новогодишна честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishna-chestitka/ За подобро да се разбереме Sun, 31 Dec 2023 10:42:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишна честитка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishna-chestitka/ 32 32 Која песна политичарите им ја нарачаа на противниците за Нова година? Дали ветерот на промени ќе дувне до Идризово или и натаму ќе живееме во светот на бајките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koja-pesna-politicharite-im-ja-narachaa-na-protivnitsite-za-nova-godina-dali-veterot-na-promeni-ke-duvne-do-idrizovo-ili-i-natamu-ke-zhiveeme-vo-svetot-na-bajkite/ Sun, 31 Dec 2023 10:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=728251

Нова година е време на песна и музика. Нашиот народ пее и кога се радува и кога тагува, и кога е среќен и кога му е лошо. Секоја песна си носи скриена порака, па затоа „Република“ ги праша партиите и неколку лидери со која песна ќе им ја честитаат Новата година на политичките противници.

По сѐ изледа предновогодишното расположение си го направи своето па партиите без навистина инвентивни во изборот на нумера.

https://www.youtube.com/watch?v=75Z_UJGAIys

„Број 152, имаш посета“. Вака почнува песната „Опинок“ на групата „Студени нозе“ која координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ја „нарача“ за своите колеги од СДСМ.

Останува да видиме за кого по изборите ќе биде „клизаво право до Идризово“.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев, пак, беше патриотски настроен, па на своите противници им ја посвети една од најдобрите македонски песни „Во борба, во борба македонски народе“.

https://www.youtube.com/watch?v=_Zn5A1QHKXQ

Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите со позната македонска народна песна „Лажи, лажи Вере’“ како да им порачува на противниците да намалат со лагите пред изборите.

https://www.youtube.com/watch?v=51nFPYTldNM

Во свој стил порака има и лидерот на новото движење ЗНАМ-Максим Димитриевски кој ја посвети песната со која израснаа многу генерации „Во светот на бајките“. Кој во светот на бајките чудесно тајно верува ќе дознаеме по изборите.

https://www.youtube.com/watch?v=tCN4WgBuR2Q

ЛДП за Новата година се сети на песната „За овој свет“ на Тоше Проески.

https://www.youtube.com/watch?v=YSIynYAjHrQ

Лидерот на партијата, Моника Зајкова празниците ги честита со оваа песна праќајќи порака дека сите треба да се бориме за подобар и поубав свет и дека децата треба да бидат на бидат на прво место.

Дека во Македонија мора нешто да се менува порача лидерот на Демократското движење Изет Меџити со песната „Ветер на промени“ од германската група Шкорпионс.

Оваа песна е напишана на почетокот на деведесеттите години од минатиот век непосредно пред распадот на Советскиот сојуз. Дали ветерот на промени по мај ќе дојде во Македонија останува да видиме, или можеби сѐ уште ќе живееме во светот на бајките?

https://www.youtube.com/watch?v=n4RjJKxsamQ

Република“ ги побара СДСМ и претседателот Пендаровски да испратат песна, но одговор не добивме. Знаејќи каков е нивиот рејтинг ги разбираме, можеби не им е до песна.

The post Која песна политичарите им ја нарачаа на противниците за Нова година? Дали ветерот на промени ќе дувне до Идризово или и натаму ќе живееме во светот на бајките appeared first on Република.

