новогодишни подароци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishni-podarotsi/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Dec 2023 16:10:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишни подароци Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishni-podarotsi/ 32 32 Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/ne-ne-podaruvajte-mu-chorapi-so-sneshko-na-shefot-realni-predlozi-za-sikret-santa-podarotsi/ Sun, 24 Dec 2023 16:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=725406

Во тек се предновогодишните забави кои се организираат од фирмите, а во голем дел од нив колегите се договараат да се изненадат со подароци преку новогодишна лотарија или Сикрет Санта. Бидејќи предлозите за подароци на кои наидовме не беа најсоодветни за ваквите прилики (зошто, сепак, малку е глупаво да му подарите чорапи со Дедо Мраз на газдата или баде мантил на колешката) ви нудиме неколку реални предлози за унисекс подароци, кои не чинат повеќе од 1.000 денари.

Не може да погрешите со пијалок. Но, наместо вино, кое се купува во скоро секоја прилика, овојпат одберете ракија. Има доста нови, но и проверени дестилерии низ Македонија кои почнаа да прават премиум ракија. Добивате елегантно шише и врвен пијалок, за кој ќе потрошите дупло помалку отколку за шише виски.

[caption id="attachment_725408" align="aligncenter" width="556"] (фото: илустрација)[/caption]

Исто така, во неколку продавници за подароци може да се најдат и персонализирани чашки за ракија, со убава порака и дезен, кои може да ги комбинирате и со шише или чоканче.

Доколку, пак, сте убедени дека личноста за која купувате е вистински еноман, тогаш изненадете ја со убава дрвена или камена даска за сервирање или, пак ножиња за сирење во комбинација со некое пакување убав кашкавал или тврдо сирење.

[caption id="attachment_725409" align="aligncenter" width="1024"] (фото: илустрација)[/caption]

За љубителите на пиво, пак, одберете две кригли кои ќе ги наполните со различни апетисани. Moже да ги комбинирате и со крафт пива, странски или домашни, сега веќе навистина имаме голем избор.

[caption id="attachment_725410" align="aligncenter" width="1280"] (фото: илустрација)[/caption]

Aко личноста за која одбирате подарок не е по алкохолот, тогаш може да му одберете убави стаклени филџани за еспресо со дупло дно, кои може да ги најдете низ продавниците со предмети за домот, кои обично имаат добри попусти пред празниците.

[caption id="attachment_725411" align="aligncenter" width="894"] (фото: илустрација)[/caption]

Нив, пак, може да ги комбинирате со некое добро кафе или капсули, доколку знаете дека колегата/колешката има таква машина. Но, уште подобро, може да одберете и специјално ѓезве за подготвување на еспресо, кое исто така може да се најде по доста пристојни цени и во Македонија.

[caption id="attachment_725412" align="aligncenter" width="1200"] (фото: илустрација)[/caption]

Нема да погрешите ни со комбинација на убава шолја со неколку видови на чаеви, подарок кој ако е убаво спакуван може да биде вистински хит, а да ве чини доста евтино.

Подарок кој може да го дадете секому и нема да погрешите, колку и да звучи чудно - е медот. Во тек се неколку базари низ трговските центри каде може да најдете штандови од македонските прозиводители на мед и медени производи. Во време кога цените на овој здрав прозивод се доста поскапени, тегла мед од органско производство или негови варијации - со ореви, пита саќе, полен и слично, е одличен подарок.

Кога сме кај здравјето, доколку личноста за која купувате се труди да се храни здраво, дури и во македонските продавници веќе може да се најде преносниот блендер, шише со моторче во кое може секаде да си направите смути или милкшејк, а кое го промовираа доста познати личности.

[caption id="attachment_725418" align="aligncenter" width="800"] (фото: илустрација)[/caption]

Да не ги заборавиме ни лимените кутии со колачиња, кои подоцна може да се користат за чување на многу работи, најчесто, се разбира, за чување на приборот за шиење.

Низ слаткарниците може да се најдат и празнични колачиња или чоколадни бомбони, доколку колегата или колешката која ви се паднала е љубител на блакце.

За крај, избегнувајте да купувате прозиводи за лична хигиена или козметика, но доколку сметате дека личноста за која купувате би се израдувала на нешто такво, тогаш најдобро е да земете ваучер, кој сега го нудат повеќето продавници за козметика.

Исто така, ваучерот од книжарница е одличен подарок со кој може да израдувате страствен читател, затоа што така нема да погрешите со изборот на жанр или писател.

Колегите кои чуваат миленици нема да ви се налутат ако наместо за нив, одберете играчка за нивниот крзнен пријател.

