новороденче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novorodenche/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новороденче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novorodenche/ 32 32 Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/idnata-nedela-ke-se-znae-dali-imalo-propusti-od-lekarite-kaj-kumanovkata-koja-pochina-pri-poroduvaneto/ Fri, 04 Oct 2024 10:04:41 +0000 https://republika.mk/?p=822563

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања.

Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.

Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.

Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.

Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина.

Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>

Потребни се осум дена за комплетирање на целата документација од стручниот наод која треба да утврди дали имало пропусти кај лекарите при породувањето со 31-годишната родилка во Кумановската болница која почина. Новороденчето, се уште е на респиратор на Детската клиника во Скопје и во тек се невролошки иследувања. Министерот за здравство Арбен Таравари, иако најави дека извештајот може да се очекува денеска, на денешната прес-конференција на која имаше отчет за работата од првите 100 дена на Владата, кажа дека тоа ќе биде најдоцна до вторник или среда идната недела. Одговарајќи на новинарски прашања, тој посочи дека протоколите по кои се работи во болниците за гинекологија се обновени, но и оти во изработка се нови за постапување со пациентите, како за работата на гинекологија, така и за сите болници.
Осум дена се потребни за комплетирање на целата документација за да кажеме дефинитивно дека имало или немало лекарска грешка. Протоколите се абдејтирани, а во моментот подготвуваме и нови за сите, не само за Гинекологија, кои ќе бидат објавени до почетокот на ноември или во тек на ноември, рече Таравари.
Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди посочи дека новороденчето е се уште на респиратор, бидејќи покажувало невролошка асимптоматологија во смисла на грчеви.
Понатамошните иследувања во однос на невролошки снимања на централниот нервен систем и другите системи се во тек. Се уште е рано да прогнозираме за последиците. По нашите проценки мислам дека е оштетен доста мозокот, по тие манифестации, но сеуште е рано да процениме колку и до кој степен, изјави денеска Мемеди.
Новороденчето, според него, било примано со тешка асфекција, со многу ниски оценки на раѓање, без срцева акција и без дишење. Било анимирано во Кумановската болница и на Детската клиника пристигнало во тешка, критична општа состојба, поставено на респираторна машина. Во Кумановската општа болница на 1 октомври Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор за случајот со починатата родилка. Надзорот покажал дека родилката при породување била во добра здравствена состојба и редовно се прегледувала кај матичниот гинеколог.

The post Идната недела ќе се знае дали имало пропусти од лекарите кај кумановката која почина при породувањето appeared first on Република.

]]>
Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/novorodencheto-od-kumanovo-s-ushte-e-vo-mnogu-teshka-zdravstvena-sostojba/ Sun, 29 Sep 2024 17:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=820798

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка.

https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/

Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.

Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Сѐ уште е во тешка состојба бебето на 31-годишната родилка од Куманово која почина при породувањето во Кумановската болница завчера. Родено е со царски рез во 40 гестациска недела, но без срцева акција, по што било реанимирано. Лекарите не успејаа да ја спасат неговата мајка. https://republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Од Кумановската болница, новороденчето веднаш беше префрлено на Клиниката за детски болести во Скопје каде е поставени на механичка вентилација. Директорот Реџеп Мемеди вели дека кај бебето параметрите засега се стабилни, но рано е да се прогнозира.
Состојбата е сѐ уште тешка. Бебето од старт било во тешка општа состојба, без срце и без дишење, страдал повеќе и мозокот. На нашата Клиника успеавме да го стабилизираме, но се уште е во тешка состојба, на респиратор е , на механичка вентилација. Ќе го следиме, се уште е рано да дадеме некоја проценка, изјави за „Телма“ Реџеп Мемеди, директор на Клиниката за детски болести.

The post Новороденчето од Куманово сѐ уште е во многу тешка здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/novorodencheto-na-pochinatata-kumanovka-preneseno-na-urgenten-vo-detska-klinika/ Sat, 28 Sep 2024 11:25:52 +0000 https://republika.mk/?p=820526

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/

Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.

Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.

Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника. Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pochina-rodilka-vo-kumanovo/  
Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.
Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.
Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.
  Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.
Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.
Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

The post Новороденчето на починатата кумановка пренесено на Ургентен во Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/struchna-komisija-javno-da-se-proiznese-so-fakti-i-odgovornosta-da-ja-nasochat-kon-konkretniot-vinovnik-baraat-od-zdruzhenieto-na-meditsinski-sestri-za-sluchajot-so-bebeto-na-detska-klinika/ Mon, 15 Jul 2024 09:17:17 +0000 https://republika.mk/?p=796923

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.

- Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска.

Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.

Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.

Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи.

Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми.

Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана.

Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - „За нас“, околу актуелните случувања на Детската клиника, а „во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче“, денеска ги повика релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот. - Во нашата земја во моментов работат околу 9.200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти. Затоа од име на Унијата на медицински сестри, упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија, јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, наведува во писмена изјава претседателката Гордана Бешлиовска. Директорот на Клиниката за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди во изјава за МИА во саботата најави дека во тек е формирање комисијата, што ќе го истражува случајот со тримесечното бебе.
Разговарано е со медицинската сестра, таа вели дека немало намерна повреда, ниту пак имало навреда од нејзина страна кон блиските на детето. Таа ќе даде и писмена изјава во врска со случајот, најави Мемеди.
Како што појасни директорот, според медицинската сестра, повредата на десната рака на бебето е ненамерна и настанала при земање крв за анализи. Се очекува комисијата денеска да има состанок и како што е најавено, да ги разгледа сите аспекти и да биде донесена одлука согласно законските и етичките норми. Директорот на Детската клиника, Мемеди заедно со министерот за здравство Арбен Таравари го посетија семејството на бебето. Министерот на социјалните мрежи напиша дека доколку се потврдат наводите на блиските на бебето, медицинската сестра ќе биде соодветно санкционирана. Според изјавите на блиски на бебето, што беа презентирани во јавноста, по вербален конфликт, поради тоа што мајката не знаела да зборува добро македонски, следувало намерна повреда на детето од медицинската сестра, при интервенција земање крв. бд/нд/  

The post Стручна комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник, бараат од Здружението на медицински сестри за случајот со бебето на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Се породила дома, па го убила новороденчето: Морничав случај ја потресе Хрватска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-porodila-doma-pa-go-ubila-novorodencheto-mornichav-sluchaj-ja-potrese-hrvatska/ Mon, 01 Jul 2024 15:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=792473

Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче, објави хрватски Индекс.

Страшно злосторство ја шокираше Хрватска. Според неофицијални извори, телото го пронашол член на семејството кој ја известил полицијата. Во тек е истрага.

Трагедијата се случила во Крапина каде што телото на бебето во саботата било пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето.

Од тој исход ќе зависи текот на кривичната истрага која ја води ПУ Крапина-Загорје под раководство на обвинителството.

Целиот случај го потврдија и од Државното обвинителство (ДОРХ), од каде наведуваат дека 22-годишната жена се товари за тешко убиство и соопштија дека ѝ е одредена мерка притвор.

The post Се породила дома, па го убила новороденчето: Морничав случај ја потресе Хрватска appeared first on Република.

]]>

Млада мајка во Хрватска е уапсена под сомнение дека го убила своето новороденче, објави хрватски Индекс. Страшно злосторство ја шокираше Хрватска. Според неофицијални извори, телото го пронашол член на семејството кој ја известил полицијата. Во тек е истрага. Трагедијата се случила во Крапина каде што телото на бебето во саботата било пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика. Во тек е обдукција која ќе даде одговори како точно починало бебето. Од тој исход ќе зависи текот на кривичната истрага која ја води ПУ Крапина-Загорје под раководство на обвинителството. Целиот случај го потврдија и од Државното обвинителство (ДОРХ), од каде наведуваат дека 22-годишната жена се товари за тешко убиство и соопштија дека ѝ е одредена мерка притвор.

The post Се породила дома, па го убила новороденчето: Морничав случај ја потресе Хрватска appeared first on Република.

]]>
Осуммесечно бебе од Прилеп почина на пат кон Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osummesechno-bebe-od-prilep-pochina-na-pat-kon-skopje/ Sun, 23 Jun 2024 17:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=790013

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје.Бебето тежело само 3 килограми, а во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го донела мајката.

Наредена е обдукција на телото на бебето. Пред неколку дена почина новороденче во Битола

The post Осуммесечно бебе од Прилеп почина на пат кон Скопје appeared first on Република.

]]>

Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со возило на Итната медицинска помош од Прилеп до Клиниките во Скопје.Бебето тежело само 3 килограми, а во болницата во Прилеп во тешка здравствена состојба го донела мајката. Наредена е обдукција на телото на бебето. Пред неколку дена почина новороденче во Битола

The post Осуммесечно бебе од Прилеп почина на пат кон Скопје appeared first on Република.

]]>
Починало бебе родено во болницата во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pochinalo-bebe-rodeno-vo-bolnitsata-vo-bitola/ Wed, 19 Jun 2024 12:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=789058

Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител.

Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот.

Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходнo еден царски рез и еден спонтан абортус. Пациентката дала податок дека за време на бременоста посетувала два различни матични докторa и за првпат дошла на Одделoт за гинекологија и акушерство при Клиничката болница Битола за преглед. Бебето на раѓање било аспирирано и кратко реанимирано. На Одделот за неонатологија било поставено на кислородна поддршка во инкубатор за мониторирање.

„Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк.

На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.

The post Починало бебе родено во болницата во Битола appeared first on Република.

