новогодишен гала концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-gala-koncert/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Dec 2022 07:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новогодишен гала концерт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novogodishen-gala-koncert/ 32 32 Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tradicionalen-novogodishen-gala-koncert-istok-vo-filharmonija/ Thu, 22 Dec 2022 07:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=588587

Окестарот на Македонската филхармонија вечерва во 20 ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски кои работата во земјава и во Австрија. На програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој концерт. Публиката ќе има моженост да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, но и посовремени музички толкувања на темата валцер како „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и др.

Откако дипломирал на Државниот конзерваториум во Тбилиси, маестро Миријан Кукунаишвили ги завршил и магистерските студии по оркестарско диригирање на Академијата за музика во Краков, Полска, каде што моментно е на докторски студии. Често посетува мастеркласи кај познати диригенти и е добитник на голем број престижни стипендии во Грузија. Редовно добива покани да диригира на грузиските национални фестивали и, секако, активен е како диригент и со Државната опера и балет на Грузија, Националната филхармонија, Државниот симфониски оркестар на Тбилиси, Грузискиот државен камерен оркестар „Синфониета“, оркестарот на Академијата „Бетовен“ во Полска, Грузискиот национален хор… Во 2016 и 2017 година беше шеф-диригент на Студентскиот оркестар на Тбилиси.

Сопранот Милена Арсовска е една од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера. Дипломира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. За време на студиите, Арсовска се усовршува и посетува мастер-часови кај познатите Мариела Девија, Красимира Стојанова, Клаудија Виска и Илко Начев. Добитничка е на бројни награди и признанија, меѓу кои и првата награда на Интернационалниот натпревар за пеење во Битола, втора награда на Натпреварот за оперета „Нико Достал“ во Виена, добитник е на стипендија од Хедерстипендиум и ја освои втората награда на ОЕЈАБ – музички натпревар во Виена. Таа беше финалист на престижниот натпревар за пеење Лејла Генцер во Инстанбул и на натпреварот Хајнрих Стрекер во Баден до Виена. Арсовска дебитира во Македонската опера и балет каде што настапува во продукциите на оперите „Волшебната флејта“, „Свртување на шрафот“, „Италијанка во Алжир“, „Рита“ и други.

Бас-баритонот Иван Наумовски ги завршил своите дипломски студии по вокално пеење на ФМУ во Скопје, во класата на Марија Муратовска со највисоки почести cum laude (2013). Три години подицна магистрираl со највисоки почести на Државниот универзитет во Грац, во класата на проф. Том Сол и маестро Франк Крамер. Лани магистрира во областа Lied und Oratorio на државниот Универзитет во Виена (MDW) во класата на професорите Карлхајнц Ханзер, Габриеле Фонтана и Ангелика Кирхшлагер и се здобива со уште една титула Master of Arts во областа на уметничката песна и ораториумот. Како студент е освојувач на три натпревари, во Македонија, Црна Гора и Косово, како и учесник и финалист на многу други. Во текот на неговата кариера бележи многубројни настапи во Македонија со оркестарот на Македонската опера и балет (МОБ) и Македонската филхармонија. Со соло рецитали и концерти тој редовно настапува на македонските фестивали како што се Охридско лето, Скопско лето. Денови на македонската музика и други. Од октомври годинава Наумовски работи како доцент на ФМУ по соло пеење.

The post Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Окестарот на Македонската филхармонија вечерва во 20 ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски кои работата во земјава и во Австрија. На програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен дел од овој концерт. Публиката ќе има моженост да чуе дела од Штраус, Чајковски, Лехар, Лумбије, но и посовремени музички толкувања на темата валцер како „Валцерот на Амелија“ на Јан Тирсен од филмот „Чудесната судбина на Амели Пулен“, „Маскарада валс“ на Арам Хачатуријан, „Валцер за збогување“ на Алфред Шнитке и др. Откако дипломирал на Државниот конзерваториум во Тбилиси, маестро Миријан Кукунаишвили ги завршил и магистерските студии по оркестарско диригирање на Академијата за музика во Краков, Полска, каде што моментно е на докторски студии. Често посетува мастеркласи кај познати диригенти и е добитник на голем број престижни стипендии во Грузија. Редовно добива покани да диригира на грузиските национални фестивали и, секако, активен е како диригент и со Државната опера и балет на Грузија, Националната филхармонија, Државниот симфониски оркестар на Тбилиси, Грузискиот државен камерен оркестар „Синфониета“, оркестарот на Академијата „Бетовен“ во Полска, Грузискиот национален хор… Во 2016 и 2017 година беше шеф-диригент на Студентскиот оркестар на Тбилиси. Сопранот Милена Арсовска е една од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера. Дипломира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. За време на студиите, Арсовска се усовршува и посетува мастер-часови кај познатите Мариела Девија, Красимира Стојанова, Клаудија Виска и Илко Начев. Добитничка е на бројни награди и признанија, меѓу кои и првата награда на Интернационалниот натпревар за пеење во Битола, втора награда на Натпреварот за оперета „Нико Достал“ во Виена, добитник е на стипендија од Хедерстипендиум и ја освои втората награда на ОЕЈАБ – музички натпревар во Виена. Таа беше финалист на престижниот натпревар за пеење Лејла Генцер во Инстанбул и на натпреварот Хајнрих Стрекер во Баден до Виена. Арсовска дебитира во Македонската опера и балет каде што настапува во продукциите на оперите „Волшебната флејта“, „Свртување на шрафот“, „Италијанка во Алжир“, „Рита“ и други. Бас-баритонот Иван Наумовски ги завршил своите дипломски студии по вокално пеење на ФМУ во Скопје, во класата на Марија Муратовска со највисоки почести cum laude (2013). Три години подицна магистрираl со највисоки почести на Државниот универзитет во Грац, во класата на проф. Том Сол и маестро Франк Крамер. Лани магистрира во областа Lied und Oratorio на државниот Универзитет во Виена (MDW) во класата на професорите Карлхајнц Ханзер, Габриеле Фонтана и Ангелика Кирхшлагер и се здобива со уште една титула Master of Arts во областа на уметничката песна и ораториумот. Како студент е освојувач на три натпревари, во Македонија, Црна Гора и Косово, како и учесник и финалист на многу други. Во текот на неговата кариера бележи многубројни настапи во Македонија со оркестарот на Македонската опера и балет (МОБ) и Македонската филхармонија. Со соло рецитали и концерти тој редовно настапува на македонските фестивали како што се Охридско лето, Скопско лето. Денови на македонската музика и други. Од октомври годинава Наумовски работи како доцент на ФМУ по соло пеење.

The post Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија appeared first on Република.

]]>