нови учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-uchebnici/ За подобро да се разбереме Sun, 01 Sep 2024 13:08:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови учебници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-uchebnici/ 32 32 Утре учебници ќе има секаде и за секого https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-uchebnitsi-ke-ima-sekade-i-za-sekogo/ Sun, 01 Sep 2024 13:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=811993

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека прв пат по седум години, учебната година започнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. Според неа, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование кои досега не биле отпечатени.

МОН веќе до училиштата испорачало 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали. Единствено, според Јаневска, во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае.

- Потврдувам дека утре учебници ќе има секаде. Ова беше мое прво ветување веднаш по стапувањето на функцијата и денеска можам да кажам дека успешно го реализираме. На виделина излегува неспособноста или недостигот на желба за работа кај неколку претходни министри. Конечно по повеќе учебни години, ученичките генерации навремено ќе имаат основни наставни помагала за совладување на материјата. Сите учебници кои се одобрени и испечатени, веќе се испорачани. Досега во овие 60 дена, испорачавме над 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали во вредност од над 80 милиони денари. Учебниците се веќе дистрибуирани по училиштата. Доколку и се случи некој ученик или родител да се пожали на стар дотраен учебник ве информирам дека набавката на учебници ќе продолжи според потребите на училиштата. Евидентна е разликата која ја постигнавме за само два месеца, во споредба со минатите 7 години, рече Јаневска на денешната прес-конференција.

Со самото доаѓање во Министерството, вели, таа и нејзиниот тим увиделе дека недостигаат учебници по многу предмети. Јавноста, нагласи, била манипулирана со лажни информации, на пример се тврдело дека учебниците за седмо одделение се одобрени и испечатени.

- Вистината е дека од сите учебници за седмо, само два  - албански и турски јазик беа одобрени, додека за останатите, за дел ниту имало отпочнати постапки, а за дел пак постапките не биле завршени. Приложувам документ од печатницата која нé извести за реалната ситуација. Ова е соопштение за јавноста од 29 мај годинава, со кое поранешниот министер тврдеше дека учебниците за седмо се спремни. Огромна лага, која патем е и една од причините заради кои одлучивме да ги вратиме во употреба старите наставни програми и учебници, рече министерката.

Паралелно, појасни, одлучиле да ја стопираат новата концепција во седмо, осмо и деветто одделение, првенствено поради револтот на наставниците околу интегрирањето на предметите и губењето на нивната основна суштина, како и збунетоста кај учениците од материјата која им се предавала.

-Се уште отворена е можноста за коментари и сугестии по однос на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, а можам да кажам дека имаме добар одѕив од наставници и здруженија на наставници. Забелешките ќе се анализираат, а Бирото за развој на образованието врз основа на истите, ќе ги изготви новите наставни програми и истите етапно во следните три години, година по година, а почнувајќи од 2025-2026 година, ќе се воведуваат во училиштата, информира Јаневска.

Таа додаде дека во меѓувреме, МОН ќе се наврати на ревидирање на наставните програми во пониските одделенија, бидејќи, како што рече, и таму ситуацијата е слична и, и таа треба да се поправи.

- Да повторам, обезбедивме учебници и наставни материјали за бројни предмети за кои досега немаше. По предметот историја и општество за петто и шесто одделение, предметите историја и географија за седмо одделение за кои обезбедивме печатени материјали, со оглед на тоа што нема одобрени учебници. Сите материјали во форма на учебници се испечатени на 5-те наставни јазици. Наставни материјали обезбедивме и за јазикот и културата на заедниците во сите одделенија каде немаше никаков учебник. Исклучок е македонски јазик за учениците од другите заедници од четврто до деветто одделение, задолжителен предмет за кој наставните материјали ќе бидат изработени наскоро и објавени на веб страната на БРО, рече министерката за образование и наука.

Според неа, фрапантен е податокот дека до изминатата учебна година се користеле учебници без регулирани авторски права и оти сега се склучени договори и правата се времено отстапени.

