новогодишно интервју Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishno-intervju/ За подобро да се разбереме Wed, 28 Dec 2022 22:17:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишно интервју Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishno-intervju/ 32 32 2023 нема да биде изборна година, дециден е премиерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/2023-nema-da-bide-izborna-godina-detsiden-e-premierot/ Wed, 28 Dec 2022 22:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=591224

2023 нема да биде изборна година, дециден е премиерот Димитар Ковачевски. Во интервјуто за МРТ Ковачевски објасни дека билатералниот скрининг на земјава со ЕУ ќе трае до ноември и нема да се прекинува по 17 години чекање. Исто така, ги спомена енергеската и економската криза, за чиешто решавање се потребни функционални институции.

Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема избори да го обезбедат, јас гледам некои политички партии викаат ние ќе гласаме доколку ќе има избори, рече Ковачевски вечерва во интервју за МТВ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на брифинг со новинарите, изјави дека очекува следната година да има предвремени избори. Мицкоски дури и посочи конкретни датуми – 14 или 21 мај, а според него, кампањата би почнала кон крајот на април.

Според Ковачевски, поддржување избори на сметка на стратешки прашања е „апсолутно несоодветно“.

Јас можам да ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие се наоѓаат во комплетно заложништво на Левица. Во моментов наративот на опозицијата го води Левица или Димитар Апасиев, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема став во ниту едно прашање, но ниту имале некогаш став, ниту визија, ниту пак одлучност и сите бевме сведоци како тие го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ. Прво се прифаќаше јавно договорот со Бугарија, па потоа нивниот претседател кажа дека ќе поддржи уставни измени со наредниот бугарски премиер, па потоа кажа дека нема да поддржи и бараше нотарски изјави од пратениците, па потоа кажа дека ако европските институции дават некаква гаранција ќе поддржи, па за потоа да кажи дека никако нема да поддржи, и тоа е практично немање на став по најважно прашање, рече тој.

Според него, истото тоа го гледаат граѓаните, затоа, како што кажа, се и личните рејтинзи на политичарите такви, така што смета дека пратениците на Собранието и политичките партии ќе имаат како што вели, визија и храброст да донесат одлука со која ние го продолжуваме нашиот пат во ЕУ.

-Ќе има уште одлуки, јас тоа го кажував, што е се однесуваат на системско уредување на државата во многу области, здравство, правосудство, па и енергетскиот сектор, екологијата и така натаму, тоа нема да бидат едноставни одлуки, меѓутоа сето тоа ќе ја направи Македонија да биде на ниво на функционирање кои што сите ние го сакаме, а тоа е функционирањето на земјите членки на ЕУ, нагласи Ковачевски.

Според него, сите обвинувања што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа кажани при прифаќањето и носењето на заклучоците во Собранието во однос на европскиот предлог предложен од Француското претседателство паднаа во вода.

-Започнавме преговори со ЕУ со македонски јазик и заштитен идентитет. Се изгради огромна хистерија во општеството дека ќе се сме биле асимилирани, ќе сме биле бугаризирани и ќе сме го изгубеле македонскиот јазик. И се случи токму спротивното. Прво ги отпочнавме преговорите со ЕУ во месец јули, на 19 јули, а на 26 октомври го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС, на чист македонски јазик, без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања. Прв пат договор потпишан со сите 27 земји членки на ЕУ. И тоа договор потпишан на сите јазици на ЕУ, одобрен и од Грција и Бугарија. Кој можеше да верува во такво нешто? Второ, во Грција се отвори центар за македонски јазик, кој можеше да верува во такво нешто. Трето, во Скопје се отвори бугарски културен центар од официјалните институции на Бугарија, исто како што ние отворивме канцеларија на МИА во Софија, во македонски културен центар. Тоа е начинот, порача Ковачевски.

Тој оцени дека со ширење внатрешни тензии во општеството, со ширење недоверба со соседите не се стига никаде, и оти, тоа, како што кажа, не е начин за напредок на државата.

The post 2023 нема да биде изборна година, дециден е премиерот appeared first on Република.