Кога сме кај играчките, ако купувате за колега или колешка кои многу сакаат да се дружат, одберете друштвена игра која може да се најде во неколку специјалнизирани продавници, но и книжарници низ Македонија. Ако сметате дека е љубител на тоа, и сложувалка е одличен подарок.

За шегобијците од канцеларијата, може да одберете специјален постер од насловна страница на магазин во која тој/таа е прогласена за личност на годината или најсекси маж/жена за 2023 година.

The post Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци appeared first on Република.

]]>

Во тек се предновогодишните забави кои се организираат од фирмите, а во голем дел од нив колегите се договараат да се изненадат со подароци преку новогодишна лотарија или Сикрет Санта. Бидејќи предлозите за подароци на кои наидовме не беа најсоодветни за ваквите прилики (зошто, сепак, малку е глупаво да му подарите чорапи со Дедо Мраз на газдата или баде мантил на колешката) ви нудиме неколку реални предлози за унисекс подароци, кои не чинат повеќе од 1.000 денари. Не може да погрешите со пијалок. Но, наместо вино, кое се купува во скоро секоја прилика, овојпат одберете ракија. Има доста нови, но и проверени дестилерии низ Македонија кои почнаа да прават премиум ракија. Добивате елегантно шише и врвен пијалок, за кој ќе потрошите дупло помалку отколку за шише виски. [caption id="attachment_725408" align="aligncenter" width="556"] (фото: илустрација)[/caption] Исто така, во неколку продавници за подароци може да се најдат и персонализирани чашки за ракија, со убава порака и дезен, кои може да ги комбинирате и со шише или чоканче. Доколку, пак, сте убедени дека личноста за која купувате е вистински еноман, тогаш изненадете ја со убава дрвена или камена даска за сервирање или, пак ножиња за сирење во комбинација со некое пакување убав кашкавал или тврдо сирење. [caption id="attachment_725409" align="aligncenter" width="1024"] (фото: илустрација)[/caption] За љубителите на пиво, пак, одберете две кригли кои ќе ги наполните со различни апетисани. Moже да ги комбинирате и со крафт пива, странски или домашни, сега веќе навистина имаме голем избор. [caption id="attachment_725410" align="aligncenter" width="1280"] (фото: илустрација)[/caption] Aко личноста за која одбирате подарок не е по алкохолот, тогаш може да му одберете убави стаклени филџани за еспресо со дупло дно, кои може да ги најдете низ продавниците со предмети за домот, кои обично имаат добри попусти пред празниците. [caption id="attachment_725411" align="aligncenter" width="894"] (фото: илустрација)[/caption] Нив, пак, може да ги комбинирате со некое добро кафе или капсули, доколку знаете дека колегата/колешката има таква машина. Но, уште подобро, може да одберете и специјално ѓезве за подготвување на еспресо, кое исто така може да се најде по доста пристојни цени и во Македонија. [caption id="attachment_725412" align="aligncenter" width="1200"] (фото: илустрација)[/caption] Нема да погрешите ни со комбинација на убава шолја со неколку видови на чаеви, подарок кој ако е убаво спакуван може да биде вистински хит, а да ве чини доста евтино. Подарок кој може да го дадете секому и нема да погрешите, колку и да звучи чудно - е медот. Во тек се неколку базари низ трговските центри каде може да најдете штандови од македонските прозиводители на мед и медени производи. Во време кога цените на овој здрав прозивод се доста поскапени, тегла мед од органско производство или негови варијации - со ореви, пита саќе, полен и слично, е одличен подарок. Кога сме кај здравјето, доколку личноста за која купувате се труди да се храни здраво, дури и во македонските продавници веќе може да се најде преносниот блендер, шише со моторче во кое може секаде да си направите смути или милкшејк, а кое го промовираа доста познати личности. [caption id="attachment_725418" align="aligncenter" width="800"] (фото: илустрација)[/caption] Да не ги заборавиме ни лимените кутии со колачиња, кои подоцна може да се користат за чување на многу работи, најчесто, се разбира, за чување на приборот за шиење. Низ слаткарниците може да се најдат и празнични колачиња или чоколадни бомбони, доколку колегата или колешката која ви се паднала е љубител на блакце. За крај, избегнувајте да купувате прозиводи за лична хигиена или козметика, но доколку сметате дека личноста за која купувате би се израдувала на нешто такво, тогаш најдобро е да земете ваучер, кој сега го нудат повеќето продавници за козметика. Исто така, ваучерот од книжарница е одличен подарок со кој може да израдувате страствен читател, затоа што така нема да погрешите со изборот на жанр или писател. Колегите кои чуваат миленици нема да ви се налутат ако наместо за нив, одберете играчка за нивниот крзнен пријател. Кога сме кај играчките, ако купувате за колега или колешка кои многу сакаат да се дружат, одберете друштвена игра која може да се најде во неколку специјалнизирани продавници, но и книжарници низ Македонија. Ако сметате дека е љубител на тоа, и сложувалка е одличен подарок. За шегобијците од канцеларијата, може да одберете специјален постер од насловна страница на магазин во која тој/таа е прогласена за личност на годината или најсекси маж/жена за 2023 година.