]]>

Нова година е време на песна и музика. Нашиот народ пее и кога се радува и кога тагува, и кога е среќен и кога му е лошо. Секоја песна си носи скриена порака, па затоа „Република“ ги праша партиите и неколку лидери со која песна ќе им ја честитаат Новата година на политичките противници. По сѐ изледа предновогодишното расположение си го направи своето па партиите без навистина инвентивни во изборот на нумера. https://www.youtube.com/watch?v=75Z_UJGAIys „Број 152, имаш посета“. Вака почнува песната „Опинок“ на групата „Студени нозе“ која координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ја „нарача“ за своите колеги од СДСМ. Останува да видиме за кого по изборите ќе биде „клизаво право до Идризово“. Лидерот на Левица Димитар Апасиев, пак, беше патриотски настроен, па на своите противници им ја посвети една од најдобрите македонски песни „Во борба, во борба македонски народе“. https://www.youtube.com/watch?v=_Zn5A1QHKXQ Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите со позната македонска народна песна „Лажи, лажи Вере’“ како да им порачува на противниците да намалат со лагите пред изборите. https://www.youtube.com/watch?v=51nFPYTldNM Во свој стил порака има и лидерот на новото движење ЗНАМ-Максим Димитриевски кој ја посвети песната со која израснаа многу генерации „Во светот на бајките“. Кој во светот на бајките чудесно тајно верува ќе дознаеме по изборите. https://www.youtube.com/watch?v=tCN4WgBuR2Q ЛДП за Новата година се сети на песната „За овој свет“ на Тоше Проески. https://www.youtube.com/watch?v=YSIynYAjHrQ Лидерот на партијата, Моника Зајкова празниците ги честита со оваа песна праќајќи порака дека сите треба да се бориме за подобар и поубав свет и дека децата треба да бидат на бидат на прво место. Дека во Македонија мора нешто да се менува порача лидерот на Демократското движење Изет Меџити со песната „Ветер на промени“ од германската група Шкорпионс. Оваа песна е напишана на почетокот на деведесеттите години од минатиот век непосредно пред распадот на Советскиот сојуз. Дали ветерот на промени по мај ќе дојде во Македонија останува да видиме, или можеби сѐ уште ќе живееме во светот на бајките? https://www.youtube.com/watch?v=n4RjJKxsamQ „Република“ ги побара СДСМ и претседателот Пендаровски да испратат песна, но одговор не добивме. Знаејќи каков е нивиот рејтинг ги разбираме, можеби не им е до песна.  

The post Која песна политичарите им ја нарачаа на противниците за Нова година? Дали ветерот на промени ќе дувне до Идризово или и натаму ќе живееме во светот на бајките appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Во новата година да бидеме подобри и потолерантни, да ги надминеме недоразбирањата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-vo-novata-godina-da-bideme-podobri-i-potolerantni-da-gi-nadmineme-nedorazbiranata/ Sun, 31 Dec 2023 10:03:45 +0000 https://republika.mk/?p=728471

Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница, вели претседателот Стево Пендаровски во новогодишната честитка до граѓаните на Република Македонија.

Зад нас, како што посочува, е уште една тешка година во која немавме многу причини за радост и славење.

Глобалните кризи, заедно со нашите хронично присутни домашни проблеми, придонесоа повеќе да размислуваме за ублажување на последиците, отколку за развој. Ефектите ги гледаме околу нас: апатија, недоверба и разочараност кај граѓаните, наведува Пендаровски.

Според претседателот, низ историјата сме поминале и низ многу потешки времиња и не сме ги загубиле вербата и надежта.

Потребно е да се вратиме на вредностите кои му даваат смисла на животот. Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница. Да ги надминеме недоразбирањата кои со години нè држат во место. Наместо на трката по материјални добра, да ѝ дадеме приоритет на добрината, да си помагаме едни на други, да градиме хумано и благородно општество, вели Пендаровски.

Шефот на државата на граѓаните во новата 2024-та им посакува пред сè добро здравје.

Без разлика на етничката, политичката, религиозната, родовата или каква било друга припадност, сите живееме под едно исто небо, го дишеме истиот воздух, заедно делиме и добро и лошо. И со заеднички напори можеме да ѝ донесеме просперитет на нашата мала, но преубава татковина, истакнува претседателот Пендаровски во новогодишната честитка.

The post Пендаровски: Во новата година да бидеме подобри и потолерантни, да ги надминеме недоразбирањата appeared first on Република.