]]>

Новородено машко бебе починало во Битолската болница, дознава Сител. Според телевизијата, од Битолската болница „Трифун Пановски“ бебето било пренесено на Клиниката за детски болести во Скопје, од каде велат дека бебето било донесено без знаци на живот. Од Клиничката болница Битола соопштија дека пациентката била во поодмината бременост и се жалела на болки веќе два дена. Ѝ бил направен царски рез, а ова ѝ била трета неуредно контролирана бременост, со претходнo еден царски рез и еден спонтан абортус. Пациентката дала податок дека за време на бременоста посетувала два различни матични докторa и за првпат дошла на Одделoт за гинекологија и акушерство при Клиничката болница Битола за преглед. Бебето на раѓање било аспирирано и кратко реанимирано. На Одделот за неонатологија било поставено на кислородна поддршка во инкубатор за мониторирање. „Неколку саати подоцна, од страна на доктор неонатолог мајката е известена за состојбата на новороденчето. Во текот на денот, состојбата на новороденото се подобрува, истото е со подобрена сатурација, везикуларно дишење, добро прима храна. Во саботата во 13:25 часот состојбата на новороденото нагло се влошува поради што се повикани двата родитела да дадат писмена согласност за транспорт на новороденото, бидејќи е со висок ризик. На двата родитела им е објаснето дека состојбата на новороденчето е ризична. Транспортот е реализиран во најбрз можен рок“, соопштија од Битолската болница пренесе СДК.мк. На Клиниката за детски болести било констатирано дека бебето починало и било вратено во Битола. Телото е предадено за обдукција.  

The post Починало бебе родено во болницата во Битола appeared first on Република.

]]>
Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/novorodeno-bebe-pronajdeno-vo-kontejner-vo-blizina-na-zagreb/ Tue, 14 May 2024 10:35:08 +0000 https://republika.mk/?p=777914

Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција.

Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.

Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.

Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација.

Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.

The post Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб appeared first on Република.

]]>

Новородено бебе кое синоќа беше пронајдено во Запрешич кај Загреб завиткано во ќебе и фрлено во контејнер е надвор од животна опасност, потврдија за „Индекс“ од загрепската полиција. Полицијата пријавата ја добила околу 23 часот. Новороденчето е пренесено во болница во Загреб.
Новороденчето било донесено во КБСД околу полноќ. Тој е во добра физичка состојба, со редовни витални функции и без знаци на надворешни повреди, велат од болницата.
Според првите информации, на местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете, кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација. Полицијата се уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.

The post Новородено бебе пронајдено во контејнер во близина на Загреб appeared first on Република.

]]>
Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novorodencheto-chija-majka-pochina-na-gak-veke-ne-e-na-mehanichka-ventilatsija/ Wed, 03 Jan 2024 16:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=729388

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип.

Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити за МИА велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена.

Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот увид на двете Клиники во земјава.

Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.

Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.

Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.

Новореденото се уште е на Одделот на интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели за МИА Цвејоска-Чолаковска.

The post Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство ќе формира стручната Комисија за случајот со родилката од Делчево, која на 26 декември 2023 година почина на КАРИЛ во Скопје, а била донесена во лоша здравствена состојба од Клиничка болница-Штип. Од кабинетот на министерот за здравство, Фатмир Меџити за МИА велат дека формирањето на стручната комисија е по препорака на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оваа Комисија треба да го разгледа начинот на лекување и дали се направени пропусти, а извештајот се очекува за десеттина дена. Инспекторите на ДСЗИ веднаш извршија увид во Клиничка болница-Штип и КАРИЛ-Скопје, а на 29 декември 2023 преку пишано соопштение информираа за направениот увид на двете Клиники во земјава. Раководството на Клиничка болница-Штип на 28 декември преку соопштение соопшти за редоследот на настанот и што се случувало на Одделението за гинекологија и акушерство. Во него стои и дека според Комисијата за контрола на квалитет и етички прашања на Клиничка болница-Штип нема пропусти во третманот на пациентката.
Бидејќи секако овој случај ќе биде предмет на анализа на институции кои ја контролираат нашата работа, ќе почекаме да видиме, што е причината за ваквиот исход и дали од наша страна е постапено според медицинските протоколи и медицина базирана на докази, стоеше во соопштението на Клиничка болница-Штип на 28 декември.
Новороденчето на 26 годишната родилка е на Одделот за интензивна нега на Детската клиника во Скопје. Директорката на Детската клиника, Валентина Цвејоска-Чолаковска вели дека е подобрена здравствената состојба на новороденчето и не е на механичка вентилација.
Новореденото се уште е на Одделот на интензивна нега и терапија, но подобрено и веќе не е на механичка вентилација. Терапијата и интензивното следење продолжува, на Одделот за интензивна нега. Очекуваме во следните денови да биде префрлено и на одделот за неонатологија, вели за МИА Цвејоска-Чолаковска.

The post Новороденчето чија мајка почина на ГАК веќе не е на механичка вентилација appeared first on Република.