Таа потсети и дека било регистрирано и двојно печатење учебници пред две години, кога наводно се испечатиле материјали за прво тримесечје за ученици од неколку одделенија во основно образование, а потоа се печателе и учебници по истите предмети за истите одделенија. Но, ова, додаде, е работа со која треба да се позанимаваат други органи.

Министерката Јаневска нагласи дека во делот на средното образование е затекната состојба на испечатени 15-тина наслови за средно стручно образование и оти сега се печатат над 100 учебника кои досега не биле печатени.

Затекнале и наставни планови и програми стари над 20 години во гимназиското образование, поради што, како што нагласи, отпочнати се подготвителни активности за изработка на нови наставни планови и програми и тие ќе се применуваат од учебната 2025-2026 година. Врз основа на тие планови, рече, ќе се спроведат и постапки за одобрување на нови учебници

The post Утре учебници ќе има секаде и за секого appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека прв пат по седум години, учебната година започнува со навремено испорачани учебници во сите основни училишта во државата. Според неа, обезбедени се 10-тина нови наслови во основното и над 100 во средното образование кои досега не биле отпечатени. МОН веќе до училиштата испорачало 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали. Единствено, според Јаневска, во основното образование ќе недостигаат петта година по ред учебници за странски јазици од прво до деветто одделение поради тоа што претходното раководство во МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае.
- Потврдувам дека утре учебници ќе има секаде. Ова беше мое прво ветување веднаш по стапувањето на функцијата и денеска можам да кажам дека успешно го реализираме. На виделина излегува неспособноста или недостигот на желба за работа кај неколку претходни министри. Конечно по повеќе учебни години, ученичките генерации навремено ќе имаат основни наставни помагала за совладување на материјата. Сите учебници кои се одобрени и испечатени, веќе се испорачани. Досега во овие 60 дена, испорачавме над 360 илјади примероци од сите одобрени и испечатени учебници и наставни материјали во вредност од над 80 милиони денари. Учебниците се веќе дистрибуирани по училиштата. Доколку и се случи некој ученик или родител да се пожали на стар дотраен учебник ве информирам дека набавката на учебници ќе продолжи според потребите на училиштата. Евидентна е разликата која ја постигнавме за само два месеца, во споредба со минатите 7 години, рече Јаневска на денешната прес-конференција.
Со самото доаѓање во Министерството, вели, таа и нејзиниот тим увиделе дека недостигаат учебници по многу предмети. Јавноста, нагласи, била манипулирана со лажни информации, на пример се тврдело дека учебниците за седмо одделение се одобрени и испечатени.
- Вистината е дека од сите учебници за седмо, само два  - албански и турски јазик беа одобрени, додека за останатите, за дел ниту имало отпочнати постапки, а за дел пак постапките не биле завршени. Приложувам документ од печатницата која нé извести за реалната ситуација. Ова е соопштение за јавноста од 29 мај годинава, со кое поранешниот министер тврдеше дека учебниците за седмо се спремни. Огромна лага, која патем е и една од причините заради кои одлучивме да ги вратиме во употреба старите наставни програми и учебници, рече министерката.
Паралелно, појасни, одлучиле да ја стопираат новата концепција во седмо, осмо и деветто одделение, првенствено поради револтот на наставниците околу интегрирањето на предметите и губењето на нивната основна суштина, како и збунетоста кај учениците од материјата која им се предавала.
-Се уште отворена е можноста за коментари и сугестии по однос на наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение, а можам да кажам дека имаме добар одѕив од наставници и здруженија на наставници. Забелешките ќе се анализираат, а Бирото за развој на образованието врз основа на истите, ќе ги изготви новите наставни програми и истите етапно во следните три години, година по година, а почнувајќи од 2025-2026 година, ќе се воведуваат во училиштата, информира Јаневска.
Таа додаде дека во меѓувреме, МОН ќе се наврати на ревидирање на наставните програми во пониските одделенија, бидејќи, како што рече, и таму ситуацијата е слична и, и таа треба да се поправи.
- Да повторам, обезбедивме учебници и наставни материјали за бројни предмети за кои досега немаше. По предметот историја и општество за петто и шесто одделение, предметите историја и географија за седмо одделение за кои обезбедивме печатени материјали, со оглед на тоа што нема одобрени учебници. Сите материјали во форма на учебници се испечатени на 5-те наставни јазици. Наставни материјали обезбедивме и за јазикот и културата на заедниците во сите одделенија каде немаше никаков учебник. Исклучок е македонски јазик за учениците од другите заедници од четврто до деветто одделение, задолжителен предмет за кој наставните материјали ќе бидат изработени наскоро и објавени на веб страната на БРО, рече министерката за образование и наука.
Според неа, фрапантен е податокот дека до изминатата учебна година се користеле учебници без регулирани авторски права и оти сега се склучени договори и правата се времено отстапени. Таа потсети и дека било регистрирано и двојно печатење учебници пред две години, кога наводно се испечатиле материјали за прво тримесечје за ученици од неколку одделенија во основно образование, а потоа се печателе и учебници по истите предмети за истите одделенија. Но, ова, додаде, е работа со која треба да се позанимаваат други органи. Министерката Јаневска нагласи дека во делот на средното образование е затекната состојба на испечатени 15-тина наслови за средно стручно образование и оти сега се печатат над 100 учебника кои досега не биле печатени. Затекнале и наставни планови и програми стари над 20 години во гимназиското образование, поради што, како што нагласи, отпочнати се подготвителни активности за изработка на нови наставни планови и програми и тие ќе се применуваат од учебната 2025-2026 година. Врз основа на тие планови, рече, ќе се спроведат и постапки за одобрување на нови учебници