]]>

Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница, вели претседателот Стево Пендаровски во новогодишната честитка до граѓаните на Република Македонија. Зад нас, како што посочува, е уште една тешка година во која немавме многу причини за радост и славење.
Глобалните кризи, заедно со нашите хронично присутни домашни проблеми, придонесоа повеќе да размислуваме за ублажување на последиците, отколку за развој. Ефектите ги гледаме околу нас: апатија, недоверба и разочараност кај граѓаните, наведува Пендаровски.
Според претседателот, низ историјата сме поминале и низ многу потешки времиња и не сме ги загубиле вербата и надежта.
Потребно е да се вратиме на вредностите кои му даваат смисла на животот. Во новата година да бидеме подобри, посолидарни, потолерантни и како поединци и како заедница. Да ги надминеме недоразбирањата кои со години нè држат во место. Наместо на трката по материјални добра, да ѝ дадеме приоритет на добрината, да си помагаме едни на други, да градиме хумано и благородно општество, вели Пендаровски.
Шефот на државата на граѓаните во новата 2024-та им посакува пред сè добро здравје.
Без разлика на етничката, политичката, религиозната, родовата или каква било друга припадност, сите живееме под едно исто небо, го дишеме истиот воздух, заедно делиме и добро и лошо. И со заеднички напори можеме да ѝ донесеме просперитет на нашата мала, но преубава татковина, истакнува претседателот Пендаровски во новогодишната честитка.

The post Пендаровски: Во новата година да бидеме подобри и потолерантни, да ги надминеме недоразбирањата appeared first on Република.

]]>
Ведри мисли и позитивни промени, им посака на граѓаните претседателот Стево Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vedri-misli-i-pozitivni-promeni-im-posaka-na-graganite-pretsedatelot-stevo-pendarovski/ Sun, 31 Dec 2023 09:00:41 +0000 https://republika.mk/?p=728434

Семејството на претседателот на Македонија Стево Пендаровски на граѓаните им посака празничните мигови да ги поминат во спокојна атмосфера, опкружени со луѓето кои ги сакаат и почитуваат.

Во Новата година да имате многу здравје, радост и бериќет. Да ве следат ведри мисли и позитивни промени на секое поле. Од сè срце ви посакуваме среќна нова 2024-та година!, им посака семејството Пендаровски на граѓаните на Македонија.

The post Ведри мисли и позитивни промени, им посака на граѓаните претседателот Стево Пендаровски appeared first on Република.

Путин испрати честитки за Божиќ и Нова година: Еве кои светски лидери добија убави желби, а кои не https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-isprati-chestitki-za-bozhik-i-nova-godina-eve-koi-svetski-lideri-dobija-ubavi-zhelbi-a-koi-ne/ Sat, 30 Dec 2023 19:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=728177

Путин им ги честиташе Божиќ и Нова Година на лидерите ширум светот, но од земјите од Европа, честитка од Путин добија само Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Реџеп Таип Ердоган.

Во Европа, рускиот претседател им честиташе на унгарскиот лидер Виктор Орбан, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на српскиот претседател Александар Вучиќ

Во Јужна Америка Путин им честиташе на лидерите на Боливија, Бразил, Венецуела, Куба и Никарагва.

Путин упати честитка до сирискиот лидер Башар Асад и му потврди дека Русија ќе продолжи да дава секаква можна помош за решавање на проблемите и обновата во Сирија. Исто така, од  земјите од Азија и Африка, Путин им честиташе на лидерите на Индија, Кина, Виетнам, Лаос и Јужна Африка.

Во својата честитка до папата Франциск, рускиот претседател ја истакна посветеноста на Папата за вредностите на хуманизмот и правдата.

The post Путин испрати честитки за Божиќ и Нова година: Еве кои светски лидери добија убави желби, а кои не appeared first on Република.

