нови вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-vrabotuvana/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jan 2024 11:22:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови вработувања Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-vrabotuvana/ 32 32 Аутсорсинг гигантот ЕМАПТА отвора деловен простор во ТИРЗ Скопје 1, најавува 850 вработувања за пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/autsorsing-gigantot-emapta-otvora-deloven-prostor-vo-tirz-skopje-1-najavuva-850-vrabotuvana-za-pet-godini/ Wed, 03 Jan 2024 11:22:27 +0000 https://republika.mk/?p=729294

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6 000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 10 000 за една деценија.

До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно.

Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кои денеска, на средба со новинари ја промовира инвестицијата, ЕМАПТА веќе една година работи во Македонија, во канцеларии во Скопје и има вработено 30 луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција.

За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1 000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3 250 евра по вработен.

Основачот на ЕМАПТА е од Австралија, а дојде тука благодарение на нашинец кој работеше таму, рече Деспотовски.

Според премиерот Ковачевски, за успесите на оваа компанија доволно говори фактот што со својата мрежа се протега низ цела Европа и Јужна Америка и што има силно глобално присуство во Австралија, Сингапур, Шри Ланка, Малезија, Нов Зеланд,..., со портфолио од 730 компании клиенти и 7 600 вработени ширум светот.

Со проширувањето на ЕМАПТА во земјава и нивната инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, воведуваме нов пристап кон диверзификација на инвестициите и проширување кон услужните дејности. Преку ЕМАПТА нашите млади луѓе ќе работат за компании од светски ранг, ќе станат дел од глобалните текови. Ќе работат локално, но ќе делуваат глобално. Со тоа и Македонија станува дел од светските глобализациски трендови, потенцира Ковачевски.

ЕМАПТА е основана во 2010 година во Австралија од Тим Ворбах, работи по one-stop-shop концепт и нуди широк спектар професионалци и дејности за да ги задоволи различните барања и потреби на компаниите клиенти.

Широкaта понуда на професионални услуги и таленти на ЕМАПТА се насочени кон клучните вертикални пазари, вклучувајќи ИТ и ИКТ, медицина, телеоператори и телекомуникации, IoT (Internet of Things), софтверски инженеринг, истражување и развој во компјутерски технологии, сметководство, продажба,...

ЕМАПТА опслужува разновидни водечки глобални брендови на 4 континенти. Во 2022 година остварила приходи од 2,8 милијарди долари, со проекција до три милијарди американски долари за идната година.

Финансиските проекции на ЕМАПТА Македонија растат континуирано. Во 2027 година компанијата предвидува приходи од 14 милиони евра, а до крајот на инвестицискиот проект во 2033 се предвидуваат приходи од 66 милиони евра.

Целната група на компанијата се млади квалитетни луѓе најчесто со високо образование кои ќе останат во државата и ќе работат за странски клиенти. ЕМАПТА цели кон ширење на целиот европски континент преку главното седиште овде во Скопје.

На промоцијата во Дирекцијата на ТИРЗ беа и дел од младите кои веќе работат во ЕМАПТА.

The post Аутсорсинг гигантот ЕМАПТА отвора деловен простор во ТИРЗ Скопје 1, најавува 850 вработувања за пет години appeared first on Република.