]]>
ДЗСИ утврди: Документацијата била уредно водена во случајот со починатото новороденче https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dzsi-utvrdi-dokumentatsijata-bila-uredno-vodena-vo-sluchajot-so-pochinatoto-novorodenche/ Thu, 16 Nov 2023 20:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=702328

При вонредните инспекциски надзори не се констатирани недостатоци кои се во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор.

Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница, ПЗУ Д-р Моника – ординација по гинекологија и акушерство – Прилеп и на Клиниката за детски болести во Скопје за починатото новороденче од Прилеп е објавена денеска на веб-страницата на ДСЗИ.

Новороденчето се роди на 27 октомври 2023 годиан здраво и без проблеми во Прилепската биолница, а по три дена во тешка состојба беше испратено на Детската клиника каде по една недела почина.

Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор.

-Со оглед на фактот дека ДСЗИ нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, доставена е информација до Министерот за здравство со иницијатива за вршење на стручен надзор согласно член 296 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Р.М. бр. 43/12, 236/23), „Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници ја вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора. Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници, информира ДЗСИ.

При надзорот, како што се наведува, Инспекторатот ја побара целата документација и за родилката и за бебето на двете одделенија, гинеколошкото и неонатолошкото во Болницата, од Детската клиника, како и од матичниот лекар на родилката. Извештајот е со целосни детали за случајот, откако родилката била донесена за пораѓање на 27 октомври во 6 часот, па целиот тек на состојбите.

– По извршените неопходни прегледи и подготовка родилката била породена спонтано, бидејки немало индикации за царски рез. Во 9:15 часот жив машки плод во 38 гестациска недела со тежина 2.720 гр.(апгар 8/8/10). Родилката е сместена во болничка соба на одделение за гинекологија и акушерство заедно со бебето. Во текот на престојот на оделение, биле извршени биохемиски анализи на крв на родилката во два наврати. Резултатите биле со уреден наод. На 28.10.2023 година на утринска визита била извршена лабораториска анализа на крв и кај новороденчето. Резултатите биле со уреден наод. Во текот на престојот на акушерското одделение, новороденчето било со мајката заради воспоставување на процес на доење. Од страна на мајката немало забелешки по однос на здравјето на бебето, соопштува Инспекторатот.

Жолтило кај бебето било констатирано при утринска визита, без други симптоми и било поставено на 12-часовна фототерапија. Новороденчето било во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, добар тонус и се хранело без повраќање . Од овие причини, како што се наведува, немало сомневање за рана неонатална инфекција. Но, на 30 октомври, во раните утрински часови, бебето одбило да прими храна, а други симптоми немало. Откако повторно одбило храна, била повикана дежурна докторка – специјалист педијатар која констатирала дека бебето е млитаво и со површно дишење.

Проверена е гликемија, поради ниски вредности е дадена гликоза, кислородна поддршка и поради лоша клиничка слика и сомнеж за перинатална инфекција била дадена двојна антибиотска терапија. По консултација со доктор од Клиника за детски болести во Скопје новороденчето со мајката било трансферирано во Клиниката за детски болести во Скопје за понатамошно лекување, се вели во Извештајот.

Инспекторатот го направи надзорот и на документацијата на Клиниката за детски болести, потврдувајќи дека и во оваа инстутција била уредно водена. Бебето било примено во тешка состојба.

-При приемот, детето било во исклучително тешка општа состојба, хипотонично без реакција на длабока дразба, со ирегуларно дишење проследено со апнеи и акрилна цијаноза, па поставено на Б-ЦПАП. При прием со лабораторидска потврда за пораст на инфламаторни маркери веднаш била вклучена антибиотска терапија. Земени се стартна хемокултура и материјал од трахеален аспират – со наод за присуство на Escherichia colli во трахеален аспират, а хемокултура негативна. По добиениот позитивен наод од трахеален аспират антибиотската терапија е давана соодветно на антибиограмот. Повторно била земена хемокултура со негативни наоди. Во вечерните часови на 30 октомври поради влошување на состојбата било поставено на механичка вентилација. Третиот ден од престој се јавила олигоанурија. На 5 ноември настанал Сardiac arrest па детето е реанимирано, а во 20.15 ч. повторно настапува Cardiac arrest но без одговор и настанала смрт во 20.35 часот, стои во деталниот извештај на Државниоот здравствен и санитарен инспекторат за случајот со новороденчето.

Во прилепската болница од Центарот за јавно здравје се чекаат резултатите од земените брисеви од површините на двете одделенија и од персоналот. Во меѓувреме, прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот по пријавата на родителите кои бараат одговори што се случило со нивното бебе.

The post ДЗСИ утврди: Документацијата била уредно водена во случајот со починатото новороденче appeared first on Република.

