ново парламентарно мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novo-parlamentarno-mnozinstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 09 Feb 2023 20:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ново парламентарно мнозинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novo-parlamentarno-mnozinstvo/ 32 32 Алијанса за Албанците влегува во Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alijansa-za-albantsite-vleguva-vo-vladata/ Thu, 09 Feb 2023 20:15:27 +0000 https://republika.mk/?p=607108

Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово.

Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците.

Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие.

Претседателот на Алијансата за Албанците за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри.

The post Алијанса за Албанците влегува во Владата appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците влегува во Владата, потврди вечерва претседателот на АА, Арбен Таравари по седницата на највисокото партиско тело во Тетово. Централното претседателство на Алијанса за Албанците на вечерашната седница со мнозинство прифатиле да влезат во Владата. Министерство за здравство, Министерство правда , Министерство за информатичко општество или заменик премиер за економски прашања, се договорени како ресори, што ќе ѝ припаднат на Алијансата за Албанците. Било договорено, како што рече Таравари, АА да добие и две заменички министерски места, за одбрана и за земјоделие. Претседателот на Алијансата за Албанците за утре најави лидерска средба каде што ќе ги објави имињата на идните министри.

The post Алијанса за Албанците влегува во Владата appeared first on Република.

]]>
Алтернатива излегува од Влада, на нејзино место влегува Алијанса за Албанците? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-izleguva-od-vlada-na-nejzino-mesto-vleguva-alijansa-za-albantsite/ Wed, 08 Feb 2023 15:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=606596

Алтернатива излегува од Влада, а на нејзино место влегува Алијанса за Албанците, неофицијално дознава „Република“.

Дел од медиумите на албански јазик веќе ја објавуваат оваа информација.

https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-se-ushte-nema-konkreten-predlog-za-nivnite-pozitsii-vo-vladata-2/

Арјанит Хоџа за „Република“ вели дека се уште немаат ништо официјално.

Актуелниот министер за здравство Беким Сали вели дека се уште не добиле „конкретен предлог на маса“ за позициите на Алтернатива во идната Влада.

Тесното раководство на Алтернатива вечерва треба да го каже конечниот став дали останува во извршната власт, откако претходно премиерот Димитар Ковачевски го информирал претседателот на Алтернатива Африм Гаши за новата понуда на ресори и за преговорите со Алијанса за Албанците за влез во Владата. Алијанса со две министерски и едно вицепремиерско место е новиот владин партнер, а ДУИ преку ресорите кои ги отстапи разреши дел од „огнените“.

Во зависност од одлуката на Алтернатива, преговарачките тимови на СДСМ и на Алијанса вечерва треба конечно да ги утврдат ресорите и утре највисоките партиски тела да го потврдат договорот за новиот владин партнер.

The post Алтернатива излегува од Влада, на нејзино место влегува Алијанса за Албанците? appeared first on Република.

]]>

Алтернатива излегува од Влада, а на нејзино место влегува Алијанса за Албанците, неофицијално дознава „Република“. Дел од медиумите на албански јазик веќе ја објавуваат оваа информација. https://republika.mk/vesti/makedonija/alternativa-se-ushte-nema-konkreten-predlog-za-nivnite-pozitsii-vo-vladata-2/ Арјанит Хоџа за „Република“ вели дека се уште немаат ништо официјално. Актуелниот министер за здравство Беким Сали вели дека се уште не добиле „конкретен предлог на маса“ за позициите на Алтернатива во идната Влада. Тесното раководство на Алтернатива вечерва треба да го каже конечниот став дали останува во извршната власт, откако претходно премиерот Димитар Ковачевски го информирал претседателот на Алтернатива Африм Гаши за новата понуда на ресори и за преговорите со Алијанса за Албанците за влез во Владата. Алијанса со две министерски и едно вицепремиерско место е новиот владин партнер, а ДУИ преку ресорите кои ги отстапи разреши дел од „огнените“. Во зависност од одлуката на Алтернатива, преговарачките тимови на СДСМ и на Алијанса вечерва треба конечно да ги утврдат ресорите и утре највисоките партиски тела да го потврдат договорот за новиот владин партнер.  

