderskoto-mesto-vo-nsdp-no-ne-i-od-politikata/ Wed, 13 Apr 2022 18:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=488070

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата.

На 4 јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“.

Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста за водење на партијата.

Петковски е поранешен потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ.

НСДП во Собранието е претставена од двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска.

The post Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката appeared first on Република.

]]>

Лидерот на НСДП, Тито Петковски попладнево информира дека нема да се кандидира за нов претседателски мандат во партијата. На 4 јуни е закажан петти редовен Конгрес на партијата, а јас одлучив да не се кандидирам за претседател. Не се повлекувам, рече Петковски во изјава за „Локално“. Според него, тој остава простор, помладите да ја превземат одговорноста за водење на партијата. Петковски е поранешен потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ. НСДП во Собранието е претставена од двајца пратеници, Горан Мисовски и Соња Мираковска.

The post Tито Петковски се повлекува од лидерското место во НСДП, но не и од политиката appeared first on Република.

]]>
НСДП ќе го одржи Петтиот конгрес на 4 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nsdp-kje-go-odrzi-pettiot-kongres-na-4-juni/ Sat, 02 Apr 2022 18:35:05 +0000 https://republika.mk/?p=482429

Отпочнувајќи ги статутарните процедури за одржување на редовниот Петти Конгрес, Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа седница на која беа донесени сите потребни одлуки за успешно спроведување на внатрепартиските процедури.

Централниот одбор го определи 04.06.2022 како датум за одржување на Конгресот, донесувајќи и одлука за формирање на Одбор за подготовка и спроведување на предконгресните активности. На седницата беше донесена одлука со која општинските организации се задолжија да одржат локални Конференции.

Централниот одбор ја утврди постапката, начинот и кретириумите за избор на делегати за Конгресот, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидати за Претседател на партијата и кандидати за членови на Централниот и Надозорниот одбор.

На седницата на Централниот одбор беше реафирмиран ставот на НСДП за промена на изборниот модел, односно за потребата од воведување на пропорционален изборен модел, без изборен праг и со една изборна единица.

The post НСДП ќе го одржи Петтиот конгрес на 4 јуни appeared first on Република.

]]>

Отпочнувајќи ги статутарните процедури за одржување на редовниот Петти Конгрес, Централниот одбор на НСДП денес во Скопје одржа седница на која беа донесени сите потребни одлуки за успешно спроведување на внатрепартиските процедури. Централниот одбор го определи 04.06.2022 како датум за одржување на Конгресот, донесувајќи и одлука за формирање на Одбор за подготовка и спроведување на предконгресните активности. На седницата беше донесена одлука со која општинските организации се задолжија да одржат локални Конференции. Централниот одбор ја утврди постапката, начинот и кретириумите за избор на делегати за Конгресот, како и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидати за Претседател на партијата и кандидати за членови на Централниот и Надозорниот одбор. На седницата на Централниот одбор беше реафирмиран ставот на НСДП за промена на изборниот модел, односно за потребата од воведување на пропорционален изборен модел, без изборен праг и со една изборна единица.  

The post НСДП ќе го одржи Петтиот конгрес на 4 јуни appeared first on Република.

]]>