The post Утре учебници ќе има секаде и за секого appeared first on Република.

]]>
Втора недела учениците немаат учебници, власта осакати цели генерации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtora-nedela-uchenitsite-nemaat-uchebnitsi-vlasta-osakati-tseli-generatsii/ Mon, 11 Sep 2023 06:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=680725

Втора недела учениците немаат учебници, власта осакати цели генерации.Секоја година со СДС и ДУИ на власт нема учебници и по неколку месеци.Учениците наместо книги како материјал за учење добиваат скрипти, како што беше примерот минатата година, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.

Основните работи кои власта треба да ги обезбеди во образованието како учебници и свидетелства со СДС и ДУИ станаа луксуз.Нејасно е што прави власта цела година, неколку години по ред, и како еднаш не го погодија времето кога треба да бидат спремни учебниците. Со СДС и ДУИ образованието пропаѓа од ден во ден, потребни се промени, грешките и пропустите кои ги прават се катастрофални за Македонија

The post Втора недела учениците немаат учебници, власта осакати цели генерации appeared first on Република.

Празник во домовите на првачињата, на 20 април пристигна учебникот по Општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/praznik-vo-domovite-na-prvachinata-na-20-april-prostigna-uchebnikot-op-opshtestvo/ Thu, 20 Apr 2023 17:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=632577

По седум месеци и 20 дена по почетокот на учебната година првачињата ги добија учебниците по Општество. До крајот на учебната година остануваат уште два месеци, а децата веќе го имаат поминато поголемиот дел од материјалот.

Рака на срце, материјалот и не е којзнае колку, иако кога на корицата ќе видите набројани пет автори, ќе помислите дека се работи за енциклопедиско издание. Но, нека не ве фаќа паника. Првачињата до крајот на годината, точно два месеци, ќе треба да ги доработат страниците до 36, така што не постои опасност да бидат преоптоварени со наставниот материјал по Општество.

Додека ги очекуваме првите реакции на родителите на напишаното во учебникот, уживајте во кратката фотосесија на учебникот од восхитена мајка на првооодделенец.

