нови варијанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-varijanti/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Jan 2023 09:06:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови варијанти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-varijanti/ 32 32 СЗО: Во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/szo-vo-kina-ne-se-otkrieni-novi-varijanti-na-kovid-19/ Thu, 05 Jan 2023 09:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=593777

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19.

ЦДЦ на Кина ги претстави податоците во вторникот на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските научници презентирале ДНК податоци од примероци земени од случаи на вирусот САРС-КоВ-2 од локално потекло и случаи кои спаѓаат во категоријата странско потекло.

Податоците од ДНК беа земени од повеќе од 2.000 примероци собрани до 1 декември 2022 година.

Според анализите на кинеската делегација, субваријантите BF.7 и BA.5.2 на вирусот омикрон биле доминантни и сочинуваат 97,5 отсто од локалните инфекции.

Иако неколку познати омикронски подваријанти беа пронајдени во земјата, иако со ниски стапки, овие подваријанти беа познати и видени во други земји, а нови варијанти не се откриени во Кина.

The post СЗО: Во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19. ЦДЦ на Кина ги претстави податоците во вторникот на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските научници презентирале ДНК податоци од примероци земени од случаи на вирусот САРС-КоВ-2 од локално потекло и случаи кои спаѓаат во категоријата странско потекло. Податоците од ДНК беа земени од повеќе од 2.000 примероци собрани до 1 декември 2022 година. Според анализите на кинеската делегација, субваријантите BF.7 и BA.5.2 на вирусот омикрон биле доминантни и сочинуваат 97,5 отсто од локалните инфекции. Иако неколку познати омикронски подваријанти беа пронајдени во земјата, иако со ниски стапки, овие подваријанти беа познати и видени во други земји, а нови варијанти не се откриени во Кина.

The post СЗО: Во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Што треба да знаете за новите позаразни облици на омикронскиот сој, кои забрзано се шират во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/shto-treba-da-znaete-za-novite-pozarazni-oblici-na-omikronskiot-soj-koi-zabrzano-se-shirat-vo-svetot/ Thu, 30 Jun 2022 17:09:49 +0000 https://republika.mk/?p=521715

Подваријантите на омикронските соеви BA.4 и BA.5, се одговорни за последното зголемување на бројот на заразени луѓе ширум светот. Она што може да се види досега е дека новите подтипови на омикрон полесно се пренесуваат од првите подваријанти.

Причината може да биде и фактот што BA.5 и BA.4 полесно го заобиколуваат постоечкиот имунитет, без разлика дали е создаден со вакцинација или претходна инфекција.

Магазинот Тајм ги пренесува резултатите од студиите кои покажаа дека антителата предизвикани од инфекција со претходните подтипови на сојот омикрон обезбедуваат послаба заштита од инфекција со варијантите BA.4 и BA.5. Ова објаснува и зошто дури и луѓето кои биле заразени пред неколку месеци за време на претходниот голем бран, кој се случи по доаѓањето на омокронот, се разболуваат во овој бран.

Дополнително, новите варијанти го заобиколуваат имунитетот на вакцините.

Засега нема дефинитивни одговори колку е сериозна болеста, а искуствата во земјите се различни. Во Јужна Африка, каде што овие две подваријанти станаа доминантни пред Европа, имаше голем број заразени, додека бројот на хоспитализирани беше ист како и во претходниот омикронски бран. Притоа бројот на починати беше нешто помал.

Од друга страна, во Португалија, каде 90 отсто се вакцинирани, овие подваријанти доведоа до зголемување на бројот на хоспитализирани и починати. Сепак, бројот на лица во болниците како и бројот на починати е сличен на статистиката од периодот на претходниот омикронски бран. Сепак, некои здравствени експерти од Португалија предупредуваат на вишокот на смртност што е забележан во последните недели во земјата (поголем број на смртни случаи отколку што би се очекувало во овој период од годината) и истакнуваат дека тоа може да биде последица на подваријантите БА. 4 и БА.5 подваријанти.