]]>

При вонредните инспекциски надзори не се констатирани недостатоци кои се во надлежност на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор. Деталниот извештај за вонредниот инспекциски надзор во Прилепската болница, ПЗУ Д-р Моника – ординација по гинекологија и акушерство – Прилеп и на Клиниката за детски болести во Скопје за починатото новороденче од Прилеп е објавена денеска на веб-страницата на ДСЗИ. Новороденчето се роди на 27 октомври 2023 годиан здраво и без проблеми во Прилепската биолница, а по три дена во тешка состојба беше испратено на Детската клиника каде по една недела почина. Инспекторатот е со иницијатива до министерот за здравство за вршење стручен надзор.
-Со оглед на фактот дека ДСЗИ нема надлежности во стручниот дел на работата на здравствените работници, доставена е информација до Министерот за здравство со иницијатива за вршење на стручен надзор согласно член 296 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Р.М. бр. 43/12, 236/23), „Надзор над стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници ја вршат Лекарската, Стоматолошката, односно Фармацевтската комора. Министерот за здравство по потреба може да формира комисија за вршење на надзор на стручната работа на здравствените установи и другите установи кои вршат здравствена дејност и на здравствените работници и соработници, информира ДЗСИ.
При надзорот, како што се наведува, Инспекторатот ја побара целата документација и за родилката и за бебето на двете одделенија, гинеколошкото и неонатолошкото во Болницата, од Детската клиника, како и од матичниот лекар на родилката. Извештајот е со целосни детали за случајот, откако родилката била донесена за пораѓање на 27 октомври во 6 часот, па целиот тек на состојбите.
– По извршените неопходни прегледи и подготовка родилката била породена спонтано, бидејки немало индикации за царски рез. Во 9:15 часот жив машки плод во 38 гестациска недела со тежина 2.720 гр.(апгар 8/8/10). Родилката е сместена во болничка соба на одделение за гинекологија и акушерство заедно со бебето. Во текот на престојот на оделение, биле извршени биохемиски анализи на крв на родилката во два наврати. Резултатите биле со уреден наод. На 28.10.2023 година на утринска визита била извршена лабораториска анализа на крв и кај новороденчето. Резултатите биле со уреден наод. Во текот на престојот на акушерското одделение, новороденчето било со мајката заради воспоставување на процес на доење. Од страна на мајката немало забелешки по однос на здравјето на бебето, соопштува Инспекторатот.
Жолтило кај бебето било констатирано при утринска визита, без други симптоми и било поставено на 12-часовна фототерапија. Новороденчето било во добра општа состојба, со уреден белодробен наод, добар тонус и се хранело без повраќање . Од овие причини, како што се наведува, немало сомневање за рана неонатална инфекција. Но, на 30 октомври, во раните утрински часови, бебето одбило да прими храна, а други симптоми немало. Откако повторно одбило храна, била повикана дежурна докторка – специјалист педијатар која констатирала дека бебето е млитаво и со површно дишење.
Проверена е гликемија, поради ниски вредности е дадена гликоза, кислородна поддршка и поради лоша клиничка слика и сомнеж за перинатална инфекција била дадена двојна антибиотска терапија. По консултација со доктор од Клиника за детски болести во Скопје новороденчето со мајката било трансферирано во Клиниката за детски болести во Скопје за понатамошно лекување, се вели во Извештајот.
Инспекторатот го направи надзорот и на документацијата на Клиниката за детски болести, потврдувајќи дека и во оваа инстутција била уредно водена. Бебето било примено во тешка состојба.
-При приемот, детето било во исклучително тешка општа состојба, хипотонично без реакција на длабока дразба, со ирегуларно дишење проследено со апнеи и акрилна цијаноза, па поставено на Б-ЦПАП. При прием со лабораторидска потврда за пораст на инфламаторни маркери веднаш била вклучена антибиотска терапија. Земени се стартна хемокултура и материјал од трахеален аспират – со наод за присуство на Escherichia colli во трахеален аспират, а хемокултура негативна. По добиениот позитивен наод од трахеален аспират антибиотската терапија е давана соодветно на антибиограмот. Повторно била земена хемокултура со негативни наоди. Во вечерните часови на 30 октомври поради влошување на состојбата било поставено на механичка вентилација. Третиот ден од престој се јавила олигоанурија. На 5 ноември настанал Сardiac arrest па детето е реанимирано, а во 20.15 ч. повторно настапува Cardiac arrest но без одговор и настанала смрт во 20.35 часот, стои во деталниот извештај на Државниоот здравствен и санитарен инспекторат за случајот со новороденчето.
Во прилепската болница од Центарот за јавно здравје се чекаат резултатите од земените брисеви од површините на двете одделенија и од персоналот. Во меѓувреме, прилепското Основно јавно обвинителство отвори предмет за случајот по пријавата на родителите кои бараат одговори што се случило со нивното бебе.  

The post ДЗСИ утврди: Документацијата била уредно водена во случајот со починатото новороденче appeared first on Република.

]]>
Дали е точно дека новороденчето од Прилеп што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-tochno-deka-novorodencheto-od-prilep-shto-pochina-pristignalo-vo-skopje-bez-transporten-inkubator-prashuvaat-od-vmro-dpmne/ Mon, 13 Nov 2023 11:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=701029

На денот кога во јавност излегува случајот со новороденото од Прилеп, директорката на прилепската болница, Кети Смилеска на социјалните мрежи организира партиска трибина што говори за грижата за аномалиите во болницата.