На нејзино барање ги објавуваме сите фотографии од долгоочекуваниот учебник, за кој сакаме да веруваме дека ќе остане споменат само во овој текст и во ниту еден друг во кој би пишувале за неговите недостатоци или пак небулози.

Децата, пак, од погорните одделенија со години немаат учебник по овој предмет. Затоа, првачиња, навистина ви било среќно!

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ne-prosvetli-od-1-septemvri-ke-imame-besplatni-uchebnitsi/

Сепак, доколку во листањето на тазе учебникот во ранците на вашите првачиња наидете на некоја сомнителна информација, како на пример дека ова е знамето на Португалија, дека Едгар Алан По ги забележал aвантурите на Гордиот Пим, дека белвица е нагалено за охридска пастрмка, дека Македонија на исток се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека на жената местото ѝ е во кујната, дека жените се штитат од криминал со седење дома... имајте на ум дека министерот не ги пишува учебниците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-gi-meshaaa-znaminjata-vo-instituciite-a-sega-pochnaa-i-vo-uchebnicite-otkriena-nova-greshka-vo-nastavniot-materijal/

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-kakvi-uchebnici-uchat-decata-utnato-delo-od-alan-po-zgreshena-rima-vo-pesni-na-shopov-i-koneski/

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-mu-objasnam-na-detevo-deka-belvica-ne-e-nagaleno-ime-za-ohridska-pastrmka-reagiraat-roditeli-na-noviot-apsurd-po-uchebnicite/

https://republika.mk/vesti/makedonija/vesela-geografija-na-nashata-zemja-uchebnikot-ne-znae-koja-zemja-e-na-zapad-a-koja-na-istok-od-makedonija/

https://republika.mk/vesti/makedonija/podnesena-tuzba-protiv-uchebnik-shto-se-koristi-na-filozofski-kade-shto-zenite-se-obvinuvaat-za-zgolemen-broj-razvodi/

https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-kje-go-povleche-izmeni-i-prepechati-uchebnikot-po-sociologija/

The post Празник во домовите на првачињата, на 20 април пристигна учебникот по Општество appeared first on Република.

]]>

По седум месеци и 20 дена по почетокот на учебната година првачињата ги добија учебниците по Општество. До крајот на учебната година остануваат уште два месеци, а децата веќе го имаат поминато поголемиот дел од материјалот. Рака на срце, материјалот и не е којзнае колку, иако кога на корицата ќе видите набројани пет автори, ќе помислите дека се работи за енциклопедиско издание. Но, нека не ве фаќа паника. Првачињата до крајот на годината, точно два месеци, ќе треба да ги доработат страниците до 36, така што не постои опасност да бидат преоптоварени со наставниот материјал по Општество. Додека ги очекуваме првите реакции на родителите на напишаното во учебникот, уживајте во кратката фотосесија на учебникот од восхитена мајка на првооодделенец.    На нејзино барање ги објавуваме сите фотографии од долгоочекуваниот учебник, за кој сакаме да веруваме дека ќе остане споменат само во овој текст и во ниту еден друг во кој би пишувале за неговите недостатоци или пак небулози. Децата, пак, од погорните одделенија со години немаат учебник по овој предмет. Затоа, првачиња, навистина ви било среќно! https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-ne-prosvetli-od-1-septemvri-ke-imame-besplatni-uchebnitsi/ Сепак, доколку во листањето на тазе учебникот во ранците на вашите првачиња наидете на некоја сомнителна информација, како на пример дека ова е знамето на Португалија, дека Едгар Алан По ги забележал aвантурите на Гордиот Пим, дека белвица е нагалено за охридска пастрмка, дека Македонија на исток се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, дека на жената местото ѝ е во кујната, дека жените се штитат од криминал со седење дома... имајте на ум дека министерот не ги пишува учебниците. https://republika.mk/vesti/makedonija/dosega-gi-meshaaa-znaminjata-vo-instituciite-a-sega-pochnaa-i-vo-uchebnicite-otkriena-nova-greshka-vo-nastavniot-materijal/ https://republika.mk/vesti/makedonija/od-kakvi-uchebnici-uchat-decata-utnato-delo-od-alan-po-zgreshena-rima-vo-pesni-na-shopov-i-koneski/ https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-mu-objasnam-na-detevo-deka-belvica-ne-e-nagaleno-ime-za-ohridska-pastrmka-reagiraat-roditeli-na-noviot-apsurd-po-uchebnicite/ https://republika.mk/vesti/makedonija/vesela-geografija-na-nashata-zemja-uchebnikot-ne-znae-koja-zemja-e-na-zapad-a-koja-na-istok-od-makedonija/ https://republika.mk/vesti/makedonija/podnesena-tuzba-protiv-uchebnik-shto-se-koristi-na-filozofski-kade-shto-zenite-se-obvinuvaat-za-zgolemen-broj-razvodi/ https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-kje-go-povleche-izmeni-i-prepechati-uchebnikot-po-sociologija/  

