нови министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-ministri/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Feb 2024 08:53:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нови министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/novi-ministri/ 32 32 Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ke-izbira-novi-ministri-za-zdravstvo-i-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/ Mon, 12 Feb 2024 08:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=743025

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација.

За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами.

Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

На дневен ред на 143. седница на Собранието, се повеќе предлог закони по скратена постапка, меѓу кои Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на закон за дополнување на законот за заштита на децата, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социjалната заштита.

Во прво читање пред пратениците, е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

The post Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска треба да ја продолжи 143. седница на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација. За нов министер за здравство е предложен актуелниот директор на Клиничката болница во Тетово, Илир Демири, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами. Собранието минатата недела со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите од Алијанса за Албанците Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Меџити и Алиу беа разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница, образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри. Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села. На дневен ред на 143. седница на Собранието, се повеќе предлог закони по скратена постапка, меѓу кои Предлог на закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на закон за дополнување на законот за заштита на децата, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за социjалната заштита. Во прво читање пред пратениците, е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки.

The post Собранието ќе избира нови министри за здравство и за информатичко општество и администрација appeared first on Република.

]]>
Тачи нема да гласа за новите министри на Алијанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tachi-nema-da-glasa-za-novite-ministri-na-alijansa/ Thu, 08 Feb 2024 18:33:25 +0000 https://republika.mk/?p=741972

Мендух Тачи, пратеникот од редовите на ДПА за ТВ21 рече дека утре нема да оди во Собрание и да гласа за новите министри од Алијанса за Албанците.

Тачи кажа дека воопшто нема да присуствува на гласањето.

Не доаѓам утре и нема да гласам за министрите на Села – кратко изјави Тачи.

The post Тачи нема да гласа за новите министри на Алијанса appeared first on Република.

]]>

Мендух Тачи, пратеникот од редовите на ДПА за ТВ21 рече дека утре нема да оди во Собрание и да гласа за новите министри од Алијанса за Албанците. Тачи кажа дека воопшто нема да присуствува на гласањето.
Не доаѓам утре и нема да гласам за министрите на Села – кратко изјави Тачи.
 
The post Тачи нема да гласа за новите министри на Алијанса appeared first on Република.

]]>
Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilir-demiri-direktorot-na-bolnitsata-vo-tetovo-e-predlog-za-nov-minister-za-zdravstvo-od-aa-a-naim-bajrami-za-minister-za-informatichko-opshtestvo/ Wed, 07 Feb 2024 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=741575

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.

Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

- За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата. Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи: За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово. - За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.  

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>
Со едвај 65 гласа избрани новите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-edvaj-65-glasa-izbrani-novite-ministri/ Mon, 27 Feb 2023 22:20:58 +0000 https://republika.mk/?p=613951

 Собранието вечерва ги избра четирите нови министри во Владата - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација, како и Каја Шукова за животна средина и просторно планирање.

Лога, Меџити и Алиу се од редовите на Алијанса за Албанците, додека Шукова е предложена од СДСМ. Лога доаѓа на местото на Никола Тупанчевски, ресор со кој досега раководеше СДСМ, Меџити на местото на Беким Сали од Алтернатива, а Алиу на местото на Адмирим Алити, исто така од Алтернатива. Шукова, пак, ќе го замени Насер Нуредини од ДУИ.

По дебатата која главно се сведе на партиски препукувања меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата и две попладневни паузи, за Лога гласаа 65 пратеници, за Меџити 64, за Алиу 65 и за Шукова 65. За ниту еден од министрите немаше глас против, ниту воздржан.

Министрите по гласањето дадоа свечена изјава.

Лога е роден е во Струга 1984 година. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, каде стекнал магистратура по дипломатија. Има положено и правосуден испит. Освен албанскиот мајчин јазик, зборува и македонски, англиски и италијански јазик. Член е на Државната изборна комисија и зад себе има повеќе функции на државно и локално ниво.

Меџити по професија е специјалист-невролог во ЈЗУ УК за Неврологија Скопје, каде што работи од 2011 година. Специјализирал неврологија на Медицинскиот факултет во Скопје во 2015 година. Претходно работел како лекар по општа медицина во приватна пракса и во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Се здобил со лиценца за лекар од Лекарската комора на Македонија во 2000 година. Студирал и на Медицинскиот факултет во Сараево во 1993-1999 година.

Алиу е роден во Гостивар во 1976 година. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје,  каде се стекнува со магистратура, а потоа и докторирал информатички науки на Природно-математичкиот факултет при УКИМ. Зборува македонски, албански и англиски јазик. Работел како професор во гимназијата „Панче Поповски“ во Гостивар, од каде ја продолжува кариерата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде бил асистент, продекан за наука, вонреден професор, потпретседател на Управен одбор, а од 2020 година е редовен професор.

