новогодишна ноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishna-nokj/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Jan 2023 12:09:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишна ноќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishna-nokj/ 32 32 На новогодишната ноќ: 16 сообраќајни несреќи, 10 кривични дела, 4 тешки кражби https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-novogodishnata-nok-16-soobrakajni-nesreki-10-krivichni-dela-4-teshki-krazhbi/ Sun, 01 Jan 2023 12:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=592496

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Им благодарам на сите граѓани кои прославуваа одговорно и придонесоа новогодишната ноќ да мине онака како што апелиравме и посакувавме, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од 2023 година, при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец.

Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани.

Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени. Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски.

Тој посочи дека најголем број настани биле пријавени во Скопје, потоа следи Охрид. Во другите градови има многу малку пријавени случаи, а во Велес нема ниту една пријава.

The post На новогодишната ноќ: 16 сообраќајни несреќи, 10 кривични дела, 4 тешки кражби appeared first on Република.

]]>

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Им благодарам на сите граѓани кои прославуваа одговорно и придонесоа новогодишната ноќ да мине онака како што апелиравме и посакувавме, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на првиот ден од 2023 година, при посетата на Мобилната единица за безбедност на сообраќај на патиштата во Петровец. Тој посочи дека во споредба со минатата новогодишна ноќ, во ноќта што измина имало помалку 30 проценти пријавени настани.
Во текот на ноќта, имаме вкупно 10 кривични дела, од кои четири се тешки кражби, една во обид. Имаме две насилства и две неовластени производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Две кражби, од кои една, исто така, е во обид. Имаме регистрирани прекршоци од Законот за јавен ред и мир, вкупно 15. Имаме прекршоци од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, вкупно осум и има 16 сообраќајни несреќи и дополнителни пет други настани кои се пријавени. Ако споредиме со минатата година, тоа е намалување 30 проценти на вкупно пријавени настани, истакна Спасовски.
Тој посочи дека најголем број настани биле пријавени во Скопје, потоа следи Охрид. Во другите градови има многу малку пријавени случаи, а во Велес нема ниту една пријава.  

The post На новогодишната ноќ: 16 сообраќајни несреќи, 10 кривични дела, 4 тешки кражби appeared first on Република.

]]>
За новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/za-novogodishnata-nok-vremeto-ke-bide-pretezhno-vedro/ Thu, 29 Dec 2022 11:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=591440

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму посочуваат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица.

Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места. На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

The post За новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро appeared first on Република.

]]>

За време на новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Минималната температура во сабота ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму посочуваат дека продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност со променлив интензитет и пониски дневни температури. Особено топло ќе биде на повисоките места за време на викендот и во почетокот на следната седмица. Во недела, на првиот ден од новата 2023 година, минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени. На почетокот на следната седмица, како што велат од УХМР, времето ќе биде особено топло на повисоките места. На 2 јануари (понеделник) минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

The post За новогодишната ноќ времето ќе биде претежно ведро appeared first on Република.

]]>
Оваа храна не ја гответе на 31 декември: Носи несреќа, а во една намирница буквално „се давиме“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/ovaa-hrana-ne-ja-gotvete-na-31-dekemvri-nosi-nesreka-a-vo-edna-namirnitsa-bukvalno-se-davime/ Thu, 29 Dec 2022 09:21:56 +0000 https://republika.mk/?p=591305

На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења е подобро да ги прескокнете баш тој ден за да ве следи среќа во новата година. Овие јадења не треба да бидат на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисиркино месо на новогодишната ноќ. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека тие живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Краби, јастози и ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со ракови, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Школки

Кога сме кај ракчињата, добро е да се напомене дека не треба да се подготвуваат ниту школки. Тие се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи ја земаат храната од дното на океанот.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Големиот број отвори за воздух во лебот се сметаат за знаци на смрт. Можете да јадете само кружен леб, најубаво погача, бидејќи круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту храна во бела боја, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Портокалите носат среќа, па може да се послужат и по главниот оброк.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат да се откажат од бананите до следната година.

The post Оваа храна не ја гответе на 31 декември: Носи несреќа, а во една намирница буквално „се давиме“ appeared first on Република.

Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/balonite-shto-se-prodavaat-na-ploshtad-snimeni-vo-videoto-na-arsovska-od-novogodishnata-magija-vo-skopje/ Mon, 26 Dec 2022 07:21:37 +0000 https://republika.mk/?p=589858

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата „Фејсбук“ страница сподели дел од, како што вели „новогодишната магија“ во Скопје. Во видото кое трае една минута се претставени само кадри од делото од плоштадот кој е украсен, а за тоа колку светла недостасуваат во оваа „магија“ говори и кадарот со светлечките балони кои обично ги продаваат на плоштадот и на крстосниците низ градот.

На социјалните мрежи граѓаните се шегуваат.

Откако на прашањата на новинарите, кои уште од ноември ја прашуваа за плановите околу празниците, украсувањето и програмата, Арсовска одговараше само со - ќе има прес-конференција, таа прес-конференција медиумите и јавноста сè уште ја чекаат. Во меѓувреме беа поставени украси само на дел од плоштадот Македонија, а по малку украси се поставени и на булеварите. За програмата на новогодишната ноќ, пак, дознавме од настапувачите.

https://republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/

The post Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска преку својата „Фејсбук“ страница сподели дел од, како што вели „новогодишната магија“ во Скопје. Во видото кое трае една минута се претставени само кадри од делото од плоштадот кој е украсен, а за тоа колку светла недостасуваат во оваа „магија“ говори и кадарот со светлечките балони кои обично ги продаваат на плоштадот и на крстосниците низ градот. На социјалните мрежи граѓаните се шегуваат. Откако на прашањата на новинарите, кои уште од ноември ја прашуваа за плановите околу празниците, украсувањето и програмата, Арсовска одговараше само со - ќе има прес-конференција, таа прес-конференција медиумите и јавноста сè уште ја чекаат. Во меѓувреме беа поставени украси само на дел од плоштадот Македонија, а по малку украси се поставени и на булеварите. За програмата на новогодишната ноќ, пак, дознавме од настапувачите. https://republika.mk/vesti/skopje/kako-da-go-stavime-skopje-na-turistichkata-mapa-koga-na-22-dekemvri-ne-znaeme-ni-dali-kje-ima-proslava/

The post Балоните што се продаваат на плоштад снимени во видеото на Арсовска од „новогодишната магија“ во Скопје appeared first on Република.

]]>