The post Алтернатива излегува од Влада, на нејзино место влегува Алијанса за Албанците? appeared first on Република.

]]>
Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misovski-eventualniot-vlez-na-nov-koalitsiski-partner-vo-vladata-mozhe-da-donese-kvalitet/ Sun, 29 Jan 2023 08:13:29 +0000 https://republika.mk/?p=602134

Претседателот на НСДП Горан Мисовски, чија партија е дел од владината коалиција, смета дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет.

Јас сум убеден дека може да донесе само квалитет. Оваа идеја за формирање сојуз на европска Македонија, мене ми се допаѓа и тоа го заговарам со години откако сум пратеник. Изолирање на оние политички структури коишто се против европските интеграции, рече Мисовски во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Во однос на прашањето како до парламентарно мнозинство за уставните измени, ставот на Мисовски е на пролет да почне постапката за уставните измени и денот кога ќе дојде гласањето, секој да се изјасни.

Нарушените односи со Бугарија, според Мисовски, се дел од хибридната војна што се води против Македонија. Она што сега треба да се направи, вели тој, е да се смири топката, а како позитивен чекор ја оценува средбата што на највисоко ниво е најавена меѓу министрите за внатрешни работи. Верува дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде на највисоко професионално ниво.

Жалам што се случи немил настан во Охрид и што бугарскиот државен врв потпадна под провокациите на еден бугарски европратеник. Мислам дека сега е време ние како одговорни политичари и бугарскиот државен врв да ја смириме топката, но притоа да си го чуваме националното достоинство. Тоа ни е топ приоритет. Добри се контактите кои следната недела се најавуваат на највисоко ниво мегу Бугарија и Македонија. Немам дилема дека Бугарија влегува во предизборен период и за жал традиција е во балканските земји да преминувате во непопуларна политика, рече претседателот на НСДП.

The post Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет appeared first on Република.

]]>

Претседателот на НСДП Горан Мисовски, чија партија е дел од владината коалиција, смета дека евентуалниот влез на Алијанса за Албанците во Владата ќе донесе нов квалитет.
Јас сум убеден дека може да донесе само квалитет. Оваа идеја за формирање сојуз на европска Македонија, мене ми се допаѓа и тоа го заговарам со години откако сум пратеник. Изолирање на оние политички структури коишто се против европските интеграции, рече Мисовски во вчерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“.
Во однос на прашањето како до парламентарно мнозинство за уставните измени, ставот на Мисовски е на пролет да почне постапката за уставните измени и денот кога ќе дојде гласањето, секој да се изјасни. Нарушените односи со Бугарија, според Мисовски, се дел од хибридната војна што се води против Македонија. Она што сега треба да се направи, вели тој, е да се смири топката, а како позитивен чекор ја оценува средбата што на највисоко ниво е најавена меѓу министрите за внатрешни работи. Верува дека одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев на 4 февруари ќе биде на највисоко професионално ниво.
Жалам што се случи немил настан во Охрид и што бугарскиот државен врв потпадна под провокациите на еден бугарски европратеник. Мислам дека сега е време ние како одговорни политичари и бугарскиот државен врв да ја смириме топката, но притоа да си го чуваме националното достоинство. Тоа ни е топ приоритет. Добри се контактите кои следната недела се најавуваат на највисоко ниво мегу Бугарија и Македонија. Немам дилема дека Бугарија влегува во предизборен период и за жал традиција е во балканските земји да преминувате во непопуларна политика, рече претседателот на НСДП.

The post Мисовски: Евентуалниот влез на нов коалициски партнер во Владата може да донесе квалитет appeared first on Република.

