ново училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novo-uchilishte/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 14:16:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ново училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novo-uchilishte/ 32 32 Во скопското село Чифлик ќе се основа ново основно училиште на албански јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-skopskoto-selo-chiflik-ke-se-osnova-novo-osnovno-uchilishte-na-albanski-jazik/ Wed, 24 May 2023 14:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=644279

Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, општина Сопиште. Училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во с.Ракотинци. Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с. Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН).

Во новото основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик ќе се реализира воспитно - образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка.

Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава.

The post Во скопското село Чифлик ќе се основа ново основно училиште на албански јазик appeared first on Република.

]]>

Владата на последната седница даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик, општина Сопиште. Училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во с.Ракотинци. Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с. Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес, соопштија од Министерството за образование и наука (МОН). Во новото основно училиште „Дитурија“ во село Чифлик ќе се реализира воспитно - образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка. Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава.

The post Во скопското село Чифлик ќе се основа ново основно училиште на албански јазик appeared first on Република.

]]>