Новогодишен концерт на Охридско лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-kontsert-na-ohridsko-leto/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Dec 2023 07:34:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Новогодишен концерт на Охридско лето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-kontsert-na-ohridsko-leto/ 32 32 Долги аплаузи и ракоплескање во ритамот на маршот „Радецки“ на новогодишниот концерт на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dolgi-aplauzi-i-rakopleskane-vo-ritamot-na-marshot-radetski-na-novogodishniot-kontsert-na-ohridsko-leto/ Mon, 18 Dec 2023 07:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=724100

Со изведба на дела на Штраус, Брамс и Калман Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“ во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид одржа незаборавен новогодишен концерт.

Во претпразнична атмосфера, во салата исполнета со емоции и радост, бројните љубители на уметноста уживаа во прекрасниот настан на мешовитиот камерен состав диригиран од Бисера Чадловска.

Маестралната изведба на одбраните класични композиции публиката ја награди со долги аплаузи а со ракоплескање го проследи и ритамот на маршот „Радецки“ од Јохан Штраус.

Од „Охридско лето“ велат дека интересот за вака убав концерт е голем и најавија дека традиционално ќе се организира како можност за уживање на љубителите на врвната уметност но и како збогатена културна понуда на градот во текот на целата година.

Веќе трета година организираме новогодишен концерт на радост на публиката а од друга страна ја прошируваме програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август. Реализирањето настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот, но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Според Поповиќ воведувањето новини го прави Фестивалот поатрактивен и попривлечен за уметниците.

Како тим, посветено и професионално, работиме во реализацијата на програмските содржини кои ја потврдуваат големината на Фестивалот притоа воведувајќи новини за тој да биде поатрактивен и попривлечен за врвните уметници. Во годината која изминува со гордост можам да кажам дека запишавме 40 незаборавни фестивалски денови. 63-то издание на „Охридско лето“ донесе славни имиња кои ќе останат високо на врвот во фестивалската историја, најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на свеченото отворање но и славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович, кој првпат настапи во Македонија. Ваквата ексклузивност само ја потврдува големината на „Охридско лето“, фестивал по кој нè препознаваат и вреднуваат насекаде во светот“, кажа Поповиќ.

Најавувајќи дека Фестивалот и во годините што следат ќе чекори на патот кој го потврдува високото петто место во Европската асоцијација на фестивали, Поповиќ рече дека бројните награди и признанија но и самото членство во оваа елитна асоцијација е доказ дека „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација.

Директорката на „Охридско лето“ изрази благодарност до Претседателот на државата кој е покровител на манифестацијата, Владата на Република Македонија која преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и унапредувањето на културата во државата, до Општина Охрид како и до генералниот спонзор Македонски Телеком, останатите спонзори, помагатели и љубители на уметноста и културните вредности.