]]>
На 500 дена пред избори АА нема да ја реши корупцијата и да ја внесе Македонија во ЕУ, само ќе им служи на Груби и Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-500-dena-pred-izbori-aa-nema-da-ja-reshi-koruptsijata-i-da-ja-vnese-makedonija-vo-eu-samo-ke-im-sluzhi-na-grubi-i-ahmeti/ Mon, 23 Jan 2023 19:49:12 +0000 https://republika.mk/?p=600152

Во детали не можам да одговорам зошто Алијанса одлучува да оди или не одлучува, бидејќи и самите немаат се уште одговор. Но, мислам дека треба да си го одговорат искрено кон себе прашањето за влегувањето во владата во овој момент кога се наоѓаме на околу 500 дена до регуларни избори. Било кога да се случат во регуларниот термин тоа се 400-500 дена од денеска, дека тие за тие 400-500 дена нема да решат коруптивни прашања, нема да ја внесат Македонија во ЕУ туку единствено ќе им служат на интересите на Артан Груби и на Али Ахмети. Затоа што интересот е исклучиво на врхушката на ДУИ за да им се стабилизираат пратениците во Собранието, за да внатрепартиските проблеми на ДУИ да не стануваат владини проблеми“, вели Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Андоновски додаде дека тој не мисли дека ВМРО-ДПМНЕ трпи штета што Алијанса сака да влезе во владата на СДСМ - ДУИ.

Јас не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ трпи штета. Зошто? Затоа што ние ова што го правиме за предвремени избори, го правиме затоа што македонските граѓани сметаат дека оваа vлада треба да замине. Не го правиме од чисто партиски причини. Да беше чисто партиска причината најлесно ни е да почекаме до 2024-та година, затоа што оваа влада нема што да покаже со 2024-та туку може само да згреши, а тоа го прави секојдневно со секојдневни скандали. И до 2024-та година нивната поддршка од граѓаните од некои 11-12% колку што има СДСМ сега ќе има околу 9-8%  па дури и 7%. ВМРО-ДПМНЕ може само да расте со резултатите на нашите пратеници“, нагласи тој.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е државничка партија, го слуша гласот на граѓаните, а во моментот гласот на граѓаните бара предвремени избори и промена на власта,

Но, ние сме се заложиле кај граѓаните дека сме државничка партија и која што ги слуша и ја слуша патеката која што народот ја бара од нас. А, граѓаните во моментот бараат промена на власта и бараат предвремени избори“, рече Андоновски.

Она што како алатка стои најмалку 20 пратеници во Собрание да поднесат барање за доверба на Влада и тоа стои како алатка и го користеле сите опозиции претходно. Можеме и ние да го користиме како алатка, и мислам дека од тоа не би се откажале до крај. Но, сметавме дека подобро е да има избори порано во годината отколку да има избори во септември – октомври кои што се многу блиску со редовниот термин односно со претседателските избори наредната година. И не сакаме да ги изложуваме граѓаните на дополнителни трошоци за 2-3 месеци разлика. Фактот останува дека избори ќе има и ние се уште мислиме дека тоа ќе бидат предвремени избори затоа што се уште мислиме дека има критична маса на пратеници кои што би гласале за распуштање на Собранието и за гласање на доверба на Владата и организирање на предвремени избори. Но, одговорноста и обврската е на секој од тие пратеници“, нагласи Андоновски.

Тој додаде дека постои бран на промени, и токму тој бран се чувствува. Општеството го чувствува, пратениците го чувствуваат, граѓаните го чувствуваат. На тој бран на промени СДСМ сака да одговори со сила, со закани, со уцени, типичен манир на полукриминални структури. СДСМ сака на тој начин да го уништи тој бран. Но, тој бран е општествен и постои. Така да сите пратеници кои што се чувствуваат дека се дел од тој бран, општествено движење кое што сака промени ќе се приклучат на ВМРО-ДПМНЕ.

The post На 500 дена пред избори АА нема да ја реши корупцијата и да ја внесе Македонија во ЕУ, само ќе им служи на Груби и Ахмети appeared first on Република.

Таравари чека покана за влез во Владата, Ковачевски вечерва на средба со коалициските партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-cheka-pokana-za-vlez-vo-vladata-kovachevski-vecherva-na-sredba-so-koalitsiskite-partneri/ Mon, 23 Jan 2023 17:14:39 +0000 https://republika.mk/?p=600107

Лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, очекува до крајот на неделата од премиерот Ковачевски да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори, изјавил за ТВ 24 висок партиски функционер од новото раководство на Таравари. Изворот не кажал дали постои план Б во случај еден од сегашните партнери на СДСМ во Владата, Алтернатива, да отстапи некое од местата.