Шукова е родена во Скопје на 1 јануари 1970 година. Дипломирала на Технолошко-металрушкиот факултет во Скопје во 1995 година. Од 2020 година е државен секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање  (МЖСПП) каде била на повеќе функции, почнувајќи од 1999 година. Активно го познава англискиот јазик, а пасивно германскиот. Има клучни квалификации во управување и планирање на животната средина, а учествувала и во подготовка на законски акти во областа на животна средина и нивна хармонизација со барањата на Европската унија, како и во процесот на скрининг и преговори со ЕУ. Била член на повеќе работни групи.

По изборот на овие четворица министри, во рамки на 104. седница треба да поминат и разрешувањата на замениците министри во ресорите: одбрана, земјоделство и образование, како и изборот на нивните наследници. Разрешени треба да бидат заменик–министрите за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу, а наместо нив, на овие функции, според владиниот предлог, треба да бидат назначени Тирон Јајага за одбрана, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука. Именувани треба да бидат и Викторија Аврамовска-Матиќ за заменик-министер за правда, како и Маја Манолева за заменик-министер за здравство.

The post Со едвај 65 гласа избрани новите министри appeared first on Република.

Новите министри ќе се гласаат пред полноќ aко власта присобере пратеници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novite-ministri-ke-se-glasaat-pred-polnok/ Mon, 27 Feb 2023 21:01:21 +0000 https://republika.mk/?p=613932

Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи по паузата од еден час во 23 часот. Завршија сите пратеници пријавени за збор и тоа  значи дека е можно гласањето за реконструкцијата на владиниот кабинет во Собранието да се случи и вечерва пред полноќ

Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции.

Останува да се види колкумина пратеници ќе ги поддржат новите министри.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-za-rekonstruktsija-na-vladata-ova-menuvane-e-od-shuplivo-vo-prazno/

The post Новите министри ќе се гласаат пред полноќ aко власта присобере пратеници appeared first on Република.

]]>

Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи по паузата од еден час во 23 часот. Завршија сите пратеници пријавени за збор и тоа  значи дека е можно гласањето за реконструкцијата на владиниот кабинет во Собранието да се случи и вечерва пред полноќ Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции. Останува да се види колкумина пратеници ќе ги поддржат новите министри. https://republika.mk/vesti/makedonija/vasilevska-za-rekonstruktsija-na-vladata-ova-menuvane-e-od-shuplivo-vo-prazno/  

The post Новите министри ќе се гласаат пред полноќ aко власта присобере пратеници appeared first on Република.

]]>
Се очекува жестока дебата за избор на новите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-ochekuva-zhestoka-debata-za-izbor-na-novite-ministri/ Fri, 24 Feb 2023 07:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=612604

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање.

За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Дебатата траеше до доцна синоќа, а претседателот на Собранието Талат Џафери го закажана продолжението за денеска во 12 часот.

Расправата за изборот на новите министри почна вчера, а уследи откако по речиси две недели беше завршена расправата за разрешувањето на досегашните министри од редовите на „Алтернатива“ и тоа за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи.

The post Се очекува жестока дебата за избор на новите министри appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска треба да продолжи расправата за изборот на новите министри за правда, за здравство, за информатичко општество и за животна средина и просторно планирање. За министер за правда е предложен Кренар Лога, за министер за здравство Фатмир Меџити, за министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу и за министер за животна средина и просторно планирање Каја Шукова. Дебатата траеше до доцна синоќа, а претседателот на Собранието Талат Џафери го закажана продолжението за денеска во 12 часот. Расправата за изборот на новите министри почна вчера, а уследи откако по речиси две недели беше завршена расправата за разрешувањето на досегашните министри од редовите на „Алтернатива“ и тоа за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и на министерот без ресор задолжен за дијаспора, Џемаил Чупи.

The post Се очекува жестока дебата за избор на новите министри appeared first on Република.

]]>
Продолжува расправата: Долга е нивата до нови министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-raspravata-dolga-e-nivata-do-novi-ministri/ Wed, 22 Feb 2023 09:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=611772

 Со расправа за предлогот за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи денеска продолжува 104-тата седница на Собранието посветена на владината реконструкција.

Според последните најави за збор по предлогот за разрешување на Чупи се пријавени вкупно 39 пратеници.

Претходно, во рамки на оваа прва точка од седницата заврши расправата за предлозите за разрешување на министерот за здравство Беким Сали и за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.

На дневниот ред на 104-тата седница се и назначувањата на новите министри - Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

Во рамките на оваа седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу.