]]>

2023 нема да биде изборна година, дециден е премиерот Димитар Ковачевски. Во интервјуто за МРТ Ковачевски објасни дека билатералниот скрининг на земјава со ЕУ ќе трае до ноември и нема да се прекинува по 17 години чекање. Исто така, ги спомена енергеската и економската криза, за чиешто решавање се потребни функционални институции.
Трето, имаме за носење голем број одлуки во Собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема избори да го обезбедат, јас гледам некои политички партии викаат ние ќе гласаме доколку ќе има избори, рече Ковачевски вечерва во интервју за МТВ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на брифинг со новинарите, изјави дека очекува следната година да има предвремени избори. Мицкоски дури и посочи конкретни датуми – 14 или 21 мај, а според него, кампањата би почнала кон крајот на април. Според Ковачевски, поддржување избори на сметка на стратешки прашања е „апсолутно несоодветно“.
Јас можам да ја разбирам позицијата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие се наоѓаат во комплетно заложништво на Левица. Во моментов наративот на опозицијата го води Левица или Димитар Апасиев, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема став во ниту едно прашање, но ниту имале некогаш став, ниту визија, ниту пак одлучност и сите бевме сведоци како тие го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ. Прво се прифаќаше јавно договорот со Бугарија, па потоа нивниот претседател кажа дека ќе поддржи уставни измени со наредниот бугарски премиер, па потоа кажа дека нема да поддржи и бараше нотарски изјави од пратениците, па потоа кажа дека ако европските институции дават некаква гаранција ќе поддржи, па за потоа да кажи дека никако нема да поддржи, и тоа е практично немање на став по најважно прашање, рече тој.
Според него, истото тоа го гледаат граѓаните, затоа, како што кажа, се и личните рејтинзи на политичарите такви, така што смета дека пратениците на Собранието и политичките партии ќе имаат како што вели, визија и храброст да донесат одлука со која ние го продолжуваме нашиот пат во ЕУ.
-Ќе има уште одлуки, јас тоа го кажував, што е се однесуваат на системско уредување на државата во многу области, здравство, правосудство, па и енергетскиот сектор, екологијата и така натаму, тоа нема да бидат едноставни одлуки, меѓутоа сето тоа ќе ја направи Македонија да биде на ниво на функционирање кои што сите ние го сакаме, а тоа е функционирањето на земјите членки на ЕУ, нагласи Ковачевски.
Според него, сите обвинувања што од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа кажани при прифаќањето и носењето на заклучоците во Собранието во однос на европскиот предлог предложен од Француското претседателство паднаа во вода.
-Започнавме преговори со ЕУ со македонски јазик и заштитен идентитет. Се изгради огромна хистерија во општеството дека ќе се сме биле асимилирани, ќе сме биле бугаризирани и ќе сме го изгубеле македонскиот јазик. И се случи токму спротивното. Прво ги отпочнавме преговорите со ЕУ во месец јули, на 19 јули, а на 26 октомври го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС, на чист македонски јазик, без никакви додавки, фусноти или дообјаснувања. Прв пат договор потпишан со сите 27 земји членки на ЕУ. И тоа договор потпишан на сите јазици на ЕУ, одобрен и од Грција и Бугарија. Кој можеше да верува во такво нешто? Второ, во Грција се отвори центар за македонски јазик, кој можеше да верува во такво нешто. Трето, во Скопје се отвори бугарски културен центар од официјалните институции на Бугарија, исто како што ние отворивме канцеларија на МИА во Софија, во македонски културен центар. Тоа е начинот, порача Ковачевски.
Тој оцени дека со ширење внатрешни тензии во општеството, со ширење недоверба со соседите не се стига никаде, и оти, тоа, како што кажа, не е начин за напредок на државата.

The post 2023 нема да биде изборна година, дециден е премиерот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Струјата нема да поскапи од 1 јануари, над 20% пониски сметки за малите и средни претпријатија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-strujata-nema-da-poskapi-od-1-januari-nad-20-19592f3cb1d5bd9ef044be6f04ac3730e1adb1d1ecdb589ea2481dbff7d18386-poniski-smetki-za-malite-i-sredni-pretprijatija/ Wed, 28 Dec 2022 20:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=591196

„Политиките на Владата, искусниот тим кој работеше на надминување на предизвиците со енергетската криза имаат видливи резултати. Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија.

Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.

“Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.

Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15% има за малите потрошувачи на електрична енергија. Премиерот истакна дека станува збор за 72.000 мали и средни претпријатија во државата кои вработуваат 98% од работниците во земјава.

“Ова е најдобра потврда за тоа што го зборувавме во текот на изминатите единаесет месеци од мандатот на оваа Влада. Јас во мојот Кабинет ангажирав советници со големо искуство во делот на енергетиката, работиме домаќински, со план, со знаење. Со напорите кои ги направија сите институции вклучително Министерството за економија, Министерството за финансии, вицепремиерот за економски прашања, раководството на државните компании од електроенергетскиот сектор и приватните компании, пред сè мислам на ЕВН, се потврди дека може на граѓаните да им се испорача тоа што им е ветено. Ние ветивме дека нема да има ценовен шок за граѓаните”, вели премиерот Ковачевски.