Во меѓувреме, генсекот на Алтернатива, Зекирија Ибраими се сретнал со предводникот на незадоволните во ДУИ, Изет Меџити, во која Меџити го известил дека тие се против влегувањето на Алијанса на Таравари во Владата, што би ја амортизирало нивната моќ внатре во ДУИ.

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од партиите членки на коалицијата.

The post Таравари чека покана за влез во Владата, Ковачевски вечерва на средба со коалициските партнери appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Алијанса, Арбен Таравари, очекува до крајот на неделата од премиерот Ковачевски да ја добие првичната понуда со ресори, но и конкретни законски решенија што биле во неформалните преговори, изјавил за ТВ 24 висок партиски функционер од новото раководство на Таравари. Изворот не кажал дали постои план Б во случај еден од сегашните партнери на СДСМ во Владата, Алтернатива, да отстапи некое од местата. Во меѓувреме, генсекот на Алтернатива, Зекирија Ибраими се сретнал со предводникот на незадоволните во ДУИ, Изет Меџити, во која Меџити го известил дека тие се против влегувањето на Алијанса на Таравари во Владата, што би ја амортизирало нивната моќ внатре во ДУИ. Премиерот Димитар Ковачевски вечерва во 20 часот во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерите на коалициските партнери на СДСМ, потврдија за МИА дел од партиите членки на коалицијата.

The post Таравари чека покана за влез во Владата, Ковачевски вечерва на средба со коалициските партнери appeared first on Република.

]]>
Преговараме за ново мнозинство, но внимаваме да не има нов Кастриот, вели Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pregovarame-za-novo-mnozinstvo-no-vnimavame-da-ne-ima-nov-kastriot-veli-mickoski/ Tue, 18 Oct 2022 07:17:04 +0000 https://republika.mk/?p=562365

Зборувајќи за изјавите на функционери на власта дека во ВМРО-ДПМНЕ има проевропско крило кое би гласало за уставните измени, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на МРТ одговори со контрапрашање: А, да не имаме ние пратеници за ново мнозинство?

Па не дека најавувам ново мнозинство, но како што тие најавуваат дека преговараат, и ние имаме право да работиме на ново мнозинство да ја урнеме власта. Нормално дека работиме на тоа, има конкретни чекори. Само внимаваме да не има нов Кастриот. Разговараме со неколку од 120-те пратеници, рече Мицкоски.

Според него актиелната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ не е обременета од потенцијални закани за затвор, фингирани политички процеси, а во раководството на ВМРО-ДПМНЕ има монолитност, кохезија, а не разногласие како во владината коалиција.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема разногласие, а погледнете ја владината коалиција, погледнете ја ДОМ, преку НСД, погледнете што се случува во ЛДП, во СДСМ и ДУИ да не зборуваме. Сега ние може да работиме на мнозинство и на пораз на СДСМ, укажа Мицкоски.

The post Преговараме за ново мнозинство, но внимаваме да не има нов Кастриот, вели Мицкоски appeared first on Република.

Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство“ од едвај 62 пратеника https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poslednata-laga-na-zaev-na-kovachevski-mu-ostava-stabilno-okrupneto-demokratsko-parlamentarno-mnozinstvo-od-edvaj-62-pratenika/ Mon, 17 Jan 2022 08:25:46 +0000 https://republika.mk/?p=445535

Стабилно окрупнето парламентарно мнозинство е последната лага на Зоран Заев како премиер. Сега веќе поранешниот премиер не си го исполни аманетот да му обезбеди на својот наследник Ковачевски влада со стабилно мнозинство.

Слушајте ми го зборот, парламентарното мнозинство на СДСМ ќе порасне по локалните избори, ветуваше Зоран Заев уште кога не веруваше дека наскоро ќе ја отстапи премиерската фотелја.

Иако владејачките партии СДСМ и ДУИ го претставуваа како клучен играч кој ќе ѝ обезбеди на новата влада „стабилно мнозинство од 65, па и повеќе пратеници“, Заев уште еднаш, и заминат, потфрли. Синоќешното гласање на новата влада само ги потврди изјавите на опозициските пратеници дека власта нема стабилно мнозинство. Како и досега, така и отсега со државата ќе раководи климава влада, која во Собранието ќе има едвај мнозинство од 62 пратеници.