Иако Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за состојбата на болницата, надлежните молчат.

Прашуваме:

Дали е точно дека новороденчето што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор?

Како се организирани дежурствата во болницата?

Дали е точно дека еден педијатар дежура на две одделенија?

Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хурургија?

Дали е точно дека со дозвола на директорката педијатри дежураат во Битола и имаат и по 15 и повеќе дежурства месечно?

Од новите распишани супспецијализации нема ниту една за неонатологија или перинатологија.

Повторно прашуваме зошто нема корективни мерки од стручните надзори во болницата во Прилеп и Битола?

Кои мерки ги презема Министерството за здравство и Комитетот за безбедно мајчинство и зошто воопшто не реагираат за аномалиите во овој сегмент?

Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите?

The post Дали е точно дека новороденчето од Прилеп што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

На денот кога во јавност излегува случајот со новороденото од Прилеп, директорката на прилепската болница, Кети Смилеска на социјалните мрежи организира партиска трибина што говори за грижата за аномалиите во болницата.
Иако Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше за состојбата на болницата, надлежните молчат.
Прашуваме: Дали е точно дека новороденчето што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор? Како се организирани дежурствата во болницата? Дали е точно дека еден педијатар дежура на две одделенија? Дали е точно дека дежураат општи доктори и специјализанти на ортопедија и хурургија? Дали е точно дека со дозвола на директорката педијатри дежураат во Битола и имаат и по 15 и повеќе дежурства месечно? Од новите распишани супспецијализации нема ниту една за неонатологија или перинатологија. Повторно прашуваме зошто нема корективни мерки од стручните надзори во болницата во Прилеп и Битола? Кои мерки ги презема Министерството за здравство и Комитетот за безбедно мајчинство и зошто воопшто не реагираат за аномалиите во овој сегмент? Зошто ништо не се презема за лошата инфраструктура и условите за третман на пациентите?

The post Дали е точно дека новороденчето од Прилеп што почина пристигнало во Скопје без транспортен инкубатор, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novorodenche-od-prilep-pochina-na-detska-klinika/ Sun, 12 Nov 2023 16:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=700777

Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ.

Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.

Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира ... немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.

Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.

Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

The post Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

Новореденче со сепса починало на Детската клиника во Скопје, потврди за МИА директорката на клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ. Таа информира дека новороденчето било е донесено од Прилеп на Детската клиника во тешка состојба, со ирегуларно дишење, било згрижено на Единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација.
Детето е поставено на двојна антибиотска терапија, соодветна поддршка, односно корекција на нарушувањата, меѓутоа она што откажува и бубрежната функција, седмиот ден завршува лошо. Според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто, инфекцијата настанува при самото раѓање. Дали е предвремено прснат воденик, дали е од родилните патишта, тука може да се шпекулира ... немаме такви податоци. Меѓутоа, кога е донесено на клиниката, веќе има јасни клинички биохемиски знаци за рана неонатална сепса, појасни директорката на Детската клиника.
Мајката на бебето на социјалните мрежи ги сподели случувањата по породувањето, информирајќи дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје. Како што појасни Нацева Фуштиќ, жолтицата е физиолошка појава кај бебињата. Педесет отсто, вели, од бебињата имаат жолтица и таа е најчесто во физиолошки граници.

The post Новороденче од Прилеп почина на Детска клиника appeared first on Република.

]]>
Повеќе починати отколку родени во Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poveke-pochinati-otkolku-rodeni-vo-makedonija/ Thu, 31 Aug 2023 16:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=677693

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %. Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

The post Повеќе починати отколку родени во Македонија! appeared first on Република.

]]>
Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bebeto-padnalo-vo-vts-shkolka-otkako-devojka-pochna-da-se-poraga-na-avtobuskata-stanitsa-vo-belgrad/ Mon, 07 Aug 2023 14:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=669658

Слушнав како некој вика: „Помош, помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов многу вознемирена девојка, целосно беше избезумена. Жената, на околу 20 години, веќе се породила, а детето паднало во ВЦ школката! Го извадив, целото беше посивено, црно! Ама успеав да го оживеам!

Вака за српски „Блиц“ раскажува Здравка Рутиќ, хигиеничарка во тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, која била сведок на оваа неверојатна сцена, која добро се заврши поради нејзината присебност и брзо делување.

Набрзо, вели, дошло обезбедувањето и повикало брза помош, од каде лекарите по телефон им објасниле што да направат додека да дојде помошт, односно како да ја врзат папочната врвца.

Рутиќ вели дека жената родила момче и го крстила Вук.

Се започнало кога автобусот од линијата Ковин-Куршумлија правел пауза во Белград, на Главната автобуска станица. Меѓу патниците била девојката на околу 20 години, бремена во деветти месец. Таа патувала со мајка си и ќерка си. Паузата ја искористила за да отиде во тоалет, кога се случило породувањето.