Кои се симптомите?

Експертите наведуваат дека поминало малку време со сигурност да се каже дали подваријантите BA.4 и BA.5 предизвикуваат некои посебни различни симптоми во споредба со претходните подваријанти на овој вид.

Досега, ништо неочекувано не е покажано, а BA.4 и BA.5 подваријантите на сојот омикрон, како и нивните претходници, остануваат повеќе во горниот респираторен тракт, па најчестите симптоми се течење на нос, или назална конгестија, болки во грлото, замор, болки во зглобовите, кашлица, па сè изгледа како обична настинка.

Претходните истражувања покажаа дека инфекцијата со омикрон има многу помала веројатност да доведе до губење на сетилото за мирис, што беше вообичаен симптом кај претходните видови и дека болеста трае пократко. Ова второ откритие доведе до фактот дека во многу земји, периодот на самоизолација на пациентот е значително намален, а на некои места и укинат.

The post Што треба да знаете за новите позаразни облици на омикронскиот сој, кои забрзано се шират во светот appeared first on Република.

]]>

Подваријантите на омикронските соеви BA.4 и BA.5, се одговорни за последното зголемување на бројот на заразени луѓе ширум светот. Она што може да се види досега е дека новите подтипови на омикрон полесно се пренесуваат од првите подваријанти. Причината може да биде и фактот што BA.5 и BA.4 полесно го заобиколуваат постоечкиот имунитет, без разлика дали е создаден со вакцинација или претходна инфекција. Магазинот Тајм ги пренесува резултатите од студиите кои покажаа дека антителата предизвикани од инфекција со претходните подтипови на сојот омикрон обезбедуваат послаба заштита од инфекција со варијантите BA.4 и BA.5. Ова објаснува и зошто дури и луѓето кои биле заразени пред неколку месеци за време на претходниот голем бран, кој се случи по доаѓањето на омокронот, се разболуваат во овој бран. Дополнително, новите варијанти го заобиколуваат имунитетот на вакцините. Засега нема дефинитивни одговори колку е сериозна болеста, а искуствата во земјите се различни. Во Јужна Африка, каде што овие две подваријанти станаа доминантни пред Европа, имаше голем број заразени, додека бројот на хоспитализирани беше ист како и во претходниот омикронски бран. Притоа бројот на починати беше нешто помал. Од друга страна, во Португалија, каде 90 отсто се вакцинирани, овие подваријанти доведоа до зголемување на бројот на хоспитализирани и починати. Сепак, бројот на лица во болниците како и бројот на починати е сличен на статистиката од периодот на претходниот омикронски бран. Сепак, некои здравствени експерти од Португалија предупредуваат на вишокот на смртност што е забележан во последните недели во земјата (поголем број на смртни случаи отколку што би се очекувало во овој период од годината) и истакнуваат дека тоа може да биде последица на подваријантите БА. 4 и БА.5 подваријанти. Кои се симптомите? Експертите наведуваат дека поминало малку време со сигурност да се каже дали подваријантите BA.4 и BA.5 предизвикуваат некои посебни различни симптоми во споредба со претходните подваријанти на овој вид. Досега, ништо неочекувано не е покажано, а BA.4 и BA.5 подваријантите на сојот омикрон, како и нивните претходници, остануваат повеќе во горниот респираторен тракт, па најчестите симптоми се течење на нос, или назална конгестија, болки во грлото, замор, болки во зглобовите, кашлица, па сè изгледа како обична настинка. Претходните истражувања покажаа дека инфекцијата со омикрон има многу помала веројатност да доведе до губење на сетилото за мирис, што беше вообичаен симптом кај претходните видови и дека болеста трае пократко. Ова второ откритие доведе до фактот дека во многу земји, периодот на самоизолација на пациентот е значително намален, а на некои места и укинат.

The post Што треба да знаете за новите позаразни облици на омикронскиот сој, кои забрзано се шират во светот appeared first on Република.

]]>