новогодишен концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-koncert/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Dec 2023 07:33:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишен концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-koncert/ 32 32 Новогодишни концерти во Македонска филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novogodishni-kontserti-vo-makedonska-filharmonija/ Sat, 23 Dec 2023 07:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=725838

Во Филхармонија ќе се одржат два новогодишни концерти. Денеска премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска.

На 28 декември, пак, односно в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска.

На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус.

The post Новогодишни концерти во Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>

Во Филхармонија ќе се одржат два новогодишни концерти. Денеска премиерно ќе биде изведен Новогодишниот концерт за деца „Девојчето со книгите“ кој ќе го води маестра Дијана Имери Илкоска, а актерка е Симона Спировска. На 28 декември, пак, односно в четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи и традиционалниот новогодишен концерт „Одбројуваме“ кој годинава ќе го води диригентот Алфонсо Скарано од Италија, а како солистка ќе настапи сопранистката Наде Талевска. На програмата се дела од Чајковски, Хименез, Пучини, Моцарт, Сен-Санс и безвременскиот Штраус.

The post Новогодишни концерти во Македонска филхармонија appeared first on Република.

]]>
Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-novogodishen-koncert-na-ansamblot-tanec/ Fri, 23 Dec 2022 08:19:15 +0000 https://republika.mk/?p=589009

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт.

На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање.

Како и секогаш, „Танец“ подготовува и точка-изненадување, оваа година заедно со учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, која ќе му даде посебна нота на целиот настан.

Воедно, НУ Танец организира и завршната изложба на студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ќе биде отворена во пресрет на самиот новогодишен концерт (23 декември) со почеток во 19 часот, во Фоајето на НОБ. Изложбата ќе ги претстави студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, проектна задача која младите архитекти ја работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука програмата на архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на материјално и нематеријално културно наследство“. Во таа прилика ќе бидат доделени и благодарници на студентите кои учествуваа во проектот, но и на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ кои беа дел од Летната академија ТАНЕЦ.

 

The post Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ appeared first on Република.

]]>

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и вечерва со почеток во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи ексклузивен новогодишен концерт. На програмата е богата музичко-сценска програма во која учествува целиот ансамбл. Публиката ќе може да ужива во познатите сценски постановки „Кумановка“, „Лазаренки“, „Беранче“, „Раштак“, „Црногорка“, „Пијанец“, „Рудо јагне“, „Калајџиско“ и во изборот на композиции од раскошниот вокално-инструментален репертоар на „Танец“, меѓи кои и сплетот инструментални ора посветени на виртуозот Тале Огненовски, по повод 100-годишнината од неговото раѓање. Како и секогаш, „Танец“ подготовува и точка-изненадување, оваа година заедно со учениците од Насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје, која ќе му даде посебна нота на целиот настан. Воедно, НУ Танец организира и завршната изложба на студентите од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, која ќе биде отворена во пресрет на самиот новогодишен концерт (23 декември) со почеток во 19 часот, во Фоајето на НОБ. Изложбата ќе ги претстави студентските архитектонски решенија за нов мултинаменски објект за НУ Танец, со соодветна концертна сала, проектна задача која младите архитекти ја работеа под менторство на педагошки тим од факултетот, а во рамките на Архитектонското студио 8/3, во летниот семестар од оваа учебна година. Овие индустриски објекти се наменети за една поинаква “индустрија” и оттука програмата на архитектонското студио го носеше насловот „Институт за производство, истражување и едукација на материјално и нематеријално културно наследство“. Во таа прилика ќе бидат доделени и благодарници на студентите кои учествуваа во проектот, но и на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ кои беа дел од Летната академија ТАНЕЦ.  

The post Изложба и новогодишен концерт на ансамблот „Танец“ appeared first on Република.

]]>
Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novogodishen-koncert-na-zdzm-big-bend-i-luis-bonila/ Thu, 15 Dec 2022 13:06:19 +0000 https://republika.mk/?p=585983

На 28 декември (среда) во 20 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила. Вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез.

Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.

Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

The post Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила appeared first on Република.

]]>

На 28 декември (среда) во 20 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила. Вистинско празнично уживање за љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез. Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој е повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши. Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

The post Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила appeared first on Република.

]]>
„Охридско лето“ најавува новогодишен концерт на светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија во НОБ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ohridsko-leto-najavuva-novogodishen-koncert-na-svetski-poznatiot-kvartet-diogenes-od-germanija-vo-nob/ Fri, 09 Dec 2022 10:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=583655

„Охридско лето“ го најави новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија.

Стефан Кирпал, виолина

Гундула Кирпал, виолина
Алба Гонзалес и Бецера, виола
Стивен Ристау, виолончело
Несекојдневно уживање со делата на ЈОЗЕФ ХАЈДН, EРВИН ШУЛХОФ и JОХАНЕС БРАМС
Билетите по цена од 300 денари/ резервации на 046 262 304

15. декември, почеток 20:00 часот, Национална Опера и Балет - Скопје

The post „Охридско лето“ најавува новогодишен концерт на светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија во НОБ appeared first on Република.

]]>

„Охридско лето“ го најави новогодишниот концерт со светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија.

Стефан Кирпал, виолина

Гундула Кирпал, виолина
Алба Гонзалес и Бецера, виола
Стивен Ристау, виолончело
Несекојдневно уживање со делата на ЈОЗЕФ ХАЈДН, EРВИН ШУЛХОФ и JОХАНЕС БРАМС
Билетите по цена од 300 денари/ резервации на 046 262 304

15. декември, почеток 20:00 часот, Национална Опера и Балет - Скопје

The post „Охридско лето“ најавува новогодишен концерт на светски познатиот квартет „Диогенес“ од Германија во НОБ appeared first on Република.

]]>