Од „киднапирањето“ на Кастриот Реџепи кога опозицијата обезбеди мнозинство за пад на Владата на Заев, па до вчера СДСМ и ДУИ тврдеа дека имаат стабилно мозинство кое расте. Бујар Османи го нарече Заев „важна фигура за одржување на стабилноста во мнозинството“.

Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек, порача Османи.

И старо-новиот вицепремиер Фатмир Битиќи беше сигурен во изјавите дека новата влада ќе има стабилно мнозинство.

Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи.

А од стабилноста - 62 пратеника беа, толку и останаа. Ниту преминувањето на Алтернатива, ниту одложувањето на оставката на Заев, уцените и заканите на пратениците не успеаја да обезбедат вистинско нозинство.

Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, е осцената на Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, за формирањето на парламентарното мнозинство направено на шверцерски начин.

Владата на Ковачевски ја поддржаа и малите изиграни партии од коалицијата. Иако имаа многу забелешки за начинот на кој се третираат во власта ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов му дадоа зелен картон на составот на наследникот на Заев.

Интересно е дека за новиот владин состав гласаа и пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Славјанка Петровска, кои се министерки во новата влада. Нивниот мандат престана по потпишувањето на изјавите.

The post Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство“ од едвај 62 пратеника appeared first on Република.

]]>

Стабилно окрупнето парламентарно мнозинство е последната лага на Зоран Заев како премиер. Сега веќе поранешниот премиер не си го исполни аманетот да му обезбеди на својот наследник Ковачевски влада со стабилно мнозинство.
Слушајте ми го зборот, парламентарното мнозинство на СДСМ ќе порасне по локалните избори, ветуваше Зоран Заев уште кога не веруваше дека наскоро ќе ја отстапи премиерската фотелја.
Иако владејачките партии СДСМ и ДУИ го претставуваа како клучен играч кој ќе ѝ обезбеди на новата влада „стабилно мнозинство од 65, па и повеќе пратеници“, Заев уште еднаш, и заминат, потфрли. Синоќешното гласање на новата влада само ги потврди изјавите на опозициските пратеници дека власта нема стабилно мнозинство. Како и досега, така и отсега со државата ќе раководи климава влада, која во Собранието ќе има едвај мнозинство од 62 пратеници. Од „киднапирањето“ на Кастриот Реџепи кога опозицијата обезбеди мнозинство за пад на Владата на Заев, па до вчера СДСМ и ДУИ тврдеа дека имаат стабилно мозинство кое расте. Бујар Османи го нарече Заев „важна фигура за одржување на стабилноста во мнозинството“.
Нема дилема дека ова мнозинство има над 61 пратеник, има неколку опции за тоа, но да не откривам детали, бидејќи преговорите се во тек, порача Османи.
И старо-новиот вицепремиер Фатмир Битиќи беше сигурен во изјавите дека новата влада ќе има стабилно мнозинство.
Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи.
А од стабилноста - 62 пратеника беа, толку и останаа. Ниту преминувањето на Алтернатива, ниту одложувањето на оставката на Заев, уцените и заканите на пратениците не успеаја да обезбедат вистинско нозинство.
Парламентот е трансформиран во институција во која се тргува “топтан“, каде не се земаат предвид ниту критериумите, ниту ветувањата, ниту довербата што им се дава од граѓаните, е осцената на Елми Азири, потпретседател на Алијансата за Албанците, за формирањето на парламентарното мнозинство направено на шверцерски начин.
Владата на Ковачевски ја поддржаа и малите изиграни партии од коалицијата. Иако имаа многу забелешки за начинот на кој се третираат во власта ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз на Павле Трајанов му дадоа зелен картон на составот на наследникот на Заев. Интересно е дека за новиот владин состав гласаа и пратеничките Бисера Костадиновска-Стојчевска и Славјанка Петровска, кои се министерки во новата влада. Нивниот мандат престана по потпишувањето на изјавите.  

The post Последната лага на Заев: На Ковачевски му остава „стабилно, окрупнето, демократско парламентарно мнозинство“ од едвај 62 пратеника appeared first on Република.

]]>