новнарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novnarka/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Mar 2022 09:22:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png новнарка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novnarka/ 32 32 Уапсена руската новинарка што ги прекина вестите со повик за прекин на војната, адвокатите не можат да ја најдат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsena-ruskata-novinarka-shto-gi-prekina-vestite-so-povik-za-prekin-na-vojnata-advokatite-ne-mozat-da-ja-najdat/ Tue, 15 Mar 2022 09:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=473021

Марина Овсијаникова, која ја прекина главната информативна програма на рускиот Прв канал со транспарент со кој ги повикува гледачите да „не веруваат во пропагандата“ и „да ја прекинат војната во Украина“, е уапсена по овој чин и десет часа подоцна адвокатите се уште не можат да ја најдат. Таа претходно ја објасни својата процедура во видеото кое го објави на социјалните мрежи.

Овсијаникова е новинарка на руската државна телевизија. Објаснувајќи го гестот, таа на примерот на нејзиното семејство објасни дека Русите и Украинците не се непријатели и ги повика руските граѓани да присуствуваат на антивоените протести и покрај обидите да ги задушат.

Имено, нејзиниот татко е со украинско потекло, а мајка и е Русинка.

Ова што се случува во Украина е злосторство, а Русија е агресорот. Одговорноста за оваа агресија лежи на рамениците на една личност. Таа личност е Владимир Путин. Мојот татко е Украинец, мајка ми е Русинка, а тие никогаш не биле непријатели. Ѓерданот околу мојот врат е симбол кој вели дека Русија мора итно да ја прекине братоубиствената војна додека нашите братски народи можат да се помират“, вели Овсијаникова во видеото.

Таа зборуваше и за нејзината работа на државната телевизија.

За жал, последниве години работев за Канал 1, работев на пропагандата на Кремљ и длабоко се срамам поради тоа. Се срамам што дозволив да се емитуваат лаги на телевизија. Се срамам што бев дел од „зомбирањето“ на рускиот народ. Молчевме во 2014 кога почна се. Не излеговме да протестираме кога Кремљ го отру Навални. Само го гледавме тој античовечки режим. И сега цел свет не оттурна. И следните десет наши генерации нема да бидат измиени од срамот Ние сме Руси: размислуваме, интелигентни сме. Само во нашата психичка сила е веднаш да го запреме ова лудило. Излезете на протести. Не плашете се од ништо. Тие не можат сите да не затворат“, рече новинарката, која по покажувањето на транспарентите во информативната емисија беше уапсена.

The post Уапсена руската новинарка што ги прекина вестите со повик за прекин на војната, адвокатите не можат да ја најдат appeared first on Република.

]]>

Марина Овсијаникова, која ја прекина главната информативна програма на рускиот Прв канал со транспарент со кој ги повикува гледачите да „не веруваат во пропагандата“ и „да ја прекинат војната во Украина“, е уапсена по овој чин и десет часа подоцна адвокатите се уште не можат да ја најдат. Таа претходно ја објасни својата процедура во видеото кое го објави на социјалните мрежи. Овсијаникова е новинарка на руската државна телевизија. Објаснувајќи го гестот, таа на примерот на нејзиното семејство објасни дека Русите и Украинците не се непријатели и ги повика руските граѓани да присуствуваат на антивоените протести и покрај обидите да ги задушат.