]]>

Мултинационалната водечка компанија за аутсорсинг услуги ЕМАПТА ќе отвори деловен простор од 6 000 метри квадратни во ТИРЗ Скопје 1 и планира да вработи 850 млади луѓе во наредните пет години или преку 10 000 за една деценија. До крајот на инвестицискиот период само за плати компанијата најавува дека ќе вложи над 15 милиони евра годишно. Како што истакнаа премиерот Димитар Ковачевски и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски кои денеска, на средба со новинари ја промовира инвестицијата, ЕМАПТА веќе една година работи во Македонија, во канцеларии во Скопје и има вработено 30 луѓе. Но, сега стартува со конкретна инвестиција. За да добие државна поддршка компанијата мора да има минимум 100 вработени кои ќе земаат најмалку 1 000 евра плата. Поддршката ќе изнесува 3 250 евра по вработен.
Основачот на ЕМАПТА е од Австралија, а дојде тука благодарение на нашинец кој работеше таму, рече Деспотовски.
Според премиерот Ковачевски, за успесите на оваа компанија доволно говори фактот што со својата мрежа се протега низ цела Европа и Јужна Америка и што има силно глобално присуство во Австралија, Сингапур, Шри Ланка, Малезија, Нов Зеланд,..., со портфолио од 730 компании клиенти и 7 600 вработени ширум светот.
Со проширувањето на ЕМАПТА во земјава и нивната инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, воведуваме нов пристап кон диверзификација на инвестициите и проширување кон услужните дејности. Преку ЕМАПТА нашите млади луѓе ќе работат за компании од светски ранг, ќе станат дел од глобалните текови. Ќе работат локално, но ќе делуваат глобално. Со тоа и Македонија станува дел од светските глобализациски трендови, потенцира Ковачевски.
ЕМАПТА е основана во 2010 година во Австралија од Тим Ворбах, работи по one-stop-shop концепт и нуди широк спектар професионалци и дејности за да ги задоволи различните барања и потреби на компаниите клиенти. Широкaта понуда на професионални услуги и таленти на ЕМАПТА се насочени кон клучните вертикални пазари, вклучувајќи ИТ и ИКТ, медицина, телеоператори и телекомуникации, IoT (Internet of Things), софтверски инженеринг, истражување и развој во компјутерски технологии, сметководство, продажба,... ЕМАПТА опслужува разновидни водечки глобални брендови на 4 континенти. Во 2022 година остварила приходи од 2,8 милијарди долари, со проекција до три милијарди американски долари за идната година. Финансиските проекции на ЕМАПТА Македонија растат континуирано. Во 2027 година компанијата предвидува приходи од 14 милиони евра, а до крајот на инвестицискиот проект во 2033 се предвидуваат приходи од 66 милиони евра. Целната група на компанијата се млади квалитетни луѓе најчесто со високо образование кои ќе останат во државата и ќе работат за странски клиенти. ЕМАПТА цели кон ширење на целиот европски континент преку главното седиште овде во Скопје. На промоцијата во Дирекцијата на ТИРЗ беа и дел од младите кои веќе работат во ЕМАПТА.

The post Аутсорсинг гигантот ЕМАПТА отвора деловен простор во ТИРЗ Скопје 1, најавува 850 вработувања за пет години appeared first on Република.

]]>
ДИК бара нови вработувања и унапредувања за успешно спроведување на изборите во 2024-та година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-bara-novi-vrabotuvana-i-unapreduvana-za-uspeshno-sproveduvane-na-izborite-vo-2024-ta-godina/ Wed, 30 Aug 2023 11:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=677296

ДИК бара кадровско зајакнување во пресрет на парламентарните и претседателските избори следната година. За испразнетите работни мести се надеваат дека навреме ќе добијат доволен број решенија од Министерството за финансии. За Предлог годишните планови за вработување за 2023 година и за 2024 година на ДИК членовите на оваа институција денеска расправаа на седница.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во изјава за МИА, посочи дека од последните избори во 2021 година се намаил бројот на вработени, но оти Министерството за финансии не дава одобренија на нивните барања поради немање доволно средства. Се прават напори, како што посочи, за навремено зајакнување на позициите пред изборите во 2024 година.

Од изборите во 2021 година повеќе луѓе се пензионираа, а одреден број на луѓе, заминаа од институцијата така што сега сме ослабнати на повеќе позиции. Од Министерство за финансии баравме повеќе пати одобрение за пуштање оглас, меѓутоа не ни дозволија поради финансиската состојба и немање доволно средства. Сега ќе пробаме уште еднаш со планот за вработување и унапредување за 2023 година, во која не сме добиле ниту една место и ќе гледаме тоа да го исполниме, затоа што наредната година ни се изборите и тоа би придонело за навремено зајакнување на позициите, истакна Даштевски после седницата.

Тој посочи дека со Планот за унапредување и вработување за 2024 година се предвидени повеќе позиции.

Но тоа пак на крајот ќе зависи од Министерството за финансии и колку ќе има средства, меѓутоа ќе мора да ни помогнат затоа што тоа е и препорака на ОБСЕ и ОДИХР за да се дополни бројот на човечките ресурси бидејќи тие се перманентно присутни за време на изборите и како забелешка беше дека имаме многу работа, а немаме доволно луѓе кои ќе ја извршат таа работа. Се надеваме дека до изборите ќе бидеме подготвени и оти и да не стасаме за сите работни места, ќе добиеме доволен број решенија од Министерството за финансии со кои ќе се пополнат тие места за да можеме успешно да ги спроведеме и претседателските и парламентарните избори, рече Даштевски.