The post Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград appeared first on Република.

]]>

Слушнав како некој вика: „Помош, помош!“. Истрчав во тоалетот и најдов многу вознемирена девојка, целосно беше избезумена. Жената, на околу 20 години, веќе се породила, а детето паднало во ВЦ школката! Го извадив, целото беше посивено, црно! Ама успеав да го оживеам! Вака за српски „Блиц“ раскажува Здравка Рутиќ, хигиеничарка во тоалетот на Главната автобуска станица во Белград, која била сведок на оваа неверојатна сцена, која добро се заврши поради нејзината присебност и брзо делување. Набрзо, вели, дошло обезбедувањето и повикало брза помош, од каде лекарите по телефон им објасниле што да направат додека да дојде помошт, односно како да ја врзат папочната врвца. Рутиќ вели дека жената родила момче и го крстила Вук. Се започнало кога автобусот од линијата Ковин-Куршумлија правел пауза во Белград, на Главната автобуска станица. Меѓу патниците била девојката на околу 20 години, бремена во деветти месец. Таа патувала со мајка си и ќерка си. Паузата ја искористила за да отиде во тоалет, кога се случило породувањето.

The post Бебето паднало во ВЦ-школка откако девојка почна да се пораѓа на автобуската станица во Белград appeared first on Република.

]]>
Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/roditelite-imaat-mozhnost-da-podnesat-elektronsko-barane-za-upis-na-novorodenche/ Mon, 05 Jun 2023 13:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=648087

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал www.uslugi.gov.mk.

Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата "eID" од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" - Чаир.

Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.

Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу.

Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите.

На промоцијата на новата услуга присуствуаваа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија Башким Исмаили.

The post Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче appeared first on Република.

]]>

Електронски упис на новороденче за издавање извод од матична книга на родените е овозможен преку националниот портал www.uslugi.gov.mk.
Преку новата услуга родителите сега имаат можност да поднесат електронско барање за упис на нивното новороденче, без да одат на шалтерите на Управата за водење на матичните книги (УВМК). Аплицирањето преку услугата "eID" од порталот www.uslugi.gov.mk ќе овозможи поднесување на барање за овој извод, лесно и без доцнење, рече министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на промоцијата на новата услуга во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" - Чаир.
Алиу порача дека дигитализацијата е единствениот начин да се промени животот на граѓаните и најави дека до крајот на годината ќе се промовираат повеќе од 150 нови онлајн услуги на Националниот портал за е-Услуги.
Како Министерство работиме напорно за дигитализација и дигитална трансформација на државата, каде што неодамна ја промовиравме „ДигиталнаЕра“- новата платформа на МИОА, која носи зголемување на електронските услуги за граѓаните и администрацијата, рече министерот Алиу.
Тоа, укажа, ќе значи пократко време и намалени трошоци за добивање на овие услуги, но и зголемување на довербата на граѓаните кон институциите. На промоцијата на новата услуга присуствуаваа и министерот за здравство, Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија Башким Исмаили.

The post Родителите имаат можност да поднесат електронско барање за упис на новороденче appeared first on Република.

]]>
Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ribari-spasija-novorodenche-staveno-vo-ranec-i-frleno-vo-reka/ Tue, 22 Nov 2022 19:37:42 +0000 https://republika.mk/?p=576890

Новороденче чудесно успеало да преживее откако било ставено во ранец еднаш по породувањето и било фрлено од мост во река. Очевидци за полицијата изјавиле дека виделе маж како фрла ранец во реката Капибарибе во Сан Лоренцо да Мата во Бразил. Сè се случило утрото на 17 ноември.

Двајца рибари под мостот го спасиле бебето откако виделе како чантата паднала во реката и го слушнале плачот на бебето, пренесува „Дејли „мејл“.

Кога го отворив, внатре имаше бебе. Почнав да плачам, рекол за бразилските медиуми еден од рибарите.

Тие веднаш повикале полиција, која го однела бебето во болница. Според локалните медиуми, бебето се родило само неколку часа претходно, а папочната врвца не била правилно исечена. Бебето е во стабилна состојба, но останува на опсервација во болницата.

Абортусот е нелегален во Бразил, а за кршење на законот следи затворска казна.

The post Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река appeared first on Република.

]]>

Новороденче чудесно успеало да преживее откако било ставено во ранец еднаш по породувањето и било фрлено од мост во река. Очевидци за полицијата изјавиле дека виделе маж како фрла ранец во реката Капибарибе во Сан Лоренцо да Мата во Бразил. Сè се случило утрото на 17 ноември. Двајца рибари под мостот го спасиле бебето откако виделе како чантата паднала во реката и го слушнале плачот на бебето, пренесува „Дејли „мејл“.
Кога го отворив, внатре имаше бебе. Почнав да плачам, рекол за бразилските медиуми еден од рибарите.
Тие веднаш повикале полиција, која го однела бебето во болница. Според локалните медиуми, бебето се родило само неколку часа претходно, а папочната врвца не била правилно исечена. Бебето е во стабилна состојба, но останува на опсервација во болницата. Абортусот е нелегален во Бразил, а за кршење на законот следи затворска казна.