Како последна, четврта точка на 104-та е седница се предлозите за избор на заменици-министри и тоа Тирон Јајага за одбрана, Викторија Аврамовска-Мадиќ за правда, Маја Манолева за здравство, Вјолца Бериша за земјоделство и Агим Нухиу за образование и наука.

Седницата почна на 13 февруари, а претходно Собранието ги констатираше оставките на министерот за правда Никола Тупанчевски и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

The post Продолжува расправата: Долга е нивата до нови министри appeared first on Република.

Утре во 12 часот продолжува седницата за избор на министрите од Алијанса https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utre-vo-12-chasot-prodolzhuva-sednitsata-za-izbor-na-ministrite-od-alijansa/ Mon, 13 Feb 2023 18:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=608581

Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне.

Пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива, партија која излегува од владината коалиција со оваа реконструкција на Владата, истакна дека тие на вчерашната партиски состанок тие донеле став да дејствуваат како опозиција и оти тоа е завршена тема за нив.

Според неа, министрите и замениците министри од нивната партија не поднеле оставка од две причини – немаат ниту една одговорност за да поднесат оставка и не сакаат да бидат причина и да му ја олеснат работата на еден човек кој, како што рече таа, не знае да се заблагодари, пред една година стана премиер со гласовите на Алтернатива.

Садики Шаини посочи дека лани во ноември кога во Собранието соодносот беше 60:60 и европската перспектива на земјата, според неа, била мртва, до Алтернатива се обратиле многумина политичари и луѓе со цел да прифатат да бидат дел од Владата. Таа рече дека „постапките на Алтернатива придонеле Македонија и Албанија да добијат датум за преговори со ЕУ“.

The post Утре во 12 часот продолжува седницата за избор на министрите од Алијанса appeared first on Република.

]]>

Во Собранието пратениците попладнево дебатираа по предлогот за разрешувањето на министрите од редовите на Алтернатива, кои не поднесоа оставки на функциите пред изборот на нови членови на Владата, кои генерално доаѓаат од новиот коалициски партнер Алијанса за Албанците. Седницата вечерва беше прекината и ќе продолжи утре на пладне. Пратеничката Сафије Садики Шаини од Алтернатива, партија која излегува од владината коалиција со оваа реконструкција на Владата, истакна дека тие на вчерашната партиски состанок тие донеле став да дејствуваат како опозиција и оти тоа е завршена тема за нив. Според неа, министрите и замениците министри од нивната партија не поднеле оставка од две причини – немаат ниту една одговорност за да поднесат оставка и не сакаат да бидат причина и да му ја олеснат работата на еден човек кој, како што рече таа, не знае да се заблагодари, пред една година стана премиер со гласовите на Алтернатива. Садики Шаини посочи дека лани во ноември кога во Собранието соодносот беше 60:60 и европската перспектива на земјата, според неа, била мртва, до Алтернатива се обратиле многумина политичари и луѓе со цел да прифатат да бидат дел од Владата. Таа рече дека „постапките на Алтернатива придонеле Македонија и Албанија да добијат датум за преговори со ЕУ“.

The post Утре во 12 часот продолжува седницата за избор на министрите од Алијанса appeared first on Република.

]]>
Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-dobi-vlada-so-25-ministerstva-ova-se-novite-ministri/ Sun, 23 Oct 2022 11:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=564555

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прочита имињата во новата влада на Србија откако коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги соопштија имињата по состаноците на претседателствата. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада.

Во новата српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија.

Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор.

Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог.

Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ.

-Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ.

Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство.

Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела.

Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ.

Ана Брнабиќ, премиерка
Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи и вицепремиер
Милош Вучевиќ, вицепремиер и министер за одбрана
Синиша Мали, вицепремиер и министер за финансии
Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија
Раде Баста, министер за економија
Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина
Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура
Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика
Маја Поповиќ, министерка за правда
Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа
Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог
Братислав Гашиќ, МВР
Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции
Бранко Ружиќ, министер за образование
Јелена Беговиќ, министерка за наука и иновации и технолошки развој
Даница Грујичиќ, министерка за здравство
Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи
Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа и демографија
Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади
Зоран Гајиќ, министер за спорт
Маја Гојковиќ, министерка за култура
Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото

The post Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прочита имињата во новата влада на Србија откако коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги соопштија имињата по состаноците на претседателствата. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада. Во новата српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија. Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор. Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог. Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ. -Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ. Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство. Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела. Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ. Ана Брнабиќ, премиерка Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи и вицепремиер Милош Вучевиќ, вицепремиер и министер за одбрана Синиша Мали, вицепремиер и министер за финансии Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија Раде Баста, министер за економија Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика Маја Поповиќ, министерка за правда Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Братислав Гашиќ, МВР Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции Бранко Ружиќ, министер за образование Јелена Беговиќ, министерка за наука и иновации и технолошки развој Даница Грујичиќ, министерка за здравство Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа и демографија Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади Зоран Гајиќ, министер за спорт Маја Гојковиќ, министерка за култура Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото

The post Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри appeared first on Република.

