нови рестрикции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-restrikcii/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Apr 2022 20:09:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови рестрикции Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-restrikcii/ 32 32 Тетовци наполнете вода, од 23 до 3 часот ќе има рестрикции, изворот Лешница е загаден https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tetovci-napolnete-voda-od-23-do-3-chasot-kje-ima-restrikcii-izvorot-leshnica-e-zagaden/ Sat, 02 Apr 2022 20:09:18 +0000 https://republika.mk/?p=482491

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река.

Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.

Количеството на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда, што не е доволно за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23 до 3 часот да има рестрикција на вода. Оваа информација ќе важи се додека анализата на водата од изворот на Лешница не ни покаже дека водата е чиста и ги исполнува условите да биде пуштена во употреба од граѓаните, се вели во известувањето на ЈКП „Тетово”.

Годинава рестрикции во Тетово имаше и во јануари, но граѓани од многу делови на градот велат дека постојано се соочуваат со прекини во водоснабдувањето.

The post Тетовци наполнете вода, од 23 до 3 часот ќе има рестрикции, изворот Лешница е загаден appeared first on Република.

]]>

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово” воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река. Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.