]]>

Путин им ги честиташе Божиќ и Нова Година на лидерите ширум светот, но од земјите од Европа, честитка од Путин добија само Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Реџеп Таип Ердоган. Во Европа, рускиот претседател им честиташе на унгарскиот лидер Виктор Орбан, на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на српскиот претседател Александар Вучиќ Во Јужна Америка Путин им честиташе на лидерите на Боливија, Бразил, Венецуела, Куба и Никарагва. Путин упати честитка до сирискиот лидер Башар Асад и му потврди дека Русија ќе продолжи да дава секаква можна помош за решавање на проблемите и обновата во Сирија. Исто така, од  земјите од Азија и Африка, Путин им честиташе на лидерите на Индија, Кина, Виетнам, Лаос и Јужна Африка. Во својата честитка до папата Франциск, рускиот претседател ја истакна посветеноста на Папата за вредностите на хуманизмот и правдата.

The post Путин испрати честитки за Божиќ и Нова година: Еве кои светски лидери добија убави желби, а кои не appeared first on Република.

]]>
Ковачевски со честитка за новогодишните празници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-chestitka-za-novogodishnite-praznitsi/ Sat, 30 Dec 2023 10:53:21 +0000 https://republika.mk/?p=728162

Премиерот Димитар Ковачевски во новогодишната честитка до граѓаните истакнува дека во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост.

Оставаме зад нас уште една година. Година која не беше воопшто лесна. Но сепак, треба да сме горди на постигнатото. Во рамки на можностите направивме многу. Во најтешката криза работевме напорно, посветено и фокусирано. Работевме да го направиме животот подобар. За да сите имаат повеќе. И најважно од сè, никој не беше оставен сам, истакнува во видео обраќањето премиерот Ковачевски.

Тој посочува дека платите и пензиите пораснаа на историски високо ниво.

Денес имаме речиси 50 отсто покачени пензии, имаме двојно повисока минимална плата, и просечна плата која е веќе над 600 евра. Ве уверувам, и платите, и пензиите, ќе продолжат да растат и следната година! Со антикризните мерки, го заштитивме и помогнавме животниот стандард на семејствата и на фирмите. И пензионерите, и студентите, и учениците, и самохраните родители, и најранливите можеа да се потпрат на нас, нагласува Ковачевски.

Посочува дека имаме двојно повеќе странски инвестиции, намалена невработеност и зголемена вработеност. За првпат авансна исплати за земјоделците.

Продолживме да ја трансформираме земјата во зелен енергетски центар на Европа.Заеднички постигнавме многу, затоа што напорно работевме. Рамноправно, еднакво и солидарно! И така и ќе продолжиме и понатаму. Има пред нас простор да направиме и уште повеќе, да биде уште подобро, платите и пензиите да продолжат да растат, а на најранливите директно и солидарно да им помогнеме. Затоа што тоа се вистинските и македонски и европски вредности. И затоа во овој момент, најмногу е потребна верба, оптимизам и мудрост, вели Ковачевски.

Ова, како што истакнува Ковачевски, го кажува, не само како премиер, туку пред сè како граѓанин, како татко, сопруг, син, како човек кој својата иднина ја гледа тука, дома, во татковината.

Ни треба целото знаење со кое располагаме, за да ги постигнеме целите кои се пред нас. Често велам дека нашата предност, наша најголема вредност и најсилна страна се луѓето, нашите граѓани.Затоа што имаме капацитет, имаме знаење, имаме волја да ги направиме следните чекори. Да продолжиме и понатаму да го подобруваме животот на граѓаните. Да го направиме и она што е најважно - да ги задржиме младите дома. Да ги вратиме тие што заминале, затоа што европскиот пат на кој сме тргнати, е започнат, и не застанува. Мора да гледаме напред, мора да се движиме напред. Токму европскиот пат ќе донесе развој и подобро утре, истакнува премиерот.

Ковачевски вели дека е сигурен оти ќе има подобро утре.