]]>
„Проверените“ кадри на Заев незаменливи во новата надградена и проширена Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/proverenite-kadri-na-zaev-nezamenlivi-vo-novata-nadgradena-i-proshirena-vlada/ Tue, 11 Jan 2022 08:51:03 +0000 https://republika.mk/?p=442922

Мандатарот Димитар Ковачевски го соопшти составот на министри од СДСМ во идната влада. Кога ќе се погледнат имињата не може да не се забележи дека ова е „Заев 2“ влада надградена и проширена со стари истрошени кадри.

Да почнеме со ред

Каков нов кадар може да е Љупчо Николовски, човекот од доверба на Заев. Тој како шеф на изборниот штаб е директно виновен за поразот на локалните избори а се „истакна“ и во борбата против корупцијата.

„Свеж“ кадар е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За него што да се каже освен браво за умешноста да се наметне и оваа влада и покрај сите скандали. Спасовски исто така е главен виновник за поразот на неговиот пулен Оливер Илиевски и како награда доби нов мандат во МВР.

Се прашуваме како е можно по толку афери, дадени пасоши на светски криминалци, акција на ДЕА во која полицијата беше информирана пред апсењата  за да не протечат информации, тој повторно да биде министер.

Но, со нешто веројатно заслужил.

Уште еден „нов“ и проверен кадар е Бојан Маричиќ. Oткако го оправи правосудството сега ќе ги оправа евроинтеграциите. Маричиќ ќе остане познат по тоа што најголемите „капиталци“ си прават влези- излези од притвор и по судењата на кои однапред се знаеше кој ќе биде ослободен а кој ќе добие „дебела“ казна затвор.

Министер остана и Благој Бочварски. Тој ќе биде запаментен по свеченото пуштање на автопатите изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и по ставањето на патарини. Да, и по продолжувањето на рокот за иградба на автопатот Кичево-Охрид.

Од останатите преживеа и Фатмир Битиќи, а Шекеринска во одбрана ќе ја замени Славјанка Петровска.

Културата ќе ја оправа пратеничката со скафандерот Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи само и по тоа е позната а за Славица Грковска која ќе се бори против корупцијата никој и не се сеќава иако е поранешна пратеничка на СДСМ.

The post „Проверените“ кадри на Заев незаменливи во новата надградена и проширена Влада appeared first on Република.

]]>

Мандатарот Димитар Ковачевски го соопшти составот на министри од СДСМ во идната влада. Кога ќе се погледнат имињата не може да не се забележи дека ова е „Заев 2“ влада надградена и проширена со стари истрошени кадри. Да почнеме со ред Каков нов кадар може да е Љупчо Николовски, човекот од доверба на Заев. Тој како шеф на изборниот штаб е директно виновен за поразот на локалните избори а се „истакна“ и во борбата против корупцијата. „Свеж“ кадар е и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. За него што да се каже освен браво за умешноста да се наметне и оваа влада и покрај сите скандали. Спасовски исто така е главен виновник за поразот на неговиот пулен Оливер Илиевски и како награда доби нов мандат во МВР. Се прашуваме како е можно по толку афери, дадени пасоши на светски криминалци, акција на ДЕА во која полицијата беше информирана пред апсењата  за да не протечат информации, тој повторно да биде министер. Но, со нешто веројатно заслужил. Уште еден „нов“ и проверен кадар е Бојан Маричиќ. Oткако го оправи правосудството сега ќе ги оправа евроинтеграциите. Маричиќ ќе остане познат по тоа што најголемите „капиталци“ си прават влези- излези од притвор и по судењата на кои однапред се знаеше кој ќе биде ослободен а кој ќе добие „дебела“ казна затвор. Министер остана и Благој Бочварски. Тој ќе биде запаментен по свеченото пуштање на автопатите изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и по ставањето на патарини. Да, и по продолжувањето на рокот за иградба на автопатот Кичево-Охрид. Од останатите преживеа и Фатмир Битиќи, а Шекеринска во одбрана ќе ја замени Славјанка Петровска. Културата ќе ја оправа пратеничката со скафандерот Бисера Костадиновска-Стојчевска, бидејќи само и по тоа е позната а за Славица Грковска која ќе се бори против корупцијата никој и не се сеќава иако е поранешна пратеничка на СДСМ.  

The post „Проверените“ кадри на Заев незаменливи во новата надградена и проширена Влада appeared first on Република.

]]>