Со Планот за 2023 година, се предвидени седум вработувања и седум унапредувања од причина што, како што рече, многу позиции се напуштени, а ако нема нови унапредувања постои ризик за повеќе напуштања.

За Планот за 2024 година, укажа дека мора да се извршат некои промени на систематизацијата и тогаш ќе може да се види за колку места точно станува збор. Но според досегашните претпоставки сигурно бројката ќе биде поголема во однос на 2023 година. Сега е важно да се пополнат бројките за 2023 година поради успешно спроведување на изборите што следат до година, порача Даштевски.

На денешната 72. јавна седница на ДИК, освен предлозите за годишните планови за вработувања за 2023, односно 2024 година, на дневен ред беа усвоени и измените на Годишен план за вкупните потреби за јавни набавки во 2023 година на ДИК, како и Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација во стручната служба на ДИК.

 

The post ДИК бара нови вработувања и унапредувања за успешно спроведување на изборите во 2024-та година appeared first on Република.

]]>

ДИК бара кадровско зајакнување во пресрет на парламентарните и претседателските избори следната година. За испразнетите работни мести се надеваат дека навреме ќе добијат доволен број решенија од Министерството за финансии. За Предлог годишните планови за вработување за 2023 година и за 2024 година на ДИК членовите на оваа институција денеска расправаа на седница. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во изјава за МИА, посочи дека од последните избори во 2021 година се намаил бројот на вработени, но оти Министерството за финансии не дава одобренија на нивните барања поради немање доволно средства. Се прават напори, како што посочи, за навремено зајакнување на позициите пред изборите во 2024 година.
Од изборите во 2021 година повеќе луѓе се пензионираа, а одреден број на луѓе, заминаа од институцијата така што сега сме ослабнати на повеќе позиции. Од Министерство за финансии баравме повеќе пати одобрение за пуштање оглас, меѓутоа не ни дозволија поради финансиската состојба и немање доволно средства. Сега ќе пробаме уште еднаш со планот за вработување и унапредување за 2023 година, во која не сме добиле ниту една место и ќе гледаме тоа да го исполниме, затоа што наредната година ни се изборите и тоа би придонело за навремено зајакнување на позициите, истакна Даштевски после седницата.
Тој посочи дека со Планот за унапредување и вработување за 2024 година се предвидени повеќе позиции.
Но тоа пак на крајот ќе зависи од Министерството за финансии и колку ќе има средства, меѓутоа ќе мора да ни помогнат затоа што тоа е и препорака на ОБСЕ и ОДИХР за да се дополни бројот на човечките ресурси бидејќи тие се перманентно присутни за време на изборите и како забелешка беше дека имаме многу работа, а немаме доволно луѓе кои ќе ја извршат таа работа. Се надеваме дека до изборите ќе бидеме подготвени и оти и да не стасаме за сите работни места, ќе добиеме доволен број решенија од Министерството за финансии со кои ќе се пополнат тие места за да можеме успешно да ги спроведеме и претседателските и парламентарните избори, рече Даштевски.
Со Планот за 2023 година, се предвидени седум вработувања и седум унапредувања од причина што, како што рече, многу позиции се напуштени, а ако нема нови унапредувања постои ризик за повеќе напуштања. За Планот за 2024 година, укажа дека мора да се извршат некои промени на систематизацијата и тогаш ќе може да се види за колку места точно станува збор. Но според досегашните претпоставки сигурно бројката ќе биде поголема во однос на 2023 година. Сега е важно да се пополнат бројките за 2023 година поради успешно спроведување на изборите што следат до година, порача Даштевски. На денешната 72. јавна седница на ДИК, освен предлозите за годишните планови за вработувања за 2023, односно 2024 година, на дневен ред беа усвоени и измените на Годишен план за вкупните потреби за јавни набавки во 2023 година на ДИК, како и Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за систематизација во стручната служба на ДИК.  

The post ДИК бара нови вработувања и унапредувања за успешно спроведување на изборите во 2024-та година appeared first on Република.

]]>