Оптимизмот кој го споделувам со Вас, е изграден на реални основи, затоа што знам, дека сѐ што треба, заеднички ќе го направиме. Оваа држава има луѓе кои имаат и храброст, и енергија длабоко во себе, кои ќе го изодат тој пат и кои ќе остават подобра земја за своите деца, за сегашните и за идните генерации. На крајот на овој европски пат е големата награда, членството во Европската Унија. Пат и цел кои ќе ни овозможат врвна демократија, социјална правда, функционално владеење на правото. Јас верувам во тоа и во тој дух, и со позитивна мисла, Вам и на Вашите семејства ви ги честитам новогодишните и Божиќните празници! Искрено, од срце, ви посакувам добро здравје, среќа, радост и спокој, потенцира Ковачевски.

Премиерот на крајот во честитката изразува благодарност до сите кои во овие празнични мигови се на работните места и се грижат за нашето здравје и безбедност.

https://youtu.be/PxEQti72160?si=hChq7HkospgL3rQw

The post Ковачевски со честитка за новогодишните празници appeared first on Република.

Премиерот на крајот во честитката изразува благодарност до сите кои во овие празнични мигови се на работните места и се грижат за нашето здравје и безбедност. https://youtu.be/PxEQti72160?si=hChq7HkospgL3rQw

The post Ковачевски со честитка за новогодишните празници appeared first on Република.

]]>
Шолц: Ова е земја во која не оставаме никого на цедило https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-ova-e-zemja-vo-koja-ne-ostavame-nikogo-na-tsedilo/ Sat, 31 Dec 2022 19:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=592359

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата новогодишна порака рече дека војната во Украина е пресвртница што ја става Германија на тест и најави нови пакети мерки за борба против кризата што стапуваат утре во сила.

– Путин води империјалистичка агресивна војна во срцето на Европа. Овој пресврт нè става нас и нашата земја во искушение, рече Шолц.

Тој додаде дека „тука се кријат и добри вести“: руската армија не ја прегази Украина за неколку дена, како што планираше Путин, ЕУ и НАТО се обединети, а Германија не подлегна на уцените со рускиот гас.

– Сочувствуваме со Украинците кои дури и во денови како денешниот не можат да се одморат од руските бомби и ракети. И сите ги чувствуваме последиците од војната во секојдневниот живот, кога купуваме во супермаркет, на бензинска пумпа или плаќаме сметки за струја или гас, рече Шолц.

Тој им се заблагодари на сите кои помагаат во приемот и грижата за воените бегалци, додавајќи дека 29 милиони луѓе доброволно и хуманитарно се вклучиле во различни организации.

Тој, исто така, ги пофали оние што работат во Германија на енергетската транзиција и заштитата на климата.

– Ова е земја во која не оставаме никого на цедило – без разлика дали е во град или на село, без разлика дали се стари или млади, дали се богати или помалку богати, без разлика дали се оние кои се родени овде или кои емигрирале подоцна, рече Шолц.

Социјалдемократскиот канцелар потсети на новите пакет мерки за борба против кризата што ќе стапат во сила во Германија од утре, 1 јануари: надоместок за кирии за лица со ниски примања, зголемување на детскиот додаток и намалување на даноците за вкупно 19 милијарди евра, субвенционирани цени за струја, парно и гас.

– Почитувани сограѓани, нашето заедништво е нашиот најголем адут. Затоа на почетокот на оваа Нова година ни посакувам едно: Да останеме верни на патот по кој тргнавме минатата година! Да продолжиме храбро напред! заклучи Шолц.

Новогодишниот говор на германскиот канцелар традиционално во целост се емитува на државната телевизија на последниот ден од секоја година.