The post Празник во домовите на првачињата, на 20 април пристигна учебникот по Општество appeared first on Република.

]]>
Пет битни прашања за министерот откако се поништија нови учебници, дел веќе испечатени и платени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-bitni-prashanja-za-ministerot-otkako-se-ponishtija-novi-uchebnici-del-vekje-ispechateni-i-plateni/ Fri, 01 Apr 2022 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=481920

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири веќе неколку пати повторува дека ја подржува Концепцијата за реформи во основното образование на Мила Царовска и ќе продолжи да ја спроведува. Покрај ваквите изјави министерот сепак ги поништи учебниците целно напишани за оваа реформа, вели професорката Весна Јаневска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/povekje-chasovi-za-politichko-obrazovanie-decata-da-uchat-multikulturalizam-i-demokratija/

Додава дека иако учебниците навистина биле креирани во екстремно кус рок, а кај некои од нив нашле сериозни замерки, сепак овие учебници поминале рецензија и конечно претходната министерка ги прифатила.

Од овие учебници 20% се печатени и за тоа се платени пари. По овие учебници учеа децата од прво и четврто одделение. За обие учебници се исплатени хонорари на авторите.

Го прашувам Министерот:
1. Дали секој следен министер ќе ги поништува претходните учебници и ќе троши пари на даночните обврзници?
2. Ако учебниците не биле добри, зошто се одобрени?
3. Кој заработи најмногу од оваа состојба и кој допрва ќе заработува од тоа?
4. Учеа ли учениците по несоодветни учебници?
5. Не можеа ли да се направат 30% промени како што дозволува законот?

Сè е во игра, само учениците не се, на нив никој не мисли!, вели Јаневска.

The post Пет битни прашања за министерот откако се поништија нови учебници, дел веќе испечатени и платени appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири веќе неколку пати повторува дека ја подржува Концепцијата за реформи во основното образование на Мила Царовска и ќе продолжи да ја спроведува. Покрај ваквите изјави министерот сепак ги поништи учебниците целно напишани за оваа реформа, вели професорката Весна Јаневска. https://republika.mk/vesti/makedonija/povekje-chasovi-za-politichko-obrazovanie-decata-da-uchat-multikulturalizam-i-demokratija/ Додава дека иако учебниците навистина биле креирани во екстремно кус рок, а кај некои од нив нашле сериозни замерки, сепак овие учебници поминале рецензија и конечно претходната министерка ги прифатила.
Од овие учебници 20% се печатени и за тоа се платени пари. По овие учебници учеа децата од прво и четврто одделение. За обие учебници се исплатени хонорари на авторите. Го прашувам Министерот: 1. Дали секој следен министер ќе ги поништува претходните учебници и ќе троши пари на даночните обврзници? 2. Ако учебниците не биле добри, зошто се одобрени? 3. Кој заработи најмногу од оваа состојба и кој допрва ќе заработува од тоа? 4. Учеа ли учениците по несоодветни учебници? 5. Не можеа ли да се направат 30% промени како што дозволува законот?