The post Рибари спасија новороденче ставено во ранец и фрлено во река appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд укина дел од одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ustavniot-sud-ukina-del-od-odlukata-za-dodeluvanje-ednokratna-parichna-pomosh-za-novorodenche/ Wed, 13 Jul 2022 13:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=528123

Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.18/2021), донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.

„Оваа Одлука е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето.

Уставниот суд оцени дека  со оваа одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот.

Подносител на иницијативата: Денис Димовски од Скопје“, стои во писменото соопштение на Уставен суд, испратено пред малку до медиумите.

The post Уставниот суд укина дел од одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да укине дел од членот 3 став 1 од Одлуката за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Ѓорче Петров во 2022 година („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“ бр.18/2021), донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров, со кој се условува оваа парична помош со брачната состојба на родителите.

„Оваа Одлука е оспорена меѓу другото поради постоење на дискриминирачки услов за добивање на еднократна парична помош, односно уверение од матичната книга на венчаните при поднесување на барањето. Уставниот суд оцени дека  со оваа одлука се повредува уставното право на еднаквост на граѓаните, предвидено во членот 9 од Уставот. Подносител на иницијативата: Денис Димовски од Скопје“, стои во писменото соопштение на Уставен суд, испратено пред малку до медиумите.

The post Уставниот суд укина дел од одлуката за доделување еднократна парична помош за новороденче appeared first on Република.

]]>
Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/imeto-koe-go-odbraa-grasho-i-hana-daniela-go-sakashe-za-nivnoto-nerodeno-dete/ Sun, 22 May 2022 18:57:32 +0000 https://republika.mk/?p=505422

Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба.

Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит.

Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.

Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.

The post Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете appeared first on Република.

]]>

Моментално најпопуларниот брачен пар во Хрватска, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, чекаaт девојче, а како што дознава „РТЛ Ексклузив“, малечката ќе се вика Алба. Нивното прво дете треба да дојде на свет на 23 јули, а според хрватскиот магазин, Грашо нема да присуствува на породувањето зошто има закажан настап на „Фјужн“ фестивалот во Сплит. Хрватските медиуми потсетуваат дека и Данијела Мартиновиќ, поранешната партнерка на Грашо, сакала да го крсти нивното дете Алба.
Синот ќе биде Тони, тоа се знае, по покојниот дедо на Петар, а за девојче имаме две имиња. Прво мислев Луце, бидејќи тоа ми е вистинско далматинско, наше име, а така се викаше и мојата покојна баба, но кога го слушнав името Алба, бев многу возбудена бидејќи Алба на италијански значи зора, ми е убаво и необично, и блиско до нас и различно име, изјави Данијела пред осум години за „Ин Магазин“.

The post Името кое го одбраа Грашо и Хана, Даниела го сакаше за нивното неродено дете appeared first on Република.

]]>
Мајка-лавица: Со своето тело го штитела новороденчето од руските гранати https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/majka-lavica-so-svoeto-telo-go-shtitela-novorodencheto-od-ruskite-granati/ Sun, 20 Mar 2022 18:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=475771

Украинката Олга физички го заштитила своето едномесечно бебе кога нивниот дом бил гранатиран во Киев, се вели во објавата на Фејсбук на Националната детска специјализирана болница Охматдит.

Бебето не е повредено, но мајката се здобила со повеќе повреди, се вели во соопштението.

Мајката и таткото на детето биле дома и го хранеле бебето во раните утрински часови кога нивната зграда била гранатирана. Тие слушале звуци на гранатирање во текот на ноќта се` поблиску и поблиску, велат од болницата.

Кога се симнав во дворот, видов дека граната ја погоди градинката до нашата куќа. Немаше тавани, прозорци и врати во сите куќи во близина... Парчиња стакло полетаа кон нас, рекол сопругот на Олга.

На сликата објавена од болницата се гледа како мајката го храни бебето со голем завој околу главата додека таткото стои до нив.

The post Мајка-лавица: Со своето тело го штитела новороденчето од руските гранати appeared first on Република.

Семејството Спирковски со пет дена старо новороденче безбедно го напушти Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/semejstvoto-spirkovski-so-pet-dena-staro-novorodenche-bezbedno-go-napushti-harkov/ Tue, 01 Mar 2022 12:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=465865

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тие со на безбедно и се во доба состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје, напиша Османи на Фејсбук.

Ова, додава тој, е најсложениот случај од процесот на евакуација.

Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина. Да информирам, дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов немаме веќе пријавени наши државјани, пишува Османи.

The post Семејството Спирковски со пет дена старо новороденче безбедно го напушти Харков appeared first on Република.