Новица Ѓуриќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novitsa-gurik/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Feb 2023 11:54:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Новица Ѓуриќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novitsa-gurik/ 32 32 Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vesna-atsevska-i-novitsa-gurik-se-dobitnitsi-na-nagradata-knizheven-zhezol/ Thu, 16 Feb 2023 11:54:19 +0000 https://republika.mk/?p=609739

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на седницата одржана на 15 февруари 2023 година донесе одлука наградата „Книжевен жезол“ за 2023 година да им се додели на поетесата Весна Ацевска и поетот Новица Ѓуриќ од Црна Гора.

Преку доделувањето на меѓународната награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици.

Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година на еден домашен и на еден странски поет се врачува во јуни на манифестацијата Празник на липите во Скопје. Исто така, оваа награда се крунисува со чествувањето на поетското творештво на лауреатите и се изразува преку објавување заедничка збирка поезија во рамките на традиционалната едиција на добитници на оваа награда.

Весна Ацевска (1952) е современа македонска поетеса. Преведува од руски и од јужнословенски јазици. Објавила девет поетски збирки (Подготовки за претстава, 1985; Карпа за скок, 1991; Котва за Ное, 1994; Неред во огледалото, 1996; Кула во зборот, 2005; Столисник, 2008; Будност. Лотос, 2012; Од оваа страна, 2020; Преобразби, 2022) и единаесет поетски избори во земјата и во странство. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН-центар, на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, на Интернационал¬ното друштво „Калеваласеура“ од Хелсинки, Република Финска и на Славјанска литературна и уметничка академија во Варна, Република Бугарија. Била член на редакциите на списанијата „Стожер“ на ДПМ и „Ревиењ“ на Македонскиот ПЕН-центар, а сега е уредник на „Книжевно житие“ на ИК „Макавеј“ од Скопје. Учествувала на разни книжевни фестивали, меѓународни книжевни средби и собири во Македонија, како и во Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Хрватска. Нејзини песни се застапени во разни антологии и панорами на современата македонска поезија, подготвени од домашни и од странски редактори. За остварените резултати во поезијата, таа е носителка на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2009 година и на „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 2012 година. За нејзиното литературно и преведувачко творештво ја има добиено државната награда „Свети Климент Охридски“.

Новица Ѓуриќ е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора. Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и седум награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот „Политика“. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика.

The post Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ appeared first on Република.

]]>

Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на седницата одржана на 15 февруари 2023 година донесе одлука наградата „Книжевен жезол“ за 2023 година да им се додели на поетесата Весна Ацевска и поетот Новица Ѓуриќ од Црна Гора. Преку доделувањето на меѓународната награда „Книжевен жезол“ се прави мост меѓу македонската култура и јазик и другите култури и јазици. Реномираната награда „Книжевен жезол“ за поетски опус што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година на еден домашен и на еден странски поет се врачува во јуни на манифестацијата Празник на липите во Скопје. Исто така, оваа награда се крунисува со чествувањето на поетското творештво на лауреатите и се изразува преку објавување заедничка збирка поезија во рамките на традиционалната едиција на добитници на оваа награда. Весна Ацевска (1952) е современа македонска поетеса. Преведува од руски и од јужнословенски јазици. Објавила девет поетски збирки (Подготовки за претстава, 1985; Карпа за скок, 1991; Котва за Ное, 1994; Неред во огледалото, 1996; Кула во зборот, 2005; Столисник, 2008; Будност. Лотос, 2012; Од оваа страна, 2020; Преобразби, 2022) и единаесет поетски избори во земјата и во странство. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Македонскиот ПЕН-центар, на Друштвото на литературните преведувачи на Република Македонија, на Интернационал¬ното друштво „Калеваласеура“ од Хелсинки, Република Финска и на Славјанска литературна и уметничка академија во Варна, Република Бугарија. Била член на редакциите на списанијата „Стожер“ на ДПМ и „Ревиењ“ на Македонскиот ПЕН-центар, а сега е уредник на „Книжевно житие“ на ИК „Макавеј“ од Скопје. Учествувала на разни книжевни фестивали, меѓународни книжевни средби и собири во Македонија, како и во Бугарија, Грција, Романија, Србија, Турција и Хрватска. Нејзини песни се застапени во разни антологии и панорами на современата македонска поезија, подготвени од домашни и од странски редактори. За остварените резултати во поезијата, таа е носителка на наградите „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2009 година и на „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија во 2012 година. За нејзиното литературно и преведувачко творештво ја има добиено државната награда „Свети Климент Охридски“. Новица Ѓуриќ е поет, писател и новинар. Роден е во 1956 година во Дријенка кај Колашин. Претседател е на Здружението на писателите на Црна Гора, а бил и претседател на Здружението на новинарите на Црна Гора. Неговото творештво е преведено на италијански, руски, германски, англиски, бугарски, шведски и македонски јазик. Покрај поезија и проза, Ѓуриќ пишува и есеи и критки. Застапен е во 13 антологии и добитник е на 12 книжевни награди и седум награди за новинарство. Живее и создава во Подгорица, каде работи како новинар на весникот „Политика“. Објавил 25 книги со поезија, проза, есеистика и публицистика.

The post Весна Ацевска и Новица Ѓуриќ се добитници на наградата „Книжевен жезол“ appeared first on Република.

]]>