Во интервјуто за МРТ, Ковачевски рече дека и во 2023 година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза, за што во Буџетот има одвоено 250 милиони евра.

“Најголем дел од тие финансиски средства се за субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за средните и основните училишта. Исто така тука се и индустриските капацитети кои работат на производство на основни прехранбени производи, а целта ни беше да го смириме порастот и да ги намалиме цените на основните прехранбени производи на пазарот, што и се случува во маркетите”, истакна премиерот Ковачевски во интервјуто.

„Субвенциите кои ги пишува во сметките за струја се можност граѓаните да имаат увид каде се трошат парите од Буџетот, но тоа е и поттик за граѓаните за уште поголемо штедење”, појасни Ковачевски.

“Секое поголемо штедење на електрична енергија значи и помала потреба за субвенција од страна на Владата. На пример, јас можам да споделам податок дека, во изминатите месеци откако ги воведовме препораките за штедење на електрична енергија институциите и министерствата во надлежност на Владата имаа во просек 20% заштеда на електрична енергија. Домаќинствата во скапа тарифа со воведувањето на блоковите и со воведувањето на ваков тип на информации во однос на заштедата на електрична енергија имаат остварено заштеда од 16,5% во однос на минатата година”, вели премиерот Ковачевски во интервју за МРТ.

The post Ковачевски: Струјата нема да поскапи од 1 јануари, над 20% пониски сметки за малите и средни претпријатија appeared first on Република.

]]>

„Политиките на Владата, искусниот тим кој работеше на надминување на предизвиците со енергетската криза имаат видливи резултати. Граѓаните се уверија дека Владата нема да дозволи ценовен шок за населението и за малите потрошувачи на електрична енергија, што се потврди со цените на струјата што денеска ги соопшти Регулаторната комисија за енергетика”, вели претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, во интервју за Македонска радио телевизија. Претседателот на Владата посочи дека од 1 јануари, цената на електрична енергија кај домаќинствата за првиот и вториот блок се намалува, а само ќе се зголеми цената на третиот и четвртиот блок.
“Во четвриот блок има зголемување на цената, но таму се граѓани и семејства кои трошат поголеми количини на енергија, кои загреваат поголеми површини, дел од нив загреваат и базени во текот на зимскиот период. Тие можат да си дозволат да имаат таква потрошувачка”, рече премиерот Ковачевски.
Големо намалување на цената на струјата, односно 20,15% има за малите потрошувачи на електрична енергија. Премиерот истакна дека станува збор за 72.000 мали и средни претпријатија во државата кои вработуваат 98% од работниците во земјава.
“Ова е најдобра потврда за тоа што го зборувавме во текот на изминатите единаесет месеци од мандатот на оваа Влада. Јас во мојот Кабинет ангажирав советници со големо искуство во делот на енергетиката, работиме домаќински, со план, со знаење. Со напорите кои ги направија сите институции вклучително Министерството за економија, Министерството за финансии, вицепремиерот за економски прашања, раководството на државните компании од електроенергетскиот сектор и приватните компании, пред сè мислам на ЕВН, се потврди дека може на граѓаните да им се испорача тоа што им е ветено. Ние ветивме дека нема да има ценовен шок за граѓаните”, вели премиерот Ковачевски.
Во интервјуто за МРТ, Ковачевски рече дека и во 2023 година ќе продолжат субвенциите за справување со економската и енергетската криза, за што во Буџетот има одвоено 250 милиони евра.
“Најголем дел од тие финансиски средства се за субвенционирање на цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, за средните и основните училишта. Исто така тука се и индустриските капацитети кои работат на производство на основни прехранбени производи, а целта ни беше да го смириме порастот и да ги намалиме цените на основните прехранбени производи на пазарот, што и се случува во маркетите”, истакна премиерот Ковачевски во интервјуто.
„Субвенциите кои ги пишува во сметките за струја се можност граѓаните да имаат увид каде се трошат парите од Буџетот, но тоа е и поттик за граѓаните за уште поголемо штедење”, појасни Ковачевски. “Секое поголемо штедење на електрична енергија значи и помала потреба за субвенција од страна на Владата. На пример, јас можам да споделам податок дека, во изминатите месеци откако ги воведовме препораките за штедење на електрична енергија институциите и министерствата во надлежност на Владата имаа во просек 20% заштеда на електрична енергија. Домаќинствата во скапа тарифа со воведувањето на блоковите и со воведувањето на ваков тип на информации во однос на заштедата на електрична енергија имаат остварено заштеда од 16,5% во однос на минатата година”, вели премиерот Ковачевски во интервју за МРТ.