The post Долги аплаузи и ракоплескање во ритамот на маршот „Радецки“ на новогодишниот концерт на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Со изведба на дела на Штраус, Брамс и Калман Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“ во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид одржа незаборавен новогодишен концерт. Во претпразнична атмосфера, во салата исполнета со емоции и радост, бројните љубители на уметноста уживаа во прекрасниот настан на мешовитиот камерен состав диригиран од Бисера Чадловска. Маестралната изведба на одбраните класични композиции публиката ја награди со долги аплаузи а со ракоплескање го проследи и ритамот на маршот „Радецки“ од Јохан Штраус. Од „Охридско лето“ велат дека интересот за вака убав концерт е голем и најавија дека традиционално ќе се организира како можност за уживање на љубителите на врвната уметност но и како збогатена културна понуда на градот во текот на целата година.
Веќе трета година организираме новогодишен концерт на радост на публиката а од друга страна ја прошируваме програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август. Реализирањето настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот, но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година“, вели директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ. Според Поповиќ воведувањето новини го прави Фестивалот поатрактивен и попривлечен за уметниците. Како тим, посветено и професионално, работиме во реализацијата на програмските содржини кои ја потврдуваат големината на Фестивалот притоа воведувајќи новини за тој да биде поатрактивен и попривлечен за врвните уметници. Во годината која изминува со гордост можам да кажам дека запишавме 40 незаборавни фестивалски денови. 63-то издание на „Охридско лето“ донесе славни имиња кои ќе останат високо на врвот во фестивалската историја, најгламурозната оперска дива, Анџела Георгиу, која приреди незаборавен концерт на свеченото отворање но и славниот американскиот актер, продуцент и режисер Џон Малкович, кој првпат настапи во Македонија. Ваквата ексклузивност само ја потврдува големината на „Охридско лето“, фестивал по кој нè препознаваат и вреднуваат насекаде во светот“, кажа Поповиќ.
Најавувајќи дека Фестивалот и во годините што следат ќе чекори на патот кој го потврдува високото петто место во Европската асоцијација на фестивали, Поповиќ рече дека бројните награди и признанија но и самото членство во оваа елитна асоцијација е доказ дека „Охридско лето“ е на вистинскиот пат во неговата меѓународна афирмација. Директорката на „Охридско лето“ изрази благодарност до Претседателот на државата кој е покровител на манифестацијата, Владата на Република Македонија која преку ресорното Министерство за култура вложува во развојот и унапредувањето на културата во државата, до Општина Охрид како и до генералниот спонзор Македонски Телеком, останатите спонзори, помагатели и љубители на уметноста и културните вредности.

The post Долги аплаузи и ракоплескање во ритамот на маршот „Радецки“ на новогодишниот концерт на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Новогодишен концерт на „Охридско лето“ на 16 декември со делата на Штраус, Брамс, Калман… https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novogodishen-kontsert-na-ohridsko-leto-na-16-dekemvri-so-delata-na-shtraus-brams-kalman/ Tue, 12 Dec 2023 07:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=721985

Новогодишен концерт на Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември од 20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид. Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат изведени дела на Штраус, Брамс, Калман.

Мешовитиот камерен состав под покровителство на НУ „Охридско лето“ за првпат ќе приреди одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика за несекојдневно уживање.

Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со проширување на програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август, е на радост на публиката.

Според директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, „Охридско лето“ како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација кај нас создава можности за уживање на љубителите на врвната уметност преку настани кои пред сѐ ја збогатуваат културната понуда на градот во текот на целата година.

Реализирањето на настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година“, вели Поповиќ.

Билетите по 300 денари можат да се набават во Дирекцијата на Фестивалот.

 

The post Новогодишен концерт на „Охридско лето“ на 16 декември со делата на Штраус, Брамс, Калман… appeared first on Република.

]]>

Новогодишен концерт на Оркестарот под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември од 20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид. Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат изведени дела на Штраус, Брамс, Калман. Мешовитиот камерен состав под покровителство на НУ „Охридско лето“ за првпат ќе приреди одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика за несекојдневно уживање. Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со проширување на програмата и надвор од традиционалната рамка, 12 јули-20 август, е на радост на публиката. Според директорката на Фестивалот, Наташа Поповиќ, „Охридско лето“ како најголема и најзначајна музичко-сценска манифестација кај нас создава можности за уживање на љубителите на врвната уметност преку настани кои пред сѐ ја збогатуваат културната понуда на градот во текот на целата година.
Реализирањето на настани преку цела година, едно вакво континуирано делување со програмски содржини, се покажа како потреба. Со тоа успеваме да ја збогатиме културната понуда на градот но исто така ги реализираме зацртаните цели, Фестивалот да ја прошири фестивалската програма и во текот на целата година“, вели Поповиќ.
Билетите по 300 денари можат да се набават во Дирекцијата на Фестивалот.  

The post Новогодишен концерт на „Охридско лето“ на 16 декември со делата на Штраус, Брамс, Калман… appeared first on Република.

]]>