The post Не, не подарувајте му чорапи со снешко на шефот – реални предлози за Сикрет Санта подароци appeared first on Република.

]]>
Нема да добиете ништо од нив: Четири хороскопски знаци кои мразат да купуваат новогодишни подароци https://arhiva3.republika.mk/zivot/astro/nema-da-dobiete-nishto-od-niv-chetiri-horoskopski-znatsi-koi-mrazat-da-kupuvaat-novogodishni-podarotsi/ Tue, 12 Dec 2023 20:09:15 +0000 https://republika.mk/?p=722340

Додека празничната сезона за многумина значи радост, сјај и подарување за саканите, некои хороскопски знаци го доживуваат овој период од годината со помал ентузијазам, особено кога е во прашање празничниот шопинг. Погледнете кои хороскопски знаци посебно мразат да бараат и подарат совршен подарок и зошто.

1. Водолија

Водолиите се познати по својата неконвенционалност и независност. Самата помисла дека мора да ја следат традицијата на купување подароци често ги фрустрира. Сакаат да бидат оригинални и креативни, а купувањето подароци може да изгледа премногу комерцијализирано и неавтентично.

2. Девица

Девиците, кои се стремат кон перфекционизам и детални анализи, често може да се чувствуваат преоптоварени од изобилството на избори и комерцијалниот притисок за време на празничниот шопинг. Преферираат практичност и функционалност, а залудното пазарење со неизбежната гужва и хаосот не е нешто што им причинува задоволство.

3. Јарец

Јарците сакаат структура и практичност во сè што прават, вклучително и во шопинг. За време на празничниот шопинг обично се троши повеќе отколку што е потребно или практично, што може да му направи непријатно на прагматичниот Јарец. Тие претпочитаат планиран пристап и не сакаат да губат време во гужви и редици.

4. Скорпија

Гужвата и површноста на празничниот шопинг може да бидат крајно вознемирувачки за Скорпиите. Тие претпочитаат длабоки и значајни подароци, а идејата да мора да учествуваат во комерцијализирана потера по подароци е спротивна на нивниот автентичен пристап кон животот.


Извор: Убавина и здравје

The post Нема да добиете ништо од нив: Четири хороскопски знаци кои мразат да купуваат новогодишни подароци appeared first on Република.

]]>

Додека празничната сезона за многумина значи радост, сјај и подарување за саканите, некои хороскопски знаци го доживуваат овој период од годината со помал ентузијазам, особено кога е во прашање празничниот шопинг. Погледнете кои хороскопски знаци посебно мразат да бараат и подарат совршен подарок и зошто. 1. Водолија Водолиите се познати по својата неконвенционалност и независност. Самата помисла дека мора да ја следат традицијата на купување подароци често ги фрустрира. Сакаат да бидат оригинални и креативни, а купувањето подароци може да изгледа премногу комерцијализирано и неавтентично. 2. Девица Девиците, кои се стремат кон перфекционизам и детални анализи, често може да се чувствуваат преоптоварени од изобилството на избори и комерцијалниот притисок за време на празничниот шопинг. Преферираат практичност и функционалност, а залудното пазарење со неизбежната гужва и хаосот не е нешто што им причинува задоволство. 3. Јарец Јарците сакаат структура и практичност во сè што прават, вклучително и во шопинг. За време на празничниот шопинг обично се троши повеќе отколку што е потребно или практично, што може да му направи непријатно на прагматичниот Јарец. Тие претпочитаат планиран пристап и не сакаат да губат време во гужви и редици. 4. Скорпија Гужвата и површноста на празничниот шопинг може да бидат крајно вознемирувачки за Скорпиите. Тие претпочитаат длабоки и значајни подароци, а идејата да мора да учествуваат во комерцијализирана потера по подароци е спротивна на нивниот автентичен пристап кон животот.
Извор: Убавина и здравје

The post Нема да добиете ништо од нив: Четири хороскопски знаци кои мразат да купуваат новогодишни подароци appeared first on Република.

]]>