The post Шолц: Ова е земја во која не оставаме никого на цедило appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во својата новогодишна порака рече дека војната во Украина е пресвртница што ја става Германија на тест и најави нови пакети мерки за борба против кризата што стапуваат утре во сила.
– Путин води империјалистичка агресивна војна во срцето на Европа. Овој пресврт нè става нас и нашата земја во искушение, рече Шолц.
Тој додаде дека „тука се кријат и добри вести“: руската армија не ја прегази Украина за неколку дена, како што планираше Путин, ЕУ и НАТО се обединети, а Германија не подлегна на уцените со рускиот гас.
– Сочувствуваме со Украинците кои дури и во денови како денешниот не можат да се одморат од руските бомби и ракети. И сите ги чувствуваме последиците од војната во секојдневниот живот, кога купуваме во супермаркет, на бензинска пумпа или плаќаме сметки за струја или гас, рече Шолц.
Тој им се заблагодари на сите кои помагаат во приемот и грижата за воените бегалци, додавајќи дека 29 милиони луѓе доброволно и хуманитарно се вклучиле во различни организации. Тој, исто така, ги пофали оние што работат во Германија на енергетската транзиција и заштитата на климата.
– Ова е земја во која не оставаме никого на цедило – без разлика дали е во град или на село, без разлика дали се стари или млади, дали се богати или помалку богати, без разлика дали се оние кои се родени овде или кои емигрирале подоцна, рече Шолц.
Социјалдемократскиот канцелар потсети на новите пакет мерки за борба против кризата што ќе стапат во сила во Германија од утре, 1 јануари: надоместок за кирии за лица со ниски примања, зголемување на детскиот додаток и намалување на даноците за вкупно 19 милијарди евра, субвенционирани цени за струја, парно и гас.
– Почитувани сограѓани, нашето заедништво е нашиот најголем адут. Затоа на почетокот на оваа Нова година ни посакувам едно: Да останеме верни на патот по кој тргнавме минатата година! Да продолжиме храбро напред! заклучи Шолц.
Новогодишниот говор на германскиот канцелар традиционално во целост се емитува на државната телевизија на последниот ден од секоја година.

The post Шолц: Ова е земја во која не оставаме никого на цедило appeared first on Република.

]]>
Британски лекар испраќал дијагноза за рак наместо божиќни честитки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanski-lekar-isprakal-dijagnoza-za-rak-namesto-bozhikni-chestitki/ Sat, 31 Dec 2022 09:22:19 +0000 https://republika.mk/?p=592207

Ординација во cеверна Англија, по грешка на своите пациенти им испратила порака со известување за рак на белите дробови и со метастази наместо божиќно-новогодишна честитка.

Како што објави британски „Сан“, пациентите на ординација во Аскерн, близу Донкастер, добиле СМС-пораки со дијагноза за рак и формулар, со „Ви благодарам!“ на крајот. По околу 10 минути добиле порака: „Претходната порака Ви е испратена по грешка. Нашата порака требаше да гласи: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова година!“

Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја споделиле на социјалните мрежи.

Еден од тие што добиле ваква порака, Крис Рид, за британскиот весник вели дека по вознемирувачката порака се обидел и да ги повика лекарите, но линијата била зафатена. На крајот отишол во ординацијата каде што лекарите му рекле дека тој, всушност, нема рак.

The post Британски лекар испраќал дијагноза за рак наместо божиќни честитки appeared first on Република.

]]>

Ординација во cеверна Англија, по грешка на своите пациенти им испратила порака со известување за рак на белите дробови и со метастази наместо божиќно-новогодишна честитка. Како што објави британски „Сан“, пациентите на ординација во Аскерн, близу Донкастер, добиле СМС-пораки со дијагноза за рак и формулар, со „Ви благодарам!“ на крајот. По околу 10 минути добиле порака: „Претходната порака Ви е испратена по грешка. Нашата порака требаше да гласи: Ви посакуваме Среќен Божиќ и Нова година!“ Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја споделиле на социјалните мрежи. Еден од тие што добиле ваква порака, Крис Рид, за британскиот весник вели дека по вознемирувачката порака се обидел и да ги повика лекарите, но линијата била зафатена. На крајот отишол во ординацијата каде што лекарите му рекле дека тој, всушност, нема рак.

The post Британски лекар испраќал дијагноза за рак наместо божиќни честитки appeared first on Република.

]]>